насилства во центар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Jan 2019 06:40:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png насилства во центар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Продолжува судењето за случајот „Насилство во општина Центар“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sudenjeto-za-sluchajot-nasilstvo-vo-opshtina-centar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sudenjeto-za-sluchajot-nasilstvo-vo-opshtina-centar/#respond Fri, 18 Jan 2019 06:40:03 +0000 https://kurir.mk/?p=153593

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска е најавено ново рочиште за случајот „Насилство во Општина Центар“ на Специјалното јавно обвинителство. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Душан Јосифов. За насилствата пред општинската зграда во општина Центар на 10 јуни 2013 година, обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, екс министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и тогашниот советник во општина Гази Баба Александар Трајковски и уште осум други лица. Тие се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година. Во досегашното судење за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петтообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев, пак, се води одвоена постапка. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sudenjeto-za-sluchajot-nasilstvo-vo-opshtina-centar/feed/ 0
Обвинетите за „Насилство во Центар“ се изјаснија за невини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinetite-za-nasilstvo-vo-centar-se-izjasnija-za-nevini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinetite-za-nasilstvo-vo-centar-se-izjasnija-za-nevini/#respond Tue, 03 Apr 2018 08:42:56 +0000 https://kurir.mk/?p=35619

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за предметот на СЈО „Насилство во општина Центар“ со вкрстено испрашување на поранешниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски. Тој треба да одговара на прашања на адвокатите, а на претходните рочишта беше испрашуван од обвинителите на СЈО. Обвинетите во овој случај, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица денеска пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи рече дека на минатото рочиште побарале притвор за еден од обвинетите, но тоа било одбиено од Судот со образложение дека донел лекарска потврда. Од СЈО побарале проверка на боледувањето и после инспекцискиот надзор на Општата медицинска установа каде е издадена потврдата од Комисијата за стручен надзор од Лекарската комора е констатирано дека при издавањето на боледувањето на Милан Андоновски имало пропусти. Во боледувањето недостасувале стандардни лабораториски анализи. Одбраната побара прекин на расправата и да им се достави ЦД од претходното рочиште, како и копии од СЈО за извештајот од Лекарската комисија. На претходните рочишта за овој предмет, вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinetite-za-nasilstvo-vo-centar-se-izjasnija-za-nevini/feed/ 0