народни херои – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Jun 2019 13:26:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png народни херои – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Станарите од опожарената зграда во Кисела Вода револтирани: „Ова ли е најавената помош“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stanarite-od-opozarenata-zgrada-vo-kisela-voda-revoltirani-ova-li-e-najavenata-pomosh-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stanarite-od-opozarenata-zgrada-vo-kisela-voda-revoltirani-ova-li-e-najavenata-pomosh-foto/#respond Wed, 12 Jun 2019 12:55:16 +0000 https://kurir.mk/?p=208416

Со ваква помош со години нема да можеме да ги исчистиме и средиме становите, коментираат жителите на зградата во која во понеделникот избувна пожар на улицата „Народни херои“ во Кисела Вода. До нашата редакција станарите ја пратија оваа фотографија со коментар дека денес биле испратени неколку комунални работници да помогнат, а кои со нив носеле една канта за отпадоци и неколку лопати. Станарите од влезот, објаснуваат дека дополнително било организирано на работниците да им се купат заштитни маски за да може да влезат и најпрво да започнат со чистење на ходникот на катот каде избувна пожарот. Револтирано додаваат дека нивни претставници се на состанокот во Општина Кисела Вода за да дознаат каква конкретна помош ќе добијат, бидејќи како што велат тие, досега никој не дошол на терен да види што точно им е потребно и од каде да започне санацијата. Побаравме одговор и од Општината, од каде велат дека обезбедиле привремено сместување за едно лице, како и дека на терен бил испратен камион со комунални работници кои ќе им помогнат на станарите во отстранување на шутот. Станарите очекуваат помош како од Општината, така и од Град Скопје, но и од сите компаниите кои може да им излезат во пресрет бидејќи, велат, се работи за огромна штета. Во меѓувреме, два од три влеза во зградата остануваат без електрична енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stanarite-od-opozarenata-zgrada-vo-kisela-voda-revoltirani-ova-li-e-najavenata-pomosh-foto/feed/ 0
ФОТО ГАЛЕРИЈА: Ужасот во Кисела Вода, два дена по големиот пожар https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-galerija-uzasot-vo-kisela-voda-dva-dena-po-golemiot-pozar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-galerija-uzasot-vo-kisela-voda-dva-dena-po-golemiot-pozar/#respond Wed, 12 Jun 2019 12:35:51 +0000 https://kurir.mk/?p=208385

Непријатна миризба и вода насекаде. Ова е првичната слика која се добива при влез во зградата со број 23 на улицата „Народни херои“ во скопска Кисела Вода, каде во понеделникот избувна голем пожар на 5-тиот кат. Глетката станува се пострашна со качување по скалите кон погорните катови. Во пожарот целосно изгорени беа три стана, а уништетни и оштетени се повеќе станови од чад и вода. И по два дена станарите од првиот влез на оваа зграда чекаат конкретна помош од надлежните институции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-galerija-uzasot-vo-kisela-voda-dva-dena-po-golemiot-pozar/feed/ 0