наставнички пленум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Sep 2021 13:41:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png наставнички пленум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Наставнички пленум бара пократки часови во наставата со физичко присуство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnichki-plenum-bara-pokratki-chasovi-vo-nastavata-so-fizichko-prisustvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnichki-plenum-bara-pokratki-chasovi-vo-nastavata-so-fizichko-prisustvo/#respond Fri, 17 Sep 2021 13:41:18 +0000 https://kurir.mk/?p=564863

Наставничкиот пленум бара од Министерството за образование и наука скратување на времетраењето на часовите во наставата со физичко присуство од 45 на 30 минути бидејќи, како што наведува во соопштение, наставниците имаат  големи потешкотии да ја реализираат наставата  во затворен простор и почитување на сите протоколи утврдени од Комисијата за заразни болести. Пленумот од МОН бара и во училишта во кои има повеќе од 15 ученици во паралелка да се премине на комбинирано учење односно физичко присуство и онлајн-настава. – Итно да се реши проблемот со обезбедување на училиштава и општините кои се надлежни и задолжени за овој проблем тоа итно да го решат. Да се ослободат наставниците од секојдневните дежурства предвидени за период на учење со физичко присуство за време на пандемија, наведува Наставничкиот пленум во барањата пратени до МОН и министерката Мила Царовска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnichki-plenum-bara-pokratki-chasovi-vo-nastavata-so-fizichko-prisustvo/feed/ 0
Наставнички пленум до Царовска: Повисоки плати или бојкот на наставата од септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnichki-plenum-do-carovska-povisoki-plati-ili-bojkot-na-nastavata-od-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnichki-plenum-do-carovska-povisoki-plati-ili-bojkot-na-nastavata-od-septemvri/#respond Tue, 03 Aug 2021 12:12:55 +0000 https://kurir.mk/?p=545650

Наставничкиот пленум со писма до министерката Мила Царовска и до синдикатите СОНК и НСОН, соопшти дека бара зголемување на платите на наставниците во основното и во средното образование и дека планира бојкот на наставата од почетокот на новата учебна година ако тоа не биде обезбедено. Незадоволни од висината на основната плата на наставниците, од Царовска бараат максимално да се заложи во Владата и да им излезат во пресрет на сите вработени во образованието со тоа што  ќе биде обезбедено покачување на платите во новата учебна 2021/2022 година. -На ова барање се повикуваме како резултат на растот на цените на производите кои се користат во секојдневниот живот, како и на растот на просечната плата која е многу повисока од платите на вработените во образование. Во спротивно, ние наставниците од Наставнички пленум би биле приморани да се организираме и да го покажеме јавно незадоволството, наведува Пленумот во барањето до Царовска. Двата синдиката – СОНК (Синдикат за образование, наука и култура) и НСОН (Независен синдикат за образование и наука), Наставничкиот пленум ги известува дека загрижени поради лошата финансиска положба на вработените во основното и средното образование,  планираат бојкот на наставата на почетокот на учебната 2021/2022, доколку МОН и Владата на изнајдат решение и ги зголемат платите. -Бараме од синдикатите да го подржат бојкотот на наставата кој го планираме од септември 2021. Сметаме дека синдикатите имаат најголема одговорност да ги штитат и унапредуваат правата на вработените и по тој повод очекуваме да нè поддржите во нашите барања и заложби, наведува Наставничкиот пленум.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnichki-plenum-do-carovska-povisoki-plati-ili-bojkot-na-nastavata-od-septemvri/feed/ 0
Наставнички пленум: Голем дел од наставниците се незадоволни од одлуката за кратење на платите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnichki-plenum-golem-del-od-nastavnicite-se-nezadovolni-od-odlukata-za-kratenje-na-platite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnichki-plenum-golem-del-od-nastavnicite-se-nezadovolni-od-odlukata-za-kratenje-na-platite/#respond Wed, 22 Apr 2020 14:10:10 +0000 https://kurir.mk/?p=335656

Соочени со апсурдниот феномен кратење на т.н. додатоци на плата за месеците април и мај напоменуваме дека по донесувањето на уредбата за организирање настава во вонредни услови (почнувајќи од 23 март годинава) ние наставниците бевме принудени како знаеме и умееме со техника и технички можности со кои самите располагаме, претежно со сопствени ресурси и сопствен интернет (со кој дел од нас не располагаат) и без соодветна обука, да реализираме настава во вонредни услови, ова преку реакција до јавноста го истакнаа од наставничкиот пленум. -Ако денеска при вклучување на компјутерот за да ја завршиме  својата работна задача, онлине предавања,спремање на тестови,прегледување на ученичките задачи и задавање задачи и  во зависност од можностите на наставниците, учениците и родителите ги користиме онлине апликациите до вчера непознати за сите нас како; ZOOM conference,Google Classroom,Webex Meet итн.,изготвување на извештаји за совет на паралелки и совет на училиште,неделни извештаи за одржување на онлине часови,водење на електронски дневник,тоа бездруго значи дека наставниците и понатаму мораат да ги извршуваат своите работни задачи. Ние не сакавме ваква ситуација и не бевме спремни за онлине настава, а ни учениците и родителите. Најголемиот број од учениците и наставниците располагаат со застарена опрема со која тешко успеваат да го реализираат овој тип настава. Во настава во вонредни услови треба да се има предвид и тоа дека е енормно тешко да се постават објективни критериуми за оценување. Оценувањето во вонредни услови бара дополнителен напор. За жал сега на површина испливаа проблемите со кои се соочивме и ние и учениците, па сега во таков сплет на околности многу потешко можеме да ги решаваме. Огромен дел од товарот во комуникацијата во овие вонредни услови падна и на стручните служби во училиштата, одделенските раководители, родителите и учениците, додаваат од пленумот. Во нивната реакција стои и дека на сета мака и импровизации во наставата со одлука на владата е предвидено скратување на “високите“ плати каде што е предвидено суспендирање на додатоците на плата во секторот образование ( минат труд,класно раководство,додаток за менторство и работи во тешки услови). Затоа голем дел на наставниците се изјаснија дека не се задоволни од одлуката за кратење на платите во секторот образование и се неприфатливи за голем дел од вработените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnichki-plenum-golem-del-od-nastavnicite-se-nezadovolni-od-odlukata-za-kratenje-na-platite/feed/ 0