народни верувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Apr 2023 12:44:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png народни верувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Што значи кога снег паѓа во април? Еве какво време нè очекува според народните верувања https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-znachi-koga-sneg-paga-vo-april-eve-kakvo-vreme-ne-ochekuva-spored-narodnite-veruvana/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-znachi-koga-sneg-paga-vo-april-eve-kakvo-vreme-ne-ochekuva-spored-narodnite-veruvana/#respond Wed, 05 Apr 2023 12:44:43 +0000 https://kurir.mk/?p=820535

По една недела одбележана со пролетни температури, Македонија побеле. Во април не се случува толку често да паѓа снег, но кога го има постои силна симболика. Според народното верување, ненадејната промена на времето е предупредување од природата за луѓето да внимаваат на нивното однесување, но и да ги решат дилемите кои долго време ги мачат. Како што се верува, пролетта е олицетворение на ново будење на природата, повторно раѓање и постигнување хармонија, а доколку тоа не се случи, природата не’ предупредува да внимаваме на нашето однесување и да почнеме да живееме во хармонија со природата, едни со други и со самите себе.. Еве каква година, според народните верувања, не’ очекува врз основа на метеоролошките услови во април: Ако април е убав, мај ќе биде грд. Априлскиот дожд е благослов, во мај е уште подобар. Април со дожд, мај расцветан. Влажен април, сув јуни. Сув април, влажен јуни. Ведрите ноќи во април се лоши и за овошјето и за виното. По априлските грмотевици повеќе нема мраз. Колку е потивок и поубав април, толку е полут и побесен Мај. Како што се верува, снегот во април нè потсетува да го решиме она што не сме го направиле претходните месеци, а што нè спречувало да продолжиме понатаму. Ако го направите ова, среќата и просперитетот ќе ве следат во месеците што доаѓаат. Исто така, овој период е добар да започнете нешто ново, бидејќи тоа ќе роди со плод.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-znachi-koga-sneg-paga-vo-april-eve-kakvo-vreme-ne-ochekuva-spored-narodnite-veruvana/feed/ 0
Народните верувања: Овие дрвја носат несреќа и негативност, не ги засадувајте во близина на вашиот дом! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/narodnite-veruvanja-ovie-drvja-nosat-nesrekja-i-negativnost-ne-gi-zasaduvajte-vo-blizina-na-vashiot-dom/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/narodnite-veruvanja-ovie-drvja-nosat-nesrekja-i-negativnost-ne-gi-zasaduvajte-vo-blizina-na-vashiot-dom/#respond Thu, 27 Oct 2022 19:29:03 +0000 https://kurir.mk/?p=750908

Едно од најнепосакуваните дрвја за засадување во дворот е дабот. Се смета дека дабот има силна енергија и го ослабнуваат здравјето на луѓето. Истиот ја црпи виталноста дури и од најсилните луѓе. Следна на листата е брезата. Оваа руска убавица со бели цветови можеби изгледа многу елегантно, но според народните верувања истата е носител на негативна енергија и привлекува само проблеми. Воедно, нејзиниот силен коренски систем ја извлекува сета влага од почвата, со што не им дозволува ниту на растенијата покрај неа да цветаат. Според народните верувања, луѓето треба да се откажат и од идејата за засадување на топола покрај домот, бидејќи е носител на многу негативна енергија, предизвикува алергии и привлекува опасност за домот. Меѓу дрвјата на кои местото не им е во близина на домот е и оревот. Тоа не значи дека воопшто не треба да го одгледувате, туку само едноставно да најдете соодветно место, малку подалеку од домот за го засадите. Иглолисните дрвја исто така, според народните верувања, носат лоша среќа на сопствниците на домот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/narodnite-veruvanja-ovie-drvja-nosat-nesrekja-i-negativnost-ne-gi-zasaduvajte-vo-blizina-na-vashiot-dom/feed/ 0
Народни верувања за Третото наоѓање на главата на свети Јован Крстител: Замислете три желби – ќе ви се остварат! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodni-veruvanja-za-tretoto-naogjanje-na-glavata-na-sveti-jovan-krstitel-zamislete-tri-zelbi-kje-vi-se-ostvarat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodni-veruvanja-za-tretoto-naogjanje-na-glavata-na-sveti-jovan-krstitel-zamislete-tri-zelbi-kje-vi-se-ostvarat/#respond Mon, 07 Jun 2021 07:41:16 +0000 https://kurir.mk/?p=519910

Според календарот на МПЦ денеска е Трето наоѓање на главата на св. Јован Крстител Според народните верувања, на овој ден се отвора небото и душите на мртвите одат во рајот. Погледнете го небото вечерва, точно на полноќ, замислете три желби и тие сигурно ќе се остварат во иднина. Патријархот му кажа за тоа на императорот Михаил, кој испрати луѓе во Комане, и ја најдоа, според видението на патријархот, во 850 година. Потоа чесната глава на Свети Јован беше пренесена во Цариград и положена во придворната царска црква, на 25 мај. Дел од чесната глава денес се наоѓа на Света Гора.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodni-veruvanja-za-tretoto-naogjanje-na-glavata-na-sveti-jovan-krstitel-zamislete-tri-zelbi-kje-vi-se-ostvarat/feed/ 0
НИ ДОАЃА ВЕЛИГДЕН: Кои се народните верувања и обичаи за најголемиот Христијански празник ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ni-doagja-veligden-koi-se-narodnite-veruvanja-i-obichai-za-najgolemiot-hristijanski-praznik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ni-doagja-veligden-koi-se-narodnite-veruvanja-i-obichai-za-najgolemiot-hristijanski-praznik/#respond Tue, 13 Apr 2021 14:00:33 +0000 https://kurir.mk/?p=496561

Празникот на воскреснувањето на Господ Исус Христос се празнува секоја година во различно време и еден е од т.н. подвижни празници. За датумот на Велигден се зема првата недела по полна месечина на ден на пролетната рамнодневица или веднаш по неа. Кај припадниците на православната вера Велигден секоја година паѓа во период од 4 април до 8 мај. Главното обележување на Велигден се вапцани јајца. Порано се бојадисувале само црвени јајца, а се верува дека овој обичај потекнува од Марија Магдалена, која според Библијата, однела јајца обоени во црвена боја пред тогашниот римски цар Тибериј кога се дознало дека Христос Воскреснал. Иако Велики Петок е најтажниот ден за сите христијани во светот, Велигден веднаш по Божик се смета за најрадосен христијански празник. На ден Велигден, велигденскиот Понеделник и Вторник, кои се по него, православните христијани во светот се поздравуваат со Христос Воскресе и се одговара со Ваистина Воскресе. Христијаните се радуваат на Велигденските обичаи, а посебно децата. Во разни делови на земјата важат различни обичаи. Па така некој вапца јајца на Велики Четврток, некој на Велики Петок, или пак Велика Сабота. Некои ги вапцаат јајцата само во црвена боја или со кромид, а некои ги шараат на најразлични можни начини. За вапцање на јајцата задолжена е домаќинката на куќата, која во зависност од навиките, ги бојадисува јајцата сама или со децата. Во многу краишта, таа прво се прекрстува се помолува на Бога, а потоа во тенџере во кое се варат Велигденските јајца истура малку светена вода и тоа главно таа која е светена во текот на Велигденскиот пост. Според обичајот, првото јајце се вапца со црвена боја и се смета за чувар на куќата. Тоа се чува се до следната година. Во некои краишта ланското јајце чувар на куќата се става кај стоката, додека во некои се затрупува во мравјалник. Според некои верувања црвената боја ја означува божествената природа, додека сината ја означува човековата. Затоа во некои краеви јајцата се вапцаат во овие две бои. Во текот на Велика Сабота, домаќинките главно подготвуваат храна за Велигден. А за денот Велигден се станува порано и се легнува навечер порано. Домаќинката подготвува вода за миење на семејството во која се става чуварот на куќата, дрен, босилек и здравец. Во многу места обичај е секој од домашните да присуствува на Велигденската литургија, а по враќањето дома да се омрсат прво со велигденски јајца. Сите од семејството се кршат со шарени јајца и се води сметка за избор на јајцето, бидејќи во некои куќи се води сметка за победникот. Ако Велигден се паѓа во време пред уште некој голем православен празник, Ѓурѓовден, тогаш во некои краишта за Велигден не се јаде јагнешко месо. За Велигден се меси погача, која се украсува со плетенки и во која се прават вдлабнатини, во кои се ставаат велигденски јајца. И овој обичај варира од место во место. Па некаде се месат повеќе плетени погачи и потоа се разменуваат со пријателите. За децата во некои краишта се кријат колачи и јајца во домот и во дворот, а тие почнуваат да ги бараат веднаш по Велигденскиот појадок. Во градските средини се украсува домот со разни нови украси како пластични јајца и разни декорации кои денес можат да се купат во специјални продавници. Во селските средини куќата се украсува пред се со цвеќе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ni-doagja-veligden-koi-se-narodnite-veruvanja-i-obichai-za-najgolemiot-hristijanski-praznik/feed/ 0
Денес е голем празник: Народни верувања и обичаи за подобар просперитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-e-golem-praznik-narodni-veruvanja-i-obichai-za-podobar-prosperitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-e-golem-praznik-narodni-veruvanja-i-obichai-za-podobar-prosperitet/#respond Tue, 25 Aug 2020 09:19:13 +0000 https://kurir.mk/?p=395027

Денес македонската православна црква и верниците ги слават светите маченици Аникитија и Фотија. Светците Анкита и Фотиј се повикуваат на молитви за време на Евхаристијата и осветувањето на вода, а народот верува дека на овој ден треба да кажете еден вид проповед за да се „подобрите“. Проповедта што треба да ја кажете денес: - Научете да ги почитувате и сакате малите и едноставни луѓе. Најмногу ги има на земјата; има најмногу од нив во царството Божјо. Тие немаат гордост, т.е. основно лудило, од кога страдаат душите на богатите и моќните на овој свет. Тие ја извршуваат својата должност во овој свет честопати совршено, а сепак им се чини смешно, кога некој ќе ги фали за тоа; додека благородниците бараат пофалби за секое свое дело, често и несовршено направено. Житите на светите маченици Анкита и Фотиј: Царот Диоклецијан еднаш го посети градот Никомидија со зла умисла да ги истреби наполно христијаните. Па кога почна бездушно да ги измачува, пред него застана свети Аникита, кој беше еден од градоначалниците, и смело ја исповеда пред царот својата вера во Господа Исуса Христа, Бог воплотен во тело заради нашето спасение. При ова, Аникита уште и ги разобличи идолите како глуви и неми камења на кои еден разумен човек е недостојно да им се поклонува. Разјарен, царот нареди и му го отсекоа јазикот. Но, со силата Божја Аникита и натаму говореше. Тогаш на него пуштија лав, но лавот се умилкуваше околу него. Во тој миг падна храмот на Херкул. Фотиј, роднина на Аникита, го виде овој случај и трпењето на Аникита, па го бакна Аникита, се објави себеси за христијанин и му возвикна на царот: „О идолопоклонику, засрами се, твоите богови се ништожници!“ Царот нареди веднаш да го убијат со меч. Но, кога крена рака на свети Фотиј, џелатот со мечот се удри самиот себеси и умре. По долги маки и двајцата ги фрлија во затвор и лежеа таму три години. Тогаш ги изведоа, усвитија огромна печка и ги фрлија во оган. Мнозина христијани, мажи, жени и деца, своеволно влегоа со нив во огнот. И од огнот се слушна молитвата на христијаните со која Му благодареа на Бога за маченичката смрт. Сите пострадаа околу 305 година. Светите Аникита и Фотиј се повикуваат во молитвите на маслосвет и водосвет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-e-golem-praznik-narodni-veruvanja-i-obichai-za-podobar-prosperitet/feed/ 0
Народни верувања: Овие растенија нѐ штитат од мрачна енергија и лоши ситуации https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/narodni-veruvanja-ovie-rastenija-n-shtitat-od-mrachna-energija-i-loshi-situacii/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/narodni-veruvanja-ovie-rastenija-n-shtitat-od-mrachna-energija-i-loshi-situacii/#respond Tue, 26 Feb 2019 21:17:12 +0000 https://kurir.mk/?p=168705

Според народните верувања, постојат растенија кои со векови се сметале дека се голема заштита од негативната енергија. Лук Лукот се смета за природен антибиотик кој има огромна моќ, а во народната медицина се користи многу често. Се верува дека го намалува крвниот притисок, добар е за косата, против грипот и различни воспаленија. Исто така се верува и дека тој штити од лошите сили, па често се користи во исхраната како амајлија. Босилек Оваа билка е поврзана со многу ритуали во народните верувања. Ја нарекуваат божји цвет, бидејќи се верува дека таа е симбол на животот, од раѓањето до смртта. Порано се верувало дека доколку се стави босилек во водата од извор или реките, и се чува така 40 дена, дека тоа ќе го штити домот од лоша енергија. Циклама За цикламата се верува дека може да ги ублажи утринските главоболки, мигрената и симптомите од менструацијата кај жените. Оваа билка се смета и дека носи среќа во љубовта, па се препорачува да ја има во домот. Ако се додаде малку од неа во виното, се верувало дека можете да освоите секоја личност. Врба Таа е симбол на младенците, но и го симболизира растот и развојот кај младите луѓе. Се верува и дека кората од бела врба е лековита бидејќи помага кај настинки и висока температура. Таа е и весник на пролетта, па се верува дека носи и плодност кај жените. Детелина За сите нас, детелинката со 4 листа носи среќа поради нејзината реткост. Но, во народните верувања, секоја детелина има магична моќ, бидејќи е симбол на среќата, љубовта и убавите случувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/narodni-veruvanja-ovie-rastenija-n-shtitat-od-mrachna-energija-i-loshi-situacii/feed/ 0
Штрк на куќа е мир, петел пред врата значи гости: Народни верувања поврзани со животните https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shtrk-na-kukja-e-mir-petel-pred-vrata-znachi-gosti-narodni-veruvanja-povrzani-so-zivotnite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shtrk-na-kukja-e-mir-petel-pred-vrata-znachi-gosti-narodni-veruvanja-povrzani-so-zivotnite/#respond Wed, 25 Jul 2018 20:17:34 +0000 https://kurir.mk/?p=81102

Секое животно во народното верување има свое значење. Освен црната мачка, бувот и штркот кои носат принови, еве неколку народни верувања кои можеби не сте ги знаеле. Кога на патот ќе сретнете куче, работата ќе ја завршите успешно. Ако слушнеш кукавица да кука, а имаш со себе пари, ќе ги имаш цела година. Ако ги немаш, таа година нема ни да стекнеш повеќе. Ако гавранот или повеќе гаврани прелетаат над твојата глава, внимавај од несреќи. Гласот на бувот наговестува болест. Ако седнала на твојот дом, некој ќе се разболи. Кога ќе слушнеш штрк, ќе имаш штета во домот. Оној кому гасеница ќе му падне ќе биде лут на своите блиски. Ако сретнеш пругаст коњ, уште тој ден ќе видиш драго лице. Ако сретнеш бел коњ, ќе даваш пари. Ако во домот внесуваш пердуви од паун, ќе дојде до штета и раздор во домот. Пајакот ако го видите наутро значи несреќа и грижа, околу пладне значи дека лесно се ќе се реши, а навечер е среќа. Кога пајакот на тебе ќе падне од воздухот, ќе добиеш радосни вести. Глувците кои живеат во рудници и тунели не смеат да се убиваат. Со своето бегство наговестуваат несреќа. Кога петел ќе кукурика пред влезните врати, значи гости. Кога ластовичка ќе направи гнездо под кровот на куќата, во тој дом ќе влезе мир.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shtrk-na-kukja-e-mir-petel-pred-vrata-znachi-gosti-narodni-veruvanja-povrzani-so-zivotnite/feed/ 0
Народни верувања: Што значи ако ве чеша десната или левата дланка? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/narodni-veruvanja-shto-znachi-ako-ve-chesha-desnata-ili-levata-dlanka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/narodni-veruvanja-shto-znachi-ako-ve-chesha-desnata-ili-levata-dlanka/#respond Tue, 22 May 2018 19:57:14 +0000 https://kurir.mk/?p=57246

Народните верувања се различни, но овие се едни од неколкуте за кои најмногу се зборува. Според народните верувања, ако ве чеша десната дланка значи дека ќе давате пари, а ако ве чеша левата дланка-ќе добиете пари. Верувањата овде не запираат. Доколку сакате да ги зачувате парите, треба со дланката да ја протриете косата и да изговорите: „Колку влакна, толку пари“. Според некои верувања кога ќе ве почеша десна дланка значи дека ќе се ракувате со некој познат. Ако ве чешаат прстите-ќе се венчате наскоро. Знак дека некој ве оговара, ве чеша левото уво. Ако ве чеша десното, тоа значи дека некој ве фали. Ако ве чешаат табаните значи дека ќе одите негде. Чешањето на левиот лакт значи дека ве очекуваат возбудливи вести, додека десниот наговестува тажни вести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/narodni-veruvanja-shto-znachi-ako-ve-chesha-desnata-ili-levata-dlanka/feed/ 0
Доаѓа празникот со најмногу верувања: Што треба да направите за здравје, среќа и плодност? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doagja-praznikot-so-najmnogu-veruvanja-shto-treba-da-napravite-za-zdravje-srekja-i-plodnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doagja-praznikot-so-najmnogu-veruvanja-shto-treba-da-napravite-za-zdravje-srekja-i-plodnost/#respond Fri, 20 Apr 2018 10:25:08 +0000 https://kurir.mk/?p=43579

Православните верници на 6 мај годинава ќе го прослават Ѓурѓовден, празник е врзан за најголем број обичаи што постојат во народното верување. Овој светец се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви. Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река. Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати. Наутро со билките и со цвеќињата што домаќинката претходно ги потопила во вода, прво се мијат децата за да бидат здрави како дрен преку цела година, девојките и момчињата се грабаат околу нив, старите да бидат витални, а домашните куќата да им биде чувана. Се верува дека на Ѓурѓовден не треба да се спие, бидејќи главата може да ве боли цела година. Именден празнуваат: Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка и др.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doagja-praznikot-so-najmnogu-veruvanja-shto-treba-da-napravite-za-zdravje-srekja-i-plodnost/feed/ 0