напитоци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Jun 2022 11:48:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png напитоци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Неколку напитоци што помагаат против воспаленија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nekolku-napitoci-shto-pomagaat-protiv-vospalenija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nekolku-napitoci-shto-pomagaat-protiv-vospalenija/#respond Wed, 15 Jun 2022 11:48:52 +0000 https://kurir.mk/?p=691201

Доколку има замор, болки во зглобовите, проблеми со кожата и варењето, можно е човекот да се соочува со воспаление. Една од тие појави е хроничното воспаление со низок степен – кога имунолошкиот систем во телото испумпува воспалителни супстанции како начин да се ослободи од повредите и болестите. Краткорочниот воспалителен имунолошки одговор помага да се одбраниме, но тоа не е добро кога трае подолго отколку што треба. Следат неколку напивки коишто може да помогнат во оваа состојба. Сок од ананас Еден од најмоќните антиинфламаторни лекови е бромелаинот – ензим кој се наоѓа во ананасот. Преглед на статии за бромелаин во списанието „Фудс“ ги истражува неговите многубројни терапевтски ефекти за третман на рак, изгореници, кардиоваскуларни болести поради неговите антикоагулантни својства. Тој ја намалува болката и воспалението во колената кај пациенти со остеоартритис. Сокот од ананас земен после вежбање може дури и да го ублажи воспалението после напорот бидејќи е богат и со калиум. Поголем дел од ова соединение се наоѓа во срцевината, па тоа може и да се исцеди јадрото за да се направи вкусен противвоспалителен еликсир. Топло млеко со куркума Овој портокалов зачин содржи моќно антиинфламаторно соединение наречено куркумин, коешто, бројни испитувања, помага во намалување на опасноста од повеќе хронични болести, како и за ублажување на воспалителните болки предизвикани од остеоартритис. Куркумата може да се додаде во оброкот и пијалаците, како чај или млеко. Зелен чај Зелениот чај е еден од најздравите напитоци. Полн е со антиоксиданти, а истражувањата покажуваат дека може да го подобри согорувањето на мастите и да го забрза метаболизмот. Во еден труд од оваа 2022 година, истражувачите велат дека полифенолите од зелениот чај ја зајакнуваат епителната бариера во цревата и го поддржуваат здравиот микробен состав на цревата. Супа Секој барем еднаш користел зовриена вода со месо како основа за супа, а веројатно и сте испиле една чинија барем еднаш во студен зимски ден. Таквата солена супа е прав еликсир на здравјето поради концентрацијата хранливи материи, витамини и амино киселини, кои поддржуваат здрав цревен микробиом. – Нашата најдобра одбрана од хронично воспаление е здравјето на нашите црева. Лошата здравствена состојба на цревата може да доведе до состојба позната како „пропустливи црева“, која се карактеризира со компромитирана цревна слузница која дозволува нездравите супстанции да протекуваат во Вашиот крвоток, предизвикувајќи воспаление. Супата е богата со колаген, желатин, глицин, глутамин и хидроксипролин, а сите тие имаат бројни клинички студии кои укажуваат на нивната способност да го намалат воспалението, вели нутриционистката Саманта Пресичи. Други истражувања посочуваат дека сѐ тоа е делотворно и против артритисот. Чај од ѓумбир Ова растение се користи илјадници години за смирување стомачни тешкотии и мачнини, но и за намалување на болката. Истражување на Универзитетот на Мајами ги спореди влијанието на екстракт од ѓумбир со плацебо кај 247 пациенти кои страдаат од остеоартритис на коленото и откри дека ѓумбирот ја намалува болката и вкочанетоста за 40 отсто повеќе од плацебото. Покрај неговите антиинфламаторни својства, истражувачите велат дека делува и како аналгетик. Сок од вишна Тој е корисен за намалување на опасноста од срцеви болести бидејќи, според научните податоци, може да го намали крвниот притисок и ЛДЛ (лошиот) холестерол. Научен труд од 2019 година во списанието „Нутриентс“ укажува дека влијанијата врз крвниот притисок и холестеролот може делумно да се припишат на антиоксидантните и противвоспалителни својства на сокот од вишна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nekolku-napitoci-shto-pomagaat-protiv-vospalenija/feed/ 0
Ги враќа хормоните во рамнотежа: Ова три напитоци се идеални за жени, го стимулираат метаболизмот, согоруваат калории https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/gi-vrakja-hormonite-vo-ramnoteza-ova-tri-napitoci-se-idealni-za-zeni-go-stimuliraat-metabolizmot-sogoruvaat-kalorii/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/gi-vrakja-hormonite-vo-ramnoteza-ova-tri-napitoci-se-idealni-za-zeni-go-stimuliraat-metabolizmot-sogoruvaat-kalorii/#respond Sat, 12 Mar 2022 18:55:19 +0000 https://kurir.mk/?p=646008

Проблемите со хормоните се многу почести кај жените отколку кај мажите. За да може вашето тело да се ослободи од токсините кои дополнително предизвикуваат проблеми, треба да внимавате што јадете и пиете. Размислете пред да нарачате брза храна колку ќе ве чини, а ќе чини многу повеќе од парите што ги давате, бидејќи ваквата храна не само што нема квалитетни хранливи материи во себе, туку и го оптоварува организмот. Затоа, обидете се да пиете многу вода и чајот е дозволен, овошни сокови, свежо цедени, но не во големи количини, а има и здрава храна која се базира на многу овошје и зеленчук. Така ќе знаете дека вашето тело е во рамнотежа, а за да ги одржувате хормоните во рамнотежа, обидете се да го решите тоа со помош на домашни лекови, како напиток од куркума, лимон и лист од малина. Во телото на жената циклично се произведуваат два хормона - прогестерон и естроген, а секоја промена во тоа производство се смета за хормонална нерамнотежа. Естрогенот е примарен женски хормон. Овие три природни рецепти ќе ви помогнат да го стабилизирате лачењето на хормоните: Лист од малина - се користи за зајакнување на мускулите на матката, а благотворно делува и на регулација на хормоните. Жените кои го пијат овој чај за време на бременоста имаат многу полесно породување. Рецептот е едноставен: една лажица листови од малина (може да се користат и сушени) прелијте ги со 200 мл врела вода и оставете да отстои 10 минути. Никогаш не пијте го овој чај пред спиење. Вода со лимон - е поволна за слабеење, ги чисти сите токсини од телото, ја освежува кожата и го зајакнува имунолошкиот систем. Општо е познато дека лимонот влијае на хормонот на ситост, а доколку не е во рамнотежа, телото ќе создаде масни наслаги. Рецепт: исцедете сок од половина лимон во чаша топла вода и испијте веднаш. Се препорачува да испиете една чаша наутро, бидејќи така ќе го забрзате метаболизмот. Млеко со куркума и кокосово масло - совршено води до рамнотежа на нивото на хормоните. Се верува дека куркумата ја подобрува циркулацијата и метаболизмот. До денес, има над 1.500 студии кои покажуваат дека кокосовото масло е едно од најздравите во светот. Рецепт: во 200 мл врело млеко додадете половина лажичка куркума и една лажичка кокосово масло. По желба можете да додадете и мед. Се препорачува утрото да го започнете со топла вода со лимон, во текот на денот да пиете чај од малина, а пред спиење да се почестите со топло златно млеко.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/gi-vrakja-hormonite-vo-ramnoteza-ova-tri-napitoci-se-idealni-za-zeni-go-stimuliraat-metabolizmot-sogoruvaat-kalorii/feed/ 0
Витамински “бомби“ со кои ќе сте здрави и згодни: Овие напитоци се преполни со витамини https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vitaminski-bombi-so-koi-kje-ste-zdravi-i-zgodni-ovie-napitoci-se-prepolni-so-vitamini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vitaminski-bombi-so-koi-kje-ste-zdravi-i-zgodni-ovie-napitoci-se-prepolni-so-vitamini/#respond Mon, 11 Jan 2021 08:18:06 +0000 https://kurir.mk/?p=453590

Моќни, здрави и преполни со витамини… Напиток со цвекло Состојки: – 1 помала главица цвекло – морков – јаболко – ½ чаша вода – 2 ротквици – ½ лажица семки од сончоглед – лажица мед Подготовка: Излупете ги и исецкајте ги цвеклото, морковот и јаболкото и ротквицата. Испасирајте ги и додадете вода. Потоа додадете ги семките од сончоглед и додадете го медот. Матете додека смесата да стане пенаста.   Енергетска бомба со морков, јаболко и портокал Состојки: – морков – целер – ½ црвена пиперка – портокал – ѓумбир – јогурт – јаболко Подготовка: Излупете го јаболкото, морковот и целерот, а од пиперката извадете ги семките. Излупете го портокалот и изрендајте го ѓумбирот. Сите состојки ситно исецкајте ги. Морковот, целерот, пиперката, портокалот, ѓумбирот и јаболкот ставете ги во блендер, додадете го јогуртот и добро испасирајте.   Напиток од јаболко, киви и спанаќ Состојки: – 2 зелени јаболки – шака спанаќ – киви – ½ краставица – 2 лажици јогурт Подготовка: Излупете и исецкајте ги јаболките. Излупете и исецкајте го кивито и краставиците. Измијте го и исецкајте спанаќот. Ставете се во блендер и пасирајте.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vitaminski-bombi-so-koi-kje-ste-zdravi-i-zgodni-ovie-napitoci-se-prepolni-so-vitamini/feed/ 0
Три природни, здрави и вкусни напитоци за слабеење https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/tri-prirodni-zdravi-i-vkusni-napitoci-za-slabeenje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/tri-prirodni-zdravi-i-vkusni-napitoci-za-slabeenje/#respond Tue, 01 Sep 2020 16:20:58 +0000 https://kurir.mk/?p=397917

Напиток од манго Состојки: 1/4 шолја манго коцки 1/4 шолја зрело манго 1/2 шолја сок од манго 1/4 шолја безмастен јогурт од ванила 1 лажица свежо цеден сок од лимета 1 лажица шеќер (или друг засладувач) 6 коцки мраз Напитокот има 298 kcal, 5гр протеин, 55гр јаглехидрати, 5гр влакна, 47гр шеќер, 9гр масти, 1,5гр заситени масти, 54мг натриум. Напиток од банана и путер од кикиритки Состојки: 1/2 шолја безмастно млеко 1/2 шолја бестмасен јогурт 2 лажици путер од кикиритки 1/4 зрела банана 1 лажица мед 4 коцки мраз Напитокот содржи 366 kcal, 18гр протеин, 40гр јаглехидрати, 3гр влакна, 32гр шеќер, 16,5гр масти, 3,5гр заситени масти и 151мг натриум. Напиток од ванила и боровница Состојки: 1 шолја соино млеко 170мл јогурт од ванила 1 шолја свежи боровинки неколку коцки мраз 1 лажица масло од ленено семе Напитокот содржи 443 калории, 18гр протеин, 63гр јаглехидрати, 4гр влакна, 57гр шеќер, 14,5гр масти, 1,5гр заситени масти, 221мг натриум.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/tri-prirodni-zdravi-i-vkusni-napitoci-za-slabeenje/feed/ 0
Што треба да пиете ако сте го почнале процесот на слабеење? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/shto-treba-da-piete-ako-ste-go-pochnale-procesot-na-slabeenje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/shto-treba-da-piete-ako-ste-go-pochnale-procesot-na-slabeenje/#respond Tue, 04 Aug 2020 12:15:35 +0000 https://kurir.mk/?p=385999

Напорите за слабеење најчесто почнуваат со намалувањето на бројот на внесени калории, а тоа значи внимавање на исхраната. За да слабеете треба да постигнете калориски дефицит, односно да потрошите повеќе калории отколку што внесувате. Во овој процес никако не смеете да ги заборавите течностите. Внесувањето доволно течности во текот на денот не само што ќе го хидратира телото и ќе го забрза метаболизмот, туку и ќе ви помогне да слабеете, но само ако внимавате какви течности внесувате. Не заборавајте дека и во нашите омилени напитоци има калории кои можеби ќе заборавите да ги пресметате во дневното количество на внесени калории. Прво, препорачливо е целосно да ги исклучите алкохолните пијалаци бидејќи содржат многу калории и шеќери. Ако сепак сакате да наздравите, еве неколку предлози за коктели со малку калории: За да се разладите, освежите, хидратирате, а сепак да не внесете вишок калории, напијте се: млеко без засладувачи, вода со парчиња овошје, незасладен чај, напитоци со електролити, минерална вода. Кога избирате свежо цеден сок одбегнувајте круша, грозје, манго и други овошја кои содржат повеќе шеќери од другите. Ваш прв избор нека бидат цитрусните (портокал, мандарина, клементина, лајм, лимон) и црвените овошја (јагоди, малини, капини, рибизли, боровинки) кои наедно се богати со антиоксиданси. Во секј случај, свежо овошје е подобар избор од индустриски сокови и напитоци кои често содржат скриени калории. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/shto-treba-da-piete-ako-ste-go-pochnale-procesot-na-slabeenje/feed/ 0