напредни лозари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Mar 2022 13:15:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png напредни лозари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Напредни лозари“: Оваа година ќе се бараат драстично повисоки откупни цени за грозјето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/napredni-lozari-ovaa-godina-kje-se-baraat-drastichno-povisoki-otkupni-ceni-za-grozjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/napredni-lozari-ovaa-godina-kje-se-baraat-drastichno-povisoki-otkupni-ceni-za-grozjeto/#respond Wed, 16 Mar 2022 13:15:28 +0000 https://kurir.mk/?p=648264

Конечните решенија за нашите барања не смеат да чекаат до лето, до јули и август, туку треба да бидат дефинирани најдоцна до јуни, велат од здружението „Напредни лозари” по вчерашната средба во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тие разговарале, како што информираат, со заменик-министерот Трајан Димковски, а присутен бил и директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски. -Претставниците од МЗШВ сериозно ги имаат разгледано сите наши барања и се заложија за нивно решавање. Општ заклучок од состанокот е дека почна процесот за решавање на проблемите, но потребно е време. Сепак, тоа не треба да биде подолго од два до три месеци, најдоцна до половината на јуни треба да се имаат решенијата. На состанокот се дискутираше одделно за секое наше барање и дополнително за уште неколку проблеми надвор од барањата, истакнуваат од „Напредни лозари”. Според членовите на здружението, оваа година ќе се бараат нови, драстично повисоки откупни цени на грозјето. -Во Законот за вино ќе бидат внесени и гарантирани дел од нашите барања. Во врска со неисплатените субвенции, директорот Бачовски информираше дека субвенции не им се исплатени на многу мал број производители, пред се на лица кај кои не се совпаѓаат пријавените со реалните површини на лозови насади, а разликите се од 10 до 100 проценти, што е утврдено од страна на надлежните од МЗШВ. Тие се уште се процесуираат. Димковски информираше дека е усвоена одлука за исплата на пријавените штети на лозовите насади од пролетниот мраз во 2016 година. Обесштетувањето ќе се изврши многу брзо, нагласуваат од „Напредни лозари”. Состанокот во Министерството за земјоделство беше инициран со писмено барање од „Напредни Лозари“ пред две недели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/napredni-lozari-ovaa-godina-kje-se-baraat-drastichno-povisoki-otkupni-ceni-za-grozjeto/feed/ 0
Здружението „Напредни лозари“ ги замрзнува активностите – апелира да не се продава грозјето под 20 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-napredni-lozari-gi-zamrznuva-aktivnostite-apelira-da-ne-se-prodava-grozjeto-pod-20-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-napredni-lozari-gi-zamrznuva-aktivnostite-apelira-da-ne-se-prodava-grozjeto-pod-20-denari/#respond Thu, 19 Aug 2021 11:21:59 +0000 https://kurir.mk/?p=552591

Здружението „Напредни лозари” соопшти дека ги замрзнува своите активности. Неговата последна препорака, упатена до производителите, е дека годинава, посебно поради сушата, ниту еден грозд смедеревка не смее да биде откупен под 20 денари, вранец под 25 денари, а асталско и високосортно грозје под 30 денари. -Дојдовме до заклучок дека ова здружение такво какво што е конципирано и форамтирано го нема потребниот кредибилитет и легитимитет да застапува. Од тие причини ги „замрзнува“ сите свои активности. Само ќе потсетиме дека благодарение на нас се обесштетени сите лозари кои имаа побарувања во „Петра“ и „Повардарие“, ланската година е сепак откупено цело грозје за вино и дестилат, сите лозари кои предадоа грозје за вински дестилат, покрај редовните субвенции од Владата беа обесштетени и со дополнителни средства кои изнесуваа вкупно осум денари за килограм грозје плус три до четири денари од откупувачот. Можеби овие работи и не се толку многу за фалење, ама не се ништо, наведоа од Здружението. Нагласија и дека во ниту еден момент не делувале во ничиј друг, ни политички, ни партиски, ни личен интерес, освен за оној на лозарите -Сите што тврдат спротивно се злобни манипулатори и нечии партиски слуги. Затоа што ги замрзнуваме своите активнсти, сметаме дека нема потреба од обзнанување на предвидените мерки за борба за попристојни цени на откупот на грозјето, а последна наша препорака е до сите – да не си го потценуваат својот производ и да не го даваат за мизерни откупни цени. Особено и поради сушата, оваа година не смее да биде откупен ниту еден грозд смедеревка под 20 денари, вранец под 25 денари а асталско и високосортно грозје не смее да се откупува по цена под 30 денари. Необезбедувањето на овие откупни цени ќе претставува крај на лозарската приказна во Тиквешијата онаква каква што ја познаваме. Лозови насади пак ќе има, ама ние ќе мора да одиме како аргати на тие лозови насади, порачаа од Здружението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-napredni-lozari-gi-zamrznuva-aktivnostite-apelira-da-ne-se-prodava-grozjeto-pod-20-denari/feed/ 0