напади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 16:10:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png напади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Столтенберг ги осуди нападите на Хамас, а Израел го повика да дејствува во согласност со меѓународното право https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-gi-osudi-napadite-na-hamas-a-izrael-go-povika-da-dejstvuva-vo-soglasnost-so-megunarodnoto-pravo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-gi-osudi-napadite-na-hamas-a-izrael-go-povika-da-dejstvuva-vo-soglasnost-so-megunarodnoto-pravo/#respond Tue, 31 Oct 2023 16:00:30 +0000 https://kurir.mk/?p=895005

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги осуди нападите на Хамас врз Израел, но нагласи дека израелскиот одговор мора да биде во согласност со меѓународното право. -Ги осудуваме терористичките напади на Хамас врз Израел. Истовремено, важно е израелскиот одговор да се одвива во согласност со меѓународното право, животите на цивилите да бидат заштитени и хуманитарната помош да стигне во Газа, рече Столтенберг во норвешкиот Парламент, пренесуваат британските медиуми. Ген-секот на НАТО предупреди на опасноста војната да прерасне во поширок регионален конфликт. -Иран, Хезболах и другите не смеат да ја искористат ситуацијата. Страдањата од последните недели не потсетуваат дека не смееме да се откажеме од работата на трајно и мирно политичко решение на конфликтот, рече Столтенберг. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-gi-osudi-napadite-na-hamas-a-izrael-go-povika-da-dejstvuva-vo-soglasnost-so-megunarodnoto-pravo/feed/ 0
Ханија: Бригадите Ал Касам ќе продолжат да ги засилуваат нападите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hanija-brigadite-al-kasam-ke-prodolzhat-da-gi-zasiluvaat-napadite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hanija-brigadite-al-kasam-ke-prodolzhat-da-gi-zasiluvaat-napadite/#respond Fri, 27 Oct 2023 06:21:56 +0000 https://kurir.mk/?p=893632

Шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханија, изјави дека военото крило на Хамас, Бригадите Ал Касам, продолжуваат да ги интензивираат своите напади и дека „отпорот“ во Газа е непоколеблив. Ханија кажа дека „отпорот“ е национално-ослободително „движење кое се стреми да го ослободи својот народ и својата земја“. Тој посочи дека израелските напади во Газа ќе го дестабилизираат целиот регион и дека никој не може да предвиди како понатаму ќе се развиваат работите, пренесе телевизијата „Ал Џезира“. Политичкиот лидер на Хамас ги повика „сојузничките, братски нации“ да извршат притисок за прекин на нападите врз Газа и за итно отворање на сите гранични премини, вклучително и граничниот премин Рафа со Египет, за да се достави потребната помош. Ханија изјави дека тероризмот го претставуваат оние кои ја поддржуваат израелската агресија, како и оние кои молчат за „масакрите“ извршени од Израел. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hanija-brigadite-al-kasam-ke-prodolzhat-da-gi-zasiluvaat-napadite/feed/ 0
Свечља: Имаме информации дека нови групи се обучуваат во Србија за напади во Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-imame-informatsii-deka-novi-grupi-se-obuchuvaat-vo-srbija-za-napadi-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-imame-informatsii-deka-novi-grupi-se-obuchuvaat-vo-srbija-za-napadi-vo-kosovo/#respond Wed, 25 Oct 2023 06:43:07 +0000 https://kurir.mk/?p=892798

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља вели дека косовските служби поседуваат разузнавачки информации за тоа дека во Србија се обучуваат други групи за можни нови напади врз Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју на КТВ, еден месец по нападот во Бањска, на северот на Косово, Свечља рече дека дел од овие напади што се очекува да се случат, освен Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на партијата Српска листа, кој ја презеде одговорноста за нападот на 24 септември, ќе биде и лицето Звонко Веселиновиќ, кој ѝ е добро познат на полицијата и кого косовските и српските медиуми го споменуваат како една од главните фигури на организираниот криминал во северно Косово. Според косовскиот министер, овие групи се обучуваат во српски армиски бази во близина на границата со Косово. - Имаме разузнавачки информации дека се обучуваат други групи, дека не само Радоичиќ, туку и Веселиновиќ ќе биде дел од идните напади, доколку дозволиме да се случат, со единствена цел да се предизвика нова ситуација на теренот, при што позицијата на Србија би се подобрила во однос на нивната цел да го уништат Косово, рече Свечља. Тој додаде дека Косово ќе ги исполни сите процедури, барајќи екстрадиција и судење на Радоичиќ пред правосудниот систем на Косово. - Не само негово, туку и на оние кои го планираа овој напад против територијалниот суверенитет на Република Косово. Нема да застанеме тука, порача косовскиот министер за внатрешни работи. Свечља рече дека државата Србија, Владата и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се одговорни за она што се случи во Бањска на 24 септември. - Тие го извршија планирањето, регрутирањето, обуката, ја вооружија и ја донесоа таа терористичка група на граница, која беше само бран на терористи планирани да влезат во Косово. Имаше и друга група внатре во Косово, рече тој. Свечља тврди дека планот за терористичкиот напад во Бањска на 24 септември бил подготвен воено и имал за цел припојување на северните косовски општини кон Србија. Според него, Бањска била собирното место на членовите на терористичката група, кои, како што вели, би се распоредиле во Звечане и Северна Митровица. Според податоците на косовската полиција, доколку се реализирал планот на српската паравоена група, друга група би влегла во Лепосавиќ преку српската граница. - Првичната цел им беше да најдат безбеден коридор, тргнаа заедно од Извоци низ паралелен ридски пат во Бањска и ќе се распоредеа до Звечане и Северна Митровица. Бањска беше само собирно место. Не влегоа одеднаш, влегоа групи во вечерните часови. Место на средба беше Бањска. Тоа е воен план. Би биле сместени во Звечане и Митровица. Би се сретнале со останатите членови во Зубин-Поток. А имаме информации дека уште една група би влегла во Лепосавиќ од српската граница. Нашите разузнавачи се многу блиску до бројот на членови на оваа група, но не можам да ја кажам таа информација, изјави Свечља на КТВ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-imame-informatsii-deka-novi-grupi-se-obuchuvaat-vo-srbija-za-napadi-vo-kosovo/feed/ 0
Повеќе од 5.000 Палестинци се убиени во израелските напади https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-5-000-palestintsi-se-ubieni-vo-izraelskite-napadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-5-000-palestintsi-se-ubieni-vo-izraelskite-napadi/#respond Mon, 23 Oct 2023 13:43:07 +0000 https://kurir.mk/?p=892221

Најмалку 5.087 Палестинци, меѓу кои 2.055 деца, се убиени во израелските воздушни напади во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти денеска Министерството за здравство на Газа. Во соопштението се додава дека број на повредени луѓе се искаќи на 15.273. Само во последните 24 часа во израелските напади загинаа 436 Палестинци, од кои 182 деца. Голем дел од жртвите се убиени во напади во јужниот дел на Појасот Газа, посочи Министерството за здравство на палестинската територија контролирана од групата „Хамас“. (МИА) фото: ЕПА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-5-000-palestintsi-se-ubieni-vo-izraelskite-napadi/feed/ 0
Израел ја започна операцијата „Железни ножеви“: Хамас направи огромна грешка кога тргна против израелската држава (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-ja-zapochna-operatsijata-zhelezni-nozhevi-hamas-napravi-ogromna-greshka-koga-trgna-protiv-izraelskata-drzhava-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-ja-zapochna-operatsijata-zhelezni-nozhevi-hamas-napravi-ogromna-greshka-koga-trgna-protiv-izraelskata-drzhava-video/#respond Sat, 07 Oct 2023 09:17:13 +0000 https://kurir.mk/?p=886312

Израелскиот претедател Исак Херцог на социјалните мрежи напиша дека Израел се соочува со многу тешка ситуација, но и дека израелскиот народ ќе ги победи сите оние кои посакуваат зло на државата. Тој порача и дека војниците од израелските одбранбени единици ќе направат се за да го задржат мирот во земјата и да ги заштитат цивилите од нападите на Хамас. Израелските одбранбени сили ја започнаа операцијата „Железни ножеви“ против Хамас, а според информациите кои пристигнуваат од тамошнтие медиуми, над сто лица се хоспитализирани во болниците ширум земјата. Од нив, значителен број се со тешки повреди од прострелни рани или од шрапнели. Израелскиот министер за одбрана Галант рече дека Израел ќе ја добие оваа војна против Хамас, и дека изненадувачкиот напад од рано утринава е сериозна грешка на терористичката група. „Хамас направи огромна грешка кога тргна против израелската држава. Нашите војници се борат против непријателите на секоја локација. Ги повикувам сите израелски граѓани да ги почитуваат безбедносните протоколи, а Израел ќе победи“, рече Галант. Високиот воен командант на Хамас, Мохамед Деиф го најави почетокот на нападот на медиумите кои се поврзани со оваа организација, повикувајќи ги сите Палестинци да земат оружје и да се борат, пренесува Ројтерс. Тој изјавил и дека ова ќе биде денот на најголемата борба и последен ден од окупацијата на Палестина. Како резултат на нападите загина една жена, а повредени се 16 лица од кои две лица се во критична состојба. Во градот Тел Авив, според израелските медиуми, директно била погодена станбена зграда, а во градот биле запалени и десетици возила. Вооружените напаѓачи отвориле оган и во градот Сдерот на југот на Израел, каде во моментот се водат улични битки помеѓу израелските војници и припадници на ХАМАС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-ja-zapochna-operatsijata-zhelezni-nozhevi-hamas-napravi-ogromna-greshka-koga-trgna-protiv-izraelskata-drzhava-video/feed/ 0
Јоханис: Русија изврши нови напади многу блиску до границата со Романија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/johanis-rusija-izvrshi-novi-napadi-mnogu-blisku-do-granitsata-so-romanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/johanis-rusija-izvrshi-novi-napadi-mnogu-blisku-do-granitsata-so-romanija/#respond Tue, 05 Sep 2023 21:01:19 +0000 https://kurir.mk/?p=874961

Нови напади на Русија насочени кон Украина се извршени денеска „многу блиску“ до границата со Романија, објави претседателот на оваа земја членка на НАТО, Клаус Јоханис, еден ден по падот на руските експлозивни дронови во близина на реката Дунав, пренесоа француските медиуми. -Имаше повеќе напади денеска, ми кажа министерот за одбрана. Тие се снимени на 800 метри од нашата граница. Многу, многу блиску, рече романскиот претседател Клаус Јоханис на заедничката прес-конференција со премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/johanis-rusija-izvrshi-novi-napadi-mnogu-blisku-do-granitsata-so-romanija/feed/ 0
Подољак: Западните сојузници одобрија напади врз руски цели на Крим https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podolak-zapadnite-sojuznitsi-odobrija-napadi-vrz-ruski-tseli-na-krim/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podolak-zapadnite-sojuznitsi-odobrija-napadi-vrz-ruski-tseli-na-krim/#respond Tue, 29 Aug 2023 20:47:29 +0000 https://kurir.mk/?p=872119

Украина тврди дека не нејзините западни сојузници одобриле напади врз руски цели на полуостровот Крим. Денес постои апсолутен консензус дека можеме да уништиме сè што е руско на окупираните територии, како на пример на Крим, изјави синоќа на украинската телевизија советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак. Тој додаде дека западните партнери минатата година сè уште беа против украинските напади на Крим, кој е анектиран од Русија во 2014 година. Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев реагираше на изјавата на Подољак, истакнувајќи дека тоа е доказ за „соучесништвото на Западот во војната против Русија“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podolak-zapadnite-sojuznitsi-odobrija-napadi-vrz-ruski-tseli-na-krim/feed/ 0
Белгија истражува дали нејзино оружје е користено во нападите во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-istrazhuva-dali-nejzino-oruzhje-e-koristeno-vo-napadite-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-istrazhuva-dali-nejzino-oruzhje-e-koristeno-vo-napadite-vo-rusija/#respond Mon, 05 Jun 2023 11:11:36 +0000 https://kurir.mk/?p=842230

Белгија ќе побара од Украина да ги објасни извештаите дека проукраинските сили користеле пушки од белгиско производство во борбите со руските војници на руска територија, изјави денеска белгискиот премиер Александар Де Кро. „Вашингтон пост“ во саботата објави дека диверзаните против Кремљ, кои во мај извршија прекуграничен напад од Украина во рускиот регион Белгород, користеле тактички возила доставени до Украина од САД и Полска и пушки произведени во Белгија и Чешка. -Нашето Министерство за одбрана и неговите разузнавачки агенции почнаа истрага и бараат информации за да се утврди што точно се случило, изјави Де Кро за белгиското Радио 1. „Европското оружје и се доставува на Украина под услов да се користи на украинска територија со цел да се одбрани таа територија. И имаме строги контроли за да се увериме дека тоа е така“, рече тој. Де Кро одби да коментира за можните последици доколку се потврдат пишувањата на весникот. -Не смееме да избрзуваме, рече белгискиот премиер и додаде „но, ние ја анализираме ситуацијата и го сфаќаме ова многу сериозно“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-istrazhuva-dali-nejzino-oruzhje-e-koristeno-vo-napadite-vo-rusija/feed/ 0
Тројца загинати, меѓу кои и едно дете, во нови руски напади врз Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojtsa-zaginati-megu-koi-i-edno-dete-vo-novi-ruski-napadi-vrz-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojtsa-zaginati-megu-koi-i-edno-dete-vo-novi-ruski-napadi-vrz-kiev/#respond Thu, 01 Jun 2023 06:14:01 +0000 https://kurir.mk/?p=841083

Три лица загинаа, меѓу кои и едно дете, во руски напади врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта. Повредени се шест лица. Нападот почнал во 3 часот по полноќ по локално време. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на Телеграм напиша дека трите жртви и четворица од повредените биле пронајдени од страна на тимовите за пребарување и спасување во областа Десњански во градот. - Сите воздушни цели што ги пресретнавме беа уништени од нашите сили и средства за противвоздушна одбрана, соопшти градската управа. Сепак, остатоците што паднале резултираа со жртви и повредени. Според локалните власти, Русија во нападот користела крстаречки и балистички ракети. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojtsa-zaginati-megu-koi-i-edno-dete-vo-novi-ruski-napadi-vrz-kiev/feed/ 0
САД извршија повеќе воздушни напади во Сирија по нападот врз американска база https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-izvrshija-poveke-vozdushni-napadi-vo-sirija-po-napadot-vrz-amerikanska-baza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-izvrshija-poveke-vozdushni-napadi-vo-sirija-po-napadot-vrz-amerikanska-baza/#respond Fri, 24 Mar 2023 07:11:37 +0000 https://kurir.mk/?p=815800

Американската армија изврши повеќе воздушни напади во Сирија врз цели на милитантни групи поддржани од Иран и одговорни за претходен напад со беспилотно летало, во кој загина еден, а повредени се неколку припадници на американскиот персонал. Пентагон синоќа објави за нападот врз американскиот персонал и за американските воздушни напади врз милитанти. Нападот на базата на коалициските сили кај Хасака во североисточна Сирија се случил околу 13 часот и 38 минути по локално време, а според извештајот на Пентагон загинал еден член на американскиот технички персонал, друг е повреден, како и пет американски војници. Според разузнавачките информации, постои сомневање дека нападот е извршен со беспилотно летало од иранско потекло, соопшти американската армија, што може дополнително да ги влоши и онака заладените односи помеѓу Вашингтон и Техеран. Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин истакна дека одмаздничките напади биле извршени по наредба на претседателот Џо Бајден врз целни објекти што ги користеле милитантните групи поврзани со Корпусот на гардата на исламската револуција на Иран. - Воздушните напади беа извршени како одговор на денешниот напад, како и на серија неодамнешни напади врз коалициските сили во Сирија од страна на групи поврзани со ИРГЦ, истакна Остин. Американските трупи од почетокот на годината нападнати се 78 пати од групи поддржани од Иран. Генералот Ерик Курила, командант на Централната команда на САД на Блискиот Исток, во обраќањето пред Комитетот за вооружени служби на Претставничкиот дом на САД вчера, предупреди за флота на ирански беспилотни летала.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-izvrshija-poveke-vozdushni-napadi-vo-sirija-po-napadot-vrz-amerikanska-baza/feed/ 0