Народната банка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Sep 2023 10:11:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Народната банка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Средба на гувернерката со учениците кои донесоа бронзен медал од Меѓународната економска олимпијада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sredba-na-guvernerkata-so-uchenitsite-koi-donesoa-bronzen-medal-od-megunarodnata-ekonomska-olimpijada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sredba-na-guvernerkata-so-uchenitsite-koi-donesoa-bronzen-medal-od-megunarodnata-ekonomska-olimpijada/#respond Thu, 07 Sep 2023 10:11:50 +0000 https://kurir.mk/?p=875672

„Финансиската едукација и финансиската инклузија, со особено внимание на младата популација, се значаен приоритет на Народната банка. Оттаму, Народната банка поддржува повеќе инцијативи во овој сегмент, вклучително и учеството на Меѓународната економска олимпијада, а особено радува кога младите се истакнуваат со забележителни знаења на меѓународните натпревари.“ Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на денешната средба со учениците од средните училишта,  овогодишните учесници на Меѓународната економска олимпијада и професорите Анета Гацовска-Барандовска и Стево Ѓоргиев од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, кои ги координираа подготовките на тимот.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска упати срдечни честитки до добитникот на бронзениот медал, ученикот Давид Ставров од ПСУ „Алгоритам“, Скопје, како и до Рина Толева и Давид Арсовски од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“, Скопје, кои во состав на нашиот тим нѐ претставуваа на Економската олимпијада во Волос, Грција. На Шестата меѓународна економска олимпијада којашто се одржа во периодот од 25.7. до 2.8.2023 година учествуваа 50 тима од 48 земји во светот, а домаќин беше Универзитетот на Тесалија од Волос. Учениците се натпреваруваа во три дела: тест од економија, игра за финансиска писменост и бизнис-студија. Охрабрувачки факт е дека меѓу големиот број водечки економии во светот, ние го освоивме дваесет и второто место во генералниот пласман.

Народната банка зеде активно учество во подготвителните активности на учениците за учество на Олимпијадата. Активностите на централната банка, поточно серијата предавања за учениците во состав на нашиот тим, како и презентациите за дополнување на знаењата и одговорите на различните модули вежби и едукативни игри, се во рамките на соработката којашто централната банка ја остварува со Сојузот на математичари, за што е склучен и Меморандум за соработка. Финансиската едукација, исто така, е еден од стратегиските приоритети на Народната банка за што е усвоена и Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија од страна на финансиските регулатори, предводени од Народната банка.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sredba-na-guvernerkata-so-uchenitsite-koi-donesoa-bronzen-medal-od-megunarodnata-ekonomska-olimpijada/feed/ 0
ОМФИФ: И годинава Народната банка е светски лидер според застапеноста на жените на раководни места https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/omfif-i-godinava-narodnata-banka-e-svetski-lider-spored-zastapenosta-na-zhenite-na-rakovodni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/omfif-i-godinava-narodnata-banka-e-svetski-lider-spored-zastapenosta-na-zhenite-na-rakovodni-mesta/#respond Thu, 04 May 2023 08:26:20 +0000 https://kurir.mk/?p=830450

Британскиот официјален форум на монетарни и финансиски институции ‒ ОМФИФ, годинава ја рангира Народната банка како прва во светот меѓу централните банки и финансиските институции според застапеноста на жените на раководни позиции. Ова е дел од објавата посветена на Индексот на родова еднаквост во финансиските институции за 2022 година, со кој веќе десет години по ред се рангираат финансиските институции според родовата застапеност.

Во објавата за застапеноста на жените во раководните структури на Народната банка се истакнува дека 70% од раководните позиции во Народната банка ги извршуваат жени. Инаку, на листата на централни банки на ОМФИФ со најголема застапеност на жените на раководни позиции се најдоа и федералните резерви на Сан Франциско, Чикаго, Минеаполис и Кливленд, централните банки на Австралија и Норвешка, а од регионот и  Србија. Во извештајот се наведува дека во светот само 22 жени се на чело на централните банки (за една повеќе во однос на претходната година) и оваа состојба е практично непроменета во однос на 2013 година кога за првпат беше поставен овој индекс, што говори за многу бавни промени на ова поле во светот на финансиите.

Индексот на ОМФИФ ја мери родовата еднаквост во 336 институции, меѓу кои 186 централни банки, 50 пензиски фондови, 50 суверени фондови и 50 комерцијални банки ширум светот, во согласност со застапеноста на мажите и жените меѓу вработените, стажот, како и позицијата којашто ја имаат во организацијата. Според последните податоци, родовата еднаквост се подобрува во сите набројани институции, но многу бавно за 1 до 2 поена, додека најдобар резултат имаат пензиските фондови. Од 336 институции само 14% се предводени од жени, што е минимално подобрување на резултатот во однос на 2021 и 2022 година (13,3% и 13,7%). Во извештајот се наведува дека со ова темпо ќе бидат потребни 140 години за да се надмине овој јаз помеѓу мажите и жените. Оттаму, претстои уште работа за да се зголеми застапеноста на жените на раководните позиции во финансиите во светски рамки.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/omfif-i-godinava-narodnata-banka-e-svetski-lider-spored-zastapenosta-na-zhenite-na-rakovodni-mesta/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска на Регионалниот состанок на гувернери: Стабилноста на девизниот курс – сидро на ценовната и финансиската стабилност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezhoska-na-regionalniot-sostanok-na-guverneri-stabilnosta-na-devizniot-kurs-sidro-na-tsenovnata-i-finansiskata-stabilnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezhoska-na-regionalniot-sostanok-na-guverneri-stabilnosta-na-devizniot-kurs-sidro-na-tsenovnata-i-finansiskata-stabilnost/#respond Thu, 06 Apr 2023 07:48:28 +0000 https://kurir.mk/?p=820895

„Стабилноста на курсот на денарот и во текот на последната криза се покажа како сидро на стабилноста во домашната економија. Стратегијата на фиксен девизен курс спречи поголеми инфлациски притисоци, а придонесува и кон одржување на финансиската стабилност со оглед на релативно високата евроизација во кредитното портфолио на банкарскиот систем.“ Ова беа дел од пораките на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на Тркалезната маса на гувернери, во рамките на Регионалниот состанок на гувернери, којшто се одржува во Опатија, Хрватска. На тркалезната маса на гувернери на тема „Фатени во виорот: монетарните политики и малите отворени економии во услови на висока инфлација 2.0“, покрај гувернерката на Народната банка, учествуваа Борис Вујчиќ, гувернер на централната банка на Хрватска, Боштјан Васле, гувернер на централната банка на Словенија, Сенад Софтиќ, гувернер на централната банка на БиХ, Радоје Жугиќ, гувернер на централната банка на Црна Гора, како и универзитетскиот професор Саша Дрезгиќ, декан на Економскиот факултет во Риека. Гувернерите врз основа на своите искуства зборуваа за монетарните политики во услови на инфлациски раст, како и за просторот за делување на централните банки на помалите отворени економии во услови на глобални инфлациски шокови. По излагањата на панел-дискусијата, гувернерите одговараа и на прашања од студентите кои присуствуваа на настанот. Во контекст на одржувањето на фиксниот девизен курс на денарот, а со тоа и макроекономската и финансиска стабилност во земјата, гувернерката посочи на соодветното ниво на девизните резерви, коишто според последните податоци изнесуваат 4,2 милијарди евра. Ова е историски високо ниво и е клучен показател на капацитетот за успешно спроведување на монетарната стратегија. Таа посочи и дека од почетокот на енергетската криза, поради високите увозни притисоци, за одржување на стабилноста, Народната банка интервенира на девизниот пазар со што овозможи задоволување на повисоката побарувачка на девизна ликвидност. Веќе од јули минатата година, на девизниот пазар дојде до значително стабилизирање, а Народната банка интервенира со откуп на девизи, што заедно со надворешното финансирање, обезбеди дополнителна поддршка на девизните резерви. За годинава се очекува намалување на трговскиот дефицит при постепено стабилизирање на берзанските цени (особено на енергентите), што ќе придонесе за помали притисоци врз увозот, но и при поповолна конјунктура за дел од извозниот сектор. Ова, заедно со дополнителните текови преку финансиската сметка, и натаму би ги јакнело девизните резерви како основа за одржување на стабилноста на девизниот курс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezhoska-na-regionalniot-sostanok-na-guverneri-stabilnosta-na-devizniot-kurs-sidro-na-tsenovnata-i-finansiskata-stabilnost/feed/ 0
Спроведување на Меморандумот за соработка меѓу Народната банка и ДКСК: Започна серијата обуки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sproveduvanje-na-memorandumot-za-sorabotka-megju-narodnata-banka-i-dksk-zapochna-serijata-obuki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sproveduvanje-na-memorandumot-za-sorabotka-megju-narodnata-banka-i-dksk-zapochna-serijata-obuki/#respond Fri, 02 Dec 2022 10:51:08 +0000 https://kurir.mk/?p=770059

Во рамките на Меморандумот за соработка помеѓу Народната банка и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), којшто беше склучен оваа година, започна првата серија предавања од страна на ДКСК за вработените во Народната банка. За претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, Народната банка е пример на институција со висок интегритет, којашто предничи во примената на прописите за заштита од судир на интереси и корупција во нашата земја, притоа истакнувајќи и дека актите донесени од Народната банка се во целост усогласени со важечката регулатива од оваа област. „Нашата главна заложба е градење силни институции, преку јакнење на личниот интегритет на службените лица во тие институции. Тоа е особено важно, затоа што секој е должен во вршењето на функцијата, јавното овластување и службената должност, да постапува совесно, стручно, одговорно, чесно, ефикасно и непристрасно, притоа почитувајќи ги начелата на законитост, еднаквост, јавност, етичките норми и професионалните стандарди, без дискриминација или повластување на кого било и со целосно почитување на јавниот интерес“, истакна претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска. „Народната банка постојано работи на унапредување на управувањето и организациската култура во институцијата. Нашата мисија за законито и етичко работење се постигнува преку постојаната заложба за зајакнување на интегритетот на Народната банка. Создадовме механизми и преземаме превентивни активности за да обезбедиме ефикасно спроведување на нашите задачи и цели, во согласност со принципите и постапките уредени во Етичкиот кодекс на институцијата и останатата соодветна регулатива“, рече гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, означувајќи го почетокот на серијата обуки коишто ќе се спроведуваат во Народната банка од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Народната банка постојано работи на спречување на појавата на корупција и судирот на интереси, преземајќи низа превентивни активности, преку воспоставената независна функција за усогласеност. Во овој значаен сегмент, во 2021 година е донесена Политиката за спречување корупција, а во согласност со неа е усвоен и Планот за процена на ризиците од корупција за 2022 година. Неодамна беше донесен и нов Етички кодекс за вработените и членовите на Советот на Народната банка, изготвен согласно со најдобрите практики за етичко централнобанкарско работење на европските централни банки и ЕЦБ. Овој кодекс, поставен во духот на правната рамка за спречување на корупцијата, воведе јасни принципи за добро управување, комуникација со јавноста, професионални стандарди и постапки на институцијата, заради натамошно унапредување на системот за заштита и спречување корупција и судирот на интереси. Обуките, коишто се дел од активностите предвидени во Меморандумот за соработка меѓу Народната банка и Државната комисија за спречување на корупцијата, склучен неодамна, се наменети за членовите на Советот и вработените во Народната банка. Едновремено, тие се продолжување на успешната соработка меѓу институциите коишто, преку размена на знаења и добри практики од областа на спречувањето корупција и судирот на интереси, придонесуваат за натамошно зајакнување на антикорупциските правила и постапки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sproveduvanje-na-memorandumot-za-sorabotka-megju-narodnata-banka-i-dksk-zapochna-serijata-obuki/feed/ 0
Во Народната банка беа доделени наградите од Конкурсот за ученици од основното и средното образование посветен на Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-narodnata-banka-bea-dodeleni-nagradite-od-konkursot-za-uchenici-od-osnovnoto-i-srednoto-obrazovanie-posveten-na-svetskiot-den-na-shtedenjeto-31-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-narodnata-banka-bea-dodeleni-nagradite-od-konkursot-za-uchenici-od-osnovnoto-i-srednoto-obrazovanie-posveten-na-svetskiot-den-na-shtedenjeto-31-oktomvri/#respond Tue, 29 Nov 2022 10:10:32 +0000 https://kurir.mk/?p=768106

Народната банка и Министерството за финансии денеска во Музејот на Народната банка ги доделија наградите освоени од учениците во рамките на Конкурсот за избор на најдобри ликовни и литературни творби по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври. На традиционалниот настан којшто годинава се одржува по десетти пат, пред присутните се обратија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими.

„Денот посветен на штедењето, којшто во светски рамки се одбележува речиси еден век, оваа година е под мотото: Штедењето ве подготвува за подобра иднина! Целта е да се промовира штедењето и да се подигне општествената свест за важноста на штедењето, да се истакнат придобивките коишто ги носи тоа за секого, за секое семејство, но и за економиите во целина“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Таа додаде и дека „за поттикнување на штедењето особено е значајна финансиската едукација и тоа од најрана возраст. Оттаму, Народната банка заедно со Министерството за финансии и останатите финансиски регулатори во изминативе години сè повеќе вложуваат во оваа сфера, а со носењето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, нашата земја се издвои меѓу првите во регионот.“

Заради одбележувањето на јубилејот ‒ 30 години од монетарното осамостојување, годинава темите на Конкурсот му беа посветени на денарот. Учениците од основното образование твореа на темата „За денарот твориме, за денарот славиме: 30 години од воведувањето на македонскиот денар!“, додека, пак, учениците од средното образование на темата „Македонскиот денар како национална валута ‒ еден од симболите на независноста“.

„Финансиската едукација е долгорочен процес со кој со вградувањето во наставните програми уште од најрана возраст се овозможува стекнување знаење и вештини за градење одговорно финансиско однесување во текот на секоја фаза од животот. Истовремено, подобро едуцираните и информираните граѓани, кои подобро управуваат со своите лични финансии претставуваат сè позначаен фактор во градењето стабилен и сигурен финансиски сектор“, рече министерот Бесими. Тој додаде дека штедењето е клучен столб во стабилноста на финансискиот систем, а учениците од основните и средните училишта имаа можност на објавениот Конкурс на креативен начин да ги изразат своите размислувања на темата штедење. „Творбите што ги испратија беа  квалитетни и покажаа дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон парите и имаат визија што да направат со нив. Тие покажаа дека нашите млади разбираат што е штедењето, но и покажуваат дека ги имаат основите за финансиска едукација којашто понатаму ќе ја надградуваат, а тоа ќе им овозможи да донесуваат исправни одлуки за сопствен развој и за развој на државата“, истакна Бесими.

На огромно задоволство на организаторите, на овогодишниот конкурс пристигнаа речиси 800 ликовни и литературни ученички творби, од кои 15 се прогласени за најдобри во различни категории. Учениците од основното образование имаа испратено вкупно 771 творба, од кои 130 литературни творби – песни од учениците од прво до петто одделение, 128 литературни творби – раскази од учениците од шесто до деветто одделение и вкупно 513 ликовни творби – цртежи од ученици од прво до деветто одделение од основното образование. Учениците од средното образование, пак, испратија вкупно 26 есеи. Комисиите за избор на најдобри творби, формирани од претставници на Народната банка и Министерството за финансии, заклучија дека едукативното значење на темата на творбите придонесло за натамошно продлабочување на знаењата кај младите. При изборот на трудовите за награда кај учениците од основното образование беа земени предвид главните карактеристики на оригиналноста во индивидуалниот пристап, духовитоста, техничката умешност, креативноста и чувствителноста. Кај есеите на учениците од средното образование, пак, најважни критериуми беа опфатот и толкувањето на темата, како и начинот на изразување и креативно пишување.

Во оваа прилика, гувернерката Ангеловска-Бежоска им се заблагодари на сите учесници и нагласи дека било многу тешко да се направи избор на само три најдобри творби во секоја категорија, поради големиот број квалитетни трудови. Народната банка продолжува со едукативните активности, имајќи го предвид значењето на финансиската едукација за целото населението.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-narodnata-banka-bea-dodeleni-nagradite-od-konkursot-za-uchenici-od-osnovnoto-i-srednoto-obrazovanie-posveten-na-svetskiot-den-na-shtedenjeto-31-oktomvri/feed/ 0
Одржана редовна седница на Советот на Народната банка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/odrzana-redovna-sednica-na-sovetot-na-narodnata-banka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/odrzana-redovna-sednica-na-sovetot-na-narodnata-banka/#respond Mon, 01 Aug 2022 11:41:01 +0000 https://kurir.mk/?p=712580

Советот на Народната банка, на својата редовна седница, донесе одлука за воведување макропрудентна мерка со која дополнително се јакнат заштитните механизми во банкарскиот систем, заради зачувување на неговата отпорност и натамошно јакнење на финансиската стабилност во услови на постепено зголемување на системските ризици. Со мерката се делува превентивно, односно се продолжува со натамошно зајакнување на капиталната сила на домашните банки, што е во основата на отпорноста на банкарскиот сектор на ризици. Имено, врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, што ги вклучува податоците за првиот квартал на 2022 година, како и најновите показатели, се оцени дека има потреба од воведување стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот на банките за изложеностите во Република Северна Македонија, во висина од 0,5%. Оваа мерка ќе почне да се применува од 1 август 2023 година, што значи обезбедување доволно простор за приспособување на банките и за постепено формирање на заштитниот капитален слој без негативни ефекти врз солидната кредитна поддршка за економијата. Билансите на банкарскиот сектор упатуваат на здрави фундаменти, што се потврдува и со редовните стрес-тестови коишто покажуваат дека банките се отпорни на можни шокови. Капиталните позиции на банките се стабилни, а квалитетот на кредитното портфолио засега е добар. Профитабилноста на банките е на солидно ниво, што значи дека банките имаат доволно интерен потенцијал за исполнување на капиталните барања, вклучително и за исполнување на предложената стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот од 0,5%. Сепак, работењето на банкарскиот систем и на економијата во целина и понатаму е придружено со неизвесност и ризици. Главен извор на ризици од окружувањето е војната во Украина, што во зависност од времетраењето и интензитетот на геополитичкиот шок, може да ги влоши перспективите за домашната економска активност и за инфлацијата. Ова негативно би се одразило врз работењето на компаниите и врз животниот стандард и куповната моќ на населението, што може да влијае врз способноста за редовно отплаќање на кредитните обврски и нивото на кредитниот ризик на банките. Со воведувањето на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот се придонесува за спречување и за намалување на можните ризици. На редовната седница, беше усвоен и најновиот Квартален извештај. Како што е посочено во Извештајот, последните макроекономски показатели упатуваат на остварување на ризиците во одредени сегменти од економијата, што создава понеповолен макроекономски амбиент за спроведување на монетарната политика. Домашната инфлација, слично на глобалните движења и понатаму забрзува. Нагорните придвижувања кај домашните цени и понатаму главно се одраз на фактори на страната на понудата, односно на цените на храната и енергијата, како резултат на подолготрајниот и посилен раст на увозните цени поради воените случувања. Овие промени се пренесуваат и врз цените на останатите производи и услуги, а со тоа и врз инфлациските очекувања, поради што Народната банка во неколку наврати ја зголеми основната каматна стапка за вкупно 1,25 п.п. Домашната економска активност од почетокот на годината главно се движи во согласност со очекувањата, а и натаму има солидна кредитна поддршка од страна на банките. На девизниот пазар притисоците се значително намалени, а девизните резерви се во сигурната зона. Сепак, ризиците за целокупниот макроекономски контекст сè уште се изразени и се поврзани претежно со надворешното окружување, а главниот ризик и понатаму претставува неизвесноста поврзана со текот и времетраењето на воениот конфликт помеѓу Русија и Украина и неговото влијание врз цените и економската активност во глобални рамки. Народната банка продолжува со внимателното следење на трендовите и потенцијалните ризици од домашното и надворешното окружување и со натамошна нормализација на монетарната политика, заради одржување на ценовната стабилност на среден рок. Советот разгледа и други извештаи и материјали поврзани со тековното работење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/odrzana-redovna-sednica-na-sovetot-na-narodnata-banka/feed/ 0
Банерџи: Низ годините Народната банка остана столб на финансиската и макроекономската стабилност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/banerdzi-niz-godinite-narodnata-banka-ostana-stolb-na-finansiskata-i-makroekonomskata-stabilnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/banerdzi-niz-godinite-narodnata-banka-ostana-stolb-na-finansiskata-i-makroekonomskata-stabilnost/#respond Sat, 09 Jul 2022 08:59:05 +0000 https://kurir.mk/?p=702596

Во изминатите 30 години Народната банка ја одржа својата репутација на независна, стручна и кредибилна институција, која е столб на финансиската и макроекономска стабилност и дава поддршка во економскиот развој на земјата. Ова беше посочено од страна на поранешниот шеф на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава за време на транзицискиот период, Бишваџит Банерџи. Во рамки на неговата посета, организирана како дел од активностите за јубилејот „30 години монетарна самостојност“, Банерџи оствари работна средба со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерите и членовите на Советот, а исто така одржа предавање пред претставници на финансиските регулатори, банкарскиот сектор, универзитетски професори и вработените на Народната банка. За време на средбата со гувернерката и вицегувернерите, беше истакнато значењето на централните банки, во време на континуирани шокови во глобалната економија. Од почетокот на пандемијата, олабавената политика која ја водеа централните банки и поддршката од банкарскиот сектор, заедно со фискалните мерки, придонесоа за брзо закрепнување на економијата. Сега, новите два шока кои ја погодија глобалната економија, енергетската криза почнувајќи од последниот квартал минатата година и војната во Украина коишто резултираа со неочекуваното оживување на инфлацијата, бараат нов пристап од страна на централните банки. Тие најмногу можат да помогнат на економијата, заштитувајќи ја стабилноста. Оттаму, централните банки почнаа да ја нормализираат политиката, согласно различните услови специфични за земјите. Банерџи ги посочи како навремени трите покачувања на основната камата од страна на Народната банка. Тој истакна и дека во време на глобален инфлаторен раст и ризици за реалната економија, во насока на одржување на ценовната стабилност, водењето независна монетарна политика, каква што впрочем и води Народната банка е клучно за целата економија. За време на посетата, Банерџи одржа и предавање пред вработените во централната банката, претставници на банки, финансиски регулатори и универзитетски професори на тема „Прелиминарни наоди на тековен истражувачки проект за влијанието на Ковид пандемијата врз словенечкиот нефинансиски корпоративен сектор“. Во периодот на транзициските години Банерџи, како дел од ММФ, со своите стручни видувања и експертиза даде огромен придонес и кон градењето на темелите на макроекономската рамка за нашата држава. Тој беше шеф на Мисијата на ММФ во период 1998 -2002 година, кога државата се соочуваше со значителни негативни ефекти од косовската бегалска криза во 1999 година и интерниот конфликт во 2001 година. Бил предавач на Универзитетот во Оксфорд, Хаверфорд колеџот и Вортон школата на Универзитетот во Пенсилванија, додека тековно е предавач на Ашока универзитетот во Индија, но и советник на гувернерот на централната банка на Словачка. Автор е на повеќе стручни книги од областа на економијата и има голем број истражувачки публикации во водечки академски списанија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/banerdzi-niz-godinite-narodnata-banka-ostana-stolb-na-finansiskata-i-makroekonomskata-stabilnost/feed/ 0
Нацевска: Денарот е стабилен, инфлацијата умерена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nacevska-denarot-e-stabilen-inflacijata-umerena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nacevska-denarot-e-stabilen-inflacijata-umerena/#respond Wed, 27 Oct 2021 13:21:32 +0000 https://kurir.mk/?p=586510

Денарот е стабилен, а ценовните движења се должат на растот на цените на енергенсите на светските берзи по високиот пад минатата година, како и на привремените нарушувања на синџирите на снабдување предизвикани од пандемијата. Ова се промени од привремен карактер, коишто би стивнале до година, а подгревање на инфлациските движења не е потребно, порача денеска вицегувернерката на Народнaта банка, Емилија Нацевска. -Причината за побрзиот раст на цените во првите девет месеци годинава од 2,8 отсто, во однос на очекувањата за раст од 2,2 отсто за целата година, се на страната на понудата. Тоа се должи, пред се, на повисокиот раст на цените на енергенсите на глобално ниво ‒ цената на нафтата и гасот, што доаѓа по високиот пад на цените минатата година и нарушувањето на глобалните синџири на снабдување, како резултат на пандемијата. Со закрепнувањето на глобалната економската активност, доаѓа до побрз раст на побарувачката во однос на понудата и создавање тесни грла во снабдувањето коишто прават ценовни притисоци, посочи вицегувернерката Нацевска во гостувањето на емисијата „Утрински брифинг“. Како што нагласи, проценките на Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и на други меѓународни организации, коишто ги следат овие движења, се дека оваа состојба е од привремен карактер, а очекувањата се дека таа ќе се надмине во текот на идната, 2022 година. -Ние сме земја којашто енергетски и суровински е зависна од увозот и движењата на светските берзи се одразуваат и на домашните цени, пред се на цените на храната и други производи. Оттаму доаѓа овој ценовен раст, рече Нацевска. Сепак, истакна дека дополнителните инфлациски подгревања и нивното, како што рече, неосновано вградување во цените од страна на домашните економски субјекти може да доведе до раст на инфлацијата, што не е потребно, ниту, пак, е засновано на објективни економски параметри. -Простор за паника од инфлација нема, но треба да се однесуваме одговорно и не треба неосновано да се создаваат ценовни притисоци онаму каде што нема потреба, бидејќи тоа ќе се одрази на целата економијата. Подгревањето на инфлациските очекувања е нешто што може да доведе до раст на цените. Во вакво сценарио, централната банка реагира преку монетарната политика, вклучително и со раст на каматната стапка, што сепак не е пожелно во услови кога нема не рамнотежи, а на економијата се уште и е потребна поддршка за закрепнување од пандемијата, посочи Нацевска. Кондицијата и подготвеноста на Народната банка, нагласи, го потврдуваат капацитетот за остварување на основните цели, а потврда за тоа е и макроекономската стабилност одржувана без прекин во изминатите 26 години. -Тоа е и благодарение на капацитетот на девизни резерви, што со годините го изградивме. Нивото на девизни резерви е соодветно, со покриеност на идниот увоз од околу пет месеци. Ние секојдневно ги следиме движењата на девизниот пазар, а да посочам дека во третиот квартал на девизниот пазар и откупивме вишок на девизи.  Денарот е стабилен и ќе биде стабилен, а надворешните фактори и случувања не влијаат на стабилноста на курсот, потенцира Нацевска и додаде дека за одржување на ценовната и финансиската стабилност, од големо значење е независноста на Народната банка, којашто се споменува во сите извештаи на Европската комисија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nacevska-denarot-e-stabilen-inflacijata-umerena/feed/ 0
ЕК со највисоки оценки за монетарната политика и Народната банка во Извештајот за напредокот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ek-so-najvisoki-ocenki-za-monetarnata-politika-i-narodnata-banka-vo-izveshtajot-za-napredokot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ek-so-najvisoki-ocenki-za-monetarnata-politika-i-narodnata-banka-vo-izveshtajot-za-napredokot/#respond Wed, 20 Oct 2021 09:05:43 +0000 https://kurir.mk/?p=582440

Во Извештајот на Европската комисија (ЕК), во којшто на годишна основа детално се оценуваат политиките и напредокот во реформите на секоја земја кандидатка или потенцијална кандидатка за членство во Европската Унија, дадени се позитивни оцени за монетарната политика и Народната банка на Република Македонија. ЕК оценува дека од аспект на монетарната политика, усогласувањето со европското законодавство е во напредна фаза, а  се истакнува и дека за време на корона-кризата, централната банка успеа да ја одржи финансиската стабилност, како и да овозможи простор за значителна кредитна поддршка за граѓаните и компаниите. Во Извештајот се нагласува и исклучителната важност на независноста на централната банка.

„Целосно независна институција, ослободена од мешање од други власти, е од витално значење за остварувањето на улогата на централната банка, како гарант за монетарната и финансиската стабилност.“ ‒ стои во Извештајот.

Од ЕК оценуваат дека за време на кризата предизвикана од ковид-19, централната банка успеа да ја одржи финансиската стабилност и да овозможи значителна кредитна поддршка за граѓаните и за компаниите. Се наведува дека Народната банка ја намали основната каматна стапка на историски најниското ниво од 1,25%, со што ја ослободи потребната ликвидност во стопанството заради поттикнување на економската активност. ЕК посочува и дека монетарната политика е соодветна на макроекономските услови, а во Извештајот се истакнува и трендот на раст на кредитната поддршка.

Во Извештајот се наведува дека покрај тоа што го поддржува тековното економско закрепнување, монетарната политика внимателно ги следи и зголемените инфлациски притисоци.

Во поглавјето за статистиката, посебна оцена е дадена за статистиката во надлежност на централната банка. Европската комисија напоменува дека Народната банка ѝ е целосно посветена на примената на кодексот на статистичките стандарди и дека го подобрува својот капацитет за нивно постојано спроведување во своето работење. Како особено достигнување е издвоен фактот дека во областа на статистиката за финансиските сметки, Народната банка за првпат ги објави годишните податоци за финансиските сметки и редовно ги доставува податоците до Евростат, со подобрена методологија и покривање за одредени финансиски инструменти. Во однос на статистиката за билансот на плаќања и за директните странски инвестиции (СДИ), од ЕК нагласуваат дека Народната банка ја изготвува според најновите стандарди.

Во Извештајот се бележи и дека Законот за платежни услуги и платни системи, чија цел е усогласување на домашното со европското законодавство, влезе во владина процедура, како и тоа дека Народната банка е во напредна фаза на подготовка на подзаконските акти. Исто така, истакнато е дека Народната банка оствари напредок и во спроведувањето техничка анализа и откривањето фалсификувани пари, преку нови методолошки алатки, како и навремена размена на податоци со националните и меѓународните институции.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ek-so-najvisoki-ocenki-za-monetarnata-politika-i-narodnata-banka-vo-izveshtajot-za-napredokot/feed/ 0
Народната банка со препораки околу исплатата на априлската пензија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodnata-banka-so-preporaki-okolu-isplatata-na-aprilskata-penzija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodnata-banka-so-preporaki-okolu-isplatata-na-aprilskata-penzija/#respond Thu, 23 Apr 2020 14:32:10 +0000 https://kurir.mk/?p=336233

Народната банка апелира до пензионерите кои имаат дебитни картички и кои веќе од утре ќе може да ја подигнат пензијата, да ја користат картичката за плаќање онаму каде е можно безготовинското плаќање. Се апелира и до оние пензионери кои немаат дебитни картички да го пополнат барањето кое ќе им биде дадено во филијалите и експозитурите при исплата на пензијата. – Заради заштита на здравјето, да се избегнува користењето готовина, велат од Народната банка. Оттаму препорачуваат до останатите клиенти на банките во периодот од 8 до 12 часот да се воздржат од одење во банки со цел да им се даде приоритет на повозрасните граѓани кои имаат потреба од банкарски услуги. Препорака е и при едно одење во банка да се завршат сите банкарски услуги за кои е потребно физичко присуство во експозитурите и филијалите. – Како што веќе е соопштено, задолжително е да се носи лична заштитна опрема за носот и устата којашто може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично. Да се почитуваат насоките за соодветна раздалеченост од другите лица, пред и во објектите на банките. Апелираме за придржување до распоредот, со што ќе се овозможи бројноста на лица во филијалите и експозитурите на банките значајно да се намали, во корист на здравјето, велат од Народната банка. Од Централната банка се надеваат дека ваквиот системски пристап кој ќе се примени за исплата на априлските пензии ќе ги даде очекуваните резултати. бак/лв/]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodnata-banka-so-preporaki-okolu-isplatata-na-aprilskata-penzija/feed/ 0