Насер Нуредини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Feb 2023 11:17:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Насер Нуредини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Собранието ги констатира оставките на Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sobranieto-gi-konstatira-ostavkite-na-tupanchevski-nuredini-rendevski-i-nuhiu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sobranieto-gi-konstatira-ostavkite-na-tupanchevski-nuredini-rendevski-i-nuhiu/#respond Mon, 13 Feb 2023 11:16:54 +0000 https://kurir.mk/?p=799833

Собранието на Република Македонија денеска ги констатира оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу. Како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу одлучиле да не ги образложат оставките пред пратениците. -Констатирам дека на Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу им престануваат функциите, истакна Џафери. Пред почетокот на 103. седница, пратениците им оддадоа почит на настраданите во земјотресите во Турција и Сирија со едноминутно молчење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sobranieto-gi-konstatira-ostavkite-na-tupanchevski-nuredini-rendevski-i-nuhiu/feed/ 0
Нуредини: Се реафирмира предлог договорот со Албанија за управување со водните ресурси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuredini-se-reafirmira-predlog-dogovorot-so-albanija-za-upravuvane-so-vodnite-resursi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuredini-se-reafirmira-predlog-dogovorot-so-albanija-za-upravuvane-so-vodnite-resursi/#respond Tue, 24 Jan 2023 13:34:48 +0000 https://kurir.mk/?p=791189

Реафирмирање на соработката во однос на одржливото управување со водните ресурси, била една од темите на која денеска разговарале министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и амбасадорот на Албанија, Фатос Река. -Од двете страни е изразена силна подготвеност за интензивирање на преговорите во врска со Предлог – договорот за управување со прекуграничните водни ресури и искажана е волја во најкус можен рок да се изработи нов предлог текст и да се формира мешовита македонско-албанска комисија составена од претставници на надлежни ресори и експерти од областа на водите што би работеле на заеднички предлог текст на договорот, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. Нуредини и Река размениле мислења за можностите за заеднички пристап во надминување на предизвиците со кои се соочуваат во обезбедување одржлив зелен развој во двете држави. -Се разговараше и за соработка во другите области, а се направи осврт и на причините на загадувањето на воздухот во државата особено во зимскиот период и во време на грејната сезона, се наведува во соопштението. На средбата станало збор и за интензивирање на соработката на двете држави за одржливо управување со природните вредности на прекуграничните заштитените подрачја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuredini-se-reafirmira-predlog-dogovorot-so-albanija-za-upravuvane-so-vodnite-resursi/feed/ 0
Нуредини: Ќе инвестираме 55 милиони евра во регионални депонии и за инфраструктура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuredini-ke-investirame-55-milioni-evra-vo-regionalni-deponii-i-za-infrastruktura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuredini-ke-investirame-55-milioni-evra-vo-regionalni-deponii-i-za-infrastruktura/#respond Sat, 14 Jan 2023 19:09:01 +0000 https://kurir.mk/?p=787355

Во вторник ќе потпишеме договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за 55 милиони евра да инвестираме во регионални депонии и за инфраструктурата што е потребна во нашата држава. Да го решиме еднаш и засекогаш проблемот со отпадот, соопшти вечерва министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Нуредини во Дневникот на Сител појасни дека било потребно да се подготви целата документација, да имаат преговори со меѓународни партнери и донатори за да стигнат до овој момент. Министерот за животна средина истакна дека сега имаме закони за отпад, се подготвуваат други закони, за води, за заштита на природа… Според него, следните од две до четири години ќе бидат најважни за нашата држава бидејќи, како што рече, по четири години ќе имаме пречистителни станици во Скопје, во Битола и во Тетово, ќе имаме регионални депонии, сите општини ќе добијат камиони, контејнери… Тој изјави дека не се менува зелената агенда на ДУИ. -Се фокусираме на тој принцип. Ние сега сме пред потпишување договор за пречистителна станица во Скопје, почнавме со процедурите во Битола, за пречистителна станица. До февруари ќе почнеме со теренска процедура во Тетово. Земавме заем, 50 милиони евра, за да им помогнеме на сите општини во државата за вода за пиење и за канализација, изјави министерот за животна средина. Министерот Нуредини апелираше граѓаните да бидат совесни и за греење на своите домови да не користат материјали кои, како што рече, можеби се канцерогени. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuredini-ke-investirame-55-milioni-evra-vo-regionalni-deponii-i-za-infrastruktura/feed/ 0
Нуредини: Општините се должни да го „чистат“ воздухот, а не Министерството за животна средина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuredini-opshtinite-se-dolzni-da-go-chistat-vozduhot-a-ne-ministerstvoto-za-zivotna-sredina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuredini-opshtinite-se-dolzni-da-go-chistat-vozduhot-a-ne-ministerstvoto-za-zivotna-sredina/#respond Tue, 27 Dec 2022 11:55:16 +0000 https://kurir.mk/?p=781136

Општините се должни да ги спроведуваат мерките за заштита на квалитетот на воздухот, а не Министерството за животна средина, но истовремено, сите како поединци сме одговорни за воздухот со изборот на тоа со какво гориво ќе ги греме домовите и јавните објекти, какви возила ќе возиме итн, објасни денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на прес-конференцијата на која го презентираше буџетот за 2023 година. На новинарско прашање дека граѓаните се уморни од проекти, студии, ветувања, планови за гасификација и слично и дека е потребно нешто итно да се превземе за да се намали енормното аерозагадување во сите градови Нуредини рече дека ние имаме историски проблем со загадувањето на воздухот и дека досегашните инвестиции во животната средина со децении наназад биле ниски, а за заштитата на околината треба многу пари. – Загадувањето на воздухот како прво потекнува од тоа како ги грееме домовите и јавните објекти. Ние инвестираме во оваа област и загадувањето од година во година по малку се намалива, но факт е дека имаме загадување. Не знам и не сакам да дебатирам дали сме први или не во светот, но вистина е дека имаме проблем со загадувањето и затоа ние како влада го менуваме греењето во болниците, градинките, училиштата, полициските станици итн, а истовремено даваме субвенции и на граѓаните за да одберат еколошки начин на греење. Во оваа област најголемото и конечно решение ќе биде гасификацијата, ако грееме со гас, како и ако ја зголемиме топлификациската мрежа за што повеќе домови да добијат централно греење. Тоа е клучот. Ако продолжиме да грееме со биомаса, ќе имаме и загадување, затоа што греењето на овој начин придонесува до 45 отсто во загадувањето на воздухот. Но, исто така, во печките дома граѓаните да не ставаат канцерогени материјали – вели Нуредини. По греењето втор фактор се возилата во сообраќајот, а за жал, додаде министерот, кај нас возилата се просечно стари по 20 години. Трет фактор е градежништвото, а четврт индустријата, каде мора да има редовни контроли. Министерот Нуредини е категоричен дека не Министерството за животна средина, туку општините се должни да имаат донесени оперативни планови за заштита на воздухот и дека тие се надлежни да ги спроведат мерките што се пропишани во тие планови и за подобрување на квалитетот и за дејствување при епизоди со зголемено аерозагадување. Тие како Министерство се должни да ги информираат општините кога е зголемено загадувањето, за што имаат државни мерни станици.
– Општините се должни да спроведуваат мерки и контроли за квалитетот на воздухот, ние имаме надлежност во мониторинг-системот, во инфраструктурата за заштита на водите, во управувањето со отпадот, во прогласување и чување на заштитените подрачја. Ние како централна власт не можеме да им дадеме наредби на општините што да прават кога е загадено, туку само препораки. Ние кажуваме кои се праговите на алармирање и општините мора да ги имплементираат препораките. Но, освен при загадување, тие мора да дејствуваат и во насока на инвестирање во јавни транспортни системи, во поголеми контроли во градежниот сектор, како и контроли во индустријата, не само во А-инсталациите, кои се под државен надзор, туку и во Б- инсталациите, кои се под општините, како и заедно да работат центалниот и локалните инспекторсати – вели Нуредини. Во врска со тоа зошто нема 24-часовен мониторинг во самите индустриски капацитети, министерот вели дека тоа ќе се случи откако ќе се донесат законски измени. – Во владина процедура е нов закон за индустриските емисии со кој ќе ги обврземе сите индустриски инсталации да имаат мерни станици, да вршат 24-часовно мерење на емисиите и да изнесуваат податоци во јавноста на секој час – вели Нуредини. Тој додаде и дека Државниот инспекторат за животна средина сега со Законот за инспекцискиот надзор има можност да влегува во секоја инсталација со А-интегрирана еколошка дозвола, но тој не знае дали и колку капацитети досега се казнети за загадување на воздухот, затоа што тоа е во надлежност на Инспекторатот. Нуредини повтори дека заштитата на воздухот е сечија одговорност, на сите фактори, од граѓаните до институциите. Викендов поради надминатиот праг на алармирање за ПМ10 Владата донесе мерки за Скопје, Кичево, Кавадарци, Струмица и за Гостивар, а потоа ги укина за Гостивар, Кичево и за Кавадарци. Мерките се општопознати и од преходните сезони. Им се препорачува на сите работодавци да ги ослободат од работа бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма и прележан инфаркт или мозочен удар. Се препорачува лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот. Да не се организираат спортски натпревари и културни манифестации на отворено, да се создадат услови за зголемена активност на итната медицинска помош, домашната посета и патронажната служба. На општините и на Министерството за труд им се препорачува да обезбедат прифатилишта за бездомниците и да им дадат поддршка на старите осамени лица преку организирани посети. Службата за итна медицинска помош треба да достави информација до ИЈЗ за бројот на повици додека трае епизодата со алармантно загадување, до завршувањето и една седмица потоа. Државниот инспекторат за животна средина треба да почне со зачестена контрола на инсталациите со А-инегрирана екодозвола со контролни мерења на емисиите во амбиенталниот воздух. Сите органи на државна управата, агенциите, фондовите, јавните претпријатија и АД во државна сопственост, како на општините се должни да ја намалат до 50 отсто употребата на службените возила. Министерството за животна средина треба да достави препорака до инсталациите со А-дозвола да го намалат производството до 50 отсто, освен инсталациитете што произведуваат топлинска или електрична енергија. Ограничување ќе има и за градежните работи. – Единиците на локална самоуправа се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на советите на општините – препорача Владата.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuredini-opshtinite-se-dolzni-da-go-chistat-vozduhot-a-ne-ministerstvoto-za-zivotna-sredina/feed/ 0
Нуредини: Ќе овозможиме Попова Шапка да стане реномиран ски-центар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuredini-kje-ovozmozime-popova-shapka-da-stane-renomiran-ski-centar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuredini-kje-ovozmozime-popova-shapka-da-stane-renomiran-ski-centar/#respond Fri, 25 Nov 2022 10:42:36 +0000 https://kurir.mk/?p=766364

Владата на денешната седница го одобри Предлог-проектот за стратешка инвестиција во ски-центарот Попова Шапка. -Станува збор за голем инвестициски проект што е резултат на нашите напори да ги заштитиме природните вредности на начин со кој покрај максимална заштита ќе обезбедиме услови за социо-економски развој и можност нашите природни убавини да бидат атрактивни, европски и да привлекуваат туристи од целиот свет, да ѝ носат приход на државата, а за граѓаните да отвораат нови работни места и нови економски можности, вели министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Тој посочува дека има сериозен понудувач за развој на ски-центарот Попова Шапка. – Сега веќе можеме да ја споделиме информацијата дека добивме сериозна понуда од страна на реномираната европска компанија од Јужен Тирол, „ТехноАлпин“, којашто е светски лидер во производство и инсталирање на системи за вештачки снег, признаен експерт за дизајн на скијачки терени и скијачки зони и со 30 годишно искуство, 16 зависни друштва низ светот и 600 вработени. Оваа компанија, по направеното истражување, понуди амбициозен план за развој, иновации и раст на ски-центарот Попова Шапка, кој се карактеризира со модернизација на постоечката ски зона и нејзино територијално проширување, подобрување на примарната инфраструктура неопходна за развој на областа, со квантитативни и квалитативно подобрување на туристичко сместувачката дејност, со вклучување на нови капацитети за прилагодување на туристичката понуда на актуелните барања на туристичкиот пазар и проширување на истата, вели Нуредини. Тој појаснува дека станува збор за стратешко партнерство со ски-центарот Попова Шапка со амбициозен проект чија вкупна вредност изнесува 186 милиони евра и кој вклучува реновирање на постојните капацитети, поставување на систем за правење снег, проширување на постојната скијачка зона со нови објекти и патеки, реновирање и проширување на хотелите, изградба на нови хотелски капацитети, изградба на асфалтни паркиралишта, велосипедски патеки и креирање на други рекреативни активности, со што овој центар ќе доби можност да се вброи во најмодерните европски зимски центри. -Инвестицијата треба да се реализира почнувајќи од 2023 година и ќе се реализира во шест инвестициски фази од кои првата изнесува приближно 55 милиона евра, истакнува Нуредини. Според Нуредини, туризмот на македонските планини, иако доживува позитивен тренд, има силна потреба од масовно реновирање на постоечките капацитети за да се исполнат тековните стандарди за квалитет што ги бара пазарот, а долгогодишното неивестирање довело до сериозно заостанување и неискористеност на можностите и капацитетите за развој на туризмот. Според Нуредини, туризмот на македонските планини, иако доживува позитивен тренд, има силна потреба од масовно реновирање на постоечките капацитети за да се исполнат тековните стандарди за квалитет што ги бара пазарот, а долгогодишното неивестирање довело до сериозно заостанување и неискористеност на можностите и капацитетите за развој на туризмот. инициравме физибилити студија за проект за реновирање на ски центарот Попова Шапка, вели Нуредини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuredini-kje-ovozmozime-popova-shapka-da-stane-renomiran-ski-centar/feed/ 0
Компаниите треба да продолжат да користат гас, смета Нуредини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kompaniite-treba-da-prodolzat-da-koristat-gas-smeta-nuredini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kompaniite-treba-da-prodolzat-da-koristat-gas-smeta-nuredini/#respond Tue, 15 Nov 2022 10:51:15 +0000 https://kurir.mk/?p=760861

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини смета дека компаниите треба да продолжат да користат гас, а не да се оди на понееколошки варијанти како дизел и мазут. Тој тврди дека гас има. – Има гас, јас го кажувам тоа бидејќи доаѓам од сектор инвестиција, сите знаеме дека има гас, рече Нуредини. Сепак, тој потсети дека има процедури кои треба да поминат во Министерството, а досега, како што информира, околу пет големи компании побарале да ја сменат дозволата со која во случај на недостаток од гас ќе користат дизел. – Ако компаниите имаат А интегрирана дозвола мора да направат барање за измена на дозволата и процедурата трае околу три месеци. Значи ние мора да процениме прво дали таа измена е во согласност со законот, рече Нуредини на настан за садење 20 дрвца кои се донација од Еко-свест. Тој уште еднаш потенцира дека компаниите треба да продолжат да употребуваат гас, бидејќи како што кажа, се што е поевтино не значи дека е добро за граѓаните. – Барам сите да бидат свесни и да не одиме назад, рече министерот и додаде дека стручните лица во Министерството ќе проценат дали е можно или не менување на дозволата. Нуредини порача дека и покрај енергетската криза сите треба да се свесни за животната средина. – Имаме за жал загадување, но ако гледаме како било претходните години имаме намалување на аерозагадувањето. Тоа значи дека нашите политики што пробуваме да ги направиме измена на греење на болници, на полициски станици, градинки и училишта има позитивен ефект. Не можам да кажам што ќе биде утре, но морам да кажам дека сме во енергетска криза, имам разбирање и за граѓаните кои се најзагрозени во вакви кризи, но апелирам на свесност од сите институции, приватниот сектор и граѓаните, рече Нуредини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kompaniite-treba-da-prodolzat-da-koristat-gas-smeta-nuredini/feed/ 0
Нуредини: Чебрен ќе снабдува со струја 180.000 домаќинства https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nuredini-chebren-kje-snabduva-so-struja-180-000-domakjinstva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nuredini-chebren-kje-snabduva-so-struja-180-000-domakjinstva/#respond Tue, 25 Oct 2022 12:32:15 +0000 https://kurir.mk/?p=750189

Хидроелектраната Чебрен ќе има инсталирана моќност од 333 мегавати и потенцијал од многу повеќе. Ќе работи во каскаден систем со постојната ХЕЦ Тиквеш која е на истиот слив на Црна Река, што значи дека ќе биде каскаден систем со над 400 MW. Сепак, важноста на оваа инсталација не е само додадениот капацитет, туку улогата што ќе ја има во балансирањето на мрежата и помагањето во нашата транзиција кон обновлива енергија, вели министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во интервју за Фактор, одговарајќи на прашања поврзани со ХЕЦ Чебрен. Нуредини укажува дека обновливите извори како што се сончевата енергија, ветерот итн. не се постојани и ќе им треба средство за балансирање кога тие не произведуваат, односно средство што може веднаш да го замени произведениот капацитет што недостасува. Според Нуредини, двете хидроцентрали вкупно би произведувале околу 1200 GWh на годишно ниво што е зголемување за 33 отсто на домашното производство на електрична енергија, а државата ќе може да обезбеди електрична енергија за дополнителни околу 180 илјади домаќинства само од производството на хидроцентралата Чебрен. Тој посочува дека изградбата на хидроцентралата Чебрен влегува во зелените политики кон кои како држава сме ориентирани.
– Имајќи ги предвид случувањата со економската и енергетската криза, како што и претходно напоменав и последиците од недостиг на електрична енергија на глобално ниво, државите се ориентираат кон искористување на домашните капацитети. Нашата држава со овој значаен проект за нас, ги поставува темелите на искористување на капацитетите со коишто располагаме и кои економски ќе се одразат позитивно за сите граѓани. Проектот Чебрен, односно ХЕЦ на Црна Река се случува во време кога гледаме што значи да се биде енергетски независен и безбеден. Може да се каже дека е вистинското време, но јас би рекол дека ова требаше да се направи одамна. Особено морам да го напоменам фактот што со ХЕЦ Чебрен и домашното производство на електрична енергија, значи производство и дистрибуција до домаќинствата по многу пониска цена на електрична енергија од она што денеска граѓаните го плаќаат, чувствувајќи ги директно последиците од енергетската криза, истакнува Нуредини. Процесот на доставување понуди заврши по што е во тек втората фаза на евалуација на доставената понуда од компанијата „ППС“ од Грција како единствена компанија што помина во оваа фаза, вели Нуредини, одговарајќи на прашањата дали овој проект конечно ќе успее и до каде е постапката за избор на фирма партнер која ќе ја гради хидроцентралата. Вели дека се останати уште помалку од 30 дена од фазата на евалуација. – Имаме помалку од 30 дена за завршување на евалуацијата и проверка на доставената документација. Доколку е се во ред се понудата, следната фаза на овој проект е потпишување на договорот за Чебрен. Овој проект е изводлив и ќе успее. Особено знаејќи дека Чебрен е еден од најважните и најголеми инфраструктурни проекти во нашата држава. За доброто на државата и за граѓаните е овој проект да успее, дополнува Нуредини.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nuredini-chebren-kje-snabduva-so-struja-180-000-domakjinstva/feed/ 0
Ќе се врши вонреден инспекциски надзор во инсталациите кои имаат А Интегрирана еколошка дозвола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-vrshi-vonreden-inspekciski-nadzor-vo-instalaciite-koi-imaat-a-integrirana-ekoloshka-dozvola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-vrshi-vonreden-inspekciski-nadzor-vo-instalaciite-koi-imaat-a-integrirana-ekoloshka-dozvola/#respond Mon, 03 Oct 2022 13:23:45 +0000 https://kurir.mk/?p=740450

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешниот брифинг информираше дека ќе се вршат вонредни инспекции во инсталациите кои имаат А Интегрирана еколошка дозвола. -Бараме Државниот инспекторат да соработува со локалниот инспекторат и тие да имаат можност, без најава, да влегуваат во инсталациите и да вршат вонредни инспекциски надзори, посочи Нуредини. Министерот упати апел до граѓаните да пријавуваат во Инспекторатот за животна средина, доколку забележат загадување. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-vrshi-vonreden-inspekciski-nadzor-vo-instalaciite-koi-imaat-a-integrirana-ekoloshka-dozvola/feed/ 0
Министерот за животна средина Нуредини со молба до граѓаните ова зимо: Внимавајте со што се греете https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-za-zivotna-sredina-nuredini-so-molba-do-gragjanite-ova-zimo-vnimavajte-so-shto-se-greete/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-za-zivotna-sredina-nuredini-so-molba-do-gragjanite-ova-zimo-vnimavajte-so-shto-se-greete/#respond Mon, 03 Oct 2022 12:17:44 +0000 https://kurir.mk/?p=740400

Со оглед на енергетската криза, најверојатно ќе има зголемување на аерозагадувањето, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, упатувајќи прит тоа апел до граѓаните да водат грижа, како ги загреваат домаќинствата, односно да не користат материјали кои ја загадуваат животната средина. – Ние ќе увеземе мазут и јаглен, најмалку што бараме е да се почитуваат стандардите за мазутот и јагленот што ќе го увезуваме. Свесни сме дека институциите – болници, градинки, училишта… се најголемите загадувачи. Најверојатно оваа зима ќе има зголемување на аерозагадувањето, потенцираше Нуредини. Тој истакна дека за жал ова не е ситуација само кај нас, туку во цела Европа и рече дека проблемот е што ние 30 години не сме инвестирале во енергетика во државата. – Јас разбирам дека е тешко време, но апелирам до сите да внимаваме со што се грееме, колку грееме и да бидеме енергетски поефикасни, посочи Нуредини, напомнувајќи дека граѓаните можат  да се греат со дрва и пелети, кои се според стандардите, а не со материјали кои при согорувањето испуштаат штетни материи, кои прво го загадуваат домот, а потоа и околината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-za-zivotna-sredina-nuredini-so-molba-do-gragjanite-ova-zimo-vnimavajte-so-shto-se-greete/feed/ 0
Нуредини: Термоелектраните имаат А интегрирана дозвола, ќе има контроли дали се почитуваат стандардите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuredini-termoelektranite-imaat-a-integrirana-dozvola-kje-ima-kontroli-dali-se-pochituvaat-standardite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuredini-termoelektranite-imaat-a-integrirana-dozvola-kje-ima-kontroli-dali-se-pochituvaat-standardite/#respond Wed, 21 Sep 2022 10:08:30 +0000 https://kurir.mk/?p=735668

Сите термоелектрани во нашата држава имаат А интегрирана дозвола. Секогаш бараме сите институции да ги почитуваат стандардите. Зедно со Министерството за економија ќе направиме контроли и ќе видиме дали се почитуваат стандардите, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во пресрет на зимската сезона во која, според најавите, поголем дел од енергетските капацитети во земјата ќе работат на јаглен и мазут. Според Нуредини, во последните години се забележува намалување на аерозагадувањето во земјава. – На добар пат сме. Никогаш не е лесно да се намали аерозагадувањето, но го менуваме начинот на греење во државните институции и ги поддржуваме граѓаните со субвенции, посочи Нуредини, одговарајќи на новинарски прашања во Тетово по официјалниот почеток на проектот „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“. Нуредини очекува дека ќе има и поефикасни контроли со новиот закон со кој се отвара можноста Државниот инспекторат за животна средина да соработува со локалните инспектори. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuredini-termoelektranite-imaat-a-integrirana-dozvola-kje-ima-kontroli-dali-se-pochituvaat-standardite/feed/ 0