настрадани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Dec 2021 12:57:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png настрадани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Општина Бутел со финансиска помош за смејствата на настраданите во автобуската несреќа во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-butel-so-finansiska-pomosh-za-smejstvata-na-nastradanite-vo-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-butel-so-finansiska-pomosh-za-smejstvata-na-nastradanite-vo-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija/#respond Thu, 02 Dec 2021 12:57:05 +0000 https://kurir.mk/?p=603066

Денес на мој предлог советот на општина Бутел едногласно донесе одлука за доделување на 250 илјади денари парична помош за настраданите лица во сообракајната несреќа во Бугарија. Нема зборови со кои може да се опише оваа трагедија која ни донесе немир и тага, пишува во својата објава на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на скопската општина Бутел Дарко Костовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-butel-so-finansiska-pomosh-za-smejstvata-na-nastradanite-vo-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija/feed/ 0
ВИДЕО: Телата на настраданите во трагедијата се извлекуваат од автобусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-telata-na-nastradanite-vo-tragedijata-se-izvlekuvaat-od-avtobusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-telata-na-nastradanite-vo-tragedijata-se-izvlekuvaat-od-avtobusot/#respond Tue, 23 Nov 2021 13:32:08 +0000 https://kurir.mk/?p=598852

Телата на 46 жртви кои изгореа во тешката сообраќајка во Бугарија се извлекуваат од автобусот на „Беса транс“. Екипа на телевизија Телма е на терен и објави видео од местото на несреќата каде тимови од судска медицина ги вадат делата врз кои потоа ќе се врши идентификација. Несреќата се случила на автопатот „Струма” на 37 километри оддалеченост од Софија. Списокот на патници од автобусот е испратен за Скопје и е започнат процесот на идентификација на жртвите во автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма” во Бугарија, изјави директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, на заедничката прес-конференција со јавниот обвинител на Македонија, Љубомир Јовески. „Одржавме заеднички работен состанок за разјаснување на сите линии на меѓународната правна соработка – добивање на сите потребни документи од македонска страна и добивање биолошки материјал за идентификација на жртвите”, рече Сарафов. Според него, сите потребни документи обвинителството ќе ги испрати до институциите во Скопје. Јавниот обвинител Јовески, изрази сочувство до роднините на загинатите и се заблагодари на колегите од бугарското обвинителство за заедничката работа. „Се работи за голема таргедија. Загинаа 12 деца. Заедно со колегите од Бугарија се договоривме за натамошната работа, разјаснување на поединостите во трагедијата”, рече Јовески. Шефицата на Основното јавно обвинителство за гоење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОК) Вилма Рускоска, објасни дека компанијата „Беса транс” функционира 20 години и досега немала сообраќајни незгоди, но дека мора да се провери соодветната документација за техничката состојба на автобусите. Според првичните информации, автобусот бил нов, и во функција е само три години. Во моментов, според обвинителите, нема да се води дополнителна предистражна постапка кај нас и таа само ќе биде на територијата на Бугарија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-telata-na-nastradanite-vo-tragedijata-se-izvlekuvaat-od-avtobusot/feed/ 0
Расте бројот на настрадани во поплавите во Индонезија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-nastradani-vo-poplavite-vo-indonezija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-nastradani-vo-poplavite-vo-indonezija/#respond Sat, 04 Jan 2020 08:58:48 +0000 https://kurir.mk/?p=285457

Бројот на загинати во главниот град на Индонезија се зголеми на 53, а речиси 175.000 евакуирани лица сè уште не се во можност да се вратат во своите домови, соопштија денеска индонезиските власти. – Бројот на загинати се зголеми на 53, а едно лице се води како исчезнато, рече портпаролот на Агенцијата за ублажување катастрофи Аџус Вибово. Монсунските дождови и надојдените реки поплавија најмалку 182 населби во Џакарта и предизвикаа лизгање на земјиштето на периферијата на градот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-nastradani-vo-poplavite-vo-indonezija/feed/ 0
Четири лица настрадаа во налет на торнадо во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetiri-lica-nastradaa-vo-nalet-na-tornado-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetiri-lica-nastradaa-vo-nalet-na-tornado-vo-sad/#respond Sun, 14 Apr 2019 17:31:05 +0000 https://kurir.mk/?p=186397

Четири лица настрадаа во налет на торнадо во јужниот дел на САД. Вкупно 13 такви бури ги погодија Тексас и Мисисипи. Повеќе куќи и деловни објекти во Висконсин и Хамилтон, Мисисипи, се оштетени, а дел од потрошувачите останаа без електрична енергија. Претходно беше соопштено дека две деца починале, а десетици луѓе биле повредени од торнадо во Френклин, Тексас. Во болница се примени 25 лица, со повреди од различен степен. Повеќе од 150.000 домови и деловни објекти останаа без струја во Тексас, Мисисипи, Мисури, Алабама и Луизијана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetiri-lica-nastradaa-vo-nalet-na-tornado-vo-sad/feed/ 0
МЗЗПР: Работодавачите да ги пријават настраданите од автобуската несреќа за дополнителни бенефиции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzzpr-rabotodavachite-da-gi-prijavat-nastradanite-od-avtobuskata-nesrekja-za-dopolnitelni-beneficii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzzpr-rabotodavachite-da-gi-prijavat-nastradanite-od-avtobuskata-nesrekja-za-dopolnitelni-beneficii/#respond Thu, 21 Feb 2019 09:58:56 +0000 https://kurir.mk/?p=166350

Според Законот за безбедност и здравје на работа, сите патници што настрадаа во автобуската несреќа кај селото Ласкарци, а кои биле во работен однос и патувале кон својот дом, при што се повредиле или загинале во сообраќајната несреќа, потребно е од страна на работодавачите да бидат пријавени во Државниот инспекторат за труд како несреќи на работното место, соопшти Македонско здружение за заштита при работа.
Оттаму предупредуваат дека непостапувањето на овој начин е прекршување на Законот и е предмет на прекршочна постапка. Со пријавата од страна на работодавачите, на повредените вработени ќе им следуваат следните законски можности: - Да имаат можност полн износ (100%) од платата да им биде исплатен за време на периодот на заздравување (имајте предвид дека при боледување, а кое не е поврзано со несреќа на работното место, можно е исплатената плата да биде помала и до 70%); - Отсуството од работното место да биде заведено како „повреда на работа”, а со тоа, во понатамошниот работен век, доколку се појават одредени компликации, истите да може да се утврдат од каде потекнуваат и да се придонесе за превенција; - По враќањето на работното место, вработените е неопходно веднаш да бидат упатени на насочени медицински прегледи, а со тоа да биде утврдена нивната преостаната работна способност. Ова е исклучително важно за секој од нив индивидуално доколку се јават одредени ограничувања во можностите за нивно целосно исполнување на работните задачи, а со првенствена цел да се заштити здравјето и интегритетот на работникот!, додаваат од здружението.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzzpr-rabotodavachite-da-gi-prijavat-nastradanite-od-avtobuskata-nesrekja-za-dopolnitelni-beneficii/feed/ 0