Наполеон Бонапарта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 01 May 2021 11:21:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Наполеон Бонапарта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДНК на Наполеон Бонапарта на аукција https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dnk-na-napoleon-bonaparta-na-aukcija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dnk-na-napoleon-bonaparta-na-aukcija/#respond Sat, 01 May 2021 11:21:52 +0000 https://kurir.mk/?p=504278

Приватните колекционери ќе имаат ретка можност следната недела да купат ДНК на Наполеон Бонапарта. По повод два века од смртта на францускиот војсководец, на аукција ќе биде ставено парче од платното, со кое тој бил покриен за време на обдукцијата. Францускиот император почина на 5 мај 1821 година на 52-годишна возраст на островот Света Елена во Атлантскиот Океан, каде Британците го протерале по поразот во 1815 година во битката кај Ватерло. Аукциската куќа „Осенат“ на 5 мај ќе стави на аукција околу 360 предмети меѓу кои ќе биде и платно со кое Наполеон бил покриен за време на обдукцијата, прамен од неговата коса, неколку свилени чорапи и кошули со долги ракави, на кои со црвен конец е извезена буквата Н. – Наполеон поседувал значителен број кошули. Бил огромен перфекционист. Се капел три-четири пати дневно, месечно користел од 20 до 30 литри колонска вода и секогаш менувал кошули, објаснува аукциската куќа „Осенат“. Се проценува дека платното на кое има крвава дамка од францускиот војсководец и владетел би можело да достигне продажна цена од 15.000 евра. Повеќето артефакти кои ќе се најдат на лицитацијата потекнуваат од куќата во која Наполеон ги поминал последните години од животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dnk-na-napoleon-bonaparta-na-aukcija/feed/ 0
Чизми на Наполеон Бонапарта продадени за 117.000 евра https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chizmi-na-napoleon-bonaparta-prodadeni-za-117-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chizmi-na-napoleon-bonaparta-prodadeni-za-117-000-evra/#respond Sat, 30 Nov 2019 08:59:53 +0000 https://kurir.mk/?p=271333

Чизмите, за кои се смета дека припаѓале на францускиот цар Наполеон Бонапарта, вчера се продадени на аукција во Париз за 117.000 евра, соопшти аукциската куќа „Друо“. Според француските историчари тие чизми Наполеон ги носел за време на егзилот на островот Света Елена, каде почина во 1821 година. По неговата смрт, чизмите ги наследил неговиот пријател од последните денови, маршал Бертран. Тој подоцна ги отстапил чизмите на вајарот Карл Марокети, кој ги користел како модел за скулптурата Наполеон на коњ, наменета за неговиот надгробен споменик. -Се уште има многу обожаватели на царството на Наполеон, напиша на Твитер аукциската куќа „Друо“ по продажбата на чизмите. Историчарите истакнуваат дека чизмите одговараат на описот што Наполеон го испраќал на кондураџијата Жак, кој работел во париски Монмартр. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chizmi-na-napoleon-bonaparta-prodadeni-za-117-000-evra/feed/ 0