нарко босови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 19 Jun 2021 12:05:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нарко босови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски дадоа пасоши на светски нарко босови и мафијаши, но нема за македонските граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-i-spasovski-dadoa-pasoshi-na-svetski-narko-bosovi-i-mafijashi-no-nema-za-makedonskite-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-i-spasovski-dadoa-pasoshi-na-svetski-narko-bosovi-i-mafijashi-no-nema-za-makedonskite-gragjani/#respond Sat, 19 Jun 2021 07:14:24 +0000 https://kurir.mk/?p=525262

Во Македонија под режимот на мафијата на Заев, граѓани од прв и втор ред има и дури и во издавањето на пасоши. И тоа во прв ред се криминалците блиски до Заев, дури и странските, а во втор ред се сите останати граѓани на Македонија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Заев и Оливер Спасовски им дадоа пасоши на озлогласени и најбарани светски криминалци, но не им даваат на македонските граѓани. Откако граѓаните на Македонија се изначекаа за пасоши, МВР на Спасовски донесе одлука дека истечените пасоши ќе важеле до крај на годината, притоа оставајќи ги граѓаните без валидна патна исправа со која ќе може да патуваат во странство и да ги завршат своите обврски. Спасовски може да дава гаранции само во Македонија, но во странство никој не гарантира дека македонски граѓанин со истечен пасош ќе биде примен на граница, а уште помалку дека некоја друга странска институција ќе го признае истиот. И додека нарко босови, мафијаши и терористи шетаат низ светот со пасошите кои им ги дадоа Заев и Спасовски со нив убиваат, тргуваат со дрога, перат пари и вршат грабежи, македонските граѓани се лишени и од лекување во странство. Заради мафијата на Заев македонските граѓани се оставени на цедило и може да останат без лекување или престој во странство бидејќи МВР на Спасовски не им издало нов пасош и не може да гарантира дека таму ќе го признаат истечениот. Уште помалку ниту Спасовски ниту Заев можат да гарантираат дека полиција во странство нема да ги приведе македонските граѓани откако ќе ги легитимира и ќе види дека немаат валидна патна исправа. Има пасоши за нарко босови од Црна Гора, мафијаши од Италија, Турција и Албанија, кланови од Мексико, па дури и за терористи на ИСИС, ама нема за македонски граѓани. Македонските граѓани за оваа власт на СДСМ не постојат, бидејќи не се дел од мафијашките крими шеми на кланот Заеви тие се граѓани од втор ред, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-i-spasovski-dadoa-pasoshi-na-svetski-narko-bosovi-i-mafijashi-no-nema-za-makedonskite-gragjani/feed/ 0
Четворица светски наркобосови лани во ист ден добиле македонски пасош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-svetski-narkobosovi-lani-vo-ist-den-dobile-makedonski-pasosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-svetski-narkobosovi-lani-vo-ist-den-dobile-makedonski-pasosh/#respond Tue, 08 Jun 2021 07:50:15 +0000 https://kurir.mk/?p=520353

Лани на 1 октомври дури четворица шефови на наркокартели дошле во Скопје, се фотографирале во просториите на Министерството за внатрешни работи, оставиле отпечаток од прст, добиле нов идентитет и македонски пасош. Еден од нив е шефот на организацијата во албанскиот картел Компанија Бело, за кој обвинител во Италија проценува дека за три години заработил 210 милиони евра од продажба на кокаин по европските земји. Според податоците од обвинителниот акт, на 1 октомври 2020 година во Скопје македонски биометриски пасоши со украден идентитет добиле Бразилката Карине де Оливеира Кампос, Црногорецот Игор Вукотиќ, брат на лидерот на Шкаљарски клан, Србинот Ратко Живковиќ, припадник на кланот на Дарко Шариќ, и Албанецот Марку Герти, шеф на албанска криминална организација од картелот Компанија Бело. Сите четворица на тој 1 октомври биле фотографирани од сега осудената Наздрие Зековиќ, која ја призна вината, како и другите обвинети во случајот „Двојник“, објавува МКД.мк. Албанецот Марку Герти (38) во Скопје по пасош непречено доаѓа 15 дена откако против него и неговата група била спроведена меѓународна полициска акција во 10 држави и распишана меѓународна потерница од Интерпол Рим. Герти, кој е во бегство, во Скопје на 1 октомври 2020 година во 17.13 часот во канцеларија на управните служби на МВР се фотографира и остава отпечаток од прст, а на 21 октомври лично го зема македонскиот пасош со нов идентитет Елтон Авдиу. Три дена подоцна, на 24 октомври 2020 излегува преку државната граница на Македонија како Елтон Авдиу. Денес се претпоставува дека е во Еквадор, Јужна Америка, и дека сѐ уште е активен во снабдувањето на црниот пазар во Европа со кокаин. На 15 септември 2020 година ЕУРОПОЛ во 10 држави ја спроведува операцијата Лос бланкос за уништување на aлбанската криминална група Компанија Бело, оценета како една од најактивните мрежи за снабдување со кокаин на европскиот пазар. Обвинителството во Фиренца информира дека Компанија Бело е албански картел составен од 14 албански криминални организации вклучени во трговија со дрога. Овие организации ја прошириле контролата врз меѓународната трговија со дрога и енормно ги зголемиле профитите на членовите на картелот, кој делувал во Еквадор, Холандија, Белгија, Албанија и Италија. Компанија Бело имала привилегирани односи со јужноамериканските производители на кокаин, нарко баронот од Еквадор Цезар Емилио (Cesar Emilio Montenegro Castillo), познат како Дон Монти (Don Monti), кој бил поврзан и со колумбискиот картел Норте дел Вале (Norte dell Valle) и со мексиканскиот картел на Ел Чапо – Синалоа. Членовите на Компанија Бело увезувале и дистрибуирале големи количества дрога од Јужна Америка преку холандските и белгиските пристаништа. Во Италија браќата Герти и Едмонд Марку се обвинети за трговија со кокаин од Холандија во Италија, Германија и други европски држави. Италијанските обвинители проценија дека криминалната организација предводена од Герти и Едмонд Марку дистрибуирала најмалку 50 килограми кокаин неделно, што резултира со годишен обрт од 70,2 милиони евра. Истрагата покажала дека групата понекогаш продавала до 50 килограми на ден по 27.000 евра за килограм. Процената е дека групата на браќата Марку само за три години направиле промет од 210 милиони евра. Браќата Марку се во бегство. На 1 октомври 2020 година македонски пасош добива и Бразилката Карине Де Оливеира Кампос. Таа од Македонија излезе како Виолета Цонкова, Македонка од Бугарија. Во Бразил Кампос ја бараат за серија транспорти на кокаин. Во акција на бразилските специјалци во Сантос запленети се и 7 милиони долари заработени со дрога, од кои дел биле криени со заѕидување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-svetski-narkobosovi-lani-vo-ist-den-dobile-makedonski-pasosh/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски овозможиле балкански нарко-босови да се стекнат со македонски пасоши и документи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-i-spasovski-ovozmozile-balkanski-narko-bosovi-da-se-steknat-so-makedonski-pasoshi-i-dokumenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-i-spasovski-ovozmozile-balkanski-narko-bosovi-da-se-steknat-so-makedonski-pasoshi-i-dokumenti/#respond Tue, 06 Apr 2021 07:35:49 +0000 https://kurir.mk/?p=492911

Заев и Спасовски овозможиле балкански нарко - босови да се стекнат со македонски пасоши и документи. Документите кои дојдоа до нас докажуваат дека Седат Пекер од Турција, кој беше протеран од Македонија, три дена после тоа се појавил во полициската станица во Драчево и се сликал за македонски пасош, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата прашуваат како влегол повторно Пекер и кој му овозможил да се стекне со пасош на туѓо име, со неговото лице Спасовски и Заев треба веднаш да кажат. -Пекер е најголем нарко-бос во Турција и е гонет од турските власти. Со македонска патна исправа се стекнал и Јован Вукотиќ, лидер на Шкаљарскиот клан. Врвот на власта му овозможила на него да стекне сл. македонски пасош. Тоа е докажано, откако тој бил фатен во Турција со истиот и екстрадиран во Србија, по што е поткрената постапка против него. Вукотиќ е вмешан во трговија со кокаин и друг вид нелегална трговија. Спасовски најпрвин треба да даде одговори како Седат Пекер и Јован Вукотиќ добиле македонски пасоши, а потоа и да си даде оставка, како ќе може ЈО да отвори истрага против него, но и Зоран Заев, се наведува во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-i-spasovski-ovozmozile-balkanski-narko-bosovi-da-se-steknat-so-makedonski-pasoshi-i-dokumenti/feed/ 0
„Спасовски е заштитник на криминалци, нарко-босовите од Грчец на слобода, тој молчи“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-e-zashtitnik-na-kriminalci-narko-bosovite-od-grchec-na-sloboda-toj-molchi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-e-zashtitnik-na-kriminalci-narko-bosovite-od-grchec-na-sloboda-toj-molchi/#respond Mon, 05 Apr 2021 06:59:13 +0000 https://kurir.mk/?p=492386

Акцијата која ја најавија на фанфари, заврши како издишан балон. Нарко-босовите се на слобода, има челници во бегство, а постапка има за пар улични дилери, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Спасовски да каже кој ја пробил акцијата. Информации за акцијата немаат сите полицајци. Детали имаат лично тој и директорот на БЈБ, и уште неколку началници. Тоа значи дека кртот е во врвот на МВР или над него. Дали дружењето на Спасовски со тие криминални структури и луѓе блиски до нив, за што видовме докази во вид на фотографии објавени на социјалните мрежи се причина  зошто нарко-босовите се на слобода?, прашуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека одговорност мора да има. Спасовски може да крие сега, но ќе дојде ден наскоро кога се ќе се извади јавно, а тогаш нема бегање, ниту криење. Тогаш ќе има одговорност. Часот чука!

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-e-zashtitnik-na-kriminalci-narko-bosovite-od-grchec-na-sloboda-toj-molchi/feed/ 0
Се бара одговорност за пробиената акција: Нарко босовите на групите во Грчец и Гази Баба се во бегство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-bara-odgovornost-za-probienata-akcija-narko-bosovite-na-grupite-vo-grchec-i-gazi-baba-se-vo-begstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-bara-odgovornost-za-probienata-akcija-narko-bosovite-na-grupite-vo-grchec-i-gazi-baba-se-vo-begstvo/#respond Fri, 26 Mar 2021 14:49:26 +0000 https://kurir.mk/?p=488233

Нема најдено дрога кај групата од скопско Грчец, не се уапсени ниту нарко босовите, туку само дилерите. Цела година двајца јавни обвинители заедно со истражители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал ги следеле двете криминални групи чии членови вчера беа уапсени во голема полициска акција „Планина“ во Грчец и Гази Баба, соопшти денеска шефицата на ова обвинителство Вилма Русковска. Во овој период, рече таа, собрани се доволно докази за нивната недозволена трговија со дрога – главно кокаин, преку низа специјални мерки – следење комуникации, тајно следење и снимање надвор од приватен имот. -Засега нема доказ за поврзаност на двете групи туку ќе бидат процесуирани како два посебни предмети, рече Русковска. Во Грчец извршен е претрес на 26 локации во село Грчец, приведени се 13 лица, од кои на 9 им е изречена мерка притвор, на тројца куќен притвор, и за едно лице мерка за претпазливност. Пет лица се недостапни, рече Русковска, додавајќи дека еден од приведените е малолетник и тој ќе биде процесуиран според соодветните закони. Во Гази Баба, рече Русковска се извршени претреси на 9 локации, осум лица се приведени и во притвор, а едно е во бегство. Од двете групи, одземени се 80.000 евра, повеќе од 300.000 денари, 500 франци, а од дрога – 5 килограми марихуана и 600-700 грама кокаин. Русковска нагласи дека од почетокот на истрагата не очекувале дека ќе наидат на големи количества дрога иако членовите на групите се осомничени за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прокурсори“, сепак дрогата која ја препродавале ја складирале на безбедни локации. -Најголем дел од парите и дрогата се пронајдени при претресите во Гази Баба, а само мал дел е пронајден и одземен во Грчец, рече обвинителката која се надева дека од одземените телефони ќе излезат докази за друго кривично дело. Таа нагласи дека истрагата е пробиена, но нема информации за евентуална вмешаност на вработени во МВР во тоа. -Петмината главни кои се во бегство и по кои се трага, ако беа фатени и им беа одземени телефоните ќе имавме повеќе докази, но ќе вложиме напор од електронските уреди кои се одземени да видиме дали има поврзаност со вработении во МВР или други институции и во сите случаи каде ќе се докаже тоа, инволвираните ќе бидат изведени пред лицето на правдата, децидна е Русковска. Иако станува збор за масивна акција за сузбивање на наркодилерска мрежа, Русковска истакна дека жалење што се фатени само продавачите на дрога. -Обвинителството има доволно докази за наркобосовите и се надевам дека наскоро ќе бидат фатени и изведени пред лицето на правдата, рече Русковска. Реакции: Одговорност мора да има! Залудно Оливер Спасовски ја лажеше јавноста кога денес се соопшти дека акцијата „Планина“, во која што беше кажано дека е сузбиена огромна нарко – група, всушност се сведува на запленети неколку десетици грама дрога и слобода за главните нарко – босови, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Одговорот кој и зошто ги пуштил да се спасат главните нарко-босови може да се најде и на фотографиите каде се гледаат луѓето од власта, вклучително и првиот полицаец Оливер Спасовски, во нивно друштво. Спасовски треба да одговара затоа што е пробиена акцијата и што им е овозможено бегство на нарко – босовите. Во ваквиот мафијашки синџир неизоставен дел е и партиската обвинителка на Зоран Заев, Вилма Рускоска, која исто како и МВР на Спасовски вчера се фалеше дека е разбиена нарко – група, за да денеска ретерира и ја соопшти вистината. Луѓето од власта се способни само за криминал, посочуваат од партијата. Кој од врвот на власта ги штити наркобосовите од Грчец и Арачиново? Кој е кртот, не е вистинското прашање! Акцијата е изминирана во корен, тоа не го издал некој службеник, туку висок функционер, посочува Дарко Костовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Рибата смрди од главата! Вистинското прашање кој од врвот на власта си ги спасил извршителите од Грчец и Арачиново!? Спасовски, да не си помислил да се вадиш! 5 години си министер во МВР, ова е недозволиво! Поднесиси оставка веднаш! Оставка, затоа што се додека оваа криминална багра е на власт нема и не може да има правда. ПС. Чекам коментар и од Љупчо Николовски Путерот, секако ако не е зафатен со работа од 16 часа или одмор во Дубаи“ – посочува тој. Обичниот граѓанин “лежи” во затвор за кебапчиња. Обичниот граѓанин се апси, и се носи во полициска станица затоа што шетал без маска, посочува пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ. -Обичниот граѓанин се апси и се затвора затоа што го критикувал јавно Премиерот. АМА наркобосовите се слободни, тие им ги пробиваат акциите на “моќните” МВР и Јавно Обвинителство. Слободни се и оние кои запалија повеќе од 300 автомобили само во Скопје за нецели 4 години, ниту еден немаат пронајдено. Одговорност нема! И, нема да има. Така се обидуваат да не “истренираат”, тоа да ни стане нормално. Многу се лажете господа, ОДГОВОРНОСТ ЌЕ ИМА и тоа за многу скоро, порача Пренџов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-bara-odgovornost-za-probienata-akcija-narko-bosovite-na-grupite-vo-grchec-i-gazi-baba-se-vo-begstvo/feed/ 0