насмевка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 29 Nov 2022 18:59:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png насмевка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Направете вашата насмевка да БЛЕСНЕ: 3 едноставни методи за БЕЛЕЕЊЕ НА ЗАБИТЕ дома https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/napravete-vashata-nasmevka-da-blesne-3-ednostavni-metodi-za-beleenje-na-zabite-doma/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/napravete-vashata-nasmevka-da-blesne-3-ednostavni-metodi-za-beleenje-na-zabite-doma/#respond Tue, 29 Nov 2022 18:59:46 +0000 https://kurir.mk/?p=768466

Убавото лице треба да го краси убава насмевка. Здравите заби треба да ни бидат приоритет, затоа што се важен дел од нас и треба да ни служат долги години. Еден од најголемите проблеми со кој се соочуваат многу луѓе е изгледот на забите. Исхраната, хигиената и пушењето предизвикуваат обојување или жолтеење на забите, а тоа во никој случај не изгледа привлечно. Блескавата насмевка што ја гледаме кај холивудските ѕвезди е посакувана од многумина. Но, да не се лажеме, таа белина не може да се постигне само преку добра орална хигиена. Потребно е професионално избелување кое кошта многу пари, а и не е долготрајно. Доколку мечтаете да имате бели заби, а не сакате да ризикувате со избелување кај стоматолог, постојат неколку „бабини рецепти“ кои можат да ви помогнат да добиете со неколку нијанси побели заби. СОДА БИКАРБОНА Најраспространет домашен „лек“ за избелување на забите е сода бикарбона. Добрата вест е што е многу ефективна, а лошата е што има абразивно дејство и ако се користи многу често може да го нагризе надворешниот слој на забите и да предизвика оштетување. Како да ја користите? Натопете ја четката за заби со вода и макнете ја во сода бикарбона. Врз четката не треба да има многу сода. Тријте ги забите со кружни движења 2-3 минути, а ако можете продолжете и до 5 минути. Потоа исплакнете со вода неколку пати или измијте ги забите со паста за избелување. ЈАГОДИ Јагодите се сосема природен начин за избелување на забите, па поради тоа многу луѓе решаваат да ги искористат и да го проверат нивниот ефект. И навистина, јагодите содржат ензими кои ги избелуваат забите, иако нивниот ефект е многу мал. Како да ги користите? Земете 2-3 јагоди и изгмечете ги. Ставете ги врз четката за заби и четкајте ги забите 3 минути. Или пак, можете да пресечете една јагода на половина и со неа да ги триете забите. Јагодите содржат шеќер и киселини кои ги отстрануваат флеките од забите и ги прават побели, но во исто време го омекнуваат емајлот на забите. Затоа, по употребата на овој метод за белење, потребно е да ги измиете забите со паста за да ги отстраните шеќерите и киселините кои остануваат. ХИДРОГЕН Многу распространет метод за избелување на забите е и методот со употреба на хидроген. Хидрогенот влегува во составот на многу пасти и други производи наменети за избелување на забите. Тој навистина помага за избелување на забите, но има лош вкус и може да им наштети на забите. Како да го користите? Употребувајте 1% или 3% хидроген. Плакнете ја устата 30 секунди со 2-3 лажички хидроген. Плукнете го и потоа исплакнете ја темелно устата со вода или уште подобро исчеткајте ги забите со паста, за да бидете сигурни дека немате повеќе хидроген во устата. Хидрогенот е безбеден да го шмукате, но треба да бидете многу внимателни да не го голтнете. Кога користите хидроген, можно е вашите непца да се раздразнат. Честа пракса е да се комбинираат различните продукти за создавање на поефективни „избелувачи“. Примери: 2 кафени лажички сода бикарбона и 3 кафени лажички хидроген. 1 пасирана јагода и ½ кафена лажичка сода бикарбона. Лимоновиот сок е уште еден познат метод за избелување, но не се препорачува затоа што го омекнува емајлот на забите и ги прави забите почувствителни. Внимание! Ако планирате да употребувате некој од многуте рецепти за избелување на забите во домашни услови, многу е важно да преземете мерки за заштита од несакани последици. Прво треба да внимавате да не сте алергични на состојките, а второ – да не ги користите често, затоа што можат да ги оштетат забите. По употребата на кој и да било домашен рецепт, исплакнете ја темелно устата или пак измијте ги забите со паста за заби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/napravete-vashata-nasmevka-da-blesne-3-ednostavni-metodi-za-beleenje-na-zabite-doma/feed/ 0
Пожолтените заби ќе би останат како непријатен спомен: Со две состојки до блескаво бела насмевка https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pozoltenite-zabi-kje-bi-ostanat-kako-neprijaten-spomen-so-dve-sostojki-do-bleskavo-bela-nasmevka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pozoltenite-zabi-kje-bi-ostanat-kako-neprijaten-spomen-so-dve-sostojki-do-bleskavo-bela-nasmevka/#respond Thu, 18 Aug 2022 09:16:29 +0000 https://kurir.mk/?p=720393

Сопствениците на пожолтени заби, воглавно пушачи, избегнуваат да се насмеат за да ги сокриат своите заби. Жолтите заби се чест проблем, дури и луѓето кои не пушат може да бидат сопственици на жолти заби доколку конзумираат премногу шеќер или се обожаватели на кафе. Сега белите заби не се веќе недостижна цел. Веќе нема да мората да чекате резултати неколку дена или неколку месеци. Можете да ги избелите своите заби за неколку минути. Како да направите природно средство за да ги избелите забите? Сигурно сте слушнале за благодетите од кокосовото масло, кое може да се нарече чудо за нега на лицето и за целокупното здравје. Но дали сте знаеле дека со него можете да ги избелите забите? Кокосoвото масло ќе ви помогнe да ги избелите забите за помалку од две минути. За да направите сопствено средство за избелување на забите потребни ви се само две состојки: кокосово масло и сода бикарбона. Земете во еднаква количина сода бикарбона и кокосово масло (на пример по пет кафени лажици) добро промешајте и ставете ја смесата во помала тегла. Се што е потребно е да ја замените својата паста за заби со ова природно и ефикасно средство. ефектот е навистина очигледен по првата употреба.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pozoltenite-zabi-kje-bi-ostanat-kako-neprijaten-spomen-so-dve-sostojki-do-bleskavo-bela-nasmevka/feed/ 0
Главниот исход од дигиталната трансформација е насмевката на клиентот https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/glavniot-ishod-od-digitalnata-transformacija-e-nasmevkata-na-klientot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/glavniot-ishod-od-digitalnata-transformacija-e-nasmevkata-na-klientot/#respond Fri, 03 Jun 2022 08:14:00 +0000 https://kurir.mk/?p=685993

Технологијата отсекогаш имала големо влијание врз бизнисот и општеството, но во текот на изминатите неколку години, брзината на создавање нови технологии значително се зголеми. Дигитализацијата е повеќе од кога било во центарот на вниманието на многу компании. Голем број компании, се уште, не се соочиле со целосните ефекти на дигитализацијата, но полека и сигурно сфаќаат дека дигитализацијата навистина е потребна. Светот секојдневно се менува, со нови технологии кои ги „предизвикуваат“ сите традиционални начини на работа, додека очекувањата на потрошувачите постојано еволуираат. Постои разлика помеѓу дигитализација и дигитална трансформација. Дигитализацијата е потребна за да се искористи максимумот во контекст на дигиталната трансформација, но дигитализацијата не може да се стави на исто ниво со дигиталната трансформација, што во превод би значело дека дигитализацијата не значи дека Вашиот бизнис ќе доживее дигитална трансформација.
„Дигиталната трансформација е фундаментална реалност за секој бизнис денес. Во дигиталните трансформации, правиме работи за кои не можеме со сигурност да знаеме дали ќе дадат резултати, особено на краток рок. Ова претставува голем залог за иднината на секој бизнис, затоа ние се движиме напред, учиме и се прилагодуваме на патот. Дигиталната трансформација значи удобност, со откажување од работи во кои сме инвестирале и во кои стануваме многу добри кога е потребно, со цел да развиеме нови способности во области кои се надвор од нашата комфор зона. Ова е инвестиција, не само напор“, вели Адриан Блидаруш, основач на ИТ компанијата Softelligence.
Компанијата треба да биде подготвена на големи промени, со оглед на тоа дека дигиталната трансформација вклучува многу повеќе од само користење на дигитални алатки. Потребно е да се работи на целокупната промена на деловното секојдневие и потполно нова организациска култура, отфрлање на традиционалниот пристап и прифаќање на нови начини на работење, раководење, како и зголемена употреба на технологиите за подобрување на искуството на вработените, а најважно од се, задоволување на потрошувачите.
„Поголемиот дел од времето, иновацијата не значи инвестирање во некоја нова „кул“ технологија, туку користење на технологијата за да придонесе некаква вредност. Дигиталната трансформација значи длабоко да го познавате вашиот клиент, да ги персонализирате интеракциите, да разберете што сака клиентот, да знаете што очекуваат и кога тоа го очекуваат“, додава Блидаруш.
Главна трка на секоја компанија е да биде во чекор со потребите на потрошувачите, а дигиталната трансформација е една од многуте промени која навистина помага компанијата да биде победник во таа трка. Моќта на трансформацијата не е во прифаќањето на новите технологии, туку моќта да се разберат однесувањата и искуствата на дигиталните потрошувачи, односно да се инвестира во  разбирање на новите, различните, искуства на потрошувачите и соодветна промена на целокупниот однос кон нив за задоволување на нивните потреби. Дигиталната трансформација не треба да го отуѓи бизнисот во сферата на вештачката  интелигенција. Провајдерите треба да ги имаат предвид истите вредности како и секој бизнис каде корисникот секогаш е во право и задоволувањето на неговите потреби, а понекогаш и очекувањата водат кон насмевка. Насмевка која покажува успешна услуга.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/glavniot-ishod-od-digitalnata-transformacija-e-nasmevkata-na-klientot/feed/ 0
Овој рецепт ќе направи чудо од вашата насмевка https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovoj-recept-kje-napravi-chudo-od-vashata-nasmevka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovoj-recept-kje-napravi-chudo-od-vashata-nasmevka/#respond Fri, 03 Dec 2021 15:12:40 +0000 https://kurir.mk/?p=603748

Ниеден производ на ги отстранува магично дамките од кафе, цигари и газирани пијалоци од забите. Но, овој рецепт за домашна и сосема природна паста за заби ќе направи чудо за вашата насмевка. На сите им е познато дека пастите за заби кои се наоѓаат на пазарот содржат разноразни хемикалии кои секако немаат позитивен ефект на вашето здравје, особено ако се земе во предвид повеќегодишното користење на тие хемикалии. Се што ви е потребно за домашната и здрава паста е следното: прашок за пециво, кокосово масло и масло од нане (може и некое друго масло како на пример од портокал). Потребен ви е сад каде ќе ја чувате вашата паста. Подготовка: Ставете пет лажици прашок за пециво во сад, потоа ставете четири лажици кокосово масло, на крајот ставете 10 до 15 капки масло од нане и се помешајте. Прашокот за пециво ќе ги избели вашите заби, кокосовото масло ќе делува антибактериски, а маслото од нане ќе го освежи вашиот здив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovoj-recept-kje-napravi-chudo-od-vashata-nasmevka/feed/ 0
ТРИК за домашно избелување на забите: До бисерна насмевка за неколку дена https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/trik-za-domashno-izbeluvanje-na-zabite-do-biserna-nasmevka-za-nekolku-dena/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/trik-za-domashno-izbeluvanje-na-zabite-do-biserna-nasmevka-za-nekolku-dena/#respond Sun, 28 Nov 2021 15:00:19 +0000 https://kurir.mk/?p=600992

Пушењето, алкохолот, кафето, па дури и чајот предизвикуваат потемнување на забите. Еве како да се изборите со тоа: Забите природно жолтеат кога старееме, а со годините стекнуваме и штетни навики кои воопшто не им одговараат на нашите заби. Пушењето, алкохолот, кафето… Сите тие навики предизвикуваат потемнување на забите, или пожолтување. Дури и минералната вода, чајот и бобинките содржат хомогени агенси кои ги потемнуваат забите. Овој домашен препарат ќе ви помoгне да ги избелите забите. Рецепт: Потребна ви е кора од лимон или портокал, прво измијте ја убаво, доколку не е од огранско производство, измијте го овошјето со сода бикарбона. Олупете ја кората од лимонот или портокалот. За бисерно бели заби и здрави непца секое утро и секоја вечер истријте ги забите со кората од овошјето (лимон или портокал). Оставете така да делува три минути и исплакнете ја устата. За една недела резултатите ќе ги забележите првите резултати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/trik-za-domashno-izbeluvanje-na-zabite-do-biserna-nasmevka-za-nekolku-dena/feed/ 0
Не е само рефлекс, бебињата вистински се смеат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-e-samo-refleks-bebinjata-vistinski-se-smeat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-e-samo-refleks-bebinjata-vistinski-se-smeat/#respond Thu, 25 Mar 2021 20:21:38 +0000 https://kurir.mk/?p=487763

Едно од најубавите чувства е кога бебе ќе ве погледне и ќе ви се насмее. Сепак, постои верување дека насмевката на бебињата не е вистинска, туку е само рефлекс. „Премногу се мали за да знаат што значи тоа“ - ова сигурно сте го слушнале многу пати. Сепак, науката вели поинаку. Доктор Емесе Наги која ја истражува психологијата на бебињата на Универзитетот Данди, спроведе неколку испитувања и откри дека има бројни докази дека бебињата вистински се смеат. „Има знаци дека насмевката на бебето навистина е искажување на позитивни емоции на некаква содржина. За нас, луѓето кои се занимаваме со истражување на бебињата, тоа дефинитивно не е само рефлекс“, изјави таа за порталот Conversation. Доктор Наги објаснува дека многу луѓе не веруваат дека детската насмевка е вистинска бидејќи бебињата не размислуваат. Тоа мислење го делат и некои научници и го поткрепуваат со објаснување дека насмевките на бебињата не се „вистински“ бидејќи не ги вклучуваат мускулите околу очите, туку само околу устата. Меѓутоа, доказите на доктор Наги покажуваат дека насмевката на бебињата е иста како и кај возрасните луѓе. „Бебињата често ги мрдаат образите и веѓите пред да се насмеат, а тоа значи дека се фокусирани на лицето или на предметот пред себе. Според тоа, сосема е возможно дека навистина се смеат со причина“, вели таа. Друг доказ што е во прилог на нејзиното мислење е дека бебињата можат да почувствуваат болка подеднакво силно како и возрасни лица и дека можат да управуваат сами со нивните емоции и потреби. Повеќето бебиња прв пат се насмевнуваат по неколку недели од раѓањето, а кај некои тоа е забележано во првите 36 часа од раѓањето. „Првите насмевки се всушност реакции на галењето на обравчето или стомакот, а може да ги поттикнат и слатки мириси и вкусови“, објаснува доктор Наги. Насмевката најчесто е одговор на љубовта на возрасните кон нив и нежноста што ја чувствуваат. „Помалку е веројатно дека бебето ќе се насмее ако претходно плачело. Но, децата имаат неверојатна способност да управуваат со однесувањето на нивните родители. Често ве гледаат директно во очи, трепнуваат и се насмевнуваат, а потоа и родителите се насмевнуваат, што тие го сметаат за награда“, додава доктор Наги. Исто така, децата повеќе се смеат кога се будни и во интеракција со некого, отколку кога спијат, што значи дека нивната насмевка има поента и не е случајна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-e-samo-refleks-bebinjata-vistinski-se-smeat/feed/ 0
Сакате ли да ја дочекате Новата Година со бисерно бели заби и блескава насмевка и професионално да ги избелите вашите заби во домашни услови? BioWhiten го може токму тоа! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sakate-li-da-ja-dochekate-novata-godina-so-biserno-beli-zabi-i-bleskava-nasmevka-i-profesionalno-da-gi-izbelite-vashite-zabi-vo-domashni-uslovi-biowhiten-go-moze-tokmu-toa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sakate-li-da-ja-dochekate-novata-godina-so-biserno-beli-zabi-i-bleskava-nasmevka-i-profesionalno-da-gi-izbelite-vashite-zabi-vo-domashni-uslovi-biowhiten-go-moze-tokmu-toa/#respond Thu, 31 Dec 2020 11:52:10 +0000 https://kurir.mk/?p=450667

Сакате ли да ја дочекате оваа Нова Година со бисерно бели заби и блескава насмевка, и да ги избелите вашите заби како што тоа го прават професионалците, но во домашни услови? Сакате ли да ги избегнете долгите предпразнични посети на стоматолошките ординации, а сепак да уживате во ефектот на професионалниот и безбеден избелувачки третман на вашите заби и тоа во комодитетот на сопствениот дом? Тогаш се што треба да направите е да го потсетите вашиот стоматолог да ви препорача BioWhiten и да ви изготви ваш персонализиран план за употреба! Дали знаете што го издвојува BioWhiten од сите други слични производи присатни на македонскиот пазар? BioWhiten е единственото стопроцентно биолошко средство за белење на забите кое може да се користи дома, но и во забна ординација, по советување со вашиот стоматолог. Постапката и средството се исти, но  дали професионалниот третман на избелување ке се спроведе дома или во ординација, секогаш избира потрошувачот! Моќта на BioWhiten брзо и безбедно да обезбеди перфектно бели заби и филмска насмевка, се крие во неговата уникатна формула. При употребата на ова единствено средство од ваков тип присатно на пазарот, при процесот на белење се ослободува многу голема количина на активна супстанца, со што во рекордно кратко време се добива посакуваниот резултат. Тоа што ова средство го издвојува од сите други слични производи е и тоа што  BioWhiten е единствено избелувачко средство кое може да се нанесе и на чувствителни заби, пришто корисникот нема да има никакви несакани или непријатни чувства за време и по постапката, а резултатите ке бидат видливи уште по првиот третман. BioWhiten без сомневање е најефикасната и најздрава опција за забите и здравјето на пациентот, која благодарение на компанијата, Превента сега е достапна и на македонскиот пазар! Дали знаете дека безбедноста и ефикасноста на BioWhiten е резултат на бројни иновативни истражувања? Од Превента објаснуваат дека BioWhiten е првото и единственото биолошко средство, кое е резултат на бројни иновативни истражувања за белење на забите. Со помош на најнова нано технологијата, BioWhiten го постигнува идеалното ниво на алкална pH за белење на забите, а истовремено прави и нивно реминерализирање. Базата на BioWhiten е специјално патентираната формула на алкален H2O2, кој обезбедува идеално ph>7 за ефикасно и брзо белење и нано-хидроксиапатит, со кој се врши реминализирање на забите. Искуствата од досегашната употреба на BioWhiten покажуваат дека средството беспрекорно успева да ги реминализира забите, со што го зајакнува емајлот и ги исполнува микро-пукнатините и дентинските тубули. BioWhiten се покажал успешен и при различни случаи на дисколоризација на забите, од најмала до најизразена, па дури и во случај кога промената на бојата на забите била  последица од употреба на тетрациклин. Иновативната формула BioWhiten, веќе им е достапна на сите потрошувачи и истата може да ја набават по задолжителната консултација со својот стоматолог!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sakate-li-da-ja-dochekate-novata-godina-so-biserno-beli-zabi-i-bleskava-nasmevka-i-profesionalno-da-gi-izbelite-vashite-zabi-vo-domashni-uslovi-biowhiten-go-moze-tokmu-toa/feed/ 0
Светот денеска ја слави насмевката https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/svetot-deneska-ja-slavi-nasmevkata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/svetot-deneska-ja-slavi-nasmevkata/#respond Fri, 02 Oct 2020 08:38:51 +0000 https://kurir.mk/?p=411442

Светот денеска ја слави насмевката. По тој повод, следат неколку занимливости, факти и тривијалности околу сѐ тоа… Денот на насмевката е востановен 1999 година и се одбележува во првиот петок од октомври. Идејата е на американскиот стручњак и уметник за реклама – Харви Бол, кој во 1963 година го создаде познатото жолто насмеано лице, коешто му претходеше на денешниот таканаречен емотикон – смешко. Бебињата се насмевнуваат уште во утробата на мајката! Насмевката не се учи, тоа е вроден рефлекс. Новороденчињата се насмевнуваат претежно во сон. Потребни се околу шест недели пред да се појави првата будна насмевка. Насмевката е универзална! Низ светот, прегратките, ракувањата и поклонувањето може да значат различни нешта… Сепак, насмевката насекаде го означува истото – среќа, позитивни мисли и добро расположение. Насмевката е заразна! Ова не е само мит. Насмевката е навистина заразна. Едно шведско истражување покажа дека на луѓето им е тешко да се намуртат кога набљудуваат насмеана личност и, на крајот – одговараат со истиот ведар израз. Кога се насмевнуваме, се ослободуваат ендорфини (хормони на среќа). Насмевката, дури и лажната, предизвикува телото да ослободува ендорфин – хормони кои придонесуваат за добро расположение и го намалуваат стресот. Постојат 19 различни видови насмевки! Науката идентификувала 19 различни видови насмевки – од вообичаена пристојна до онаа гласната и со солзи. Насмевката се слуша! Дури и онаа тивката, беззвучна насмевка во телефонски разговор, е забележлива, бидејќи влијае на тонот на разговорот. Токму поради оваа причина, луѓето кои работат со одговарање на телефонски повици, се обучени да се насмевнуваат за да им звучат попријатно на клиентите. Насмевката се гледа од далечина! Истражувањата посочуваат дека луѓето можат да препознаат насмеан лик и од 90 метри. Така, според стручните теории, ние го разликуваме пријателот од непријателот. Насмевката го продолжува животот. Луѓето кои се насмевнуваат често живеат подолго од тажните и намуртени лица. Ова се објаснува со својството на насмевката да го стимулира имунолошкиот систем преку зголемување на нивото на хормонот кортизол. Насмевката ги прави жените попривлечни, отколку шминката! Насмевката тоа го чини поефикасно и од најскапата шминка. Поновите испитувања откриваат дека 70 отсто од мажите сметаат дека насмеаните жени се попривлечни од оние со шминка. Занимливо е, сепак, тоа што истото не се однесува на мажите. Истражување на Американското психолошко здружение посочува дека жените претпочитаат тој да биде црномурест, повеќе отколку – да биде насмеан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/svetot-deneska-ja-slavi-nasmevkata/feed/ 0
Смеењето има голема вредност: Насмеаните луѓе живеат подолго и заработуваат повеќе https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/smeenjeto-ima-golema-vrednost-nasmeanite-lugje-ziveat-podolgo-i-zarabotuvaat-povekje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/smeenjeto-ima-golema-vrednost-nasmeanite-lugje-ziveat-podolgo-i-zarabotuvaat-povekje/#respond Fri, 25 Sep 2020 10:10:43 +0000 https://kurir.mk/?p=408357

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои повеќе се смеат живеат подолго, заработуваат повеќе и другите повеќе им веруваат. Луѓето кои искрено се смеат им испраќаат порака на другите дека можат да им се доверат и да соработуваат со нив. Исто така, оние кои повеќе се насмевнуваат, оставаат впечаток на великодушни и отворени личности. Насмевката, исто така, може да ве извлече од непријатните ситуации. Луѓето кои се фатени како ги кршат правилата понекогаш реагираат со насмевка, а американското истражување покажало дека тоа е добар потег, бидејки на пример, студентите кои се насмеале кога биле фатени дека препишуваат, добиле поблаг прекор од професорите. Економистите откриле дека смеењето има парична вредност, а пример се насмеаните келнерки кои секогаш добиваат поголем бакшиш, а стјуардесите понекогаш биле платени за да се смеат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/smeenjeto-ima-golema-vrednost-nasmeanite-lugje-ziveat-podolgo-i-zarabotuvaat-povekje/feed/ 0
Психолошки тест: Можете ли да погодите која од овие насмевки е искрена, а која лажна? (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/psiholoshki-test-mozete-li-da-pogodite-koja-od-ovie-nasmevki-e-iskrena-a-koja-lazna-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/psiholoshki-test-mozete-li-da-pogodite-koja-od-ovie-nasmevki-e-iskrena-a-koja-lazna-video/#respond Tue, 24 Mar 2020 09:26:05 +0000 https://kurir.mk/?p=321158

Знаете ли добро да ги прочитате скриените пораки зад насмевките на луѓето од вашето опкружување? Сигурно веднаш ќе одговорите со „ДА“, но не бидете толку самоуверени. Следниов тест е многу добро да го направите за да сфатите дали знаете да разликувате искрена од лажна насмевка. Така подобро ќе ги прочитате луѓето и нивните намери! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/psiholoshki-test-mozete-li-da-pogodite-koja-od-ovie-nasmevki-e-iskrena-a-koja-lazna-video/feed/ 0