нарко дилери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Mar 2022 14:04:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нарко дилери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сузбиена македонско-бугарска криминална група која произведувала синтетичка дрога во Софија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/suzbiena-makedonsko-bugarska-kriminalna-grupa-koja-proizveduvala-sintetichka-droga-vo-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/suzbiena-makedonsko-bugarska-kriminalna-grupa-koja-proizveduvala-sintetichka-droga-vo-sofija/#respond Wed, 30 Mar 2022 14:04:15 +0000 https://kurir.mk/?p=655778

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за недозволена трговија со дрога до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска (30.03) поднесе кривична пријава против П.Т. (66) од Скопје, Б.Т. (36) и А. Т. (34), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.3 од Кривичниот законик. П.Т. (66) е приведен денеска (30.03.2022) како дел од меѓународната криминалистичка истрага во рамки на која Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога, по повеќемесечна оперативна соработка со Одделот за борба против организиран криминал на Р.Бугарија и во координација на SELEC (Центарот за спроведување на законите во Југоисточна Европа), сузбија македонско-бугарска организирана криминална група, при што на 10.02.2022 во Софија, Р. Бугарија е откриена импровизирана нелегална лабораторија за производство на синтетички дроги. Притоа, од слобода се лишени четири лица, од кои двајца македонски државјани. Б.Т. и А.Т. од Скопје. Кај лицата се пронајдени и запленети повеќе килограми амфетамин и други видови на хемиски супстанци и прекурсори. Истовремено на територијата на Република Северна Македонија при претрес на дом, пронајдени и одземени се прекурсори од II и од III категорија контролирани супстанци во Законот за прекурзори, кои се користат во нелегално производство на повеќе видови дроги, како и други хемиски супстанци неопходни за зголемување на масата на одредени дроги. Во текот на денешниот ден (30.03), на територија на РСМ приведен е и П.Т.. Б.Т. и А.Т. ,како дел од поголема меѓународна криминална група, а со цел стекнување на противправна имотна корист на територија на Р.Бугарија (Софија) инсталирале нелегална лабараторија за производство на синтетички дроги амфетамин, метамфетамин и екстази и потоа неовластено произведената синтетичка дрога ја продавале на територија на Р.Бугарија, а дел од истата транспортирале во РСМ, каде била преземана од страна на П.Т. заради понатамошна продажба. Лицето лишено од слобода во текот на денешниот ден ќе биде изнесено пред судија на претходна постапка, за кого од страна на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК до Основниот кривичен суд во Скопје е поднесен предлог за одредување на мерка притвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/suzbiena-makedonsko-bugarska-kriminalna-grupa-koja-proizveduvala-sintetichka-droga-vo-sofija/feed/ 0
Мицкоски: Заев на избори победува со нарко дилери и шверцери со мигранти, тоа е неговата војска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-zaev-na-izbori-pobeduva-so-narko-dileri-i-shverceri-so-migranti-toa-e-negovata-vojska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-zaev-na-izbori-pobeduva-so-narko-dileri-i-shverceri-so-migranti-toa-e-negovata-vojska/#respond Wed, 14 Apr 2021 13:54:40 +0000 https://kurir.mk/?p=497125

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешната изјава, одговарајќи на новинарско прашање, како ја коментира и оценува акцијата во врска со нарко трговијата во Македонија од страна на високи началници во МВР, посочи дека ваквите лица се всушност војската на Зоран Заев, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ претходно реагирало за прилепскиот началник на МВР но дека немало никаква реакција од владата на СДСМ, за денес да дојде ДЕА и да ги уапси за трговија со дрога. Јас изминатиот период често зборувам дека тоа е војската на Зоран Заев. Зошто велам војска? Во Македонија кога се избори во прашање, притисоци, закони, уцени и поткуп не прават цивилни лица, туку прават началници и градоначалници. Ќе ве потсетам овој началник во Прилеп беше предмет на критика од страна на ВМРО-ДПМНЕ и за време на предвремените парламентарни избори и дадовме докази. Гледаме дека не беше реагирано од страна на власта, а сега е уапсен поради тоа што е дел од трговијата со марихуаната, оние 200килогами фатени и дел од таа мрежа. Ќе ве потсетам на началникот во Штип кој што беше фатен како шверцува мигранти. Слични индиции, еве вас како јавност ве усмерувам и за началникот во Струмичката полиција. Ќе ве потсетам на началникот на Кумановската полиција кога поткупуваше луѓе со дрва на изборите во 2016 година. Ќе ве потсетам на оној градоначалник во Ново Село кој што шверцуваше марлборо пакети. Ќе ве потсетам на двајца градоначалници на Василево и Дојран фатени беа во поткуп на изборите. Зоран Заев избори победува во Македонија со овие луѓе, и затоа Зоран Заев не мрда со прст, и затоа ДЕА треба да дојде да ги уапси овие луѓе кои што се денеска главни шверцери и шверцери со мигранти. Затоа што тоа е војската која што на избори врши притисоци, закани, уцени, и поткупува се со цел Зоран Заев да добие глас повеќе и исто тоа ќе биде и понатаму, рече Мицкоски, Претседателот Мицкоски ја повика и меѓународната заедница и јавноста да ги следат случувањата. Ја повикувам меѓународната заедница, ја повикувам македонската јавност будно да ги следи овие избори. Истите овие луѓе повторно ќе бидат активни, и не може ништо ВМРО-ДПМНЕ да направи и со народни стражи, ниту пак народот. Затоа што тие кога влегуваат од куќа во куќа и делат пари се придружувани и обезбедувани од униформирани лица. Ова се луѓето кои што вршат поткуп, началници и градоначалници и уште ќе паѓаат во периодот кој што следи. Запамтете и уште ќе паѓаат, посочи Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-zaev-na-izbori-pobeduva-so-narko-dileri-i-shverceri-so-migranti-toa-e-negovata-vojska/feed/ 0
Разбиена група нарко дилери, запленета дрога во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razbiena-grupa-narko-dileri-zapleneta-droga-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razbiena-grupa-narko-dileri-zapleneta-droga-vo-skopje/#respond Thu, 26 Nov 2020 17:32:52 +0000 https://kurir.mk/?p=434926

Денеска (26.11.2020) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Дебар и СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога разби група нарко дилери и заплени марихуана. Околу 11.45 часот на бул. Борис Трајковски во Скопје запрено е возило „џип“ со скопски регистерски таблички, управувано од В.М. (34) од Скопје, а како сопатник бил М.Г. (29) од Скопје и при извршениот преглед се пронајдени 3,5 килограми марихуана. Од преземените дополнителни мерки и активности утврдено е дека организатор на нелегалната продажба е А.М. (27) од Дебар, кој заедно со Ф. П. (29) од Скопје договарале купопродажба на дрогата на паркинг на бул Кочо Рацин. Во 12 часот во близина на транспортниот центар во Скопје приведен е А.М. и при извршен преглед кај него пронајдени се 70.500 денари и 1800 евра кои ги добил за продажбата на дрогата. Во 12.10 часот на паркинг на бул Кочо Рацин приведен е Ф.П.. Во истрагата се обезбедени докази за инволвираност во кривичното дело и за уште две лица: Р.А. (35) и П.Ѓ. (32). По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razbiena-grupa-narko-dileri-zapleneta-droga-vo-skopje/feed/ 0