напуштија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Jul 2020 07:03:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png напуштија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стотици заразени пациенти со новиот коронавирус ги напуштија болниците во Романија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotici-zarazeni-pacienti-so-noviot-koronavirus-gi-napushtija-bolnicite-vo-romanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotici-zarazeni-pacienti-so-noviot-koronavirus-gi-napushtija-bolnicite-vo-romanija/#respond Fri, 10 Jul 2020 07:03:15 +0000 https://kurir.mk/?p=373026

Стотици романски пациенти заразени со новиот коронавирус ги напуштија болниците по судската одлука против задолжително хоспитализирање, откако Парламентот одлучи да донесе нов закон со кој се наметнува изолација, во време на пораст на инфекции. Пратениците гласаа за новиот закон што предвидува кога луѓето можат да бидат ставени во карантин или да се бара самоизолација. Законот им дозволува на оние во карантин да ја оспорат одлуката на суд. – Го донесуваме овој закон, кој ќе ограничи некои права и слободи, но го правиме тоа за да заштитиме животи, рече Јоан Купса, пратеник од владејачката Либерална партија. Одлуката на Парламентот уследи по пресудата на Уставниот суд, која стапи на сила минатата недела. Судот пресуди дека хоспитализирање и карантинирање лица без или само со благи симптоми на Ковид-19 ги ​​крши нивните основни права и тоа не може да се направи само со владин декрет. – Како резултат на одлуката, 624 пациенти кои се тестирале позитивно за новиот коронавирус, побарале да ги напуштат болниците и сега ризикуваат да ја пренесат болеста во нивните заедници, рече министерот за здравство Нелу Татару. – Покрај тоа, повеќе од половина од 50.000 лица подложени на задолжителна самоизолација по враќањето од странство ги напуштија своите домови прекршувајќи ги препораките на лекарите, рече Татару.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotici-zarazeni-pacienti-so-noviot-koronavirus-gi-napushtija-bolnicite-vo-romanija/feed/ 0
Бегалците и мигрантите си заминаа од грчко- турската граница кај Еврос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/begalcite-i-migrantite-si-zaminaa-od-grchko-turskata-granica-kaj-evros/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/begalcite-i-migrantite-si-zaminaa-od-grchko-turskata-granica-kaj-evros/#respond Fri, 27 Mar 2020 14:45:27 +0000 https://kurir.mk/?p=323151

Бегалците и мигрантите, кои речиси еден месец беа насобрани на турска страна и насилно и нелегално се обидуваа да влезат на грчка територија, а доста често, во Грција, медиумите и официјалните лица тврдеа дека се помогнати од турските власти, во текот на ноќта го растурија импровизираниот камп и си заминаа од Еврос, јави дописничката на МИА од Атина. Πред да започне отстранувањето на бегалците и мигрантите, според извори од Атина, турските власти ги запалиле шаторите во близина на границата со Турција. Грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис денеска одржа состанокот со надлежните министри во однос на ситуацијата на границата со Турција, а на почетокот реле дека е констатирано дека „импровизираниот камп на границата, се чини дека се растури, а оние кои што беа на границата кај Еврос си заминаа оттаму“. -Веројатно се затвора едно поглавје, но оваа битка, без сомнежи, продолжува, додаде Мицотакис, истакнувајќи дека покажале способност и ефикасност да ги заштитат копнените и морски граници. Грчкиот премиер рече дека фактот што можеби во следните денови, седмици, месеци, нема да постои ваков вид на зголемен притисок, не значи дека не треба да воспостави човечки и технолошки механизам, „што ќе гарантира дека границите биле, се и ќе останат целосно заштитени, така што никој нема да може повторно да ги уценува Европа и Грција, како што некои се обидоа да го сторат тоа во изминатиот месец“. На состанокот, одржан на далечина, како што е веќе пракса, поради коронавирусот, а на кој присуствуваа надлежните министри и заменици за цивилна заштита и за одбрана, била истакната потребата да продолжи да се зајакнува за оградата на Еврос, но и дека треба да се даде тежина на заштитата на морските граници, како и важноста да има редовно европско присуство, како кај Еврос, така и на островите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/begalcite-i-migrantite-si-zaminaa-od-grchko-turskata-granica-kaj-evros/feed/ 0
ОН: Повеќе од 700.000 луѓе ја напуштија Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-povekje-od-700-000-lugje-ja-napushtija-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-povekje-od-700-000-lugje-ja-napushtija-sirija/#respond Thu, 13 Feb 2020 17:20:27 +0000 https://kurir.mk/?p=303589

Повеќе од 700.000 луѓе ги напуштија своите домови во северозападна Сирија од декември, како резултат на владината офанзива, насочена кон освојување на последното упориште на бунтовниците во земјата, соопштија ОН. – Седумсто илјади жени, деца и мажи ги напуштија своите домови во северозападна Сирија, изјави Дејвид Свонсон, портпарол на Службата на ОН за координација на хуманитарна помош. – Ова последно прибежиште ја влошува веќе тешката хуманитарна состојба на теренот во Идлиб, додаде Свонсон, осврнувајќи се на последното упориште на сириските бунтовници во деветгодишен конфликт, град близу турската граница. Најмалку 290.000 деца се исто така се бегалци, според добротворната организација „Спасете ги децата“. – Речиси една четвртина од населението на Идлиб е принудено да ги напуштат своите домови за само неколку недели, рече Соња Куш од организацијата, нарекувајќи ја ситуацијата во Идлиб „хуманитарна катастрофа“. Турција оваа недела објави дека нејзината армија ќе ги нападне сириските сили на кое било место на нејзината територија ако биде убиен турски војник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-povekje-od-700-000-lugje-ja-napushtija-sirija/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ ја напушти денешната средба за законот за јавно обвинителство, не бил повикан Јовевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ja-napushti-deneshnata-sredba-za-zakonot-za-javno-obvinitelstvo-ne-bil-povikan-jovevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ja-napushti-deneshnata-sredba-za-zakonot-za-javno-obvinitelstvo-ne-bil-povikan-jovevski/#respond Fri, 24 Jan 2020 16:23:05 +0000 https://kurir.mk/?p=294273

Нецел половина час по почетокот на средбата на партиските работни групи за законот за јавно обвинителство што се одржува во Собранието претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија дискусијата поради тоа што не била прифатена нивната иницијатива за присуство на државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски. Антонио Милошоски иако децидно не потврди дека претставниците на ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствуваат на идни средби доколку на нив не присуствува државниот обвинител Јовевски, сепак истакна дека „ВМРО-ДПМНЕ ќе го продолжи учеството на вакви средби што ќе се одржат денеска, утре, во недела, понеделник… кога ќе биде обезбедено неговото присуство.“ Во однос на тоа зошто е потребно присуството на Јовевски на ваквите средби, Милошоски истакна дека тој лани во декември имал големи забелешки на разговорите и на Предлог-законот за јавно обвинителство истакнувајќи дека е потребно да се донесе квалитетен закон кој нема да е резултат на политички договарања. Тој изрази задоволство што на денешната средба биле присутни и претставници на меѓународната заедница, односно од Американската амбасада, Делегацијата на ЕК во Скопје. – Ја поздравуваме иницијативата за одржување средба во поширок формат во присуство на парламентарни групи и со присуство на меѓународни претставници, со една мала забелешка дека со ваков поширок формат на средба требало да се разговара пред една година наместо една недела пред распуштање на Собранието, рече Милошоски. На денешната средба тие побарале и одржување на јавна расправа со учество на стручната јавност од кривично-правната област, јавни обвинители, професори…. кои ќе дадат придонес во изработка на квалитетно решение. Милошоски истакна дека четвртиот предлог што го добиле од Министерството за правда го ценат како добра основа за преговори за стигнување до едно подобрено решение за закон за Јавно обвинителство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ja-napushti-deneshnata-sredba-za-zakonot-za-javno-obvinitelstvo-ne-bil-povikan-jovevski/feed/ 0