наполеон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Feb 2023 07:57:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png наполеон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стивен Спилберг снима минисерија за Наполеон https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/stiven-spilberg-snima-miniserija-za-napoleon/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/stiven-spilberg-snima-miniserija-za-napoleon/#respond Wed, 22 Feb 2023 07:57:35 +0000 https://kurir.mk/?p=803471

Американскиот режисер Стивен Спилберг откри дека работи на серија за Наполеон заснована на оригинално сценарио на Стенли Кјубрик за Наполеон, коешто „седи во фиока“ со години. - Работиме на голема продукција. ТВ-серијата од седум дела за американската мрежа „ХБО“, ќе се снима според сценариото од 1961 година, изјави режисерот на прес-конференција во Берлин. Уште пред 10 години Спилберг зборуваше за правење мини-серија според сценарио напишано од славниот веќе починат колега, режисер на филмовите „2001: Одисеја во вселената“ и „Пеколен портокал“, којшто му ја дал и идејата за „Вештачка интелигенција“ (2001 г.) на својот помлад колега. Кјубрик, кој почина 1999 година, никогаш не ја завршил голем биографски филм за францускиот државник Наполеон Бонапарта. Стивен Спилберг ќе добие почесна „Златна мечка“ за животно дело на годинешното Берлинале. Меѓу неговите најголеми успеси се „Ајкула“, „И-ти (Е.Т.)“, „Шиндлеровата листа“, „Јура Парк“. Годинава е актуелен со „Фејбелманови“, полуавтобиографски филм номиниран и за седум „Оскари“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/stiven-spilberg-snima-miniserija-za-napoleon/feed/ 0
Најавена книга со 1.000 писма меѓу Фројд и внуката на Наполеон https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najavena-kniga-so-1-000-pisma-megju-frojd-i-vnukata-na-napoleon/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najavena-kniga-so-1-000-pisma-megju-frojd-i-vnukata-na-napoleon/#respond Mon, 11 Jul 2022 05:55:22 +0000 https://kurir.mk/?p=703040

Необјавена преписка на познатиот австриски психолог Зигмунд Фројд, со повеќе од илјада писма разменети со Мари Бонапарта, ќе биде објавена во октомври, објави француската издавачка куќа „Фламарион“ (Flammarion). Правнуката на брат на францускиот државник Наполеон, Лусијен Бонапарта – Мари (1882-1962), инаку била и сопруга на грчки принц, а во 20-тите била живо заинтересирана за психоанализата. Така, таа го контактирала Фројд во 1925 година, кој се согласил да ја прифати како пациентка, но и ученичка, во Виена. Таа во неколку наврати била во неговиот кабинет, а размениле и над 1.000 писма до смртта на Фројд во 1939 година. „Досега необјавена, чувана во Конгресната библиотека во Вашингтон (САД), преписката, жива и изобилна, дава клучни податоци за воведувањето на психоанализата во Франција, којашто ја иницирала Мари Бонапарта. …Писмата го откриваат и односот што Фројд го имал со Бонапарта“, соопшти „Фламарион“. Според издавачката куќа, нивната врска брзо се развила, така што ученичката станала и негова многу доверлива пријателка. Книгата од 1.200 страници треба да излезе на 19 октомври – со забелешки на историчарот по психологија Реми Амуро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najavena-kniga-so-1-000-pisma-megju-frojd-i-vnukata-na-napoleon/feed/ 0
Хоакин Феникс ќе го игра Наполеон во новиот филм на Ридли Скот https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/hoakin-feniks-kje-go-igra-napoleon-vo-noviot-film-na-ridli-skot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/hoakin-feniks-kje-go-igra-napoleon-vo-noviot-film-na-ridli-skot/#respond Fri, 16 Oct 2020 12:44:48 +0000 https://kurir.mk/?p=417226

Познатиот холивудски режисер Ридли Скот, кој моментално работи на филмот „Последниот дуел“ со Мат Дејмон, веќе го има планирано својот следен блокбастер. Осумдесет и две годишниот режисер на „Гладијатор“ одлучил да го покани Хоакин Феникс, ѕвездата на неговиот хит од 2000 година, во улога на Наполеон во историската сага „Kitbag“. Засега се знае само дека филмот ќе ги прикаже раните години од животот на идниот француски император и неовиот непоколеблив и истраен подем во француската политика, јави денеска портолот Татлер. Насловот доаѓа од зборовите „патничка торба“, и се повикува на поговорката од времето на наполеоновските војни: „секој војник во својот ранец го носои жезлото на маршалот“. Сеуште не е утврден датумот на почеток на снимањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/hoakin-feniks-kje-go-igra-napoleon-vo-noviot-film-na-ridli-skot/feed/ 0
Три љубовни писма на Наполеон до Жозефина продадени за половина милион евра https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tri-ljubovni-pisma-na-napoleon-do-zozefina-prodadeni-za-polovina-milion-evra/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tri-ljubovni-pisma-na-napoleon-do-zozefina-prodadeni-za-polovina-milion-evra/#respond Sun, 07 Apr 2019 18:37:57 +0000 https://kurir.mk/?p=183632

Три љубовни писма, напишани од Наполеон Бонапарта за неговата сопруга Жозефин во периодот меѓу 1796 и 1804 година, беа продадени за 513.500 евра на аукција, соопшти аукциската куќа Друо во Париз. – Немам добиено писмо од тебе. Сигурно имаш друга, попријатна работа, штом забораваш на сопругот, кој макар и да е затрупан со работа, а и покрај уморот, мисли единствено на тебе, ѝ пишува генералот на Жозефина на 18 април 1796 година, за време на походот во Италија. Еден друг, емотивен запис на новинарот Ками Демулен од 1794 година, беше продаден за 24.700 евра, па сега е сопственост на Историската библиотека на Париз. Демулен, инаку важна личност во Француската револуција, го напишал текстот за својата одбрана во судскиот процес против него. Но, на крај сепак, бил обезглавен на гилотина. На истото наддавање, машината „Енигма” од Втората светска војна беше продадена за 48.100 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tri-ljubovni-pisma-na-napoleon-do-zozefina-prodadeni-za-polovina-milion-evra/feed/ 0