наставен кадар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Aug 2023 05:20:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png наставен кадар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НСОН за штрајк во образованието, СОНК и МОН во преговори за ново зголемување на платите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nson-za-shtrajk-vo-obrazovanieto-sonk-i-mon-vo-pregovori-za-novo-zgolemuvane-na-platite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nson-za-shtrajk-vo-obrazovanieto-sonk-i-mon-vo-pregovori-za-novo-zgolemuvane-na-platite/#respond Wed, 30 Aug 2023 05:23:49 +0000 https://kurir.mk/?p=872252

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) најави штрајк во училиштата во текот на септември заради повисоки плати на вработените во образованието и за почитување на колективниот договор. Претседателот на НСОН, Томислав Гиевски, за МИА изјави дека активно работат на терен и се во преговори со училишта за окрупнување на членството за да постигнат репрезентативност и да покренат штрајк. Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), пак, не е за штрајк и со Министерството за образование и наука веќе преговара за зголемување на платите. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, за МИА изјави дека поддржуваат сѐ што е конструктивно и аргументирано. Соопшти дека со МОН се во преговори за покачување на платите од септември за дополнителен процент на најавените 10 отсто што вработените во образованието треба да ги добијат со Општиот колективен договор (ОКД). Гиевски од НСОН посочи дека за штрајк ќе се организираат во текот на септември и веќе испратиле повик до сите колективи во училиштата и се во преговори со нив, како што рече, да им ја дадат довербата за покренување штрајк. Нагласи дека НСОН е подготвен за штрајк, но треба да имаат повеќе членови односно дваесет отсто од вработените во секое училиште. - Не само што размислуваме за штрајк, туку ако ја постигнеме бројката ќе има штрајк и сме 100 проценти сигурни во тоа. Има огромни можности во септември да ја постигнеме бројката и да го почнеме штрајкот поради непочитување на колективните договори. Плата добиваме по 10-ти во месецот и е многу пониска од таа што треба да ја добиваме. Просветен работник во ниеден случај не смее да добива плата која е пониска од републичкиот просек, изјави Гиевски и додаде дека и со 10-те отсто покачување на платите од септември, согласно Општиот колективен договор, платата ќе им биде пониска од просечната во државава. На прашањето дали министерот за образование и наука е запознат со нивните барања и со одлуката за штрајк, Гиевски одговори дека средба со Јетон Шаќири имале пред околу два и пол месеца кога начелно, како што рече, ги отвориле сите теми и министерот им одговорил дека писмено ќе ги извести откако ќе разговара со правната служба. Повторна средба со министерот, пред почетокот на учебната година, рече, не побарале. -Тогаш не добивме никаков одговор, а бевме известени дека ќе го добиеме за една недела. Сега сме известени дека е на одмор, ќе побараме средба, но во моментов сме максимално посветени на колегите што нѐ бараат да имаме состаноци, додаде претседателот на НСОН. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, пак, смета дека не постојат реални услови за штрајк за такви барања кои се наведени како причина, ниту барањата, рече, се со таква тежина за да не може да се уредат со преговори. Неделков за МИА изјави дека СОНК е во континуирани преговори со Министерството за образование и наука просветните работници со септемвриската плата да добијат дополнително покачување од оние 10 отсто што ќе им следуваат со ОКД. Исто така, очекува наскоро да биде потпишан и нов колективен договор за основно и средно образование со што, рече, ќе се уредат многу права на вработените во дејноста образование. Дополнителното покачување е сигурно, нагласи Неделков, и СОНК преговара со МОН колкав да биде процентот. -Тие даваат толку колку што даваат, ние бараме повеќе. Да видиме каде ќе се сретнеме и затоа не би сакал да шпекулирам со проценти во јавноста, додаде Неделков. Во однос на барањата на НСОН, одговори дека „СОНК ќе поддржи сѐ што е конструктивно и што држи вода“, но смета дека тој образовен синдикат „погрешно толкува одредби од колективен договор“ кога тврди дека тие се кршат. -Тврдат дека минималната плата треба да се множи со соодветен коефициент на сложеност на работно место, што апсолутно така не пишува во колективниот договор. Ние сите би биле пресреќни да беше така, но не е така. Во јавноста се пушта таква шпекулација и се обвинува СОНК дека е сојузник на непочитување на колективниот договор. Да било така, досега барем еден член ќе тужел и ќе добиел. Но, никој не тужи од причина што не е така, изјави Неделков. Во однос на ниските плати на просветните работници, што е исто така основа на мотивот на НСОН за покренување штрајк, Неделков рече дека „не би ја фалел Владата дека направила многу за вработените во образованието“, но дека СОНК, сепак, издејстувал 10 проценти покачување во 2020 година, 18 проценти во 2022 и ново покачување оваа година што ќе биде над 10 проценти. -Факт е дека има инфлација, високи цени и платите се потпросечни, меѓутоа тоа што ние како синдикат континуирано го работиме треба некој да го цени. Не е доволно, но дали ние како синдикат сме виновни што платите од памтивек биле ниски и сега наеднаш, дефинитивно, не може да се исправи таа неправда, рече претседателот на СОНК. На прашањето од МИА за став во врска со намерата за штрајк на еден од образовните синдикати, Министерството за образование и наука одговори дека „во моментов најмалку се потребни нови грижи за учениците и прекинување на нивниот воспитно-образовен процес“, имајќи предвид, како што наведе, дека е загубено многу од наставата во изминатите години поради КОВИД-пандемијата и штрајкот од минатата учебна година. -Предизвиците мора да се надминуваат преку дискусија, за секое прашање треба да се дебатира. МОН е отворена институција и од особена важност е соработката со синдикалните организации и здруженија во кои гледаме сериозни партнери за градење квалитетен образовен систем и секогаш сме имале добра релација преку која се остварени бројни заеднички цели, посочи МОН. Потврди и дека е во преговори со, како што наведе „репрезентативниот синдикат во образованието – СОНК“, за потпишување нов колективен договор со кој е предвидено повисоки плати за наставниците и стручните соработници и нови права и можности за нивниот кариерен и професионален развој. Фото: МИА архива]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nson-za-shtrajk-vo-obrazovanieto-sonk-i-mon-vo-pregovori-za-novo-zgolemuvane-na-platite/feed/ 0
Мицкоски: Ги споделувам маките со просветниот кадар и затоа ги поддржувам безрезервно нивните барања, водството на СОНК треба да одговори зошто имаат осцилации во нивното делување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-gi-spodeluvam-makite-so-prosvetniot-kadar-i-zatoa-gi-poddrzuvam-bezrezervno-nivnite-baranja-vodstvoto-na-sonk-treba-da-odgovori-zoshto-imaat-oscilacii-vo-nivnoto-deluvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-gi-spodeluvam-makite-so-prosvetniot-kadar-i-zatoa-gi-poddrzuvam-bezrezervno-nivnite-baranja-vodstvoto-na-sonk-treba-da-odgovori-zoshto-imaat-oscilacii-vo-nivnoto-deluvanje/#respond Tue, 03 May 2022 17:55:34 +0000 https://kurir.mk/?p=671295

Претседателот на ВМРО-ДПМН, Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ во дневникот на Сител истакна дека дава поддршка на наставниот кадар, ги споделува нивните маки за остварување на своите права и посочи дека СОНК треба да одговори зошто имаат осцилации во нивното делување. - Од една страна имате влада која е проблем и дефинирана како хибриден режим и е криминализирана и корумпирана. Од друга страна ги имате професорите, наставниците и вработените во градинките. Јас сум универзитетски професор и тие се мои колеги во суштина. Јас го споделувам нивниот живот, бидејќи истите маки ги имаме и јас и моите колеги. Истите маки со нискиот стандард, демотивираноста, притисокот кој го чувствуваат од власта и затоа ги поддржав и ќе ги поддржам безрезервно кога искрено ги бараат своите права, рече Мицкоски. Мицкоски посочи дека никогаш не го нападнал водството на СОНК, туку прашува зошто имаа осцилација во ставовите пред и после состанокот во владата. - Најпрвин велат го прекинуваме штрајкот па ќе ги слушнеме членовите, па членовите се произнесоа за продолжување на штрајкот и тие одлучија да бараат излезна стратегија во нешто што е спротивно на закон преку тој таканаречен медијатор кој доаѓа од кабинетот на министерката за труд и социјална политика, рече Мицкоски. Мицкоски нагласи дека наставниците во неколку наврати кажуваа дека лошо живеат, им е потребно разбирање, примањата со кои располагаат се недоволни од први до први да се преживее. - Неколку пати алармираа, а власта ги етикетираше и кога видоа дека работата отиде предалеку се обидоа со притисоци. Јас никогаш нема да ги етикетирам, туку како нивен колега секогаш ќе застанам до нив во остварување на своите права, изјави Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-gi-spodeluvam-makite-so-prosvetniot-kadar-i-zatoa-gi-poddrzuvam-bezrezervno-nivnite-baranja-vodstvoto-na-sonk-treba-da-odgovori-zoshto-imaat-oscilacii-vo-nivnoto-deluvanje/feed/ 0
Стојаноска: СДСМ да се грижеа за просветниот кадар ќе го усвоеја амандманот на Законот за минимална плата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-sdsm-da-se-grizea-za-prosvetniot-kadar-kje-go-usvoeja-amandmanot-na-zakonot-za-minimalna-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-sdsm-da-se-grizea-za-prosvetniot-kadar-kje-go-usvoeja-amandmanot-na-zakonot-za-minimalna-plata/#respond Sat, 19 Feb 2022 10:43:27 +0000 https://kurir.mk/?p=633470

Насилието на СДСМ и тензиите во Собранието се затоа што Законот за наставници овозможува партизација и нема зголемување на платите на наставниците. Значи, повторувам, Законот за наставници кој е на дневен ред денес на собраниската Комисија за образование е Закон со кој се овозможува партизација на образованието и Закон со кој не се зголемуваат платите на наставниците, изјави денеска за медиумите пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска. Таа истакна дека СДСМ е заинтересирана за овој Закон затоа што сака да го донесе, дури и по цена на кршење на Деловникот за работа на Собранието. - Ова е Закон со кој СДСМ предвидува вработување на наставници на неопределено време, без приправнички стаж, со што се укинува еден од механизмите за контрола на квалитет и се овозможува партизација во образованието. Трансформацијата на работниот однос е решена во затворен круг на градоначалникот, директорот кој го именува градоначалникот и кој формира училишна комисија за вработување и комисија за трансформација, која ја формира градоначалникот. Ова е основ за политизација на вработувањата, посочи Стојаноска. Пратеничката додаде дека СДСМ доколку се грижеа за просветниот кадар и за покачување на нивните плати, ќе го усвоеја амандманот на Законот за минимална плата, предложен од ВМРО-ДПМНЕ. - Напротив, тоа е одбиено и се прибегнува кон усвојување на овој штетен Закон. Затоа, ние нема да ги прифатиме измените кои власта на сила ги турка во Собранието, децидна е Стојаноска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-sdsm-da-se-grizea-za-prosvetniot-kadar-kje-go-usvoeja-amandmanot-na-zakonot-za-minimalna-plata/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Ние им ги покачивме платите на наставниот кадар за 119%, а СДСМ 4 години не направи ништо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nie-im-gi-pokachivme-platite-na-nastavniot-kadar-za-119-a-sdsm-4-godini-ne-napravi-nishto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nie-im-gi-pokachivme-platite-na-nastavniot-kadar-za-119-a-sdsm-4-godini-ne-napravi-nishto/#respond Sat, 31 Jul 2021 07:49:58 +0000 https://kurir.mk/?p=544269

ВМРО-ДПМНЕ им ги покачи платите на наставниот кадар за 119%, а СДСМ 4 години не неправи ништо. 119% беше покачувањето на најниската плата во образованието во време на ВМРО-ДПМНЕ, додека 69% на највисоката, велат од партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ им ги зголеми платите на наставниците, а со СДСМ 4 години образованието е во место.

Ветуваа изградба на нови училишта и спортски сали, а ништо од тоа не е случај на терен.

СДСМ само манипулира со наставниот кадар и образовните работници, но лагата не им проаѓа по втор пат.

Образовните работници и наставниот кадар заслужуваат фер третман, услови кои ќе ги мотивираат и ќе ги подобрат во целост предавањата и престојот на нив и на децата во училиштата.

Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе“ - се наведува во соопштението на партијата.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nie-im-gi-pokachivme-platite-na-nastavniot-kadar-za-119-a-sdsm-4-godini-ne-napravi-nishto/feed/ 0
Митева: Владата предводена од СДСМ не само што се прецени, туку и го потцени целиот наставен кадар, сите родители, па и сите ученици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-vladata-predvodena-od-sdsm-ne-samo-shto-se-preceni-tuku-i-go-potceni-celiot-nastaven-kadar-site-roditeli-pa-i-site-uchenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-vladata-predvodena-od-sdsm-ne-samo-shto-se-preceni-tuku-i-go-potceni-celiot-nastaven-kadar-site-roditeli-pa-i-site-uchenici/#respond Thu, 01 Oct 2020 11:04:14 +0000 https://kurir.mk/?p=411093

Генералната проба која се покажа неуспешна заврши. Владата предводена од СДСМ не само што се прецени, туку и го потцени целиот наставен кадар, сите родители, па и сите ученици. Не уверуваа дека за еден месец можат да направат нешто што не може да се реализира, истакна на денешнат прес-конференција Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ. На самиот старт на учебната година, согласно Сојузот на средношколци над 80 илјади ученици немаат основни услови за следење онлајн настава. Нивното барање за воведување на комбиниран модел на образование, не е дозволено од Министерството за образование и наука. Учениците со право стравуваат дека учебната годината може да биде изгубена. Не може да биде оправдување што министерот е сменет. Владата, па и најголем дел од министрите се исти, само со сменети ресори. Ако Владата мислеше барем малку образованието, со ова темпо ќе работеше цело минато полугодие. Но, за нив одржувањето на изборите и водењето институционална кампања беше приоритет. За да се презентира нормален почеток на учебната година наставниците и учениците се насочени кон употреба на „Microsoft Teams“ мрежата, затоа што Националната платформа е комплетно нефункционална. Македонското образование се соочува со бројни инфраструктури проблеми, слаб квалитет според меѓународните тестирања, несоодветни образовни програми и недоволна мобилност. Ние решенија понудивме во нашата програма, се однесуваат на интегриран електронски систем во образованието, кариерен центар за наставниците со цел градење на капацитетите, воведување на квалитетни наставни програми и многу други проекти. Прашањето е дали имате желба вистински да ги подобрите состојбите во образованието? Дали се обврзувате да воведете модерна настава со дидактички средства и опрема или со неуспешни платформи? Потребно е да ги препознаете базичните морални и етички вредности, па потоа да се направи избор и начин на соочување со предизвиците. За на крај, доколку не успеете, да поднесете оставка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-vladata-predvodena-od-sdsm-ne-samo-shto-se-preceni-tuku-i-go-potceni-celiot-nastaven-kadar-site-roditeli-pa-i-site-uchenici/feed/ 0
МОН препорачува наставниците да ги спојат празниците- еве кога се враќаат на работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-preporachuva-nastavnicite-da-gi-spojat-praznicite-eve-koga-se-vrakjaat-na-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-preporachuva-nastavnicite-da-gi-spojat-praznicite-eve-koga-se-vrakjaat-na-rabota/#respond Tue, 26 Dec 2017 12:47:19 +0000 http://kurir.mk/?p=2660

Согласно Календарот за работни денови за учебната 2017/2018 година, Министерството за образование и наука информира дека до раководните лица на училиштата е доставена препорака деновите што следуваат по новогодишните празници да бидат неработни, односно работните обврски на наставниот кадар да започнат на 9 јануари. -Оваа препорака е согласно Календарите за организација на учебната 2017/2018 година, за основните и средните училишта каде 2 саботи во првото полугодие и 2 саботи во второто полугодие се предвидени како работни денови, се вели во дописот од МОН. Исто така, оваа препорака е со цел да се почитува правото на вработените во училиштата на четириесет часовно работно време во петдневна работна недела, како и со цел да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-preporachuva-nastavnicite-da-gi-spojat-praznicite-eve-koga-se-vrakjaat-na-rabota/feed/ 0