наредби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Apr 2020 13:27:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png наредби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Куомо: Нема да се придржувам до наредбите на Трамп https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuomo-nema-da-se-pridrzuvam-do-naredbite-na-tramp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuomo-nema-da-se-pridrzuvam-do-naredbite-na-tramp/#respond Tue, 14 Apr 2020 13:27:24 +0000 https://kurir.mk/?p=332086

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк Ендру Куомо денеска изјави дека нема да почитува ниту една од наредбите на претседателот Доналд Трамп, кои се однесуваат на повторно отворање на државата на начин што не е безбеден за здравјето на луѓето за време на епидемијата на коронавирусот. – Ако тој нареди да ја отворам државата на начин што може да го загрози јавното здравје на луѓето во државата, јас нема да го сторам тоа, изјави Куомо за Си-Ен-Ен. Трамп вчера рече дека претседателот на САД има апсолутна моќ кога е во прашање одговорот на пандемијата и оти гувернерите на сојузните држави не се прашуваат за тоа. – Овластувањата на претседателот по тоа прашање е апсолутно и така мора да биде. Тие гувернери го знаат тоа. Има неколкумина од тие демократски гувернери кои не се согласуваат со тоа, но ќе се согласат, изјави Трамп. Си Ен Ен веднаш објави дека согласно Уставот, претседателот нема апсолутни овластувања и оти за тоа прашање одлучува федералната власт. За сите други одлуки, кои не се поврзани за федералната власт одлучуваат државите, објави Си Ен Ен, заклучувајќи дека Трамп лажел. САД се најтешко погодени од новиот коронарен вирус со 587.173 заболени и 23.644 смртни случаи, а најтешка е ситуацијата во Њујорк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuomo-nema-da-se-pridrzuvam-do-naredbite-na-tramp/feed/ 0
Телеграма од Чулев: Наредбите од Спасовски не важат – сите прераспоредени да се вратат на старите работни места! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telegrama-od-chulev-naredbite-od-spasovski-ne-vazat-site-prerasporedeni-da-se-vratat-na-starite-rabotni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telegrama-od-chulev-naredbite-od-spasovski-ne-vazat-site-prerasporedeni-da-se-vratat-na-starite-rabotni-mesta/#respond Sat, 11 Jan 2020 14:48:48 +0000 https://kurir.mk/?p=288305

Со телеграма од 10 јануари до сите организациони единици, министерот за полиција Наќе Чулев ги известува сите во министерството за внатрешни работи дека сите наредби на екс министерот Оливер Спасовски со кои полициските службеници неколку саати пред нова година 2020, од страна на Весна Доревска и Виолета Влаховиќ беа прераспоредени во други полициски станици и деградирани - престануваат да важат. Сите работници треба да се вратат на местата од кои биле прераспределени, стои во телеграмата на Наќе Чулев до сите организациони единици на МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telegrama-od-chulev-naredbite-od-spasovski-ne-vazat-site-prerasporedeni-da-se-vratat-na-starite-rabotni-mesta/feed/ 0