народен правобранител – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Mar 2023 13:25:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png народен правобранител – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Презентиран Годишниот извештај за работата на Народниот правобранител https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezentiran-godishniot-izveshtaj-za-rabotata-na-narodniot-pravobranitel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezentiran-godishniot-izveshtaj-za-rabotata-na-narodniot-pravobranitel/#respond Thu, 30 Mar 2023 13:25:53 +0000 https://kurir.mk/?p=818173

Детските права, правосудството, граѓанските состојби, потрошувачките права... се дел од областите во кои има констатирано најмногу повреди во 2022 година, кои се посочени во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права. Извештајот денеска пред медиумите го презентираше народниот правобранител Насер Зибери и соглaсно законските одредби го достави до Собранието на Република Северна Македонија. Властите во наредниот период, како што истакна Зибери, треба сериозно да се ангажираат за да се донесат законски измени, некои да се допрецизират, или да се изнајдат системски решенија, се со цел на граѓаните да не им се прекршуваат нивните права. Статистиката покажува дека во Канцеларијата на Народниот правобранител во 2022 година биле примени/заведени 3.209 претставки, а 273 предмети беа пренесени од претходната година. Бројката на примени претставки, како што рече Зибери, претставува зголемување за околу 20 отсто во однос на минатата година, што е очекувано со оглед на фактот што состојбата со пандемијата се стабилизира и сите инситуции се вратија на начинот на работа пред пандемијата. -Постапка беше покрената по 2.173 претставки, додека за 737 поради ненадлежност истата не беше покрената, рече Зибери. Тој посочи дека како и минатите години, така и во 2022 продолжи трендот на прво место според бројот на поднесени преставки да биде областа правосудство - 534 или 16,64 отсто од вкупниот број, потоа потрошувачките права права 337 или 10,50 отсто, работните односи -288 или 8,97 отсто, детските права 252 или 7,85 отсто, имотно-правните ондоси - 208 или 6,48 отсто. -Најмногу повреди констатиравме кај правата на детето, податок кој не загрижува бидејќи станува збор за лица кои согласно Конвенцијата за правата на детето уживаат посебна заштита. Во овој сегмент и преку предметното работење, но и од спроведеното истражување, утврдивме најтежок облик на дискриминација - сегрегација во две училишта, едното во Битола, другото во Штип. За овој случај и Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во која исто така констатираше појава на сегрегација, нешто што беше карактеристично за 19 век, рече Зибери. Тој појасни дека станува збор за ООУ „Ѓорѓи Сугаре„-Битола и ООУ „Гоце Делчев„ во Штип каде констатирале дека има паралелки кои претежно се составени од ромски деца. - Оттука апелирам во овие две општини веднаш да престанат со праксата на лесно издавање на исписници од училиштата и да ја почитуваат реонизацијата затоа што процесот на инклузивност е еден од најзначајните процеси за елиминирање на дискриминацијата, рече омбудсманот. Зборувајќи за детските права, Зибери го споменам проблемот со (не)обезедување на образовни асистенти за ученците со попреченост во средните училишта што е дел од она што се нарекува инклузивно образование. - Иако се најавуваше, новиот Закон за средно образование до крајот на извештајната година, не е донесен, па образовните асистенти во општинските средни училишта се обезбедуваа проектно, со вклучување на општините во програмата за Општинско-корисна работа, а со поддршка на УНДП, но за која не се заинтересирани голем број општини, додаде тој. Врз основа на предметното постапување и следење на состојбата, општа констатација на Народниот правобранител е дека во постапките за присилна наплата на неплатен даночен долг, радиодифузна такса, други јавни приходи и парични казни, односно глобите и трошоците изречени во парничните, кривичните и управните постапки во корист на Република Северна Македонија, Управата за јавни приходи, Градот Скопје и општините, не ги почитуваат уставно прокламираните начела за заштита на основните слободи и права на граѓаните. -Имено, од овие субјекти, на одредени граѓани со години им се загрозува како личната, така и егзистенцијата на нивните семејства бидејќи присилна наплата исклучиво ја спроведуваат преку блокада на нивните трансакциски сметки во банки со одземање на целиот износ од плата, пензија, надоместоци од социјална заштита, невработеност и слично, кој тие го примаат. Следствено на тоа, тие подолг временски период, остануваат без основни средства за егзистенција, а дополнително се принудени да им плаќаат финансиски средства на банките за деблокирање на трансакциските сметки, рече Зибери. Согласно горе кажаното, а со цел во постапките за присилна наплата Управата за јавни приходи, Градот Скопје и општините, на граѓаните без каков било исклучок да не им го одземаат целиот износ од плата, пензија, надоместоци од социјална заштита, невработеност и слично, како и за системско надминување на таквата состојба, Народниот правобранител бара веднаш да се донесат соодветни измени и дополнување на одредбите од Законот за даночна постапка и Законот за даноците на имот во насока на лимитирање на делот кој им се запира на граѓаните на име на долг. Како проблем на денешната прес - конференција Народниот правобранител го посочи и тројно зголемениот данок на имот за 2022 година, од страна на Општина Охрид. Апсурдот да биде поголем сите вакви решенија, како што истакна тој, се донесени во текот на месец март 2022 година, односно по само два месеци од денот на започнувањето на применета на Законот за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, па аналогно на тоа, единствено се засноваат на претпоставката на Општина Охрид дека нема да ги користат или нема да ги издаваат под закуп предметните недвижности, подолго од шест месеци во текот на една година. -Укажувањето на Народниот правобранител да ги преиспита донесените решенија за утврдување данок на имот за 2022 година, а во контекст на што со сигурност ќе биде утврдена и околноста дали тие ги користат или ги издаваат под закуп своите недвижности, подолго од шест месеци во текот на една година, од Општина Охрид не е прифатено со формален изговор дека нејзините решенија, единствено може да ги поништи Управниот суд,рече Зибери и додаде дека бара Општината Охрид веднаш да ја преиспита оваа постапка и да постапи по укажувањето на Народниот правобранител. На темата финансии, Зибери посочи уште една појава која се однесува на работата на финансиските друштва, за што иако немаат директна надлежост граѓаните доставиле претставки. Тој притоа посочи пример за земен брз кредит од 9.000 денари, граѓанин, кој поднел претставка кај Народниот правобранител, бил принуден да плати сума за осум пати поголема од главниот долг. -За да има јавноста јасна престава за што зборувам ќе илустритам со еден пример. Земен кредит од 9.000 денари, за доцнење со негова исплата навистина како во рекламите, не се наплатува камата, меѓутоа се наплатуваат други огромни трошоци. Така за конкретниот пример на име достасан надоместок наплатени се 2.026 денари, за надоместок за доцнење дури 58.846, денари, па кога на ова ќе се додаде износот за пратената опомената 5.900, денари долгот ја достигнува сумата од 75.772 денари, што е сума за осум пати поголема од главнит долг, рече Зибери. Бидејќи со сегашната законска регулатива граѓаните корисници на овие брзи кредити се ставаат во огромни долгови, Народниот правобранител бара веднаш да се пристапи кон нејзина измена со цел граѓаните при враќањето на кредитите да не бидат повеќекратно оштетени. Зибери истакна дека минатата година утврдиле повреда на правата на наставниците во постапка за трансформација на работниот однос од страна на локалните власти и државниот просветен инспекторат. -Остварувањето на правото на трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време на наставниците во основните и средни училишта е попречувано од скоро сите локални власти во државата. Градоначалниците ја одложуваа постапката и не носеа Решенија за формирање на нови Комисии за трансформација на работниот однос во образованието, рече Зибери и додаде дека со оглед на фактот што на овие лица им се прекршени правата бара локалните власти и инспекторатот веднаш да постапат по укажувањата на Народниот правобранител и да им го трансформираат работниот однос. Народниот правобранител посочи дека за жал и минатата година граѓаните се соочуваа со одолговлекување на судските постапки, неефикасност на Управното судство, затворскиот систем и понатаму останува слаба алка во секој поглед - сместувачки капацитети, здравствена заштита, граѓаните пред Управата за водење на матична евиденција, со која имаме подобрена соработка, и натаму водат долгорајни постапки за осварување на своите права, а не се средени ни состојбите со лекарските комисии кои одлучуваа за правата на помош и нега од друго лице па граѓаните се приморани со месеци да чекаат на остварување на ова право. Тој ја потенцираше добрата соработка која ја имале со Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги во делот на промена на регулативата во однос на временскиот период на читање на брилата за потрошена електрична енергија, која наместо еднаш горишно сега се врши квартално, со интенција тоа да премине во еднаш месечно. Притоа тој искажа задоволство од донесената одлука на Уставниот суд за укинување на членот 44 став 2 од Законот за социјална заштита, за кој Народниот правобранител уште пред две години укажа дека е дискриминаторски. Зибери истакна дека според нивни информации во тек е постапка на промена на законската регулатива која се однесува на сместувањето на малолетничките кои во иднина наместо во КПД/КПУ „Идризово„ ќе бидат сместувани во Воспитно поправниот дом Тетово-Волковија. - Со ова ќе се реши прблемот кој го имаа - лоши услови за престој, неможност за добивање на здравствена заштита,немање на образове процес, ресозцијализација, контакти со осуденички, односно нема да бидат дискриминирани во однос на малолетниците, рече Зибери. На крајот народниот правобранител изрази надеж дека овој извештај нема да ја сподели судбината на претходниот за 2021 година, кој, како што рече, од страна на пратениците беше разгледан пред само неколку дена. -Апсурдна постапка која на некој начин го девалвира законското решение, кое произлезе токму заради фактот што не се почитуваа општите препораки на Народниот правобранител, со кое по разгледувањето на извештајот Собранието утврдува мерки, кои се доставуваат до Владата, која, пак, има обврска да реферира два пати годишно колку од истите се имплементирани, односно по колку е постапено, со цел отстранување на констатираните повреди и подбрување на состојбата со почитувањето на човековите слободи и права, рече народниот правобранител Зибери. дма/аа/]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezentiran-godishniot-izveshtaj-za-rabotata-na-narodniot-pravobranitel/feed/ 0
Народен правобранител: Посериозно да продолжиме со активностите за унапредување на правата на детето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naroden-pravobranitel-poseriozno-da-prodolzime-so-aktivnostite-za-unapreduvanje-na-pravata-na-deteto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naroden-pravobranitel-poseriozno-da-prodolzime-so-aktivnostite-za-unapreduvanje-na-pravata-na-deteto/#respond Sun, 20 Nov 2022 10:26:41 +0000 https://kurir.mk/?p=763685

Значително е подобрена свеста за правата на децата и се преземени мерки за нивна заштита. Но, тоа не е доволно, Конвенцијата за правата на детето не обврзува безусловно да овозможиме подобар свет за секое дете, услови за нормален развој и егзистенција, непречено остварување на правото на образование, највисоко ниво на здравствена заштита, социјална помош и поддршка на децата од материјално необезбедени и социјално ранливи семејства… со еден збор имаме обврска да му овозможиме на секое дете подеднаква основа остварување на правата, со почитување на неговиот најдобар интерес и учество во донесувањето одлуки, вели Народниот правобранител. По повод Меѓународниот ден на Детето – 20 Ноември, Народниот правобранител порачува дека како општество уште многу треба да работиме и попосветено да им пристапиме на проблемите кои ги попречуваат децата во остварувањето на правата. -Овој датум треба да биде поттик за сите посериозно и пoпoсветено да продолжиме со активностите за унапредување на правата на детето и за создавање основни претпоставки за нивно остварување. Жално, но вистинито, во пракса, нерешениот проблем со правно невидливите деца, децата на улица, сегрегацијата во некои училишта, проблемот со необезбедени образовни и лични асистенти, неможноста на детето да остварува лични и непосредни контакти со родителот со кого не живее, насилството врз децата, меѓуврсничкото насилство, па и случаите на сексуално злоставување на деца покажуваат дека како општество уште многу треба да работиме и попосветено да им пристапиме на проблемите кои ги попречуваат децата во остварувањето на правата, се наведува во соопштението. Имајќи ја предвид важноста на овој ден, Народниот правобранител потсетува и дека иднината на децата зависи од овозможувањето услови за остварување на правата, но и почитувањето и уживањето на нивните права без каква било дискриминација. -Затоа потсетувам дека наша обврска е да ги почитуваме основните принципи на Конвенцијата за правата на детето, тие да бидат императив во нашето работење и секојдневие. Сите ние, и како родители, вработени во детските градинки, училиштата, установите за грижа и заштита на децата и други институции и органи имаме обврска да придонесеме за нивен правилен психо-физички развој, и да придонесеме детето да биде подготвено да живее во духот на мирот, достоинството, толеранцијата, слободата, рамноправно и солидарно со другите, нагласува Народниот правобранител.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naroden-pravobranitel-poseriozno-da-prodolzime-so-aktivnostite-za-unapreduvanje-na-pravata-na-deteto/feed/ 0
Народниот правобранител со апел да се нормализира ситуацијата со струјата во Арачиново https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodniot-pravobranitel-so-apel-da-se-normalizira-situacijata-so-strujata-vo-arachinovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodniot-pravobranitel-so-apel-da-se-normalizira-situacijata-so-strujata-vo-arachinovo/#respond Wed, 24 Aug 2022 12:55:57 +0000 https://kurir.mk/?p=723229

Народниот правобранител, во врска со ситуацијата во која се најдоа жителите на општина Арачиново (кои веќе неколку дена немаат електрична енергија) поради, како што соопштуваат од ЕВН Македонија, дефект на трафостаниците, упатува апел до компанијата и до надлежните институции, пред сѐ до Министерството за внатрешни работи, веднаш да ги преземат сите мерки и да обезбедат предуслови за санирање на дефектот, со што би се нормализирала ситуацијата со снабдувањето со струја во општината. Како што информира Народниот правобранител, во неговата канцеларија е доставена претставка од група граѓани, жители на општина Арачиново, кои наведуваат дека иако редовно си ги плаќаат сметките за потрошена електрична енергија, во ситуацијава, во услови на економска криза трпат големи материјални штети (им се расипува храната складирана во фрижидерите), но и дека не се во состојба да одржуваат лична хигиена, а кои се жалат дека во овој случај со одолжување на санирањето на дефектот се дискриминирани. – Народниот правобанител во оваа прилика ги повикува на заедничка соработка и локалните власти, како и жителите на Општината, со цел што побрзо нормализирање на состојбата, стои во соопштението. мс/лв/]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodniot-pravobranitel-so-apel-da-se-normalizira-situacijata-so-strujata-vo-arachinovo/feed/ 0
За изборите отворена подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-izborite-otvorena-podrachnata-kancelarija-na-narodniot-pravobranitel-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-izborite-otvorena-podrachnata-kancelarija-na-narodniot-pravobranitel-vo-tetovo/#respond Sat, 20 Aug 2022 07:02:35 +0000 https://kurir.mk/?p=721337

Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово ќе биде отворена денеска во периодот од 7 до 19 часот, кога се одржуваат изборите за градоначалник на општините Маврово и Ростуше и на Центар Жупа и за членови на Советот на општината Тетово. Граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се обратат во канцеларијата или на телефонскиот број 044 344-082. Од Канцеларијата на Народниот правобранител соопштија дека правата на граѓаните тој ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да обезбедат заштита на нивните загарантирани права. – Народниот правобранител потенцира дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. Исто така, народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање, се наведува во соопштението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-izborite-otvorena-podrachnata-kancelarija-na-narodniot-pravobranitel-vo-tetovo/feed/ 0
Подрачна канцеларија на Народниот правобранител ќе биде отворена утре во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podrachna-kancelarija-na-narodniot-pravobranitel-kje-bide-otvorena-utre-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podrachna-kancelarija-na-narodniot-pravobranitel-kje-bide-otvorena-utre-vo-tetovo/#respond Fri, 19 Aug 2022 18:08:54 +0000 https://kurir.mk/?p=721267

На денот на одржување на изборите за градоначалник на општините Маврово и Ростуше и на Центар Жупа, како и за изборите за членови на Советот на општината Тетово утре во периодот од 7 до 19 часот отворена ќе биде Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово, а граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се обратат во канцеларијата или на телефонскиот број 044 344-082. – Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права, се наведува во соопштението од канцеларијата на Народниот правобранител. Народниот правобранител потенцира дека избирачкото право е уставно загарантирано и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. Исто така, Народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podrachna-kancelarija-na-narodniot-pravobranitel-kje-bide-otvorena-utre-vo-tetovo/feed/ 0
„Затворениците спијат на под со бубашваби и се бањаат во студена вода“ – народниот правобранител открива каква е состојбата во македонските затвори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvorenicite-spijat-na-pod-so-bubashvabi-i-se-banjaat-vo-studena-voda-narodniot-pravobranitel-otkriva-kakva-e-sostojbata-vo-makedonskite-zatvori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvorenicite-spijat-na-pod-so-bubashvabi-i-se-banjaat-vo-studena-voda-narodniot-pravobranitel-otkriva-kakva-e-sostojbata-vo-makedonskite-zatvori/#respond Fri, 24 Jun 2022 10:07:06 +0000 https://kurir.mk/?p=695106

Пренатрупани простории полни со бубачки, мувла, влага... на сунѓери, на железни кревети, па и на под, расипани чешми, туширање со ладна вода или пак, воопшто немање на услови за користење на вода... Ова се дел од условите во затворите во државава кои со години не се менуваат, а кои во годишниот Извештај ги презентираше народниот правобранител Насер Зибери. „Продолжува проблемот со пренатрупаноста во затворите низ државава, а состојбата во затворот во Идризово е загрижувачка. Уште позагрижувачко е што во оваа установа е половина од популацијата упатена на издржување на затвор. Во „Идризово" констатирано е дека по 16 лица се во една просторија, а има 8 кревети и 16 метри квадратни, во 19 квадрати се 12 лица, а има и повеќе од 9 лица. Постојат несоодветните материјални услови и не се врши сместување во така нареченото второ, петто и осмо крило. Условите во кои се сместени осудениците во затворениот дел, како и во Амбуланта може да се опишат како нехумани и деградирачки. Спијат на под и на сунѓери, на под, во импровизирани метални кревети. Хигиената е лоша, има лебарки, бубашваби, тафтаби, немаат пристап до топла вода и нема можност за одржување на лична хигиена. Ова влијае и за тензичната атмосфера и затоа често има тепачки. Во однос на материјалните услови загрижувачка е и состојбата во затворот во Шутка, простории во исклучително лоша состојба, а за кои веќе е укажано дека треба да се затворени. Полни се со влага, мувла со несоодветни кревети и душеци, расипани чешми...", истакна омбудсманот Зибери. За затворот во Куманово кој е пуштен во употреба во 2013 година, Зибери истакна дека нема вода и овој проблем подолго се провлекува. „Во затворот во Куманово немаат вода, иако овој затвор е пуштен во употреба во 2013 година, проблемот со вода не е решен. Се вели дека се преземаат мерки за решавање на проблемот, но се складира вода во импровизирани садови. Во останатите затвори секаде се преземени зафати, но за жал заради невнимателно користење на истите, реновираните простории се амортизарани. Само во Затворот во Тетово е подобрена инфраструктурата. Посебен проблем е несоодветното однесување од вработените. Поплаки во овој дел има од повеќе казнено-поправни установи. Голем број од осудените лица се плашат да ги изнесат забелешките јавно. Безбедноста и сигурноста на затворените лица исто така е на ниско ниво, нема доволно број на затворски чувари и недостигот на персонал е секаде ист. Нехуман начин на постапување со осудените лица е и користењето на кожни ремени, лисици", додаде Зибери. Тој истакна дека проблем е и здравствената заштита постои и не е доволно организиран во тој дел, за да може да им овозможи консултации и лекарска помош на оние на кои им е потребна. Народниот правобранител вели дека и покрај ветувањата на властите, состојбата не е променета и упати апел до Министерството за здравство и Министерството за правда дека ова мора да им биде приоритет во клучните реформи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvorenicite-spijat-na-pod-so-bubashvabi-i-se-banjaat-vo-studena-voda-narodniot-pravobranitel-otkriva-kakva-e-sostojbata-vo-makedonskite-zatvori/feed/ 0
Претставките за правосудството и детските права најбројни во Извештајот на Народниот правобранител за 2021 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavkite-za-pravosudstvoto-i-detskite-prava-najbrojni-vo-izveshtajot-na-narodniot-pravobranitel-za-2021/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavkite-za-pravosudstvoto-i-detskite-prava-najbrojni-vo-izveshtajot-na-narodniot-pravobranitel-za-2021/#respond Tue, 29 Mar 2022 12:08:46 +0000 https://kurir.mk/?p=655062

Најголемиот број на претставки до Народниот правобранител се однесуваат на заштита на правата од областа на правосудството, потоа следат претставките од областа на детските права, а на трето место се потрошувачките права, информираше денеска народниот правобранител, Насер Зибери, при презентацијата на Годишниот извештај за степенот на обезбедување почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2021 година. Изминатата година, Народниот правобранител примил 2 686 претставки, 389 предмети биле пренесени од претходната година, односно, бројот на предмети кои ги разгледувала оваа институција во 2021 година изнесувал 3 075. – Најголемиот број на примените/заведените претставки се однесуваа за заштита на правата од областа на правосудството 436 што претставува 16,23 отсто од претставките, потоа следат претставките од областа на детските права 254 или 9,46 проценти, на трето место се потрошувачките права 228 или 8,49 отсто. Во областа работни односи беа поднесени 218 или 8,12 проценти, во социјалната заштита 183, односно 6,81 отсто, за казнено-поправните и воспитно-поправните установи 162 или 6,03 проценти, за имотно-правната област 150 или 5,58 отсто, за урбанизмот и градбата 136 или 5,06 проценти, како и претставки од други области, сподели Зибери. Од вкупно 3 075 предмети, примени/заведени во 2021 година, Народниот правобранител покренал постапка по 2 085 или 67,80 отсто од претставките, од нив, во 755 или 35,82 проценти констатирал повреда на човековите слободи и права, и интервенирал со цел отстранување на повредите, односно остварување на правата на граѓаните-подносители. – Од вкупно 755 предмети во кои Народниот правобранител утврди повреди и ги презеде сите законски дејствија, во 500 или 66,23 проценти случаи органите на државната управа, другите органи и организации со јавни овластувања ги прифатија интервенциите на Народниот правобранител, дополнува тој. Во 232 или 30,43 отсто случаи, по констатираната повреда Народниот правобранител доставил укажување за начинот на отстранување на констатираната повреда до надлежниот орган кое не било прифатено, по што согласно законските надлежности, презеле други дејствија, односно доставиле информации, посебни извештаи до повисокиот орган, по што ги исцрпиле сите законски можности, а во 23 или 3,05 проценти од случаите, по констатирана повреда и доставена препорака, сѐ уште се чека одговор од надлежниот орган. Правобранителот го издвои проблемот при обезбедувањето/промената на документи за лична идентификација и застојот во нивното издавање. Според него, оваа состојба влијаеше на егзистенцијата на граѓаните поради неможноста да си ги подигнат своите плати, пензии, средствата кои ги добиваат на име социјална помош. Според претставките во правосудството, пак, Народниот правобранител посочи дека се неопходни системски измени во делот на пресметувањето на каматата, во насока дека не може да се наплати камата која би била поголема од главниот долг. Значително бил зголемен и бројот на примени претставки во областа на детските правa и тоа во сите сегменти, посебно во делот на остварување на правото на образование, по воведувањето на новата концепција за основно образование која предвидуваше замена на хартиените со дигитални учебници. До Народниот правобранител, граѓаните и натаму поднесувале претставки кои се однесувале на наплатата на радио-дифузната такса, иако, како што рече Зибери, поминаа речиси четири години од укинувањето на оваа давачка. – Ваквата состојба, пред сѐ се должи и на тоа што и оваа извештајна година од страна на надлежните органи и институции не се преземаат дејства согласно општите препораки на Народниот правобранител, дадени во неколку годишни извештаи, да се утврди одговорност за состојбата со огромниот број неосновани поединечни запишувања во регистарот на обврзници за радио-дифузна такса, како и за недонесувањето одлука од раководството на Националната телевизија за отпис на неосновано евидентираните долгови на име на оваа давачка, рече тој. Казнено-поправните установи/домови и Воспитно-поправните установи, според констатациите на Народниот правобранител повторно се соочуваат со состојба на прекубројност, која што е особено изразена во установите од затворен вид, како и во затворените одделенија на установите. Зибери го дополни и потенцира проблемот со несоодветниот третман на малолетничките упатени на издржување воспитно-поправна мерка, за кои, по написите на МИА, Народниот правобранител оствари дополнителна посета по службена должност и констатира дека Казнено-поправниот дом Идризово не е соодветна установа за сместување на деца, од причина што нема услови за остварување на основната цел на упатувањето на издржување воспитно-поправна мерка, а тоа е нивното превоспитување, како и услови за задолжително образование и воспитување и услови за активно користење на слободното време. Наведе и дека нема подобрување и во поглед на обезбедувањето на образовен процес, пред сѐ за малолетниците, и тоа, како што рече, го смета за голем проблем за кој во наредниот период заедно со надлежните ќе бараат решение. Минатата година до Народниот правобранител биле поднесени и голем број на претставки од областа работни односи, а кои се однесувале на претставки за неоснованото поведување на дисциплинска постапка, право на годишен одмор, распоредување на пониско работно место, непочитување на законските одредби при унапредување и слично, потоа претставки за заглавени предмети за денационализација на релација комисии Управен суд, како и за работата на полицијата, посебно во сегментот на расветлување на кражби на подрачјето на полициските станици Центар и Бит Пазар. Одговарајќи новинарското прашање на МИА на што најчесто се однесуваа постапките што се поведени самоиницијативно и дали постапката за Воспитно-поправните домови е по допрен глас или претставка, Зибери рече дека првата посета била по нивна иницијатива и тоа по две основи, првиот пат по основа на националниот превентивен механизам, но, и по заштита, а вториот пат по допрен глас направена е специјална посета каде што се потврдени констатациите и наводите изнесени во медиумите. – По сопствена иницијатива имавме и други предмети, како што беа иницијативата за воведување дигитални учебници и таканаречениот „извиднички камп“, и други прашања, рече Зибери. Тој се се пожали дека се во постојан конфликт со Министерството за финансии и со Владата во врска со буџетот, заради, како што рече, рестриктивниот однос кој го имаат кон институцијата Народен правобранител, и информираше дека буџетот на Народниот правобранител е скратен за 30 отсто за временски период од една година. – Јас ова го сфаќам како намера на Владата да не овозможи квалитетен надзор на работата на органите на управата со недостаток на средства односно недоволно екипирање, и средства за соодветно делување на институцијата Народен правобранител, нагласи тој. Додаде дека неслучајно Националната институција за заштита на човековите права нема статус „А“ согласно Париските принципи, затоа што, како што потенцираше, Македонија не исполнува ниту еден од трите критериуми, средства, кадар, и простории. Во однос на прашањето дали се излезени во пресрет институциите за можноста за евидентирање на матична книга на родени на таканаречените „фантоми“, Зибери потсети дека пред извесно време е изготвен посебен извештај во таа насока, и дека по деталните анализи констатирани се многу пропусти. Тој рече дека институцијата ќе ги следи состојбите и дека еден од заклучоците од состанокот на институцијата е да се поднесе барање за продолжување на важноста на рокот на овој закон. – Поднесени се околу 650 барања, само околу 300 се запишани во посебната книга, но, ова е најважното, скоро ниеден не е запишан во матичната книга на родени, нагласи Зибери, и додаде дека соодветно на тоа тие се лишени од правата за образование, вработување, здравствена заштита, социјална сигурност и многу други права. Во своето обраќање, Зибери истакна дека се надева дека годинава пратениците невреме ќе ги утврдат мерките за спроведување на општите препораки, дека Владата ќе ги почитува законските одредби и два пати годишно ќе информира за нивното имплементирање, затоа што на тој начин, како што рече, „ние како институција ќе ја добиеме сликата за тоа кои промени се направени, каде е подобрена состојбата, затоа што сите имаме иста цел, граѓаните без никакви потешкотии да си ги остваруваат нивните права, а државата/администрацијата да биде нивен вистински сервис“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavkite-za-pravosudstvoto-i-detskite-prava-najbrojni-vo-izveshtajot-na-narodniot-pravobranitel-za-2021/feed/ 0
Омбудсман: Да се продолжи важноста на Законот за неевидентираните лица во матичната книга на родените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ombudsman-da-se-prodolzi-vaznosta-na-zakonot-za-neevidentiranite-lica-vo-matichnata-kniga-na-rodenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ombudsman-da-se-prodolzi-vaznosta-na-zakonot-za-neevidentiranite-lica-vo-matichnata-kniga-na-rodenite/#respond Mon, 28 Mar 2022 12:18:44 +0000 https://kurir.mk/?p=654576

Народниот правобранител до Владата ќе достави Информација за утврдените состојби со предлог да се продолжи важноста на Законот за неевидентираните лица во матичната книга на родените, со оглед дека рокот до кога неевидентираните лица во матичната книга на родените (чии податоци се внесени или ќе се внесат), може да поднесат барање до Управата за водење на матичните книги е до 30 јуни оваа година. Ова, како што информира Одделот за односи со јавност на Народниот правобранител, било соопштено на информативна средба на претставници од државни органи и институции кои се должни да го спроведуваат Законот за неевидентирани лица или да вршат надзор над неговото спроведување, која ја организираа Одделот за заштита на правата на детето заедно со Одделението за граѓански состојби при Народниот правобранител, поттикнати од проблемите со кои се соочуваат голем број лица при имплементацијата наовој Закон. На средбата, како што е наведено во соопштението, присуствувале претставници од Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за образование и наука, и Агенција за вработување. На средбата немало претставник од Министерството за здравство, иако биле уредно поканети. Народниот правобранител, имајќи ја предвид ранливоста на оваа категорија на лица ги информирал присутните за сознанијата и констатациите од практичното постапување по претставките, а во врска со неспроведливоста на Законот за неевидентираните лица, и во насока на заштита на нивните права побара поголема соработка и посветеност во изнаоѓање на решенија за нотираните слабости. -Во овој контекст укажа дека е потребно да се засилат теренските активности за пронаоѓање на лицата кои се пријавиле на јавниот повик и истите да се информираат за правата кои Законот им ги признава доколку поднесат барање за упис во посебната матична книга на родените. Воедно, да се преземат активности со цел утврдување на бројот на деца кои се родени по завршување на јавниот повик, а не ги исполнуваат условите за запишување во матичната книга на родените согласно со закон, потсетувајќи ги присутните дека Законот за неевидентирани лица се однесува и за оваа група неевидентирани деца, за кои надлежните немаат евиденција, се посочува во соопштението. На средбата, како што стои во соопштението, се потврдиле наводите дека, и покрај тоа што целта на донесувањето на овој закон е евидентирање на овие лица во посебна матична книга на родени, и добивање на евиденционен број заради остварување на основните права (право на образование, здравствена заштита, социјална заштита и вработување со задолжително социјално осигурување), во пракса лицата сѐ уште не ги остваруваат овие права. -Проблемите беа лоцирани во неусогласеноста на законите во кои се регулирани овие права со Законот за неевидентирани лица, фактот дека евиденциониот број е непрепознатлив за интегрираниот систем на работење на институциите, како и поради недоволната соработка и координираност на институциите, додаваат од Канцеларијата на Народниот правобранител. На средбата било договорено да се преземат заеднички мерки од страна на сите надлежните органи, на повисоко ниво, а надлежните институции да соработуваат и да постапуваат координирано во спроведувањето на Законот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ombudsman-da-se-prodolzi-vaznosta-na-zakonot-za-neevidentiranite-lica-vo-matichnata-kniga-na-rodenite/feed/ 0
Народниот правобранител формира предмет за случајот со ученичката Ембла од Гостивар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodniot-pravobranitel-formira-predmet-za-sluchajot-so-uchenichkata-embla-od-gostivar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodniot-pravobranitel-formira-predmet-za-sluchajot-so-uchenichkata-embla-od-gostivar/#respond Thu, 03 Feb 2022 13:00:28 +0000 https://kurir.mk/?p=626499

Народниот правобранител формира предмет по сопствена иницијатива и испрати тим во училиштето за да го испита случајот во кој Ембла Адеми, ученичка со попреченост од основното училиште „Башкими“ во Гостивар, не била прифатена од родителите на учениците од класот во која била запишана, и била приморана наместо заедно со другите ученици, наставата да ја следи сама, со нејзиниот асистент, во посебна просторија. - Објавената сторија покажува голема незрелост на општеството, кое ни оддалеку не е подготвено во пракса да ја имплементира домашната и меѓународната регулатива која се однесува на инклузивноста на овие лица во секојдневниот живот. Недозволиво е овие ученици да бидат жртва на неподготвеноста на поединци да ги прифатат различностите и на истите да им биде отежнат пристапот до образовниот процес, кој со Устав и со закон им е гарантиран на сите подеднакво, без елементи на каква било дискриминација. Впрочем, изминатите години сите чинители во општеството кои се занимаваат со оваа проблематика, вклучувајки ја и институцијата Народен правобранител дадоа голем придонес во реформите во образовниот просцес, токму во делот кој се однесува на инклузивноста на учениците, затоа што различноста не смее да биде сфатена како казна, како што тоа е направено во конкретниот случај, се наведува во реакцијата од Народниот правобранител. Народниот правобранител ги охрабрува родителите за вакви случаи да не молчат, туку да се обратат до институциите, со цел навремена заштита на правата на нивните деца гарантирани со законите. Исто така, смета дека е добро што медиумите покажуваат сензибилност и ги објавуваат сториите, но укажува на фактот дека при објавувањето на овие стории мора максимално да се води сметка за заштита на најдобриот интерес на детето и да се избегнуваат експлицитни кадри или фотографии од децата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodniot-pravobranitel-formira-predmet-za-sluchajot-so-uchenichkata-embla-od-gostivar/feed/ 0
Сочувство од Народниот правобранител за загинатите во автобуската несреќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-narodniot-pravobranitel-za-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-narodniot-pravobranitel-za-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja/#respond Tue, 23 Nov 2021 14:24:42 +0000 https://kurir.mk/?p=598879

Народниот правобранител упати сочувство за 46-те жртви што загинаа во автобус на скопската компанија „Беса транс“ што рано изутринава се случи во Бугарија. -Моментите кога се случуват вакви трагедии, се моменти кога сите ние остануваме без зборови, запрепастени од загубата на човечките животи. Потресните слики кои доаѓаат од местото на несреќата не прават тажни, а вестите дека згаснаа голем број на млади животи оставаат горчина. Изразуваме длабоко сочуство до семејствата на загинатите патници, и воедно се надеваме на брза и ефикасна истрага, која само за миг ќе биде еден вид на утеха за згаснатите животи. Ова е голема трагедија, која не погоди сите нас, кои најискрено жалиме за смртта на патниците, посочуваат од Канцеларијата на Народниот правобранител.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-narodniot-pravobranitel-za-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja/feed/ 0