насер зибери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 20:40:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png насер зибери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зибери: Има многу отворени прашања на кои треба да се одговори за инцидентот во затворот Идризово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-ima-mnogu-otvoreni-prashana-na-koi-treba-da-se-odgovori-za-intsidentot-vo-zatvorot-idrizovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-ima-mnogu-otvoreni-prashana-na-koi-treba-da-se-odgovori-za-intsidentot-vo-zatvorot-idrizovo/#respond Wed, 01 Nov 2023 20:27:11 +0000 https://kurir.mk/?p=895522

Народниот правобранител Насер Зибери вели дека има многу отворени прашања на кои треба да се одговори во врска со инцидентот што викендот се случи во затворот „Идризово“ кога беа повредени полицајци и затвореници. Зибери вечерва на гостување на телевизија „Телма“ рече дека се обезбедени записите од видео надзорот кои не се доволно квалитетни бидејќи нема видео запис кој перманентно ги следи просториите во сите делови. Дел од камерите, како што посочи, не биле вклучени, а дел се свртени од страна на двајца затвореници. Зибери посочи дека во неделата биле во полуотвореното одделение, но поради тоа што било неработен ден, не успеале да ги обезбедат сите потребни докази што ги барале по што вчера повторно биле во затворот и ги обезбедиле снимките од видео надзорот. - Велам дека се недоволно квалитетни, бидејќи нема видео запис кој перманентно ги следи просториите во сите делови. Второ, дел од камерите не биле вклучени и свртени во просторијата каде што требало да биде снимен записот. Трето, во еден дел се гледа на почетокот на изведување на акцијата како двајца затвореници ги свртуваат камерите. Дали сметале дека не се добро насочени, па да ги пренасиле или намерата им била да не биде снимен целиот настан? Не можам да дадам мериторен одговор, но се гледа дека двајца затвореници ги пренасочуваат камерите. Моментот кога овие затвореници ги фаќаат камерите и ги пренасочуваат камерите се случува на почетокот на акцијата, рече Зибери. Ваквата постапка на затворениците, според Зибери, го отвара прашањето зошто е дозволен пристап на затвореници во делот каде што се врши видео надзорот. - Постојат правила каде можат да се движат затворениците. Иако тој оддел на затворот Идризово има третман на полуотворен затвор, сепак и таму, според Законот за извршување на санкции и според правилникот за куќниот ред на затворот, строго се предвидени и определени патеките по кои можат да се движат затворениците, појаснува Зибери. Додаде дека сеуште го немаат добиено судскиот налог, барањето на ОЈО упатено до судија во претходна постапка и наредбата на судијата во претходна постапка до МВР. -Да ги видиме причините поради кои доаѓа до акцијата на МВР бидејќи согласно Законот за извршување на санкции, претрес на затвореници и на простории во затворите врши затворската полиција. Се поставува прашањето зошто претресот е направен од МВР?. Денес низ разговори на оваа тема добив информација дека е можно истрагата да опфати и лица кои се дел од затворската полиција. Ние сакаме да се увериме во исправноста на целата акција, потенцира Зибери. Посочи дека ќе побараат одговор од Бирото за јавна безбедност дали е направена добра безбедносна проценка при влегувањето на припадниците на МВР и дали МВР добила валидни информации од управата на затворот за состојбата внатре. - Убеден сум дека доколку имаше подобра координација и комуникација меѓу службите, можеше да се превенира и последиците да не бидат од овој карактер, рече Зибери. Според него, во затворите отсуствува добрата контрола што се се внесува внатре и се поставува прашањето дали затворската полиција ја извршува својата работа. -Се помалку отсуствува контролата кој се влегува во затворите и што се се внесува. Арсеналот што го презентираше полицијата, а е пронајден при претресот, е внесен однадвор и оттука се поставува прашањето колку службите ја вршат својата работа, рече Зибери. Зборувајќи за условите во психијатриските болници и во дел од полициските станици, посочи дека условите во полициската станица во Бутел се лоши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-ima-mnogu-otvoreni-prashana-na-koi-treba-da-se-odgovori-za-intsidentot-vo-zatvorot-idrizovo/feed/ 0
Зибери: Измените на Кривичниот законик се проблематични, требаше да бидат донесени со сериозна расправа и доволно аргументи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-izmenite-na-krivichniot-zakonik-se-problematichni-trebashe-da-bidat-doneseni-so-seriozna-rasprava-i-dovolno-argumenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-izmenite-na-krivichniot-zakonik-se-problematichni-trebashe-da-bidat-doneseni-so-seriozna-rasprava-i-dovolno-argumenti/#respond Thu, 14 Sep 2023 19:11:31 +0000 https://kurir.mk/?p=878190

Народниот правобранител Насер Зибери смета дека измените на Кривичниот законик се проблематични од аспект на процедурата, бидејќи била кратка без можност за сериозна расправа. Правобранителот Зибери во вечерашното гостување во Канал 5 телевизија истакна дека сериозна расправа ќе дадела доволно аргументи. -Лично мислам дека измените на Кривичниот законик се проблематични од аспект на многу кратката процедура по која се донесоа, без можности за сериозна расправа, а се менуваат одредби кои се многу сензитивни. Второ, мислам дека една сериозна расправа ќе дадеше доволно аргументи дали се тие потребните мерки кои треба државата да ги преземе и дали се тие делата кои треба да бидат на некој начин намалени казните. Реакциите како што можевте да видите не само од јавноста, туку и од специјализирани институции по овие прашања за жал не одат во прилог на мерките, изјави Зибери. Тој воедно се осврна на претставките кои ги добивале по однос на недостаток на лекови на Онкологија. -Имавме претставка една, но и од медиумите перманентно ова прашање беше актуелно и Народниот правобранител освен по претставки постапува и по сопствена иницијатива кога ќе има доволно информации и индикации дека се повредуваат правата на граѓаните, а посебно се сензитивни правата на граѓаните во областа на здравствената заштита и не само по овој домен, туку и за другите проблеми кои во здравствениот систем се појавија во минатиот период како недостатокот на лекот „трикафта“ и на други помагала за кои имавме голем број на преставки од страна на граѓаните, истакна народниот правобрнаител. Тој кажа дека во извештајот за 2022 година, меѓу другото бил нотиран проблемот со брзите кредити и кражбата на лични податоци. -Ние го нотиравме и во Годишниот извештајот за 2022 година и кажавме дека институцијата Народен правобранител нема надлежност да постапува по финансиските друштва затоа што тие се приватни субјекти, а Народниот правобранител постапува само по јавниот сектор, односно администрацијата, но го актуализиравме како проблем и баравме измени во Законот за финансиско работење, за среќа Собранието брзо реагираше и дел од измените одат во насока на надминување на некои проблеми како преголемите износи на наплатување, за администрирање на нови кредите како преголемите износи кои се принудени граѓаните да ги плаќаат доколку ако доцнат со враќање на кредите и сл., појасни Зибери. Тој посочи дека сепак Законот не ги решил сите проблеми. -Но, за жал Законот не ги реши другите две серозни прашања, а тоа е начинот на апликација за користење на ваквите кредити таканаречената електронска аплицкација и овој начин на апликација директно овозможи злоупотреба на податоците, односно злоупотреба на личните карти кои се користат при подигнување на брзите кредити, но тука сме надлежни и водиме две постапки каде лицата се жртви на злоупотреба на вакви податоци. Сметам дека треба да се доработи Законот и во таа насока имаше средба во Владата каде бев повикан и се разговараше како да се елиминираат овие појави, појаси Зибери. Во однос на почитувањето на одредбите за застарување на долговите од страна на извршителите, Зибери рече дека не се почитуваат одредбите за застарување на долговите, а дел од извршителите се повикуваат на правилник од Министерството за правда, кој не може да има поголемо значење од Законот. Тој информира дека Канцеларијата на народниот правобранител сѐ  уште најголем број претставки добива поради работата на извршителите. Говорејќи за затворите, народниот правобранител оцени дека состојбата е катастрофална, и посочи дека иако амнестија не е решение, тоа барем во моментот ќе ја ублажи ситуацијата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-izmenite-na-krivichniot-zakonik-se-problematichni-trebashe-da-bidat-doneseni-so-seriozna-rasprava-i-dovolno-argumenti/feed/ 0
Народен правобранител: Владата да ја разгледа можноста за покривање на трошоците за сите што, не по нивна вина, ќе останат без валидни лични карти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naroden-pravobranitel-vladata-da-ja-razgleda-mozhnosta-za-pokrivane-na-troshotsite-za-site-shto-ne-po-nivna-vina-ke-ostanat-bez-validni-lichni-karti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naroden-pravobranitel-vladata-da-ja-razgleda-mozhnosta-za-pokrivane-na-troshotsite-za-site-shto-ne-po-nivna-vina-ke-ostanat-bez-validni-lichni-karti/#respond Thu, 24 Aug 2023 14:21:26 +0000 https://kurir.mk/?p=870538

Владата уште еднаш да ја разгледа можноста за евентуално покривање на трошоците во најмала рака за личните карти, обврска која се наметнува со самиот Закон за лични карти. За сите граѓани кои не по нивна вина остануваат без валидна лична карта, државата да го сноси финансискиот трошок, вели народниот правобранител Насер Зибери во изјава за МИА. Зимбери посочува дека до Народниот правобранител изминатиот период пристигнувале претставки по два основа, односно немање можност за закажување термин за промена на документи и финансиски товар. -Нашите надлежности се лимитирани во насока на надминување на проблемот. Ние скоро секојдневно го покренуваме прашањето и ја информираме јавноста дека стигнуваат претставки. Врз основа на тие претставки  ние се обраќаме до надлежните институции, во случајот до Министерството за внатрешни работи. Овој проблем се отвори последните денови откако граѓаните не можеа да добијат термин за отпочнување на постапката за обновување на документи, изјави Зибери. Според него, направен е пропуст со тоа што надлежните институции не почнале со издавање на личните документи со новото име од денот кога е донесена одлуката. - Претпоставувам дека МВР имале намера да ги искористат старите обрасци, а тоа пак доведе до оваа ситуација во која сме доведени односно голем број граѓани да се изложат на дополнителен трошок и да не можат да добијат термин да ги обноват своите лични документи. Од тие причини, сметам дека Владата не направи добра проценка, ниту донесе некаков Оперативен план за спроведување на оваа активност што значи граѓаните се ставаат во крајно неповолна ситуација, појаснува Зибери. Тој посочи дека со ова граѓаните се доведуваат во ситуација да не можат да си остварат и други права како што се подигнување на плата, пензија, право на социјална помош, уплата на рата, право на глас и слично. Граѓаните до февруари 2024 година, имаат законска обврска да ги сменат личните документи на кои наместо Република Македонија, треба да стои новото име Република Македонија кое произлегува од Преспанскиот договор. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naroden-pravobranitel-vladata-da-ja-razgleda-mozhnosta-za-pokrivane-na-troshotsite-za-site-shto-ne-po-nivna-vina-ke-ostanat-bez-validni-lichni-karti/feed/ 0
Народен правобранител: Граѓаните не се должни да плаќаат за новите документи, тоа треба да се плати од државниот буџет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naroden-pravobranitel-graganite-ne-se-dolzhni-da-plakaat-za-novite-dokumenti-toa-treba-da-se-plati-od-drzhavniot-budhet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naroden-pravobranitel-graganite-ne-se-dolzhni-da-plakaat-za-novite-dokumenti-toa-treba-da-se-plati-od-drzhavniot-budhet/#respond Tue, 22 Aug 2023 18:12:10 +0000 https://kurir.mk/?p=869762

Народниот правобранител Насер Зибери, за Алфа ТВ вели дека граѓаните кои имаат важечка лична карта, не треба да плаќаат за нова само поради новото уставно име, туку тоа треба да се плати од државниот буџет. „Како обврска што ја наметнува државата, поседувањето на личната карта, а како резултат на одлука на државата, да се променат личните карти, во тој случај логично е, граѓаните да не бидат изложени на трошоци, зошто таа обврска се наметнува не по нивна вина, не поради истек на исправата, туку како резулатат на одлука на владата, на собранието, односно, државата. И од тие причини сметам дека граѓаните треба да бидат поштедени од еден ваков трошок“ – реагира Зибери. Реакцијата на правобранителот следи откако министерот Спасовски вчера откри дека уште 800.000 граѓани немаат лични документи на кои стои новото име со додавката “Северна”, кои пак важат до февруари идната 24та, која инаку е и изборна година. Зибери додава дека слична ситуација е и кога општина би променила име на улица, па адресата на личната карта може да е поразлична, но, во тој случај, документот не престанува да важи се дури не му истече пропишаниот рок, за разлика од оваа ситуација. Смета дека не смее да се дојде до момент, граѓаните да го изгубат избирачкото право и да не можат да гласаат на престојните избори. „Апсолутно сметам дека секој што ќе има лична исправа, значи лична карта или патна исправа, без оглед што нема да биде усогласена со новите измени на уставот, а има рок на важност, треба да го оствари своето право на глас, во спротивно ќе имаме серизони проблеми, може да се доведе во прашање легитимитетот на изборит, а од друга страна секако дека ќе се ускрати едно основно со Устав загарантирано право“ – смета правобранителот. Тој додава оти ветувањата на Спасовски дека граѓаните нема да бидат казнети не е решение, бидејќи ќе се појават многу други проблеми, да не можеме да завршиме работа во банка, на нотар, суд и сите други јавни институции. Инаку, на трошок на граѓаните поради додавката „Северна“ не се само личните карти. До февруари 24та ќе треба да се променат и пасоши, возачки и сообраќајни дозволи, како и регистарски таблички на автомобилите, кои според пресметките, севкупно може да чини безмалку 4000 денари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naroden-pravobranitel-graganite-ne-se-dolzhni-da-plakaat-za-novite-dokumenti-toa-treba-da-se-plati-od-drzhavniot-budhet/feed/ 0
Петнаесет затвореници на 14 квадрати во Идризово, во Демир Хисар се користеле синџири и ремени, персоналот во Бардовци под закани и напади! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petnaeset-zatvorenitsi-na-14-kvadrati-vo-idrizovo-vo-demir-hisar-se-koristele-sindhiri-i-remeni-personalot-vo-bardovtsi-pod-zakani-i-napadi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petnaeset-zatvorenitsi-na-14-kvadrati-vo-idrizovo-vo-demir-hisar-se-koristele-sindhiri-i-remeni-personalot-vo-bardovtsi-pod-zakani-i-napadi/#respond Mon, 26 Jun 2023 13:51:44 +0000 https://kurir.mk/?p=849773

Катастрофална состојба и нехумани услови во затворите и психијатриските болници во земјава се старо новите проблеми кои се нотирани во годинешниот Извештајот на Националниот превентивен механизам. -Конфликтите меѓу пациентите се многу чести, персоналот не може да воспостави ред, забележани се физички напади меѓу пациентите, ситуацијата е алармантна. Нотирани се чести бегства од неколку дена до неколку месеци, а тоа е, пред сè, поради лошите услови во институциите, слабиот менаџмент и недостигот на соодветен кадар, истакна денеска омбудсманот Насер Зибери, во врска со состојбите во судските одделенија на психијатриските болници во државава. Презентирајќи го, Зибери како сериозен проблем ја посочи нередовноста во примањето терапија на пациентите во Психијатриската болница-Скопје, како и заканите и нападите кон болничкиот персонал. -За време на посетата беше констатирано дека персоналот не може да воспостави ред во примањето на терапијата од страна на пациентите. Беа добиени наводи дека персоналот се соочува со закани и напади што во минатото резултирале со нанесување на телесно повреди на болничкиот персонал, потенцира Зибери, кој додаде дека добиле наводи и за воспоставена неформална хиерархија меѓу пациентите на „надредени и подредени“. Слична состојба била констатирана и во Психијатриската болница во Демир Хисар, каде што целиот објект бил во лоша состојба, хигиената не се одржувала на соодветно ниво, што упатувало на итно преземање мерки за целосно реновирање на објектот. -При посетата на едно од работните одделенија на персоналот беа пронајдени кожени ремени за фиксација, за кои ни беше истакнато дека не се користат. Беа пронајдени и метални синџири со катанче, во друга просторија беше забележан цврст кабел, за што вработените немаа одговор зошто е таму, ниту која му е намената. Имајќи предвид дека ваквите средства може да послужат за заплашување, малтретирање или друго несоодветно постапување со пациентите, народниот правобранител особено ја нагласува забраната за чување и користење метални синџири на одделенијата и воопшто во болниците, потенцира Зибери. На презентацијата на Извештајот, омбудсманот се осврна и на состојбите во казнено-поправните установи, каде што „генерална констатација е дека сè уште се присутни проблемите поврзани со прекубројноста на осудените лица и несоодветните материјални услови во кои што се сместени“. – Во најголемиот затвор во државава „Идризово“, во таканареченото затворено одделение во најголемиот дел од просториите не се почитуваат Европските затворски правила, според кои како минимален стандард за сместување лица лишени од слобода се налагаат четири метри квадратни индивидуален простор во заедничко домување, или шест метри квадратни во самостојно домување, истакна Зибери. Тој го посочи дека во Казненопоправната установа во една од просториите, со површина од 14,28м2, беа сместени 15 осудени лица, од кои шестмина осуденици спиеле на душеци на подот, а останатите на кревети на четири ката. -Во друга просторија од 21,5 м2 беа сместени 11 осудени лица, додека во трета просторија во истото крило, во просторија од 19,4 м2 беа сместени 10 осудени лица, истакна Зибери и додаде дека и во т.н. четврто крило биле сместени 124 затвореници, од кои 36 спиеле на душеци на подот во ходникот и користеле заеднички тоалет. Како загрижувачка, ја посочи состојбата и во затворската амбуланта каде што биле сместени вкупно 96 осудени лица, односно, 114 лица заедно со т.н. старечко одделение. -Во една од просториите со 15м2 беа сместени 13 осудени лица, а од сместените осуденици се доби информација дека спијат по двајца истовремено во еден кревет или на смени и на земја, истакна Зибери и посочи дека осудениците се пожалиле на нефункционирање на бањите и честиот недостиг на топла вода. Затворениците во затворот „Идризово“ се жалеле и на корупција, но не сакале да зборуваат јавно. -Ова е сè уште актуелен проблем, односно дека за добивање на одредена погодност сè уште се користи начин што подразбира плаќање одредени погодности, истакна Зибери. Тимот на Народниот правобранител минатата година го посетил и битолскиот затвор каде што констатирале недоволна екипираност со кадар, а исто така била извршена и ненајавена контрола на Воспитно-поправниот дом „Тетово“ за да се испита степенот на спроведување на препораките од 2021 година. -Останува на сила препораката дадена минатата година, дека МОН, во координација со УИС, казненопоправните и воспитно-образовните установи, да пристапат кон реализација на обврската да се обезбеди образование на секое осудено лице на казна затвор и на секое дете на коешто му е изречена воспитна мерка, истакна Зибери, кој на крајот на вчерашната прес-конференција изрази незадоволство од „игнорантскиот однос на властите кон овој механизам, преку континуирано кратење на буџетот, со што ја доведува во прашање неговата работа.“ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petnaeset-zatvorenitsi-na-14-kvadrati-vo-idrizovo-vo-demir-hisar-se-koristele-sindhiri-i-remeni-personalot-vo-bardovtsi-pod-zakani-i-napadi/feed/ 0
Зибери лани двапати влегол во „Бардовци“ – пациентите го тепале болничкиот персонал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-lani-dvapati-vlegol-vo-bardovtsi-patsientite-go-tepale-bolnichkiot-personal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-lani-dvapati-vlegol-vo-bardovtsi-patsientite-go-tepale-bolnichkiot-personal/#respond Mon, 26 Jun 2023 09:22:45 +0000 https://kurir.mk/?p=849667

Персоналот во Психијатриската болница ,,Скопје” не може да воспостави ред во примањето на терапија од страна на пациентите. Народниот правобранител, Насер Зибери на прес-конференција ги презентираше податоците од Годишниот извештај на Национален превентивен механизам. Народниот правобранител во текот на 2022 година двапати бил во ненајавена посета на психијатриските болници во Скопје и Демир Хисар. Како што рече Зибери, персоналот во Бардовци се соочувал со закани и напади кои бо минатото резултирале и со телесни повреди на болничкиот персонал. -Конфликите мегу пациентите на одделението се многу чести, во одредени случаи вербалните караници резултирале и со мегусебни физички напади, а беа добиени наводи и за воспоставена неформална хиерархија меѓу пациентите на надредени и подредени. Ситуацијата е особено алармантна во попладневните и вечерните часови кога на одделението има присутно само еден медицински техничар и еден болничар, рече Зибери. Чести се и бегствата од оваа болница. Омбудсман нотира дека главната причина се лошите услови за престој, недостатокот на организирани активности и неодобрување на терапевстки викенди. -Материјалните услови во судското одделение во Психијатриска болница „Скопје" не ги задоволуваат стандардите коишто упатуваат на потребата од создавање позитивна терапевстка средина. Потребно е итно преземање мерки за целосно реновираье на објектот со цел подобрување на материјалните услови како за пациентите така и за вработените, во смисла на создавање соодветни работни услови. Болницата нема можност да понуди широк дијапазон на рехабилитативни и терапевтски активности, па во оваа смисла беше констатирано дека само мал дел дел од пациентите се вклучени во работна терапија (шиење, перење) или во креативни работилници, нотира Зибери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-lani-dvapati-vlegol-vo-bardovtsi-patsientite-go-tepale-bolnichkiot-personal/feed/ 0
Зибери пред пратениците: Се повеќе граѓани поднесуваат претставки до Народниот правобранител https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-pred-pratenitsite-se-poveke-gragani-podnesuvaat-pretstavki-do-narodniot-pravobranitel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-pred-pratenitsite-se-poveke-gragani-podnesuvaat-pretstavki-do-narodniot-pravobranitel/#respond Mon, 24 Apr 2023 12:20:50 +0000 https://kurir.mk/?p=826974

Народниот правобранител Насер Зибери денеска пред пратениците го презентираше извештајот за работата за минатата година. Бројот на поднесените претставки од граѓаните до оваа институција е зголемен за речиси 20 отсто, во однос на претходната година. Граѓаните и натаму најмногу се жалеле на постапките за извршување, за вработување, за исплатата на плати и други надоместоци, за повреда на нивните права како потрошувачи, за проблемите кои ги имаат при наплатата на даноците, денационализацијата, за работата на полицијата, за повреда на правата во постапките од имотно-правните односи, во постапките поврзани со урбанизмот, домувањето, бараа заштита на нивните права пред единиците на локалната самоуправа и.т.н. Претставки имало и од затворениците, посебно за остварување на правото на здравствена заштита, но и за лошите услови за престој. -Статистиката покажува дека во извештајната 2022 година беа примени и заведени 3.209 преставки, а 273 предмети беа пренесени од претходната година или вкупно постапено е по 3.482 предмета. Бројката на примени преставки претставува зголемување за околу 20 отсто во однос на минатата година што е очекувано со оглед на фактот што состојбата по пандемијата се стабилизираше и сите институции вклучувајќи го и народниот правобранител работеа во полн капацитет и во однос на време и во однос на бројот на вработените, рече Зибери. Од вкупниот број на поднесени претставки постапка е покрената по 2.173 додека за 737 поради надлежноста истата не беше покрената. Од покренатите постапки во 683 случаи народниот правобранител констатираше повреда на човековите права и постапувал во целост. Од вкупно 3.209 претставки заведени во 2022 година најголем број или 1.344 или 41,85 се однесуваат на повреда на правата вод страна на јавните служби и установи. 763 или 23,78 отсто се однесуваат на повреда на правата од страна на централната власт. 350 претставки или 10,91 се однесуваат на повреда на правата од страна на локалната власт, 277 или 8,63 се однесуваат на повреда на правата од страна на судската власт, додека 168 претставки се однесуваат на повреда на правата од страна на правните лица. -Најголемиот број на примени и заведени преставки се однесуваат за заштита за правата од областа на правосудството од кои 534 се или 16,64, рече Зибери. Потоа следат претставки од потрошувачките права со 337 преставки, од работните односи 288, од областа на детските права 252, од имотно правната област 208, од казнено - поправните и воспитно поправните установи 206, од социјалата заштита 151, од областа на заштита на правата при полициско овластување 146, од урбанизмот и градбата 144, финансиите и финансиско работење 139, граѓански состојби и други внатрешни работи 133 пензиско инвалидско осигурување 112 , недискриминација и соодветни правично застапено 76, итн. -Оваа извештајна година најголем број на конститирани повреди од областа се од заштита на правата на децата или вкупно 103 што претставува 15, 08 отсто од кои во 87 случаи институциите постапија по укажување на Народниот правобранител. Потоа следуваат претставки од областа на правосудството по кои се констаиурани 89 повреди, во 62 случаи биле прифатени укажувањата на правобранителот. Правобранителот Зибери потенцира дека најмногу загрижува податокот за најмногу повреди кај децата, а правобранителството утврдило натежок облик на дискриминација односно сегрегација во две училишта во Битола и во Штип. -За овој случај Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во која е констатирана сегрегација. Станува збор за ОУ Ѓорѓи Сугаре во Битола и за ОУ Гоце Делчев во Штип каде констатиравме дека има паралелки кои претежно се составени од ромски деца. Во овие училишта зачестени се појавите за двање на согласности за запишување на ученици најчесто од македонска етничка заедница во други општински училишта иако според местото на живеење учениците ги опфаѓаат наведените училишта, рече Зибери. Додаде дека на согласности инсистираат нивните родители кои, според него, не сакаат нивните деца да учат со Роми. Тоа во пракса доведува до препознавање на училишта со повеќе Роми што во пракса доведува до ромски училишта. Укажа на потребата од образовни асистенти за ученици со попреченост во средните училишта. Побара системско и трајно решение за овие лица. Побара од пратениците измените на законот за средно училиште да се донесе. Зибери исто така укажа на потребата за учебници на учениците. Зибери пред пратениците зборуваше и за други повреди и претставки, како и за одредени состојби констатирани од Народното правобранителство. Дејанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека нема никаков фидбек од страна на Владата за преземање на мерки за надминување на прекршувањата и препораките на народниот правобранител. -Во делот на правосудството и понатаму се бележат истите констатирани состојби кои укажуваат на проблеми на граѓаните поради долготрајноста на судските постапки, неефикасност на Управните судови, како и контиунирано поднесување на претставки во кои се посочува на нестручност, незаконско и несовесно постапување на судската власт, рече Ефтимов цитирајќи делови од Извештајот. Пратеникот смета дека извештајот е обемен и оти Владата не го почитува Народниот правобранител. Седницата ќе продолжи во 14 и 30 часот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-pred-pratenitsite-se-poveke-gragani-podnesuvaat-pretstavki-do-narodniot-pravobranitel/feed/ 0
Пратениците ја завршија расправата по годишниот извештај на Народниот правобранител, седницата продолжува в среда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenitsite-ja-zavrshija-raspravata-po-godishniot-izveshtaj-na-narodniot-pravobranitel-sednitsata-prodolzhuva-v-sreda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenitsite-ja-zavrshija-raspravata-po-godishniot-izveshtaj-na-narodniot-pravobranitel-sednitsata-prodolzhuva-v-sreda/#respond Mon, 13 Mar 2023 18:29:27 +0000 https://kurir.mk/?p=811517

Пратениците во рамки на 71 седница, денеска попладне ја завршија расправата по годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2021 година.

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски информира дека листата на пријавени за збор е исцрпена и дека за гласањето по извештајот дополнително ќе информираат, а дека седницата продолжува во среда.

Претходно, Народниот правобранител Насер Зибери во обраќањето на седницата апелираше до пратениците, Годишниот извештај заедно со предлог-мерките кои што ги утврдува Собранието на пленарна седница да се разгледаат во пооптимален рок.

Тој појасни дека набргу ќе дојде и Извештајот за 2022 година и за тоа расправата за 2022 година ќе станат стари, а мерките кои што согласно Законот за народниот правобранител ги утврдува Собранието и ги доставува до Владата за надлежно постапување, стануваат несоодветни заради заостанато време за кое што се разгледува.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenitsite-ja-zavrshija-raspravata-po-godishniot-izveshtaj-na-narodniot-pravobranitel-sednitsata-prodolzhuva-v-sreda/feed/ 0
Зибери: Зголемен бројот на поплаки од граѓани за дискриминација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-zgolemen-brojot-na-poplaki-od-gragani-za-diskriminatsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-zgolemen-brojot-na-poplaki-od-gragani-za-diskriminatsija/#respond Tue, 28 Feb 2023 10:52:02 +0000 https://kurir.mk/?p=805983

Зголемен е бројот на поплаки за дискриминација што ги добил Народниот правобранител во 2022 - биле поднесени 76 односно над 30 повеќе од претходната година, соопшти народниот правобранител Насер Зибери на отворањето ан конференцијата „Дали Република Северна Македонија е фер земја? Како институциите заеднички да ја унапредат борбата против дискриминацијата?“ во организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Бројот и видот на претставки, рече тој, се совпаѓа со наодите од анкетата на Центарот за управување со промени (ЦУП) и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и нагласи дека „тоа навистина загрижува ако се земе предвид дека постои и соодветна комисија (КСЗД) која исто така добива претставки по основ на дискриминација. Според пристигнатите претставки и оние што Народниот правобранител ги отворил по сопствена иницијатива, најбројни се во областа на работа и работни односи, потоа пристап до други услуги, правосудство и управа, домување, образование, наука, спорт, социјална сигурност итн. -Ме загрижува високиот процент на недоверба на граѓаните во институциите за заштита од дискриминација, многу висок процент на граѓани кои не се охрабруваат да посегнат кон покренување инструменти за заштита бидејќи однапред се депримирани односно немаат доверба во институциите. Ова треба да ја загрижува Владата, но и Собранието зашто тие се фактори што ги креираат политиките, рече Зибери. Исто така, рече и дека Владата и Собранието, кои ги поддржуваат овие национални тела за заштита на човековите права, со постојаното кратење на нивните буџети и несоздавање соодветни услови за функционирање, немањето доволно ресурси и кадар, не придонесуваат во позитивни резултати. И институцијата што тој ја предводи - Народен правобранител, рече, поради постојаното кратење на буџетот не е целосно достапна за лицата што бараат остварување на нивните права, како во Скопје, така и во регионалните организации. Според Зибери, за да се практикува толеранција наспроти дискриминација, во општеството треба да се создава култура на еднакви и фер можности, а за да се постигне тоа е потребно време и вклучување на сите фактори. Голема улога имаат родителите при воспитувањето на децата за прифаќање на различностите, потоа наставниците тоа да го надградат, а не помалку важна е, рече тој, и улогата на медиумите. -Но никако не смееме да ги заборавиме и институциите каде што граѓаните ги остваруваат своите права и кои на секој поединец мора да му овозможат да ги оствари своите права без да се има предрасуди за неговиот пол, политичка определба, вера, боја на кожа и социјален статус, истакна Зибери. Поради економски фактори, додаде Зибери, во државава луѓето дневно се соочуваат со дискриминација. Ја посочи и инклузивноста на лицата со попреченост која, рече, од банални причини наидува на проблеми, како што е непристапност поради бетонски бариери. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на отворањето на конференцијата истакна дека неинформираноста и неприфаќањето на различноста е еден од клучните причини за постоење на дискриминацијата и тоа е прашање на кое, нагласи таа, „мора заеднички да се фокусираме во иднина и да креираме мерки со цел да се обезбеди еднаков третман на сите граѓани и подигање свеста кај граѓаните“. -Дискриминацијата, нееднаков третман и непочитување на луѓето е кршење на човековите права и напад врз општеството во целина. Токму затоа борбата со дискриминацијата е обврска и приоритет на Владата, МТСП и на сите институции. Наша заедничка одговорност е да создадеме услови за квалитетно живеење и остварување на правата на секој граѓанин, истакна Тренчевска. Посочи дека МТСП посветено работи на остварување на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација со временска рамка 2022-2026 и Акцискиот план 2022-2024, што опфаќа и градење на капацитетите на вработените во јавните институции за спроведување на овие политики. Соопшти дека во Ресурсниот центар за креирање родово одговорни политики и буџети, воспоставен минатата година, лани се спроведени десерт обуки за недискриминација и обучени 165 лица од јавната администрација. Подготвени се и два електронски модула за обука за еднаквост и недискриминација кои се поставени на веб-страницата на Министерството за информатичко општество и администрација. Воспоставувањето на националното координативно тело за еднаквост и недискриминација, рече Тренчевска, претставува практична алатка коа има широки надлежности во однос на следењето на состојбата, давањето конкретни предлози за подобрување на системот во државата што во изминатиот период резултирало со изработка на неколку анализи, како и предлози за измени и дополнување на конкретни закони. Тренчевска соопшти дека се работи и на Предлог-закон за спречување за заштита од вознемирување на работно место, со тенденција да се даде силен превентивен аспект, но и да се усогласи со меѓународните стандарди особено со конвенциите на Меѓународната организација на трудот. Со тоа, рече таа, ќе се прошири опсегот на важечките антидисркиминаторски одредби. Министерката во обраќањето рече и дека се подготвува нов закон за родова еднаквост, од кој меѓу другото, се очекува ефект во справување со предрасуди и стереотипи поврзани со родовите улоги. МТСП и Владата, нагласи Тренчевска, ќе продолжат да се борат и против социјална исклученост и ќе промовираат социјална правда и рамноправност меѓу жените мажите и солидарност меѓу генерациите.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-zgolemen-brojot-na-poplaki-od-gragani-za-diskriminatsija/feed/ 0
Зибери: Без поактивна улога на сите сегменти на власта, тешко дека ќе има посериозно подобрување со довербата во правосудството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-bez-poaktivna-uloga-na-site-segmenti-na-vlasta-teshko-deka-kje-ima-poseriozno-podobruvanje-so-doverbata-vo-pravosudstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-bez-poaktivna-uloga-na-site-segmenti-na-vlasta-teshko-deka-kje-ima-poseriozno-podobruvanje-so-doverbata-vo-pravosudstvoto/#respond Tue, 20 Dec 2022 12:07:51 +0000 https://kurir.mk/?p=778106

Народниот правобранител Насер Зибери лично се сомнева дека има доволна спремност, капацитет и ресурси во надлежните институции да се промени состојбата со ниската доверба на граѓаните во правосудството. Зибери, коментирајќи ја анкетата на ИРИ за падот на довербата на граѓаните во правосудството, на денешната прес-конференција, појасни дека тука пред се мисли на републичкиот Судски совет и Совет на јавни обвинители. -Без некоја поактивна улога на сите сегменти на власта. Мислам на Влада, Собрание, Судство тешко дека ќе има некое посериозно подобрување. Ние требаше да чекаме да ни сигнализираат и упатуваат критики од страна на Амбасадата на САД, ЕУ и т.н. за да се освестиме дека состојбата не е добра, изјави Зибери. Во однос на заштита на човековите права во областа на правосудството, Зибери посочи дека најголем број на претставки до институцијата Народен правобранител доаѓаат, токму од оваа област, односно судството, правосудството, со под областите – основни судови, извршители, адвокати, нотари и т.н. -Таа бројка, со денешниот пресек не ја знам, но сигурно е над 400 претставки, од кои скоро половината се однесуваат на работата на извршителите. Значи судовите и извршителите доминираат по бројот на претставки од граѓаните, изјави Зибери. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-bez-poaktivna-uloga-na-site-segmenti-na-vlasta-teshko-deka-kje-ima-poseriozno-podobruvanje-so-doverbata-vo-pravosudstvoto/feed/ 0