Натали Кристофер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 08 Aug 2019 20:33:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Натали Кристофер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПОЗНАТА ПРИЧИНАТА: Обдукцијата покажа од што починала туристката Натали во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poznata-prichinata-obdukcijata-pokaza-od-shto-pochinala-turistkata-natali-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poznata-prichinata-obdukcijata-pokaza-od-shto-pochinala-turistkata-natali-vo-grcija/#respond Thu, 08 Aug 2019 16:02:25 +0000 https://kurir.mk/?p=227784

Пад од височина е причината за смртта на британската туристка на грчкиот остров Икариа, според управникот на службата за судска медицина, кој денеска изврши обдукција на телото и просторот каде што беше пронајдено, јави дописничката на МИА од Атина. Никос Каракукис, управникот на Службата за судска медицина, утрово од Атина пристигна на грчкиот остров за да ги утврди причините за смртта. Според него, 35-годишната Натали Кристофер, паднала од карпа и веднаш починала. -Постојат знаци и од обдукцијата во просторот каде што се наоѓа трупот и од обдукцијата, односно од надворешниот преглед, кои одговараат на пад од височина. Дополнителна истрага ќе се спроведе во мртовечницата во Атина, а веројатно ќе се направат и лабораториски анализи. Телото денеска ќе биде пренесено во Атина, според она што ми го кажа шефот на полициската истрага, рече Каракукис. Телото на 35-годишната Натали Кристофер, по 72 часа интензивна потрага, вчера попладне беше пронајдено на непроодна локација, во провалија длабока околу 20 метри, а трупот и во текот на ноќта остана на истото место за денеска да се изврши обдукцијата. Британката била на одмор на Икариа, заедно со нејзиниот партнер од Кипар, кој во понеделникот напладне пријавил во полиција дека Кристофер е исчезната, откако не одговарала на неговите повици. Претходно, телефонски разговарале, кога му рекла дека излегла да трча и да планинари. Потрагата по исчезнатата се водеше на копно, во вода и со хеликоптер и со специјална опрема за лоцирање на мобилниот телефон според сигналот, а на грчката полиција ѝ помагаа крајбрежната и противпожарната служба како и волонтери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poznata-prichinata-obdukcijata-pokaza-od-shto-pochinala-turistkata-natali-vo-grcija/feed/ 0
Ообдукција на загинатата британска туристка на грчкиот остров Икариа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/oobdukcija-na-zaginatata-britanska-turistka-na-grchkiot-ostrov-ikaria/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/oobdukcija-na-zaginatata-britanska-turistka-na-grchkiot-ostrov-ikaria/#respond Thu, 08 Aug 2019 09:00:10 +0000 https://kurir.mk/?p=227602

Лекар од судска медицина од Атина денеска ќе пристигне на грчкиот остров Икариа за да направи обдукција на телото и да ги одреди причините за смртта на британската туристка, која вчера беше пронајдена мртва, јави дописничката на МИА од Атина. Телото на 35-годишната Натали Кристофер, по 72 часа интензивна потрага, вчера попладне беше пронајдено на непроодна локација, во провалија длабока околу 20 метри, а трупот и во текот на ноќта остана на истото место за денеска да се изврши обдукцијата. Според првичните информации во Грција, жената била поклопена од карпа што паднала врз неа, а телото било пронајдено, по сигналот од нејзиниот мобилен телефон. Грчката полиција вчера потврди дека пронајденото тело е на исчезнатата астрофизичарка, која заедно со нејзиниот партнер од Кипар престојуваа на Икариа. Партнерот на 35-годишната Кристофер во понеделникот напладне пријавил во полиција дека Британката е исчезната, откако не одговарала на неговите повици. Претходно, телефонски разговарале, кога му рекла дека излегла да трча и да планинари. Потрагата по исчезнатата се водеше на копно, во вода и со хеликоптер и со специјална опрема за лоцирање на мобилниот телефон според сигналот, а на грчката полиција ѝ помагаа крајбрежната и противпожарната служба како и волонтери. Веројатно е, според првичните информации, дека станува збор за несреќен случај, откако Британката сакала да се качи на карпата. Затоа, овој случај во ниту еден момент, во Грција, не се поврза со смртта на 60-годишната Сузан Итон, Американката- биолог, која минатиот месец беше убиена на грчкиот остров Крит. Итон, на Крит беше на научен симпозиум, а една седмица се водеше за исчезната откако и се загуби секаква трага едно попладне кога излегла да трча. За убиството, уапсен е 27-годишен Грк, кој призна дека најпрво со возилото ја прегазил 60-годишната, потоа ја ставил во багажникот на автомобилот, потоа ја силувал и ја убил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/oobdukcija-na-zaginatata-britanska-turistka-na-grchkiot-ostrov-ikaria/feed/ 0
НОВИ ДЕТАЛИ: По 72 часа потрага на грчкиот остров, телото на Натали пронајдено во провалија длабока 20 метри https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-detali-po-72-chasa-potraga-na-grchkiot-ostrov-teloto-na-natali-pronajdeno-vo-provalija-dlaboka-20-metri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-detali-po-72-chasa-potraga-na-grchkiot-ostrov-teloto-na-natali-pronajdeno-vo-provalija-dlaboka-20-metri/#respond Wed, 07 Aug 2019 18:50:07 +0000 https://kurir.mk/?p=227440

По над 72 часа интензивна потрага, попладнево, во провалија длабока 20 метри, беше пронајдено телото на 35-годишната Британка, Натали Кристофер, која исчезна во понеделникот наутро на грчкиот остров Икариа, jави дописничката на МИА од Атина. Грчката полиција потврди дека пронајденото тело е на исчезнатата астрофизичарка, која заедно со нејзиниот партнер од Кипар престојуваа на Икариа. -Пред малку, копнените сили вклучени во истрагата, во провалија длабока околу 20 метри, во непроодена планинска точка во областа Караме, Агиос Кирикас на Икариа, го пронајдоа телото на 35-годишната државјанка на Велика Британија, соопштија од грчката полиција. Според првичните информации во Грција, жената била поклопена од карпа што паднала врз неа, а телото било пронајдено, по сигналот од нејзиниот мобилен телефон. Партнерот на 35-годишната Кристофер во понеделникот напладне пријавил во полиција дека Британката е исчезната, откако не одговарала на неговите повици. Претходно, телефонски разговарале, кога му рекла дека излегла да трча и да планинари. Потрагата по исчезнатата се водеше на копно, во вода и со хеликоптер и со специјална опрема за лоцирање на мобилниот телефон според сигналот, а на грчката полиција ѝ помагаа крајбрежната и противпожарната служба како и волонтери. Веројатно е, според првичните информации, дека станува збор за несреќен случај, откако Британката сакала да се качи на карпата. Затоа, овој случај во ниту еден момент, во Грција, не се поврза со смртта на 60-годишната Сузан Итон, Американка- биолог, која минатиот месец беше убиена на грчкиот остров Крит. Итон, на Крит беше на научен симпозиум, а една седмица се водеше за исчезната откако и се загуби секаква трага едно попладне кога излегла да трча. За убиството, уапсен е 27-годишен Грк, кој призна дека најпрво со возилото ја прегазил 60-годишната, потоа ја ставил во багажникот на автомобилот, потоа ја силувал и ја убил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-detali-po-72-chasa-potraga-na-grchkiot-ostrov-teloto-na-natali-pronajdeno-vo-provalija-dlaboka-20-metri/feed/ 0