народни инструменти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 02 Jul 2022 12:05:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png народни инструменти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Прилеп и Долнени се одржува фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-prilep-i-dolneni-se-odrzuva-festivalot-na-narodni-instrumenti-i-pesni-pece-atanasovski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-prilep-i-dolneni-se-odrzuva-festivalot-na-narodni-instrumenti-i-pesni-pece-atanasovski/#respond Sat, 02 Jul 2022 12:30:56 +0000 https://kurir.mk/?p=698699

Околу 300 изведувачи на изворниот мелос синоќа во центарот на Прилеп, вечер на Рудина кај Долнени ја продолжуваат традицијата во негувањето и зачувувањето на богатиот изворен македонски фолклор на 48 Фестивал на народни иснтрументи и песни „Пеце Атанасовски“. Одекнуваат гајдата, кавалот, зурлите, табаните, се разлева изворната музика. И старите и младите изведувачи се убедени дека ќе успеат да го зачуваме културното богатство. Раде Петровски од Крива Паланка свири на кемане и вели дека токму Фестивалот и ваквите средби овозможуваат да се зачува фолклорот. – Ваквите средби и фестивали овозможуваат да ја продолжиме традицијата, да ги негуваме обичаите кои се наш идентитет и неисцрпно богатство. Факт е дека младите повеќе се понесени со модерните текови, но уверен сум, оти гледам млади учесници, дека ќе го зачуваме она што не прави посебни и се негувало од колено на колено, вели Петровски. Бобан Анакиев од Кочани е млад изведувач на народни инструменти и ги изработува. -Ги свирам народните инструменти и истовремено ги изработувам. Правам гајди, кеманиња. нема голема заработувачка, ама тоа е мојата љубов. Ги купувата фолклорни групи, КУД и радоста е во изработката, вели Анакиев. Според Родна Величковска, уметнички директор на Фестивалот немас опасност да се загуби традицијата. Годинава има многу млади изведувачи. – Интересот за изведување и за учество на фестивалот е голем. Од преку 350 заинтересирани, со селекција направивме избор на 300 изведувачи од сите краишта. Имаме и гости од Србија. Нема опасност за богатиот македонски фолклор, изјави Величковска од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ Од Скопје. Во рамките на Фестивалот се одржаа семинар за изучување на изворниот мелос со 10-тина талентирани млади, а на симпозиумот „Фолклорот во минатото и денес“ беше промовиран зборникот со најновите научни трудови од фолклористиката. Од 19 часот на Рудина кај Долнени е втората фестивалска вечер. Фестивалот ќе ги награди најдобрите, а најуспешниот гајдаџија ќе ја понесе гајдата на Пеце што ја доделува општина Долнени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-prilep-i-dolneni-se-odrzuva-festivalot-na-narodni-instrumenti-i-pesni-pece-atanasovski/feed/ 0
Почнува Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-festivalot-na-narodni-instrumenti-i-pesni-pece-atanasovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-festivalot-na-narodni-instrumenti-i-pesni-pece-atanasovski/#respond Fri, 02 Jul 2021 06:14:55 +0000 https://kurir.mk/?p=530807

Во Прилеп и во Долнени денска и утре ќе е одржува, по 47-ми пат, Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Фестивалот ќе биде отворен вечер од 20 часот на камената бина на плоштадот „Александрија“, а втората фестивалска вечер е утре од 19 часот на Рудина кај Долнени. Околу 320 учесници од сите краишта на земјава овие два дена ќе ги разлеваат кавалот, гајдата, зурлата, изворната песна, ќе одекне тапанот укажувајќи на негувањето и чувањето на богатиот изворен мелос. Како што објаснува секретарот на Фестивалот, етномузикологот Горан Василески, оваа национална манифестација успешно ги остварува целите, зашто како придружен дел се и Семинарот за изучување на народните инструменти и песни и Симпозиумот насловен „Фолклорот во минатото и денес“ -Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ еден е од ретките кој не го загуби континуитетот и во пандемија. Жилаво опстојува, еве, речиси половина век. Имаме околу 320 учесници, а интересот за учество, кога се пријавуваа пролетоска, беше околу 600, но мораше да се направи селекцијата. Лани поради пандемијата и уште потешките состојби, имавме редуциран број изведувачи, околу 130, а сите се желни да се чуе изворната песна, да покажат, од сите краишта, што имаат во наследство од предците, низ вековите. А токму тоа е целта на Фестивалот: да го негува, да го зачува и да да го пренесува на помладите генерации богатиот изворен фолклор, вели Василевски. На Семинарот за изучување на народните инструменти и песни, кој и годинава се одржуваше „он-лајн“ (од 28 јуни до 1 јули), учествуваа 12 млади од Кочанско и Прилепско. Тие својата умешност во изведување изворен мелос ќе ја покажат на втората фестивалска вечер, на Рудина, Долнени. Утре од 11 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи симпозиумот „Фолклорот во минатото и денес“ на кој еминентни етномузиколози ќе ги претстават трудовите од повеќе области на фолклористиката. Издаден е и вториот Зборник трудови од фолклористиката. Фестивалот ќе ги награди најдобрите изведувачи. Најголеми се наградите: Гран при за најдобри изведувачи во целина и за најдобриот гајдаџија Гајдата на Пеце, што ја доделува општина Долнени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-festivalot-na-narodni-instrumenti-i-pesni-pece-atanasovski/feed/ 0