насилство врз жени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Mar 2023 16:30:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png насилство врз жени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ објави список на санкционирани поединци и ентитети поради насилство врз жените https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-objavi-spisok-na-sanktsionirani-poedintsi-i-entiteti-poradi-nasilstvo-vrz-zhenite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-objavi-spisok-na-sanktsionirani-poedintsi-i-entiteti-poradi-nasilstvo-vrz-zhenite/#respond Tue, 07 Mar 2023 16:30:41 +0000 https://kurir.mk/?p=809179

Европскиот совет денеска одлучи да воведе рестриктивни мерки за поединци и ентитети, имајќи ја предвид нивната улога во спроведувањето на сериозни прекршувања и злоупотреба на човековите права, особено сексуалното и родовото насилство. „Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, преминуваме од зборови на дело. Каде и да се случи, ќе се бориме и ќе ги елиминираме сите форми на насилство врз жените. Со денешната одлука, ги засилуваме напорите за борба против сексуалното и родовото насилство, за да се осигуриме дека одговорните ќе бидат целосно одговорни за своите постапки и да се спречи неказнивоста“, рече Жосеп Борел, висок претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ. Санкциите се однесуваат на девет поединци и три организации. Станува збор за двајцата вршители на должност талибански министри за високо образование и за пропагирање доблести и превенција од пороци, кои стојат зад забраната за високо образование за жените и родово сегрегирани практики во јавните простори. Списокот вклучува и службеници на полициската станица во Москва „одговорни за произволни апсења и притворања, како и за тортура и други сурови, нехумани и понижувачки акти во контекст на цензура и угнетување од страна на руските власти“, стои во соопштението од Советот на ЕУ. Санкциите исто така се однесуваат на високо рангирани припадници на руските вооружени сили, чии единици „систематски учествуваа во акти на сексуално и родово насилство во Украина во март и април 2022 година“. Списокот вклучува и „команданти на јужносуданските милиции одговорни за широко распространета и систематска употреба на сексуално и родово засновано насилство како воена тактика во земјата“, а на списокот е и заменик-министерот за внатрешни работи во Мјанмар/Бурма. Списокот на санкционирани организации ги вклучува затворот Карчак во Иран, Сириската републиканска гарда и Канцеларијата на началникот за воени безбедносни прашања во Мјанмар/Бурма, со оглед на нивната улога во сериозни сексуални и родово засновани кршења на човековите права, истакнува Советот на ЕУ. „Наведените поединци и ентитети сега ќе бидат предмет на замрзнување на имотот на ЕУ. Покрај тоа, на поединците на списокот ќе им биде забрането да патуваат во ЕУ. Дополнително, на физичките и правните лица во ЕУ ќе им биде забрането директно или индиректно да им ставаат на располагање средства на тие кои се наведени“, се нагласува во соопштението на Советот на ЕУ. Правните документи со имињата на засегнатите лица и ентитети се објавени во Службен весник на ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-objavi-spisok-na-sanktsionirani-poedintsi-i-entiteti-poradi-nasilstvo-vrz-zhenite/feed/ 0
Турската полиција со солзавец растера протести против насилство врз жени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskata-policija-so-solzavec-rastera-protesti-protiv-nasilstvo-vrz-zeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskata-policija-so-solzavec-rastera-protesti-protiv-nasilstvo-vrz-zeni/#respond Thu, 25 Nov 2021 21:46:52 +0000 https://kurir.mk/?p=599972

Турската полиција денеска во Истанбул употреби солзавец врз неколку стотици жени собрани против насилството врз нив и повлекувањето на Турција од меѓународниот договор што ги штити жените. Толпата носеше транспарент на кој пишуваше „Ќе се бориме додека не го добиеме она што го сакаме“ и ги повика властите и претседателот Реџеп Таип Ердоган да ја вратат земјата кон меѓународниот договор познат како Истанбулска конвенција. Конвенцијата беше усвоена од Советот на Европа во 2011 година и е механизам кој воспоставува правно обврзувачки процедури со цел да се спречи насилство од сексистичка природа. Договорот беше потпишан во Истанбул. Турција официјално го напушти меѓународниот договор во јули, а властите тогаш рекоа дека договорот може да поттикне хомосексуалност и да го загрози традиционалното семејство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskata-policija-so-solzavec-rastera-protesti-protiv-nasilstvo-vrz-zeni/feed/ 0