Насе Насев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 20:55:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Насе Насев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одржана комеморација за Насе Насев https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/odrzhana-komemoratsija-za-nase-nasev/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/odrzhana-komemoratsija-za-nase-nasev/#respond Tue, 05 Sep 2023 20:55:22 +0000 https://kurir.mk/?p=874955

Соработници, колеги, пријатели и членови на семејството денеска на комеморација во Скопје се простија од легендата на македонското борење во слободен стил Насе Насев, кој почина во саботата на 80-годишна возраст, по кратко боледување. На комеморацијата која Македонскиот олимписки комитет (МОК) ја организираше во СЦ „Јане Сандански“ беше истакнато дека Насев остави голем траг и со своите успеси ги „задолжи“ помладите генерации да продолжат по неговиот пат. Најблиските соработници како од борењето, така и од МОК, меѓу кои Васил Тупурковски, Могамед Ибрагимов, Даниел Димевски, Ванчо Чифлиганец и Дејан Богданов се потсетија на заемната соработка и дружба со Насев. Доајенот на македонскиот спорт и долгогодишен селектор на националниот тим во борење слободен стил Насев беше погребан вчера во Кочани. Насев беше спортски директор во МОК и првиот член на Клубот на великани на МОК, а во јуни оваа година шефот на државата Стево Пендаровски го одликува со „Медал за заслуги“ за неговиот огромен придонес во афирмација на македонскиот спорт и држава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/odrzhana-komemoratsija-za-nase-nasev/feed/ 0
Насев ќе биде погребан денес во Кочани, утре комеморација во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nasev-ke-bide-pogreban-denes-vo-kochani-utre-komemoratsija-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nasev-ke-bide-pogreban-denes-vo-kochani-utre-komemoratsija-vo-skopje/#respond Mon, 04 Sep 2023 11:57:38 +0000 https://kurir.mk/?p=874374

Доајенот на македонскиот спорт и долгогодишен селектор на националниот тим во борење слободен стил Насе Насев, кој почина во саботата на 80-годишна возраст, по кратко боледување, попладнево ќе биде погребан во Кочани. Комеморација по повод смртта на Насев, како што соопшти Македонскиот олимписки комитет (МОК), ќе се одржи утре напладне во конференциската сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Роден во кочанското село Нивичани, Насев беше спортски директор во МОК и првиот член на Клубот на великани на МОК, а во јуни оваа година шефот на државата Стево Пендаровски го одликува со „Медал за заслуги“ за неговиот огромен придонес во афирмација на македонскиот спорт и држава. Насев беше долгогодишен инструктор на ФИЛА и директор на голем број светски семинари, а во улога на селектор и спортски директор на Македонскиот олимписки комитет (МОК) беше учесник на десет летни и зимски олимписки игри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nasev-ke-bide-pogreban-denes-vo-kochani-utre-komemoratsija-vo-skopje/feed/ 0
ТАЖНА ВЕСТ: Почина легендата на македоското борење Насе Насев https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/tazhna-vest-pochina-legendata-na-makedoskoto-borene-nase-nasev/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/tazhna-vest-pochina-legendata-na-makedoskoto-borene-nase-nasev/#respond Sat, 02 Sep 2023 17:49:47 +0000 https://kurir.mk/?p=873849

По кратко боледување денеска во Скопје на 80-годишна возраст почина Насе Насев, едно од најславните имиња во спортската историјата на Македонија и најтрофејниот тренер во борење. Насе Насев, роден во село Нивичани, Кочанско во 1943 година, е еден од основоположниците на македонското борење, поранешен борач и тренер на БК “Спартак“ од Кочани, долгогодишен селектор на репрезентацијата на поранешна СФР Југославија, а потоа и на независна Македонија. Учесник е на десет Олимписки игри, творец на легендите како Шабан трстена, Шабан Сејдиу и многу други кои ја прославија Македонија и македонското борење, а како спортски директор на МОК, под негово раководство во Сиднеј во 2000 година беше освоен првиот медал во самостојна Македонија, тогаш Могамед Ибрагимов го освои бронзениот медал. За својата работа и ангажман во борењето се здоби со Трофеј и Златен беџ на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК). Во 1997 година доби место меѓу великаните на Македонскиот олимписки комитет (МОК), што претставува посебна чест за секој спортист и спортски работник во нашава земја. На 23-ти јуни оваа година го доби и највисокото признание од државата од страна на претседателот Стево Пендаровски кој го одликуваше со Медал за заслуги за Македонија за траен белег на спортските терени и огромниот придонес за афирмација на македонскиот спорт и држава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/tazhna-vest-pochina-legendata-na-makedoskoto-borene-nase-nasev/feed/ 0