народен непријател – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Oct 2023 09:01:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png народен непријател – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МНТ со претставата „Народен непријател” гостува во Србија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mnt-so-pretstavata-naroden-neprijatel-gostuva-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mnt-so-pretstavata-naroden-neprijatel-gostuva-vo-srbija/#respond Tue, 24 Oct 2023 09:01:57 +0000 https://kurir.mk/?p=892444

На овогодишниот XLII Интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани", по покана на селекторот на фестивалот Слободан Савиќ (театарски критичар и уредник на РТС), во официјалната програма од селектирани 70 претстави, одбрана е претставата „Народен непријател" по текст на Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ. Претставата ќе се одигра на 25 октомври на сцената „Бора Станковиќ" во Врање. Овогодишната фестивалска програма ќе трае од 21 до 28 октомври под слоганот „Театарот во трауматизираното општество", а ќе учествуваат и театарските куќи од Србија,  Хрватска и  Романија, при што директорот на театарот истакна дека од година на година се зголемува бројот на угледни претстави кои доаѓаат во Врање, а годинава тоа е посебен предизвик, бидејќи има и претстави од регионот, што не било случај до сега кога се во прашање „Борини позоришни дани". Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mnt-so-pretstavata-naroden-neprijatel-gostuva-vo-srbija/feed/ 0
„Народен непријател“ на МНТ го отвори Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/naroden-neprijatel-na-mnt-go-otvori-megunarodniot-teatarski-festival-otelo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/naroden-neprijatel-na-mnt-go-otvori-megunarodniot-teatarski-festival-otelo/#respond Tue, 10 Oct 2023 06:50:50 +0000 https://kurir.mk/?p=887261

Со изведбата на претставата „Народен непријател“ на Македонскиот народен театар (МНТ) по текст на Хенрик Ибзен и во режија на Нина Николиќ, синоќа започна седмото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ во Гостивар. Пред гостиварската публика во Центарот за култура „АСНОМ“ беа претставени програмата за оваа издание и жирито кое ќе ги додели наградите за најдобар актер, актерка, режисер и претстава. Освен МНТ, годинава со свои претстави на „Отело ќе настапат и народните театри од Косово и Албанија, и три други државни театри: од Габрово (Бугарија),Тетовскиот и театарот од Лесковац (Србија). Фестивалот продолжува вечерва со претставата „Се надевам ќе играат добро“ по текст на Луц Хибнер во продукција на драмскиот театар „Рачо Стојанов“ од Габрово (Бугарија). Најавените претстави ќе се играат на големата сцена во центарот за култура АСНОМ, а влезот е бесплатен. Фестивалот ќе биде затворен во недела со изведба на „Први и последни“ на Народниот експериментален театар „Кујтим Спахивогли“ од Тирана (Албанија) и доделување на наградите.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/naroden-neprijatel-na-mnt-go-otvori-megunarodniot-teatarski-festival-otelo/feed/ 0
„Народен непријател“ на два меѓународни фестивали во Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/naroden-neprijatel-na-dva-megunarodni-festivali-vo-tsrna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/naroden-neprijatel-na-dva-megunarodni-festivali-vo-tsrna-gora/#respond Sun, 16 Jul 2023 08:56:46 +0000 https://kurir.mk/?p=857094

Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, овој месец ќе гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора. Како што информира МНТ, нашата претстава вечер, во 21 часот, ќе биде изведена на 37. фестивал „Град театар“ во Будва, што се одржува од 5 јули до 22 август. Годинава слоганот на фестивалот е „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски денови на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност. Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот Стањевиќи. Второто гостување ќе се случи на 18. меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват. Покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21:30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште осум претстави од Белград , Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит. Во „Народен непријател“ играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски. Од МНТ посочуваат дека „Народен непријател“ совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. -Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист кој верува дека промената е можна, и дека е неопходна итна жртва, колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички, информира МНТ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/naroden-neprijatel-na-dva-megunarodni-festivali-vo-tsrna-gora/feed/ 0
Претставата „Народен непријател“ дел од Меѓународниот фестивал на актерот во Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-naroden-neprijatel-del-od-megjunarodniot-festival-na-akterot-vo-crna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-naroden-neprijatel-del-od-megjunarodniot-festival-na-akterot-vo-crna-gora/#respond Fri, 11 Nov 2022 09:54:05 +0000 https://kurir.mk/?p=759053

Со претставата „Народен непријател“, Македонскиот народен театар (МНТ) утре ќе учествува во натпреварувачкиот дел од програмата на 18. издание на Меѓународниот фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора. Во натпреварувачкиот дел од програмата на фестивалот, кој се одвива од 7 до 12 ноември, ќе бидат изведени шест театарски претстави од Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Хрватска и БиХ. Во претставата „Народен непријател“ играат Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски. Од МНТ информираат дека доделувањето на наградите ќе се одржи на 13 ноември, кога фестивалот и свечено ќе биде затворен, а во чест на наградените ќе биде изведена претставата „Народен пратеник“ во продукција на Никшиќко позориште. Следните изведби на „Народен непријател“ се закажани во МНТ на 24 и 25 ноември, а билетите се достапни преку веб-страницата на театарот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-naroden-neprijatel-del-od-megjunarodniot-festival-na-akterot-vo-crna-gora/feed/ 0
На „БитФест“ гостуваат актерите на МНТ со претставата „Народен непријател“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-bitfest-gostuvaat-akterite-na-mnt-so-pretstavata-naroden-neprijatel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-bitfest-gostuvaat-akterite-na-mnt-so-pretstavata-naroden-neprijatel/#respond Tue, 05 Jul 2022 10:39:17 +0000 https://kurir.mk/?p=700243

Публиката на Битолското културно лето, вљубениците во театарот, вечер од 20 часот на сцената на Народниот театар во Битола, ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава „Народен непријател“, во изведба на Македонскиот народен театар. Во претставата настапуваат актерите Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски. Театарската претстава „Народен непријател“ е годинашен добитник на четири големи награди признанија на МТФ „Војдан Чернодрински“ и тоа: наградата за уметничко остварување, наградата за главна машка улога во истоимената претстава за Никола Ристановски, наградата за сценографија за сценографката Вишња Вујовиќ и четвртата награда за рекламен материјал на Димитар Димитров. Режисер на претставата е Нина Николиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-bitfest-gostuvaat-akterite-na-mnt-so-pretstavata-naroden-neprijatel/feed/ 0
Четири награди за претставата „Народен непријател“ и МНТ на 56. МТФ „Војдан Чернодрински“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/chetiri-nagradi-za-pretstavata-naroden-neprijatel-i-mnt-na-56-mtf-vojdan-chernodrinski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/chetiri-nagradi-za-pretstavata-naroden-neprijatel-i-mnt-na-56-mtf-vojdan-chernodrinski/#respond Thu, 09 Jun 2022 10:54:12 +0000 https://kurir.mk/?p=688827

Оценувачката комисија на 56. МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп денеска ги соопштија одлуките на наградените. Во официјалната фестивалска програма учествуваа осум претстави во продукција на македонски театарски куќи, како и Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ. Едногласниот став и оценка на жирито во состав: Љупчо Ѓорѓиевски – режисер, Бесфорт Идризи – актер и Сотир Трајков – театарски критичар, го истакнаа следново — наградата за уметничко остварување се доделува на претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ; наградата за главна машка улога во истоимената претстава се доделува на Никола Ристановски, наградата за сценографија е доделена на сценографката Вишња Вујовиќ и четвртата награда се доделува за рекламен материјал на Димитар Димитров. Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/chetiri-nagradi-za-pretstavata-naroden-neprijatel-i-mnt-na-56-mtf-vojdan-chernodrinski/feed/ 0
Македонскиот народен театар го отвора 56. МТФ „Војдан Чернодрински“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonskiot-naroden-teatar-go-otvora-56-mtf-vojdan-chernodrinski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonskiot-naroden-teatar-go-otvora-56-mtf-vojdan-chernodrinski/#respond Thu, 02 Jun 2022 09:30:19 +0000 https://kurir.mk/?p=685451

Македонскиот народен театар на 3 јуни го отвора 56. фестивал „Војдан Чернодрински“ со најновата претстава „Народен непријател“ од норвешкиот автор Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ. -Со особено задоволство ја прифативме поканата од селекторот на фестивалот, Иван Додовски, да учествуваме на овој реномиран театарски фестивал, кој во годините наназад како и денес на вистински начин знаел да ги негува естетските вредности, информираат од МНТ. Во официјалната фестивалска програма ќе учествуваат осум претстави во продукција на македонски театарски куќи, како и Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“, која ќе се одигра во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonskiot-naroden-teatar-go-otvora-56-mtf-vojdan-chernodrinski/feed/ 0