наследник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Sep 2021 18:25:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png наследник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дали овој струмичанец ќе го наследи Венко Филипче ?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-ovoj-strumichanec-kje-go-nasledi-venko-filipche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-ovoj-strumichanec-kje-go-nasledi-venko-filipche/#respond Fri, 10 Sep 2021 18:25:41 +0000 https://kurir.mk/?p=562173

Д-р Христијан Костов ќе го наследи Венко Филипче во Министерството за здравство откако пред еден час си поднесе оствака на функцијата, дознава Нетпресс. Костов е од Струмица и е актуелен директор на ГОБ „8 Септември“. Како што пренесува НетПресс тој ќе биде предлог на СДСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-ovoj-strumichanec-kje-go-nasledi-venko-filipche/feed/ 0
Германските конзервативци го пробија рокот околу наследникот на Меркел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-konzervativci-go-probija-rokot-okolu-naslednikot-na-merkel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-konzervativci-go-probija-rokot-okolu-naslednikot-na-merkel/#respond Mon, 19 Apr 2021 06:12:21 +0000 https://kurir.mk/?p=499027

Германските конзервативци го пробија рокот, кој самите си го поставија, во кој треба да одлучат кој ќе ги предводи ЦДУ и ЦСУ на парламентарните избори по заминувањето на канцеларката Ангела Меркел. Христијан демократите (ЦДУ) и нивните баварски сојузници веќе подолг период водат меѓусебна битка за наследникот на Меркел, а главни кандидати се Армин Лашет, кој од јануари годинава е претседател на ЦДУ, и е премиер на Северна Рајна Вестфалија и Маркус Зедер, шеф на баварската сестринска партија ЦСУ, и премиер на Баварија. Двајцата политичари и нивните тимови минатата недела во неколку наврати разговараа за да го решат конфликтот до недела, но преговорите не се поместија од ќор-сокак, и покрај тврдењата дека биле конструктивни. Според извори на ДПА, Зедер синоќа пристигнал со авион во Берлин, а Лашет наводно е веќе во главниот град. Вечерта, тие наводно пристигнале во зградата на федералниот парламент, можеби на состанок, пишува ДПА, додавајќи дека информациите за состанокот не се потврдени. Ниту тимот на Зедер, ниту на Лашет не сакаа да ги коментираат преговорите или плановите. Ако одлука не биде донесена денеска, жешкиот костен може утре да се пренесе во парламентарната фракција ЦДУ/ЦСУ, забележува ДПА. Неодамнешната анкета на јавната телевизија АРД покажа дека Зедер има поддршка од 44 проценти од Германците како кандидат за канцелар на ЦДУ и ЦСУ, а Лашет само 15 проценти. ЦДУ и ЦСУ традиционално номинираат заеднички кандидат за позицијата канцелар и под нормални околности Лашет, како лојален кадар на Ангела Меркел, би бил логично решение, бидејќи ЦДУ е поголема партија. Но, пандемијата ги измеша картите и проблемите на владата во управувањето со кризата, што негативно влијаеше на рејтингот на ЦДУ, отворајќи му можност на Зедер да се профилира како силен кандидат. Лидерот на Баварците е подиректен во својат настап и во моментов е еден од најпопуларните германски политичари, забележува ДПА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-konzervativci-go-probija-rokot-okolu-naslednikot-na-merkel/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Наследникот на Тозија е наивно затскривање на власта на незаконското работење на Агенцијата за филм во спрега со ДФРМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-naslednikot-na-tozija-e-naivno-zatskrivanje-na-vlasta-na-nezakonskoto-rabotenje-na-agencijata-za-film-vo-sprega-so-dfrm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-naslednikot-na-tozija-e-naivno-zatskrivanje-na-vlasta-na-nezakonskoto-rabotenje-na-agencijata-za-film-vo-sprega-so-dfrm/#respond Sun, 14 Feb 2021 20:52:35 +0000 https://kurir.mk/?p=468717

Скандалозните и небулозни именувања на директори во институциите на културата никако да престанат. Владата на СДСМ продолжува да ги деградира професионалците во културата, овојпат во филмската дејност. По долгоочекуваниот избор по Конкурс, за директор на Агенцијата за филм е именуван Бојан Лазаревски, личност која доаѓа од банкарскиот сектор! И, тоа не е сè!, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. „Именувањето на Бојан Лазаревски сигурно не се должи на најдобро понудена програма, туку претставува уште еден невешт обид на оваа власт да ги прикрие криминалите и злоупотребите во филмската дејност од страна на неговиот претходник Тозија, а во чија реализација активно учествуваше токму самиот Лазаревски како член на Управниот одбор, а сето тоа под закрила на Друштвото на филмски работници. Да се потсетиме дека Антикорупциската комисија отвори неколку предмети за незаконското работење на Агенцијата за филм и ѝ предложи на Владата да го разреши Горјан Тозија. Токму ваквото незаконско работење е резултат на поддршката и незаконските одлуки коишто ги носел Управниот одбор на Агенцијата за филм, чиј член бил сега актуелниот директор Бојан Лазаревски. И, еве полека но сигурно вистината излегува пред очите на јавноста и се потврдуваат нашите предупредувања дека ниту Горјан Тозија, ниту неговиот наследник Бојан Лазаревски (како тогашен член на УО), ниту највисокото раководство на ДФРМ во ниту еден момент не работеле во интерес на филмската фела и македонската кинематографија, туку само за свои лични интереси. Институциите на власта на многу наивен и невешт начин се обидуваат да ја залажат јавноста дека неуморно се борат против корупцијата, незаконското работење и злоупотребата на службената положба. Но фактите и реалноста се сосема поинакви! Освен Антикорупциската комисија, ниту една друга надлежна институција не се произнесе за низата незаконски Одлуки на Управниот одбор на Агенцијата, злоупотребата на службената положба на директорот, судирот на интереси, енормно високите исплати на хонорари на "експерти", адвокатски услуги и трошењето на буџетските средства преку исплати на синови и внуци на претседателот и генералниот секретар на ДФРМ во последните 4 години. И за обичен лаик кристално јасна е спрегата помеѓу Агенцијата за филм и ДФРМ. Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ бара Владата и надлежните институции и министерства под итно: Да ја преиспитаат Одлуката за именување на крајно несоодветен, нестручен и пред се искомпромитиран кадар за директор на Агенцијата за филм; Детално да ги проучат годишните финанскиски планови и да утврдат дали истите соодветсвуваат со годишните финансиски извештаи на Агенцијата за филм за последните 4 години; Детално да се анализираат финансиските извештаи и начинот на трошење на буџетски средства во ДФРМ согласно пријавата до Антикорупциска комисија од страна Надзорниот одбор на ДФРМ за судир на интереси кај претседателот Игор Иванов-Изи и генералниот секретар Томи Салковски; Да се изврши контрола и ревизија на извештаите од спроведените инспекциски надзори на Министерството култура кои се однесуваат на работењето на Агенцијата за филм и ДФРМ, кои патем секогаш без исклучок ги прави еден ист инспектор; Да се направи детален увид во финансиската состојба на Агенцијата за филм – состојбата на сопствената сметка како и преземените обврски; Министерството за спречување на корупција да почне да постапува по укажувањата на Антикорупциската комисија за незаконското работење на Агенцијата за филм и да отвори предмети за случувањата во филмската дејност, начинот на распределба и трошење на буџетските средства како и констатираниот судир на интерес кај лицата Бранко Петровски, Ана Василевска и други надворешни соработници, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-naslednikot-na-tozija-e-naivno-zatskrivanje-na-vlasta-na-nezakonskoto-rabotenje-na-agencijata-za-film-vo-sprega-so-dfrm/feed/ 0
Германија ќе избира наследник на Меркел на 26 септември 2021 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-kje-izbira-naslednik-na-merkel-na-26-septemvri-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-kje-izbira-naslednik-na-merkel-na-26-septemvri-2021-godina/#respond Wed, 25 Nov 2020 13:35:02 +0000 https://kurir.mk/?p=434219

Германската Влада денеска се согласи за датумот на следните општи избори, 26 септември 2021 година, кога ќе биде избран наследникот на канцеларката Ангела Меркел, изјави портпаролката на Владата, Мартина Фиц. – Владата му предлага на сојузниот претседател 26 септември 2021 година да биде датум за избор на 20-ти Бундестаг, изјави Фиц. Претседателот Франк-Валтер Штајнмаер треба да даде официјално одобрување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-kje-izbira-naslednik-na-merkel-na-26-septemvri-2021-godina/feed/ 0
Наследникот на Абе ќе биде избран во септември https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naslednikot-na-abe-kje-bide-izbran-vo-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naslednikot-na-abe-kje-bide-izbran-vo-septemvri/#respond Sat, 29 Aug 2020 12:06:58 +0000 https://kurir.mk/?p=396593

Јапонската владејачка Либерално-демократска партија ќе го избере наследникот на премиерот Шинѕо Абе за претседател на партијата во средината на следниот месец, а веројатно главен кандидат ќе биде неговиот долгогодишен близок соработник Јошихиде Суга. Шеесет и петгодишниот Абе реши да си даде оставка од здравствени причини, а кандидатот што ќе го наследи за претседател на партијата најверојатно ќе биде избран за премиер, благодарение на мнозинството што во Долниот дом на Парламентот го има владејачката партија. За разлика од некои други кандидати, 71-годишниот Суга изјави дека не ја сака премиерската позиција, но последните денови, со медиумската кампања, беше ставен во преден план како фаворит. Потенцијални кандидати се поранешниот министер за одбрана Шигеру Ишиба (63) и поранешниот министер за надворешни работи Фумио Кишида (63), кој долго време се сметаше за личен фаворит на Абе, потоа сегашниот министер за одбрана Таро Коно (56) и министерот за надворешни работи Тошимицу Мотеги (64), како и популарниот министер за екологија Шинџиро Коизуми (39), кој, сепак, многумина го сметаат за премногу млад за функцијата премиер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naslednikot-na-abe-kje-bide-izbran-vo-septemvri/feed/ 0
САД му упатија закана на наследникот на Сулејмани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-mu-upatija-zakana-na-naslednikot-na-sulejmani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-mu-upatija-zakana-na-naslednikot-na-sulejmani/#respond Thu, 23 Jan 2020 14:13:04 +0000 https://kurir.mk/?p=293673

Специјалниот американски пратеник за Иран, Брајан Хок, му упати закана на Есмаил Гани, кој на позицијата командант на специјални сили „Кудс“ на иранската Револуционерна гарда, дојде на почетокот на месецот на местото убиениот Касем Сулејмани. Хок за саудискиот весник „Ашрак ал-Авсат“ кажа дека смртта на Сулејмани, кој беше убиен на 3 јануари во американскиот воздушен напад со дрон во близина на аеродромот во Багдад, „е празнина која иранскиот режим тешко ќе ја пополни“, пренесува Анадолија. -Ако и Есмаил Гани го следи патот на убивање Американци, ќе го снајде истата судбина, рече Хок, запрашан за новиот командант на силите „Кудс“ и што ќе се случи доколку тргне по истиот пат како Сулејмани. Хок кажа дека за напади врз Американците или интересите на САД во регионот како одговорни ќе ги сметаат иранскиот режим и силите кои делуваат во негово име. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-mu-upatija-zakana-na-naslednikot-na-sulejmani/feed/ 0
Борис Џонсон го зајакна водството за лидер на британските конзервативци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/boris-dzonson-go-zajakna-vodstvoto-za-lider-na-britanskite-konzervativci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/boris-dzonson-go-zajakna-vodstvoto-za-lider-na-britanskite-konzervativci/#respond Wed, 19 Jun 2019 17:43:05 +0000 https://kurir.mk/?p=210919

Борис Џонсон го зголеми своето водство по третиот круг гласање на конзервативните пратеници за наследник на Тереза Мај како лидер на партијата. Секретарот за меѓународен развој, Рори Стјуарт, за кој многумина сметаа дека е најблиску до центарот и најпрогресивен од петтемина кандидати, испадна од трката со само 27 гласа од 313 пратеници. Евросептикот Џонсон го зголеми бројот на гласови на 143, од 126 колку што имаше во вториот круг. Во следниот круг гласање влегуваат и Џереми Хант со 54 гласови, Мајкл Гоув со 51 и Саџид Џавид со 38 гласови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/boris-dzonson-go-zajakna-vodstvoto-za-lider-na-britanskite-konzervativci/feed/ 0
Официјално стартува трката за наследник на Тереза Меј https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-startuva-trkata-za-naslednik-na-tereza-mej/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-startuva-trkata-za-naslednik-na-tereza-mej/#respond Mon, 10 Jun 2019 07:27:13 +0000 https://kurir.mk/?p=207403

Првата фаза од трката за наследник на Тереза Меј официјално започна денеска со предавањето на кандидатурите што ќе треба да бидат поддржани од осум пратеници. Поранешниот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, е фаворит за наследник Меј, предводен од Конзервативната партија, откако Меј во петокот поднесе оставка поради неуспехот за нејзиниот договор за брегзит во парламентот. Меј ќе остане премиерка до избор на нејзин заменик. Министерот за животна средина, Мајкл Гоув, и министерот за надворешни работи, Џереми Хант, официјално ги започнаа своите кампањи и се сметаат за главни конкуренти на Џонсон. Кандидатурите за трката за наследник ќе бидат затворени во 5 часот попладне. Вкупно 11 претставници објавија дека ќе се кандидираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-startuva-trkata-za-naslednik-na-tereza-mej/feed/ 0
Пет кандидати за наследник на Венгер https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pet-kandidati-za-naslednik-na-venger/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pet-kandidati-za-naslednik-na-venger/#respond Thu, 10 May 2018 10:44:00 +0000 https://kurir.mk/?p=52509

Листата на потенцијални кандидати за функцијата на Арсен Венгер во Арсенал веќе е сведена до петмина, тврдат медиумите на Островот. Според „Мирор“, Луис Енрике веќе отпаднал поради неговите големи финансиски барања. Во битката остануваат Патрик Виера, Микел Артета, Масимилиано Алегри, Јоаким Лев и Леонардо Жардим. „Дејли Меил“, пак, тврди дека Енрике се уште е во игра, иако неговата плата не е прифатлива за раководните фактори на „Емирати“. Името на менторот на Монако недостасува на листата. И двата извора се согласуваат дека шефовите на Арсенал бараат млад специјалист, а веројатноста некој од Виера и Артета да биде назначен воопшто не е мала. Триесет годишниот тренер на Хофенхајм Јулијан Нагелсман исто така има силни позиции на „Емирати“, но не е дел од листата, бидејќи одлучил да остане барем уште една сезона во Германија. Интересно е дека асистентот на Јирген Клоп во Ливерпул - Жељко Бувач, кој неодамна беше еден од фаворитите на обложувалниците за функцијата, не се наоѓа на споменатите листи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pet-kandidati-za-naslednik-na-venger/feed/ 0