нарко-картел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Sep 2023 06:07:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нарко-картел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пронајдени 12 осакатени тела во внатрешен судир на нарко картел во Монтереј https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-12-osakateni-tela-vo-vnatreshen-sudir-na-narko-kartel-vo-monterej/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-12-osakateni-tela-vo-vnatreshen-sudir-na-narko-kartel-vo-monterej/#respond Wed, 27 Sep 2023 06:07:39 +0000 https://kurir.mk/?p=882081

Осакатени трупови и распарчени делови од тела на 12 лица се пронајдени вчера на седум локации низ градското подрачје на Монтереј, индустрискиот главен град на Мексико, откако новиот бран на насилство ги вознемири жителите на градот. Британските медиуми наведуваат дека овие ужасни слики потсетуваат на крвавиот период од претходната деценија кога конфликти меѓу наркокартелите го зафатија Монтереј, а телата на жртвите беа или оставени на улиците или обесени од мостовите на градот. Таквата бруталност денеска генерално помалку се применува во градот што неодамна беше избран за локацијата на новата фабрика за автомобили Тесла. Властите соопштија дека вчерашните судири се чини дека биле координиран напад и најверојатно биле предизвикани од внатрешни борби во рамките на криминалната група со седиште во пограничната држава Тамаулипас. -Од пораките што беа оставени (на телата), може да се заклучи дека постои корелација (со внатрешни конфликти), рече државниот обвинител Педро Хардон, одговарајќи на новинарски прашања. Фотографии од наводно пронајдените пораки кружат во локалниот печат, а социјалните мрежи сугерираат дека убиствата ги извршиле членови на североисточниот картел како одмазда за наводни инфилтрации во нивната организација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-12-osakateni-tela-vo-vnatreshen-sudir-na-narko-kartel-vo-monterej/feed/ 0
Мајка и бебе меѓу шестмина убиени во Калифорнија, за нападот осомничен нарко картел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majka-i-bebe-megu-shestmina-ubieni-vo-kalifornija-za-napadot-osomnichen-narko-kartel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majka-i-bebe-megu-shestmina-ubieni-vo-kalifornija-za-napadot-osomnichen-narko-kartel/#respond Tue, 17 Jan 2023 06:27:14 +0000 https://kurir.mk/?p=788155

Шест лица, меѓу кои и шестмесечно бебе, неговата мајка-тинејџерка и една постара жена, беа убиени вчера во земјоделска заедница во Централната долина во Северна Калифорнија во, како што рече локалниот шериф, најверојатно испланиран напад на нарко картел. Масакрот се случил околу 3:30 часот изутрина по локално време во и околу резиденција во градот Гошен во округот Туларе во близина на Висалија, околу 380 километри југоисточно од Сан Франциско. Властите, како што пренесува ДПА, соопштија дека трагаат по двајца осомничени и дека убиствата веројатно се поврзани со налогот за претрес извршен минатата недела во една од домовите што резултираше со едно апсење и запленување пиштоли, марихуана и метамфетамин. – Мислам дека тоа е конкретно поврзано со картелот, изјави шерифот на округот Туларе, Мајк Будро за Лос Анџелес Тајмс. Властите не ги објавија имињата или возраста на сите жртви, но рекоа дека се чини дека некои се членови на исто семејство.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majka-i-bebe-megu-shestmina-ubieni-vo-kalifornija-za-napadot-osomnichen-narko-kartel/feed/ 0
Арсовски: Една недела молк од институциите за вмешаноста на нарко картелот Заеви во нарко трговијата со марихуана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-edna-nedela-molk-od-instituciite-za-vmeshanosta-na-narko-kartelot-zaevi-vo-narko-trgovijata-so-marihuana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-edna-nedela-molk-od-instituciite-za-vmeshanosta-na-narko-kartelot-zaevi-vo-narko-trgovijata-so-marihuana/#respond Thu, 15 Apr 2021 10:30:14 +0000 https://kurir.mk/?p=497593

Цела недела молк од институциите за вмешаноста на нарко картелот Заеви во нарко трафикингот на марихуана, кој беше спречен и пресечен од американската агенција ДЕА. Цела недела молк и од Оливер Спасовски за неговите потрчковци началници и командири на полициски станици и сеуште не поднесува никаква одговорност за дејствувањето на истите, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски. Кире Чипсио Спиркоски, близок човек на Оливер Спасовски и Зоран Заев, командир на полициската станица Прилеп, која е една од најголемите во градот, редовно на слики до Заев и Спасовски, беше уапсен заедно со возачот на Трајче Заев за над 800.000 евра марихуана, а Трајче Заев и Бобан Заев отидени во Дубаи, а Оливер Спасовски повторно не понесува никаква одговорност. Оставка е единственото нешто што може да го направи за почеток, затоа што во нарко трафикинг му е вмешан командир на една од поголемите полициски станици во Република Македонија. Срамота е Оливер Спасовски да излегува на јавни настапи и да говори недоветни и нереални работи, бидејќи сите знаат што се случува во државата, а да не говори за најважното во моментов, а тоа е кога ќе си поднесе оставка од функцијата министер за внатрешни работи. Бидејќи е заглавен во криминал до гуша и повеќе таму не му е место. Ако ги погледнеме командирите и началниците низ градовите кои ги поставил Оливер Спасовски, на чело со Кире Чипсио Спиркоски кој го уапсија, па да продолжиме со велешките командири и началници, па битолските, струмичките, кумановските, штипските, повеќе од јасно е зошто ги штити Оливер Спасовски и Зоран Заев. Овие луѓе им е допуштено да прават што сакаат во нивните места, затоа што ова е партиската војска на СДСМ која во време на изборните процеси малтретираат, поткупуваат и местат изборни резултати. И ова е јавна тајна, рече Арсовски. Ова се луѓето кои поважно му е на Оливер Спасовски да прават нелегални дејствија, наместо да се борат против криминалот и криминалците. Всушност не само што не се борат, туку сите од врвот на СДСМ, па до најниските структури се вмешани во криминал до гуша.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-edna-nedela-molk-od-instituciite-za-vmeshanosta-na-narko-kartelot-zaevi-vo-narko-trgovijata-so-marihuana/feed/ 0
Мексико: Војската убила 12 припадници на нарко картел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-vojskata-ubila-12-pripadnici-na-narko-kartel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-vojskata-ubila-12-pripadnici-na-narko-kartel/#respond Sat, 04 Jul 2020 07:15:16 +0000 https://kurir.mk/?p=368756

Мексиканската војска соопшти дека нејзини припадници вчера во вооружена престрелка убиле 12 членови на еден нарко картел во градот Нуево Ларедо. Како што се наведува во соопштението, напаѓачите од нарко картелот отвориле оган врз три патролни воени камиони, по што војниците возвратиле на ист начин. Во судирот се убиени 12 напаѓачи, а ниту еден војник не е повреден. На местото на инцидентот напаѓачите оставиле едно возило, осум автоматски пушки и два снајпера со калибар 50 милиметри. Се претпоставува дека загинатите припаѓале на „Картелот североисток“, кој некогаш бил дел од стариот озлогласен картерл „Зетас“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-vojskata-ubila-12-pripadnici-na-narko-kartel/feed/ 0
Десет лица загинаа во судир на мексикански нарко картели https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deset-lica-zaginaa-vo-sudir-na-meksikanski-narko-karteli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deset-lica-zaginaa-vo-sudir-na-meksikanski-narko-karteli/#respond Thu, 13 Feb 2020 08:15:08 +0000 https://kurir.mk/?p=303223

Десет лица загинаа во последните 24 часа во судир на мексикански нарко картели за контрола на трговијата со дрога на подрачјето на Мичоакан, јавуваат локалните медиуми. Државното обвинителство соопшти дека инцидентите се предизвикани од желбата на бандите да добијат контрола во областите на трговија со дрога. Покрената е операција за апсење на напаѓачите. За картелите наречени Нова генерација Џалиско картел и Лос Виаграс, познато е дека се обидуваат да доминираат во регионот. Во Мексико, земја со 126 милиони жители, од 2016 година значително е интензивирана борбата против трговијата со дрога. Според податоците на Секретаријатот за национален систем за јавна безбедност на Мексико, од тогаш повеќе од 300.000 луѓе се убиени. Во 2018 година, пак, се регистрирани 35.964 убиства поврзани со нарко картелите. Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор претходно изјави дека насилството во Мексико ќе биде намалено со силна и одлучна борба против сиромаштијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deset-lica-zaginaa-vo-sudir-na-meksikanski-narko-karteli/feed/ 0
Мексико: Нови судири на полицијата со нарко картел, убиено 21 лице https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-novi-sudiri-na-policijata-so-narko-kartel-ubieno-21-lice/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-novi-sudiri-na-policijata-so-narko-kartel-ubieno-21-lice/#respond Mon, 02 Dec 2019 07:02:47 +0000 https://kurir.mk/?p=271955

Безбедносните сили на Мексико убија уште седум членови на нарко картел, чии припадници претходно со конвој камиони упаднаа во градот во близина на границата со Тексас и го нападнаа градското собрание. Властите соопштија дека бројот на убиени е зголемен на 21. Безбедносните сили, потпомогнати со хеликоптери, и натаму трагаат за преостанатите членови на картелот кои вчера извршија напад во местото Вила Унион. Гувернерот на државата Коахиља, Мигел Ангел Рикелме рече дека 14 луѓе се убиени до вчера попладне, меѓу кои и четворица полицајци. Според него, неколку работници од општината се водат за исчезнати. Вооружената група упаднала во градот со 3.000 жители, напаѓајќи ги локалните владини канцеларии поради што реагираа федералните служби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-novi-sudiri-na-policijata-so-narko-kartel-ubieno-21-lice/feed/ 0