насим харадинај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 May 2022 10:12:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png насим харадинај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Харадинај и Гуцати осудени на 4,5 годи затвор поради попречување на судски процес и заплашување сведоци https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-i-gucati-osudeni-na-4-5-godi-zatvor-poradi-poprechuvanje-na-sudski-proces-i-zaplashuvanje-svedoci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-i-gucati-osudeni-na-4-5-godi-zatvor-poradi-poprechuvanje-na-sudski-proces-i-zaplashuvanje-svedoci/#respond Wed, 18 May 2022 10:12:14 +0000 https://kurir.mk/?p=678327

Судот за злосторства на борците на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во Хаг денеска ги осуди Хисни Гуцати (Хисни) и Насим Харадинај на четири и пол години затвор и парична казна од по 100 евра за попречување на судскиот процес и заплашување сведоци. Гуцати (54), претседател на Здружението на борците на ОВК и Харадинај (58), потпретседател на здружението, судот ги прогласи за виновни по пет од шест точки: „злосторства против правдата – попречување на службените должности (две точки), како и за „заплашување на сведоци и кршење на тајноста (две точки)“. Судскиот совет утврди дека обвинителите не ја докажале вината на обвинетите за одмазда против сведоци. Според судијата претседавач Чарлс Смит, Гуцати и Харадинај биле осудени затоа што биле „на повеќе од 20 настапи во медиумите“ на прес-конференции на Здружението на борци на ОВК во Приштина од 7 до 25 септември 2020 година објавиле доверливи документи на судот и обвинителството за злосторствата на борците на ОВК, вклучувајќи ги и идентитетите на потенцијалните сведоци. Судот, чие официјално име е Специјализиран совет на Косово, утврди „во име на народот на Косово“ дека Гуцати и Харадинај имале „директна намера“ да го опструираат судот и да малтретираат и заплашуваат сведоци и „ги откриле имињата и личните податоци на стотици сведоци“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-i-gucati-osudeni-na-4-5-godi-zatvor-poradi-poprechuvanje-na-sudski-proces-i-zaplashuvanje-svedoci/feed/ 0
Уапсениот командант на УЧК Насим Харадинај, прв братучед на Рамуш Харадинај со шокантна изјава: Убивав српски војници секогаш кога имав можност за тоа!? https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseniot-komandant-na-uchk-nasim-haradinaj-prv-bratuched-na-ramush-haradinaj-so-shokantna-izjava-ubivav-srpski-vojnici-sekogash-koga-imav-moznost-za-toa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseniot-komandant-na-uchk-nasim-haradinaj-prv-bratuched-na-ramush-haradinaj-so-shokantna-izjava-ubivav-srpski-vojnici-sekogash-koga-imav-moznost-za-toa/#respond Sat, 26 Sep 2020 11:11:49 +0000 https://kurir.mk/?p=408881

Потпретседателот на здружението на ветерани на Ослободителна војска на Косово УЧК, Насим Харадинај, кој вчера беше уапсен во Приштина, даде шокантна изјава фалејќи се со убиството на српски војници, објави vocentar.com Во емисијата „Фронтал“, Насим, инаку прв братучед на Рамуш Харадинај, го изрази својот револт кон формирањето на Судот за злосторства на ОВК, пред кој може и самиот да се најде. Насим вчера беше уапсен од припадници на специјалните единици додека доаѓаше во канцелариите на телевизијата Т7 на интервју. Тој одбил да влезе се додека не пристигнат припадници на косовската полиција и го обвини новинарот Вехби Кајтази за апсење. Припадниците на ОВК во областа Метохија започнаа со поголеми терористички напади есента 1997 година, а Рамуш Харадинај беше еден од нивните водачи. Така, на 26 ноември 1997 година, полицијата во селото Лауша беше нападната, но терористите беа одбиени и еден од нив беше убиен (Хасим Геци). На неговиот погреб, два дена подоцна, за првпат се појави група членови на ОВК во униформи и обележја, вклучувајќи го и Даут Харадинај. Тој и неговите браќа го организираа седиштето на ОВК во неговото родно село Глоѓани и стана првиот заменик на Рамуш Харадинај. Убивав српски војници секогаш кога имав можност да го сторам тоа, рече Насим, член на кланот Харадинај. Текстот во целост на: vocentar.com]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseniot-komandant-na-uchk-nasim-haradinaj-prv-bratuched-na-ramush-haradinaj-so-shokantna-izjava-ubivav-srpski-vojnici-sekogash-koga-imav-moznost-za-toa/feed/ 0
Уапсен и потпретседателот на ветеранската организација на ОВК, Насим Харадинај https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-i-potpretsedatelot-na-veteranskata-organizacija-na-ovk-nasim-haradinaj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-i-potpretsedatelot-na-veteranskata-organizacija-na-ovk-nasim-haradinaj/#respond Fri, 25 Sep 2020 17:58:06 +0000 https://kurir.mk/?p=408619

Полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС го упаси попладнево и потпретседателот на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната восјка на Косово (ОВВ-ОВК), Насим Харадинај, откако претходно беше приведен и претседателот на организацијата Хисни Гуцати, јави дописникот на МИА од Приштина. Обајцата челници на ОВВ-ОВК, според косовските медиуми, се уапсени по налог на Специјализираните комори, односно на Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово, познат во јавноста како „суд за ОВК“. Гуцати, кој беше уапсен околу 13.30 часот при акција на полицијата на ЕУЛЕКС во канцелариите на ОВВ-ОВК, според информации од неговото семејство веќе се наоѓа во притворното одделени на Специјалниот суд во Хаг. Харадинај, пак, е приведен нешто по 17 часот, пред да влезе на интервју во телевизијата Т7 и, според неофицијални информации, и тој веќе е на пат за Холандија. Приштинската телевизија објави дека потпретседателот на ОВВ-ОВК одбил да замине со полициско возило на ЕУЛЕКС, по што го напуштил местото каде што беше приведен во придружба и со возило на косовската полиција. – Не одам со нив, само со Полицијата на Косово, изјави Харадинај. Во минатите десетина дена во три наврати во ветеранската организација на ОВК маскирани лица доставија бројни досиеја на Специјалниот суд, со класификувани податоци од истрагата против осомничени за воени злосторства и со имињата и сведоштвата на лица испитувани од Специјалното обвинителство. Досиејата им беа врачени на истражителите на Судот чие седиште е во Хаг. Денешниот упад на ЕУЛЕКС во просториите на ОВВ-ОВК и апсењето на Гуцати, а подоцна и на Харадинај, уследи по вчерашното апсење на поранешниот шеф на разузнавањето на Безбедносните сили на Косово и офицер на ОВК Салих Мурати, кој е првиот официјално обвинет од трибуналот во Хаг. Мурати, Гуцати и Харадинај се првите од над 300 осомничени за воени злосторства за време и непосредно по војната во Косово од 1998-99, кои се уапсени по налог на Специјализираните комори за Косово. Меѓу поранешните основачи и водачи на ОВК кои се осомничени за злосторства врз цивили од албанска, српска и други националности, се актуелниот претседател на Косово Хашим Тачи, лидерот на Демократската партија на Косово и поранешен спикер на републичкото Собрание Кадри Весели и шефот на Главниот штаб на ОВК и пранешен премиер на Косово, Агим Чеку. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-i-potpretsedatelot-na-veteranskata-organizacija-na-ovk-nasim-haradinaj/feed/ 0
Харадинај: Ветераните со иницијатива за затворање на Меѓународниот суд за Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-veteranite-so-inicijativa-za-zatvoranje-na-megjunarodniot-sud-za-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-veteranite-so-inicijativa-za-zatvoranje-na-megjunarodniot-sud-za-kosovo/#respond Wed, 15 Jul 2020 08:53:59 +0000 https://kurir.mk/?p=375993

Потпретседателот на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВВ-ОВК), Насим Харадинај најави дека поранешните борци идниот месец ќе ги започнат активностите за затворање на Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, чие седиште е во Хаг. Харадинај во синоќешното интервју за телевизијата Т7 изјави дека за таа цел ОВВ-ОВК во август ќе организира петиција, која ќе ја достави до Собранието на Косово, со чија одлука пред пет години беше формиран Меѓународниот трибунал, познат во јавноста како „Суд за ОВК“. – По петицијата, во август ќе ги повикаме пратениците, за кои верувам дека сега се опаметиле, за да го иницираме поништувањето на Специјалниот суд. Ќе покренеме иницијатива за затворање на тој суд, не еднаш, туку сто пати ако треба, изјави Харадинај. Пред Специјалните совети за Косово, како што е официјалниот назив на судот што треба да ги испита евентуалните злосторства на ОВК против цивилите Албанци, Срби, Роми и други во последната војна, неодамна беше подигнато обвинение против претседателот на Косово, еден од основачите и водачите на ОВК, Хашим Тачи, кој од завчера се наоѓа на распит пред специјалното обвинителство во Хаг. Освен против претседателот на државата, обвиненија се подигнати и против лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) и поранешен собраниски спикер, Кадри Весели, како и против други водачи на ОВК. Тие се осомничени дека се виновни, меѓу другото, за убиство на над 100 цивили од разни националности за време и непосредно по војната во 1998-99 година. Тачи најави дека ќе поднесе оставка од претседателската функција доколку биде потврдено обвинението против него. Пред една година, откако беше повикан на интервју во обвинителството во Хаг, оставка од функцијата поднесе тогашниот премиер Рамуш Харадинај, исто така еден од челниците на ОВК. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-veteranite-so-inicijativa-za-zatvoranje-na-megjunarodniot-sud-za-kosovo/feed/ 0