нараквица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Nov 2022 08:15:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нараквица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поттикнат од лично трагично искуство, осмисли нараквица за спречување напад https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pottiknat-od-lichno-tragichno-iskustvo-osmisli-narakvica-za-sprechuvanje-napad/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pottiknat-od-lichno-tragichno-iskustvo-osmisli-narakvica-za-sprechuvanje-napad/#respond Mon, 07 Nov 2022 08:14:45 +0000 https://kurir.mk/?p=756694

Поттикнат од лично трагично искуство, Французинот Александре Сере осмисли и дизајнираше уред-нараквица за спречување напад на улица. По три години работа, иноваторот, со неговиот петчлен тим го претставија „Сарат“ (Carrat) – уред во облик на стилска нараквица поврзана со мобилна апликација. Александре живее во центарот на Париз, па пред три години, една вечер ја чекал својата девојка во близина на Ајфеловата кула, а тогаш им се случил кошмар… Кога конечно примил нејзин повик, таа му рекла дека ја запрел непознат човек близу нејзиниот автомобил, а потоа ја нападнал и силувал. За жал, полициската истрага била сериозно попречена поради недостиг на докази, па случајот не минал на суд. Додека ѝ помагал на својата девојка во опоравувањето, му се јавила желба да направи нешто со што идните жртви ќе се заштитат од слични немили настани. Така настанал изумот. Апликацијата со активација ги предупредува одбраните контакти за итни случаи. Со две притискања на украсното копче на нараквицата, се упатува итен телефонски повик до главниот безбедносен контакт на корисникот, а истовремено, и на пет телефонски броеви се испраќа порака со ГПС-местоположбата на корисникот. –Сакаме да спречиме да се случуваат вакви несакани настани. Тоа доаѓа со нараквиците, но и со едукација на луѓето, рече Сере. -Уредот ќе работи насекаде во светот, сѐ додека има Блутут-поврзаност, истакна тој.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pottiknat-od-lichno-tragichno-iskustvo-osmisli-narakvica-za-sprechuvanje-napad/feed/ 0
Кејт Мидлтон со детаљ кој го носела принцезата Дијана се појави пред сопругата на Зеленски – немаше кој не го забележа на нејзината рака (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kejt-midlton-so-detalj-koj-go-nosela-princezata-dijana-se-pojavi-pred-soprugata-na-zelenski-nemashe-koj-ne-go-zabeleza-na-nejzinata-raka-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kejt-midlton-so-detalj-koj-go-nosela-princezata-dijana-se-pojavi-pred-soprugata-na-zelenski-nemashe-koj-ne-go-zabeleza-na-nejzinata-raka-foto/#respond Mon, 19 Sep 2022 06:03:02 +0000 https://kurir.mk/?p=734602

Принцезата од Велс, Катрин – Кејт Мидлтон во Бакингемската палата се сретна со првата дама на Украина, Олена Зеленска, пред денешниот погреб на кралицата. Инаку, сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на погребот ќе го застапува нејзиниот сопруг, кој не можеше да дојде во Лондон за да присуствува на церемонијата. Во комбинација со едноставен црн фустан, Кејт на состанокот со Олена носеше бисерна нараквица, којашто некогаш ѝ припаѓала на Лејди Дијана – мајката на принцот од Велс, Вилијам. Принцезата Дијана ја носеше истата нараквица додека беше на посета во Хонг Конг со нејзиниот тогашен сопруг, принцот Чарлс. Нараквицата му била предадена на принцот Вилијам по смртта на Дијана, а тој подоцна ѝ ја подарил на својата сопруга Кејт. Кејт ја носеше бисерната нараквица неколкупати изминативе неколку дена, а последен пат на ручекот одржан за генералните гувернери на Комонвелтот во Бакингемската палата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kejt-midlton-so-detalj-koj-go-nosela-princezata-dijana-se-pojavi-pred-soprugata-na-zelenski-nemashe-koj-ne-go-zabeleza-na-nejzinata-raka-foto/feed/ 0