напаѓач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 02 Jul 2023 07:13:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png напаѓач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уапсен напаѓачот кој пукаше во Сисак https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-napagachot-koj-pukashe-vo-sisak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-napagachot-koj-pukashe-vo-sisak/#respond Sun, 02 Jul 2023 07:13:52 +0000 https://kurir.mk/?p=851707

Уапсен е напаѓачот кој синоќа во хрватскиот град Сисак пукаше од калашњиков врз група луѓе, при што едно лице е убиено, а неколкумина се ранети. По пукањето напаѓачот со часови бил во бегство, а нешто по 1 часот по полноќ бил уапсен. -Маж кој е поврзан со пукањето во областа Сисак е уапсен, тој е донесен во службените простории на полицијата и против него ќе се води кривична истрага, соопшти хрватската полиција. Во престрелката е убиена 45-годишна жена, додека четири лица се ранети. Лекарска помош им е укажана во Општата болница Сисак, каде е констатирано дека се тешко повредени. Медицинска помош им била укажана на две лица, меѓу кои и едно дете, кои биле полесно повредени додека бегале. Во наведениот настан целосно опожарени се две семејни куќи и еден автомобил, а делумно опожарени една куќа и еден автомобил, соопшти полицијата. Според хрватските медиуми станува збор за маж на околу 60 години кој имал психички проблеми. Насилникот наводно дошол во куќата на соседот, пукал кон нив и запалил две куќи на соседот. Пукањето се случило во близина на рафинеријата во Сисак. Засега нема официјални информации зошто напаѓачот пукал врз луѓето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-napagachot-koj-pukashe-vo-sisak/feed/ 0
Напаѓачот кој повреди со нож деца во Франција немал „терористички мотив“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagachot-koj-povredi-so-nozh-detsa-vo-frantsija-nemal-teroristichki-motiv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagachot-koj-povredi-so-nozh-detsa-vo-frantsija-nemal-teroristichki-motiv/#respond Thu, 08 Jun 2023 14:13:11 +0000 https://kurir.mk/?p=843741

Сириски бегалец, осомничен дека денеска избодел шест лица во францускиот алпски град Анеси, најверојатно немал „терористички мотив“, изјави локалниот обвинител. Лине Бонет-Матис рече дека од четирите деца повредени во нападот, едното било на возраст од само 22 месеца, две биле двегодишни, а најстарото имало три години. Сите се во животна опасност. Повредени се и две возрасни лица. Осомничениот е на возраст од 31 година и е сириски азилант кој е приведен. Добил статус на азилант во Шведска во април.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagachot-koj-povredi-so-nozh-detsa-vo-frantsija-nemal-teroristichki-motiv/feed/ 0
Напаѓачот во Хамбург бил поранешен Јеховин сведок https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagachot-vo-hamburg-bil-poraneshen-jehovin-svedok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagachot-vo-hamburg-bil-poraneshen-jehovin-svedok/#respond Fri, 10 Mar 2023 14:07:07 +0000 https://kurir.mk/?p=810518

Напаѓачот кој синоќа во Хамбург уби седум членови на заедницата на Јеховините сведоци, а потоа се самоуби, порано и самиот припаѓал на оваа заедница и имал дозвола за носење оружје, соопшти полицијата во Хамбург. - Никогаш не сме виделе масакр од вакви размери во Хамбург, рече Енди Гроте, сенатор за внатрешни работи на градот-сојузна покраина Хамбург. Тој објасни дека полицијата била на местото на настанот само четири минути по првиот повик. Тој оцени дека брзото пристигнување на полицијата „спасило многу животи“. На состанокот во зградата имало околу 50 луѓе. По пристигнувањето на полицијата, напаѓачот побегнал на првиот кат, каде си го одзел животот, соопшти Гроте. Пред тоа, напаѓачот уби седум лица, меѓу кои, како што објасни Гроте, и едно неродено дете. Меѓу убиените има четворица мажи и две жени, сите германски државјани. Повредени се осум лица, од кои четворица потешко. Напаѓачот е 35-годишниот Филип Ф., германски државјанин, кој порано бил член на заедницата на Јеховините сведоци и поседувал оружје за кое имал дозвола која му била издадена во декември минатата година. - Според сегашните сознанија, Филип Ф. не ја напуштил заедницата на Јеховините сведоци во најдобри односи, рече Томас Радзувајт, претставник на Канцеларијата за криминални истраги во Хамбург. Полицијата пред неколку месеци добила анонимна пријава со која бара одземање на дозволата за носење оружје на Филип Ф., со образложение дека се работи за ментално болно лице „полн со гнев против верските заедници и неговиот поранешен работодавец“, но по при проверка, не се пронајдени детали кои би оправдале одземање на дозволата за носење оружје. - При увидот во станот на Филип Ф., не се констатирани неправилности, а самиот сторител не оставил впечаток на ментално болно лице, изјави Ралф Мартин Мајер, претседател на полициската управа во Хамбург. При ноќниот претрес на станот на сторителот е пронајдена и поголема количина муниција, соопшти Ралф Петер Андерс од Државното правобранителство во Хамбург. Како што беше кажано, напаѓачот до сега не им бил познат на властите. Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој и самиот долги години ја извршуваше функцијата градоначалник на Хамбург, изрази сочуство преку објава на Твитер. „Моите мисли се со жртвите и членовите на семејствата. И со безбедносните сили кои ја извршија оваа тешка задача“, напиша Шолц.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagachot-vo-hamburg-bil-poraneshen-jehovin-svedok/feed/ 0
Побарани мерки на претпазливост за вториот напаѓач на Пендиков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pobarani-merki-na-pretpazlivost-za-vtoriot-napagach-na-pendikov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pobarani-merki-na-pretpazlivost-za-vtoriot-napagach-na-pendikov/#respond Wed, 22 Feb 2023 16:08:28 +0000 https://kurir.mk/?p=803787

Основното јавно обвинителство Охрид до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерки на претпазливост против едно лице од Битола, за кое е поведена постапка за кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Како што соопштија од Јавното обвинителство, на 19 јануари, осомничениот, заедно со уште едно лице против кое веќе се води постапка и е поднесено обвинение, од омраза поради националната и етничката припадност нападнале еден оштетен кој се изјаснувал како Бугарин, го удирале со раце и нозе по главата и телото и тешко телесно го повредиле. -Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот на сега осомничениот да му ги определи следните мерки – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за употреба на лична карта за преминување на државна граница, како и обврска да се јавува повремено – на секои 7 дена на определено службено лице или кај надлежен државен орган, соопштија од ЈО. Осомничениот, исто како и претходно обвинетиот во оваа постапка, тврди дека има само македонско државјанство. Како што посочуваат во соопштение, во тек е собирање докази за проверка на наводите изнесени во поднесената кривична пријава против осомничениот. За правилно утврдување на фактичката состојба ќе биде неопходно и оштетениот да учествува во постапката пред обвинителството во својство на сведок. Со оглед на тоа, Основното јавно обвинителство Охрид ќе се обрати до надлежните органи во Република Бугарија за да ја обезбеди адресата на неговото сегашно престојувалиште.​​
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pobarani-merki-na-pretpazlivost-za-vtoriot-napagach-na-pendikov/feed/ 0
Напаѓачот на сопругот на Ненси Пелоси ќе одговара за обид за убиство и серија други кривични дела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-na-soprugot-na-nensi-pelosi-kje-odgovara-za-obid-za-ubistvo-i-serija-drugi-krivichni-dela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-na-soprugot-na-nensi-pelosi-kje-odgovara-za-obid-za-ubistvo-i-serija-drugi-krivichni-dela/#respond Sun, 30 Oct 2022 08:39:46 +0000 https://kurir.mk/?p=752571

Лицето кое упадна во домот на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, и со чекан го удри нејзиниот сопруг во главата извикувајќи „Каде е Ненси“ се очекува да одговара за убиство во обид и за голем број други тешки кривични дела. Полицијата првично одби да го открие мотивот за петочниот напад во Сан Франциско врз Пол Пелоси (82), кој, според канцеларијата на неговата сопруга, бил опериран поради фрактура на черепот и повреди на десната рака и дланка, иако лекарите очекуваат целосно закрепнување. Инцидентот ги поттикна стравувањата за политичко насилство на помалку од две недели пред среднорочните избори кои ќе одлучат за контрола врз Претставничкиот дом и Сенатот, кои доаѓаат во услови на најжешка и поларизирана политичка клима во САД во последните децении. Демократката Пелоси, која е втора во уставната линија за наследување на американскиот претседател, за време на нападот во нејзиниот дом беше во Вашингтон. Таа веднаш се врати во Сан Франциско за да биде со нејзиниот сопруг. Три темни теренски возила, за кои се верува дека припаѓаат на специјална единица за безбедност, вчера беа паркирани, заедно со патролно возило на градската полиција, пред Општата болница „Цукерберг“ во Сан Франциско, каде што Пол Пелоси е примен на лекување . Во болница беше и нивниот син Пол Пелоси Џуниор, кој на новинарско прашање за состојбата на татко му одговори „засега е добро“. Претседателот Џо Бајден денеска на новинарите им изјави дека сопругот на Пелоси е „многу подобар“ и дека се чини дека нападот бил „наменет кон Ненси“. Полицијата го идентификуваше напаѓачот, кој беше уапсен на местото на настанот, како Дејвид ДеПејп (42). Британските медиуми наведуваат дека и тој, исто така, е пренесен во болница во Сан Франциско. Евиденцијата на шерифот покажува дека ДеПејп бил задржан под сомнение за обид за убиство, напад со смртоносно оружје, злоставување постари лица, претепување, провална кражба и неколку други кривични дела. Обвинението ќе биде поднесено утре, а неговото покренување се очекува во вторник, соопшти окружното обвинителство во Сан Франциско. Шефот на полицијата во Сан Франциско, Вилијам Скот, во петокот вечерта изјави дека полициските детективи, потпомогнати од агенти на ФБИ, допрва треба да утврдат што го поттикнало упадот во домот на семејството Пелоси, но додаде „знаеме дека ова не е случаен чин“. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-na-soprugot-na-nensi-pelosi-kje-odgovara-za-obid-za-ubistvo-i-serija-drugi-krivichni-dela/feed/ 0
Се самоуби напаѓачот од Тајланд: Усмрти 34 лица, најмалку 22 се деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-samoubi-napagjachot-od-tajland-usmrti-34-lica-najmalku-22-se-deca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-samoubi-napagjachot-od-tajland-usmrti-34-lica-najmalku-22-se-deca/#respond Thu, 06 Oct 2022 10:13:43 +0000 https://kurir.mk/?p=741814

Напаѓачот кој денеска уби најмалку 34 лица, меѓу кои и деца во градинка во североисточниот дел на Тајланд, ги убил и својата сопруга и детето, а потоа се самоубил, изјави портпаролот на полицијата. Тој рече дека напаѓачот бил поранешен полицаец, а меѓу жртвите имало најмалку 22 деца. Пукањето се случило во градинка во Нонг Буа Лампу. Како што јави Би-Би-Си, напаѓачот денеска со огнено оружје и нож ги убил своите жртви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-samoubi-napagjachot-od-tajland-usmrti-34-lica-najmalku-22-se-deca/feed/ 0
Напаѓачот на Салман Ружди е од либанско потекло https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-na-salman-ruzdi-e-od-libansko-poteklo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-na-salman-ruzdi-e-od-libansko-poteklo/#respond Sat, 13 Aug 2022 15:47:38 +0000 https://kurir.mk/?p=718077

Американската полиција синоќа го идентификуваше напаѓачот на британскиот писател Салман Ружди. Станува збор за 24-годишниот жител на Њу Џерси, Хади Матар, кој по потекло е од Либан. Неговото семејство дошло во САД од јужниот либански град Јарун, соопшти градоначалникот на градот, Али Техфе. Самиот Матар е роден и израснат во САД, додаде градоначалникот. На прашањето дали Матар и неговите родители биле членови на Хезболах или го поддржувале Хезболах, Техфе рече дека нема никакви информации за политичките ставови на родителите на Матар или самиот Матар, бидејќи тие живеат во странство. Портпаролот на либанската шиитска милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, денеска изјави дека нема дополнителни информации за нападот со нож врз писателот Салман Ружди. – Не знаеме ништо за оваа работа, па нема да коментираме, изјави официјален претставник на Хезболах.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-na-salman-ruzdi-e-od-libansko-poteklo/feed/ 0
Уапсен напаѓачот кој рани десет луѓе во метро во Њујорк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-napagjachot-koj-rani-deset-lugje-vo-metro-vo-njujork/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-napagjachot-koj-rani-deset-lugje-vo-metro-vo-njujork/#respond Thu, 14 Apr 2022 05:59:08 +0000 https://kurir.mk/?p=662724

Уапсен е мажот кој со огнено оружје изврши напад во воз во метрото во Њујорк и рани десет луѓе. Френк Р. Џејмс (62) е приведен на Менхетен, изјави полициски претставник. Претходно, напаѓачот на социјалните мрежи објавувал видеа на кои вели дека САД се расисти, преплавени со насилство и го критикува градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс. Тој зборувал и за неговата борба со ментална болест. Вооружениот напаѓач активирал димни бомби во преполн вагон на метрото, а потоа со пиштол пукал најмалку 33 пати, соопшти полицијата. Петорица од десетината ранети се во критична состојба, а на уште десет им е укажана помош од вдишување чад и повреди. Напаѓачот избега за време на хаосот по нападот во метрото, но оставил многу траги и предмети, меѓу кои пиштол купен кај заложник и клучот од комбето што го изнајмил, и врз основа на тоа бил идентификуван и пронајден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-napagjachot-koj-rani-deset-lugje-vo-metro-vo-njujork/feed/ 0
Напаѓачот од Тел Авив е убиен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-od-tel-aviv-e-ubien/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-od-tel-aviv-e-ubien/#respond Fri, 08 Apr 2022 05:54:33 +0000 https://kurir.mk/?p=660007

Израелските безбедносни сили го убиле вооружениот маж кој уби две лица и рани неколку други во терористички напад во центарот на крајбрежниот град Тел Авив, соопштија официјални лица. – Терористот кој го изврши вчерашниот вооружен напад во Тел Авив е лоциран и неутрализиран, соопштија официјални лица, додавајќи дека човекот, кој бил Палестинец од Западниот Брег, бил убиен во близина на џамија во населбата Јафа, пренесе Бгнес. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-od-tel-aviv-e-ubien/feed/ 0
Вернер: Ги игнорирав критиките, ако постојано размислувам за нив, нема да можам да играм https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/verner-gi-ignorirav-kritikite-ako-postojano-razmisluvam-za-niv-nema-da-mozam-da-igram/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/verner-gi-ignorirav-kritikite-ako-postojano-razmisluvam-za-niv-nema-da-mozam-da-igram/#respond Thu, 14 Oct 2021 06:15:36 +0000 https://kurir.mk/?p=578751

Напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер зборуваше за неговиот однос кон критиките. Фудбалерот пред три дена постигна два гола за Германија во триумфот над македонската репрезентација со 4:0. – Морав да ги игнорирам критиките. Ако постојано размислувам за тоа, тогаш нема да можам да играм. Во одреден момент, сфатив дека головите ќе дојдат. Знам за што сум способен. Ако тренерот ви верува, тоа е добро. Особено ми е потребна доверба однадвор, се надевам дека можам да се оддолжам за ова, изјави Вердер за британски „Сан“. Во тековната сезона, Вернер настапи на осум натпревари за Челзи, постигнувајќи два гола и една асистенција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/verner-gi-ignorirav-kritikite-ako-postojano-razmisluvam-za-niv-nema-da-mozam-da-igram/feed/ 0