Насер Ајдари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Mar 2018 12:49:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Насер Ајдари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ајдари утврден за судија на Уставниот суд, Солев и Илиевски за членови на Советот на обвинители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ajdari-utvrden-za-sudija-na-ustavniot-sud-solev-i-ilievski-za-chlenovi-na-sovetot-na-obviniteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ajdari-utvrden-za-sudija-na-ustavniot-sud-solev-i-ilievski-za-chlenovi-na-sovetot-na-obviniteli/#respond Thu, 01 Mar 2018 12:49:27 +0000 http://kurir.mk/?p=26252

Насер Ајдари, дипломиран правник и државен правобранител беше предложен за нов судија во Уставниот суд на денешната седнца на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Ангел Солев, поранешен судија и Ангеле Илиевски, адвокат, се предложени за нови членови на Советот за јавни обвинители. За предложените кандидати на Комисијата немаше расправа. Кворумот за гласање го исполни пратеникот на Беса Фадил Зендели. Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваа во работата на Комисијата, но испратија соопштение до медиумите во кое остро реагираат и, како што наведуваат, се спротиставуваат на нетрпеливоста и неодговорноста на парламентарниото мнозинство и на претседателот на Парламентот Талат Џафери. Тие, според пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, отсуството на опозицијата во Собранието го злоупотребуваат и го користат за продолжување на, како што се наведува, партизацијата што ја прават, овој пат во Уставниот суд и во Советот за јавни обвинители. - Изборот на Насер Ајдари, функционер на ДУИ на испразнетото место во Уставниот суд и изборот на Ангел Солев и Ангеле Илиевски што според пишувања во медиумите се членови на правниот комиет на СДСМ, претставува класична партизација на овие два органи, се посочува во соопштението. Го обвинуваат парламентарното мнозинство и Џафери, дека преку Комисијата набрзина, користејќи го отсуството на опозицијата, сакаат да го спроведат политичкиот пазар преку Собранието. Тоа, според нив е доказ, дека тие не се залагаат за независно и силно Собрание. Обвинија дека на Џафери и парламентарното мнозинство не им е битни реформите. На седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата не се гласаше за членовите на одборот за доделување на наградата „Мајка Тереза“ бидејќи ДУИ и Беса имаа несоглаувања околу еден од предложените кандидати. Артан Груби предложи член на Одборот да биде Аслан Хамити, на местото на претходно предложениот од Беса Хусеинџеват Хусеини. Пратеникот Зендели предупреди дека треба да се почитува претходно постигнатиот договор. Седницата беше прекината, но не продолжи поради немање кворум. Комисијата денеска ги избраа членовите на Буџетскиот совет на обранието на Република Македонија. Претседател на Буџетскуиот совет е потпретедателката на Собранието Фросина Ташевска Ременски, а според Деловникот нејзина заменичка треба да биде претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска, која доаѓа од опозицијата. Членови од пратеничката група на СДСМ и коалицијата се Јован Митровски, Соња Мираковска и Костадин Костадинов, од ДУИ Ејуп Алими и Агим Шаќири и Неџбедин Каремани од Беса. Во Советот членови треба да предложи и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. На седницата беа избрани и членови на Одборот за доделување на наградата за новинарство и публицистика „Мито Хаџи Василев Јасмин“. За нејзин претседател е избрана новинарката Катерина Блажевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ajdari-utvrden-za-sudija-na-ustavniot-sud-solev-i-ilievski-za-chlenovi-na-sovetot-na-obviniteli/feed/ 0
Предлогот Ајдари да биде нов уставен судија на собраниска комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlogot-ajdari-da-bide-nov-ustaven-sudija-na-sobraniska-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlogot-ajdari-da-bide-nov-ustaven-sudija-na-sobraniska-komisija/#respond Thu, 01 Mar 2018 07:17:51 +0000 http://kurir.mk/?p=25998

Насер Ајдари, државен правобранител на седнцата на денешната собраниска Комисија за прашања на изборите и именувањата се очекува да биде предложен за нов уставен судија. Во Уставниот суд е испразнето само местото на Исмаил Дарлишта, по изборот на Дарко Костадиновски Осман Кадруи во јануари годинава. На седницата се очекува Ангел Солев, поранешен судија и Ангеле Илиевски, адвокат, да бидат предложени за нови членови на Советот за јавни обвинители. Комисијата треба да разреши и да избере и нови членови Советот за научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република”, на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин “ и на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“, како и членови на собраниски комисии. Во Собранието денеска седници ќе одржат и комисиите за одбрана и безбедност, за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодовано-правната комисија. Комисијата за одбрана и безбедност на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, на Законот за класифицирани информации, на Законот за полиција, на Законот за гранична контрола, на Законот за заштита и спасување и на Законот за управување со кризи, сите во прво читање и на предлог на пратениците од владејачкото мнозинство. Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат за изменување на законите за безбедност на храната, на Законот за основање на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, за изменување и дополнување на Закон за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на Закон за здравјето на растенијата, на Закон за шумарска и ловна инспекција, на Закон за Државниот инспекторат за земјоделство, на Законот за земјоделство и рурален развој и на Законот за виното, сите во прво читање на предлог на владејачкото мнозинство. Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlogot-ajdari-da-bide-nov-ustaven-sudija-na-sobraniska-komisija/feed/ 0