нападната полицајка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 04 Mar 2018 20:03:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нападната полицајка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Случајот со полицајката кој го сервираат во јавноста е навреда за интелигенцијата на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-sluchajot-so-policajkata-koj-go-serviraat-vo-javnosta-e-navreda-za-inteligencijata-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-sluchajot-so-policajkata-koj-go-serviraat-vo-javnosta-e-navreda-za-inteligencijata-na-gragjanite/#respond Sun, 04 Mar 2018 16:20:03 +0000 http://kurir.mk/?p=27295

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес од настанот на Унијата на жени,  јасно порача дека владата мора да покаже активизам, македонската жена да добие шанса, услови за да се развива, да има можности која ќе ја направат активен член на општестото и двигател на развојот. -Да отвори борба против семејното насилство каде најчесто се жртви жените, да влезе во бескомпромисна борба против злоставувањето на жените. Одговорноста мора да има име и презиме во оваа држава. Ние за жал станавме држава со секојдневие, каде на вестите се информации за злоставувани штитенички на Домот за деца со социјално-воспитни проблеми, и за тоа имаме отсуство на целосни информации, а чуството дека станува збор за посериозен проблем се заменува со обидот да се сокрие скандалот само за да нема политичка одговорност. Па следните денови ќе дознаеме од медиумите како е тепана полицајка, но веќе утредента кога ќе се сретне со министерот за внатрешни работи, дава изјава дека станува збор за самоповреда од пајак возилото. Нешто што не само што е дезавуирање на положбата на македонската жена, не само што станува предмет на шега на социјалните медиуми туку е и повреда на интелегенцијата на граѓаните. Имаме манифестација на сила, наместо спроведување на правда, а кога силата ќе почне да говори, законот останува недостижен, истакна тој. Мицкоски порачува дека клучот за одење напред и најдоброто оружје за рушењето на стереотипи е образованието. -Образование базирано на вистинско знаење и проверени искуства. Во Македонија мора да се работи на искоренување на неписменоста, и никогаш не е премногу од многу литература и професионала надградба. ВМРО ДПМНЕ се поклонува на улогата на жената, и го почитува нејзиниот ангажман. Во креирањето на политиките активно учество има секој еден член од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која е најорганизираната политичка сила во оваа држава. Сте ја имале и ќе ја имате мојата поддршка сега и во иднина. Дозволете, кога влегуваме во деновите од неделата кога ќе се одблежи Меѓународниот ден на жената 8 март, најпрво да го честитам овој празник и да посакам успех во заедничката борба за економска, политичка и социјална рамноправност на жените. Клара Цеткин и Роза Луксембург ги направија почетоците, но патот мора да се изоди, за конечна победа насекаде и во секоја земја Тоа е процес кој несмее да запре, а Македонија е составен дел од тоа, посочи Мицкоски. Фото МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-sluchajot-so-policajkata-koj-go-serviraat-vo-javnosta-e-navreda-za-inteligencijata-na-gragjanite/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Ако немало никаков напад, зошто Спасовски и директорот на БЈБ се сретнаа со полицајката? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ako-nemalo-nikakov-napad-zoshto-spasovski-i-direktorot-na-bjb-se-sretnaa-so-policajkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ako-nemalo-nikakov-napad-zoshto-spasovski-i-direktorot-na-bjb-se-sretnaa-so-policajkata/#respond Sat, 03 Mar 2018 19:11:15 +0000 http://kurir.mk/?p=27027

Срамен е начинот на кој што СДСМ ги потценува граѓаните. Вчера јавноста беше сведок на настан во кој што целиот врв на Министерството за внатрешни работи ја повика полициската службеничка на состанок, за да им претстават на граѓаните дека таа не била повредена од партиски функционер, туку сама се повредила вршејќи ги службените задачи, реагира ВМРО ДПМНЕ на вчерашната вест дека полицајката Јаначковска сама се повредила удирајќи се со левата рака во специјалното возило „пајак“. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека са не беше трагична, ќе беше смешна верзијата дека пајакот ја повредил. – Несфатливо е зошто министерот, државниот секретар и директорот на бирото за јавна безбедност остваруваа средби со полицајката доколку навистина немало никаков напад и доколку без причина полицајката барала помош во градската општа болница? Зошто доколку не постои никаков случај и доколку нема намера да биде заштитен некој партиски моќник, Спасовски, Велковски и Несторовска не се посветија на откривање на насилникот што избоде момче на Рекорд. Патем, насилникот е уште на слобода. Подобро е Спасовски да не се обидува да ја манипулира јавноста дека и овој инцидент не се случил. Манипулациите на Оливер Спасовски веќе не поминуваат,  велат од ВМРО ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ako-nemalo-nikakov-napad-zoshto-spasovski-i-direktorot-na-bjb-se-sretnaa-so-policajkata/feed/ 0
Критики за постапката на Спасовски за Асани кој нападна полицајка: Нападнал службено лице и вие прекршочна?! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kritiki-za-postapkata-na-spasovski-za-asani-koj-napadna-policajka-napadnal-sluzbeno-lice-i-vie-prekrshochna-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kritiki-za-postapkata-na-spasovski-za-asani-koj-napadna-policajka-napadnal-sluzbeno-lice-i-vie-prekrshochna-foto/#respond Sat, 03 Mar 2018 12:21:37 +0000 http://kurir.mk/?p=26929

Функционерот на ДУИ, Бекир Асани, кој завчера тепаше полицајка на Битпазар затоа што сакала со пајак да му го крене автомобилот кој бил непрописно паркиран – не доби кривична пријава за напад на службено лице. Наместо за ова кривично дело, за кое се добива затворска казна до 10 години, од МВР на Асани му поднеле само прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, за што не се одговара кривично, туку со казна од 500 до 800 евра. Се коментира и дека „со оваа одлука на МВР дојде животот“. Коментарите не сопираат за постапката на полицијата. Граѓаните во коментарите потсетуваат и дека ова не му е прв испад на Асани.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kritiki-za-postapkata-na-spasovski-za-asani-koj-napadna-policajka-napadnal-sluzbeno-lice-i-vie-prekrshochna-foto/feed/ 0