населба аеродром – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Sep 2021 08:42:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png населба аеродром – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СООБРАЌАЕН ХАОС ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ: Колони од возила на оваа раскрсница, граѓаните револтирани (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/soobrakjaen-haos-vo-skopski-aerodrom-koloni-od-vozila-na-ovaa-raskrsnica-gragjanite-revoltirani-video/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/soobrakjaen-haos-vo-skopski-aerodrom-koloni-od-vozila-na-ovaa-raskrsnica-gragjanite-revoltirani-video/#respond Wed, 22 Sep 2021 08:41:14 +0000 https://kurir.mk/?p=566718

Невиден сообраќаен хаос настана денеска во утринските часови на раскрсницата кај Дабл Три Хилтон во скопската населба Аеродром. Како што може да се види и од видеото, колони од возила на кој им нема крај има и на булеварот „АСНОМ“ како и на булеварот „Србија“. Причината е повеќе од јасна, на само помалку од месец дена од локалните избори, локалните власти по 4 години седење во фотелја како со врзани раце, сега „ги засукаа ракавите“, се фатија за работа и раскопаа улици низ цело Скопје. Сведоци за КУРИР велат дека утрово сообраќајот таму е закрчен, а истото се случувало секој ден на поголемите булевари во Скопје каде се чекало и до половина час за да се излезе од сообраќајниот хаос. Возачите и граѓаните револтирани се жалат дека поради ваквата неорганизираност тие доцнат на своите работни места и не можат да си ги завршат секојдневните обврски. М.А]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/soobrakjaen-haos-vo-skopski-aerodrom-koloni-od-vozila-na-ovaa-raskrsnica-gragjanite-revoltirani-video/feed/ 0
Затруени млади фудбалери во Скопје: Затворен угостителски објект во населба Аеродром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatrueni-mladi-fudbaleri-vo-skopje-zatvoren-ugostitelski-objekt-vo-naselba-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatrueni-mladi-fudbaleri-vo-skopje-zatvoren-ugostitelski-objekt-vo-naselba-aerodrom/#respond Fri, 10 Aug 2018 18:54:45 +0000 https://kurir.mk/?p=86704

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) од Центарот за јавно здравје Скопје добил известување за седум деца со симптоми на акутно труење со храна кои се јавиле на преглед во „Неуромедика“ во Скопје. Како што се наведува во соопштението, децата на возраст од 13 до 15 години, во текот на вчерашниот ден конзумирале ручек и вечера во трпезарија на ФФМ, а обезбедени од кетеринг служба на ДПТУ ФОРЦАШПЕД ДООЕЛ Скопје, Подружница ГАЛАКУЈНА бул. Србија бр.50 Аеродром, Скопје. Симптомите кај децата се јавиле околу 6 часот утрово и биле идентични кај сите седуммина: гадење, тежина во стомак, пролив, главоболка, вртоглавица, со полесна клиничка слика. Од вкупно 54 деца, 3 тренери, 1 доктор кои јаделе од истата храна, на тегоби се пожалиле 45 деца. Шест од децата кои не ја конзумирале истата храна немаат вакви тегоби. Државен санитарен и здравствен инспекторат од ПО Кисела Вода, во соработка со епидемиолог и екипа од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје и инспектори од Агенција за храна и ветеринарство, денеска извршиле вонреден инспекциски надзор во подружницата ГАЛАКУЈНА, односно во присуство на управителот извршиле увид во документација при што е констатирано дека санитарните книшки за 7 вработени се со уредно извршени здравствено-хигиенски прегледи, превентивна ДДД од страна на овластено правно лице е извршена на 18.06 годинава и постои решение за работа од АХВ, како и решение од Централен регистар за правниот субјект. Во тек на надзорот земени се материјали за бактериолошки мониторинг, односно брисеви од нежива природа и мостри од храна Државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш ги затворил објектите со цел прекинување на понатамошно јавување на заболени со знаци за акутно труење со храна, при што на објектот е поставена е службена лента. Забраната ќе трае до обезбедување на наредените против-епидемсики мерки: генерално механичко чистење на просторот и опремата, дезинфекција од страна на овластена здравствена установа, вонредни санитарно-хигиенски прегледи на вработените, како и контролни брисеви од работни површини и опрема. По добивањето на резултатите од земените брисеви, доколку има потреба, ДСЗИ ќе наложи и други противепидемиски мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatrueni-mladi-fudbaleri-vo-skopje-zatvoren-ugostitelski-objekt-vo-naselba-aerodrom/feed/ 0