настани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Jul 2022 15:57:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png настани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Притвор за осум лица кои учествувале во настаните пред Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pritvor-za-osum-lica-koi-uchestvuvale-vo-nastanite-pred-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pritvor-za-osum-lica-koi-uchestvuvale-vo-nastanite-pred-sobranieto/#respond Thu, 07 Jul 2022 15:57:50 +0000 https://kurir.mk/?p=701871

Едно лице е притворено, а осумдневен куќен притвор добија седумина од осомничените демонстранти кои беа приведени откако ескалираше мирниот протест на 5 јули против францускиот предлог за кревање на ветото од Бугарија кон Македонија пред Собранието, соопшти Кривичниот суд. Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум полнолетни лица, за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Дваесет и осум полицајци беа повредени, од кои десетина потешко, а 11 демонстранти беа приведени на протестите. Од осумтемина осомничени, шест се на возраст меѓу 18 и 22 години, еден е на возраст од 30 и еден на возраст од 36 години. За настанот се пријавени и три малолетни лица, за кои постапката ќе се води согласно Законот за правда за децата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pritvor-za-osum-lica-koi-uchestvuvale-vo-nastanite-pred-sobranieto/feed/ 0
Богата програма за сечиј вкус: Еве какви настани ќе има во Домот за култура во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bogata-programa-za-sechij-vkus-eve-kakvi-nastani-kje-ima-vo-domot-za-kultura-vo-kavadarci/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bogata-programa-za-sechij-vkus-eve-kakvi-nastani-kje-ima-vo-domot-za-kultura-vo-kavadarci/#respond Tue, 21 Jun 2022 12:56:16 +0000 https://kurir.mk/?p=693670

Во наредниот период во организација на Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци  следуваат повеќе настани. Во среда, 22 јуни 2022, 20 часот, сала на Дом на култура Кавадарци, реприза на претставата “Како да (не) снимиш мрсен филм“ во режија на Диме Коцевски, а во изведба на Театар при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци. Четврток, 23 јуни 2022, месност Моклиште, ресторан - тераса “12 Другари“, во рамки на “Кавадаречко културно лето 2022“, детската претстава “Бајка за најките“ во режија на Димче Бањански, а во изведба на театарската група при Дом на култура “Мирка Гинова“ Демир Капија. Сабота, 25 јуни 2022, 20 часот, сала на Дом на култура Кавадарци, реприза на претставата “Како да (не) снимиш мрсен филм“ во режија на Диме Коцевски а во изведба на Театар при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци Понеделник, 27 јуни 2022, 19.30 часот, Галерија при Дом на култура Кавадарци, концерт на Страшо Темков и Сара Пројковска насловен како “Тиквешка рапсодија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bogata-programa-za-sechij-vkus-eve-kakvi-nastani-kje-ima-vo-domot-za-kultura-vo-kavadarci/feed/ 0
Индустријата за организирање настани бара неповратна финансиска помош, од неработењето бележи над 60 отсто пад на приходите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/industrijata-za-organiziranje-nastani-bara-nepovratna-finansiska-pomosh-od-nerabotenjeto-belezi-nad-60-otsto-pad-na-prihodite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/industrijata-za-organiziranje-nastani-bara-nepovratna-finansiska-pomosh-od-nerabotenjeto-belezi-nad-60-otsto-pad-na-prihodite/#respond Mon, 01 Mar 2021 11:17:56 +0000 https://kurir.mk/?p=475397

Со кутии во кои е спакувана опремата, наредени долж булеварот „Илинден“ пред Владата, компаниите од ивент индустријата денеска симболично го одбележаа „поменот“ – една година откако се воведе забраната за одржување јавни настани. Во тој контекст е и мотото „ПОМЕН – една година тишина!“ под кое тие се собраа тука точно напладне, во 12:00 часот, за да искажат револт од ситуацијата во која се наоѓаат. Дојдоа со порака дека без поддршка од државата, не ќе можат да опстанат. Бројките на КОВИД заболени, како што посочија, се зголемува, а тоа значи дополнителна неизвесност дали воопшто наскоро повторно ќе почнат со работа. Како што изјави за МИА Маја Бабиќ, претседател на Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП) која го организира протестот, компаниите од оваа дејност бараат неповратна помош, грант, како што добија сопствениците на ноќните клубови. Проценките се дека падот на приходите во ивент индустријата се повеќе од 60 отсто, што според Бабиќ, во догледно време ќе значи ставање клуч на врата. -Баравме да бидеме третирани исто или слично како што беа третирани ноќните клубови. Тие добија грантови од по 10.000 евра. Бараме грант зашто сме една година затворени, но и за да можеме летово нешто да работиме. Буквално сме исцицани. Никаква помош немавме цела година од државата. И предложивме на Владата да има механизми со кои ќе може да се определи вид помош, а тоа значи дека компаниите треба навистина да докажат дека работат во ивент индустријата, дека имаат повеќе од 60 отсто пад на приходот, вели Бабиќ. Претставници на ИВАП во јануари разговарале со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Понудиле решение за нивната индустрија, но, иако добиле ветување дека тоа ќе биде земено предвид и разгледано, Владата воопшто не ги послушала и донела, како што нагласи Бабиќ, свои, неразбирливи мерки. -Откако беше објавен петтиот економски пакет за кој слушнавме преку медиумите, реагиравме веднаш. Упативме писмо со забелешка дека мерките се несоодветни, дека ивент индустријата е незадоволна, како и дека бара уште еднаш да седне на маса со надлежните и да разговара. Но, нема никаков фидбек од сето тоа. Остануваме на ставот дека мерките не се добри или, кога веќе ги донеле, барем да ги објаснат. Објавија дека ќе дадат помош за секторов, но никој ништо не знае. Само велат, ќе ги организира настаните на државата и толку. Тоа не е помош, туку ангажирање, објасни Бабиќ. Со овој собир, дополни, Асоцијацијата сака да го сврти вниманието на Владата, но и на јавноста, за состојбата во која се наоѓа ивент индустријата. – Како сектор, воопшто не сме препознаени и разбрани, а без помош и поддршка не е возможно да опстанеме по цела година неработење. Деновиве е зголемен бројот на КОВИД заболени што значи дека оваа индустрија уште долго не ќе може да почне со работа. Како одговорни граѓани и компании сметаме дека е неумесно да бараме одржување јавни настани при ваква состојба. Ние не правиме тајни настани, не ги прекршуваме законите и прописите и не и создаваме проблеми на пазарната инспекција. Затоа, сметаме дека немаме друг избор, освен Владата да изнајде начин и да му помогне на овој сектор, истакна претседателката на Асоцијацијата. Според неа, во последниот пакет мерки Владата објави дека се наменети средства за секторот -организирање настани, но моделот кој го предложи, ниту некому му е јасен, ниту има најава кога би се реализирал зашто рокови не се дефинирани. – Ние понудивме неколку модели за помош, но ниту еден од нив не бил земен предвид. Понуден е целосно нов, нејасен модел без рокови и јасни правила што остава простор за сомнеж во неговата правичност и намена. За жа, изведувачките уметности, музиката и јавните настани се вториот најголем губитник од КОВИД пандемијата во Европа и светот, според последното истражување на европската агенција EY Consulting, веднаш зад авио-транспортот и според истражувањата, закрепнувањето на оваа важна општествена гранка мора да биде сериозно поддржано и помогнато од локалните влади, рече Бабиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/industrijata-za-organiziranje-nastani-bara-nepovratna-finansiska-pomosh-od-nerabotenjeto-belezi-nad-60-otsto-pad-na-prihodite/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ по настаните во Вашингтон: Единствено ваквите настани им одат во прилог на оние кои создаваат поделби! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-po-nastanite-vo-vashington-edinstveno-vakvite-nastani-im-odat-vo-prilog-na-onie-koi-sozdavaat-podelbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-po-nastanite-vo-vashington-edinstveno-vakvite-nastani-im-odat-vo-prilog-na-onie-koi-sozdavaat-podelbi/#respond Thu, 07 Jan 2021 14:48:44 +0000 https://kurir.mk/?p=452670

Немирите и насилството не се патот кон поцврста демократија, туку начин на нејзино подривање. Информациите од Вашингтон се загрижувачки, но во исто време сме и убедени дека ќе победи демократијата, слободата и правото, велат од ВМРО-ДПМНЕ по настаните во Вашингтон. Единствено ваквите настани им одат во прилог на оние кои создаваат поделби, не посакуваат единство кај народот, и кои зад завесата на немилите инциденти извлекуваат лична корист. Насилството не е патот кон поцврста демократија, велат од партијата во својата објана на социјалната мрежа на Твитер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-po-nastanite-vo-vashington-edinstveno-vakvite-nastani-im-odat-vo-prilog-na-onie-koi-sozdavaat-podelbi/feed/ 0
Донесени препораки за организирање на настани, но не и за приватни веселби! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doneseni-preporaki-za-organiziranje-na-nastani-no-ne-i-za-privatni-veselbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doneseni-preporaki-za-organiziranje-na-nastani-no-ne-i-za-privatni-veselbi/#respond Mon, 14 Sep 2020 14:45:46 +0000 https://kurir.mk/?p=403134

Владата денеска ги разгледа и прифати општите препораки за организирање на настани кои беа предложени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и тоа: задолжително носењето на лична заштитна опрема на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, одржување на физичка дистанца на публиката на настанот со обележани места за седење, поставени на дистанца од 1,5-2 метри и не е дозволено стоење и групирање на посетителите од публиката. Еве какви препораки усвои Владата:  Задолжителното одржување на физичка дистанца од два метри се однесува и на сите членови на тимовите задолжени за организација. Според препораките, ограничен е капацитетот на посетители и тоа: настаните на отворено да се организираат со 50 проценти од капацитетот на просторот каде што ќе се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители, а настаните на затворено да се организираат со 30 проценти од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители. Задолжителна дезинфекција на раце на влез на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација за целото времетраење на настанот, како и засилени санитарно-хигиенски мерки, редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05 проценти натриум хипохлорит (5 проценти белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70 проценти алкохол за дезинфекција за горните површини. При организирањето на настаните потребно е поставување на јасно видливи места на едукативно-информативен материјал за почитување на општите превентивни мерки, носење заштитни маски, одржување на физичка дистанца, редовно/често дезинфицирање на рацете и правилна респираторна хигиена, Задолжително присуство на редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на горенаведените мерки: на влезот и во просторот каде се одржува настанот. Се препорачува електронска продажба на билети, но доколку е потребно да има билетарница потребно е обележување на растојание односно место за чекање од 1,5 до 2 метри и исто растојание меѓу вработениот и посетителот или заштитна бариера. Врз основа на горенаведените општи препораки секој организатор на настан потребно е да изготви протокол за реализација на планираниот настан кој ќе го објави јавно со цел навремено информирање на посетителите и учесниците во настанот за правилно следење на протоколот. Со дадените препораки не се опфатени приватните веселби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doneseni-preporaki-za-organiziranje-na-nastani-no-ne-i-za-privatni-veselbi/feed/ 0