натали портман – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Aug 2023 11:39:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png натали портман – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Натали Портман се раздели со Бенжамин Милепид по 11 години брак https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/natali-portman-se-razdeli-so-benzhamin-milepid-po-11-godini-brak/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/natali-portman-se-razdeli-so-benzhamin-milepid-po-11-godini-brak/#respond Tue, 08 Aug 2023 11:39:46 +0000 https://kurir.mk/?p=864628

Натали Портман и нејзиниот сопруг Бенжамин Милепид се разделиле по 11 години брак, потврди неименуван извор за „Ју-ес викли“ (Us Weekly). „Откако се појавија вестите за неговото неверство, тие се обидуваа да работат на нивниот брак, но во мигов се на различни страни“, раскажува изворот. Инаку, двојката што го има синот Алеф (12) и ќерката Амалија (6) - ги разгореа гласините за нивната разделеност на 11-годишнината од бракот овој петок, кога глумицата беше забележана без нејзиниот венчален прстен на спортски натпревар во Сиднеј, Австралија. Во јуни се појавија гласини дека Милепид (46) има афера со речиси двојно помладата климатска активистка Камил Етјен. Во тоа време, Портман неофицијално остана посветена на нивниот брак и покрај наводното неверство. Но, друг анонимен пријател, сепак, соопшти дека Портман не знае дали таа и нејзиниот сопруг ќе можат да ја обноват својата врска по скандалот. „Во мигов, тие разговараат и работат на тоа заедно за доброто на нивните деца“, појасни изворот, додавајќи дека Милепид „се кае за своите постапки“. Портман и Милепид се запознаа 2009 година додека работеа на трилерот „Црн лебед“ на Дарен Аронофски, којшто се појави во кината следната 2010 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/natali-portman-se-razdeli-so-benzhamin-milepid-po-11-godini-brak/feed/ 0
Закани со пиштол прекинаа снимање серија со Натали Портман https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zakani-so-pishtol-prekinaa-snimanje-serija-so-natali-portman/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zakani-so-pishtol-prekinaa-snimanje-serija-so-natali-portman/#respond Tue, 30 Aug 2022 12:54:46 +0000 https://kurir.mk/?p=726016

Балтимор, 30 август 2022 (МИА) – Претстојната куса ТВ-серија со Натали Портман, „Дама во езерото“ (Lady in the Lake) доживеа принуден привремен прекин на продукцијата во Балтимор, САД, поради луѓе кои со огнено оружје ѝ се заканувале на дел од екипата. Имено, двајца мештани се судриле со возач на тимот во петокот велејќи дека „ќе дозволат“ снимањето да продолжи само ако им платат 50.000 долари. Возачот, секако, одбил, па напаѓачите се заканиле дека „ќе се вратат подоцна вечерта и ќе пукаат во некого“ доколку продолжи снимањето, според полицискиот извештај. Во изјавата за „Холивуд рипортер“, студиото „Ендивор контент“, се вели: „Петокот попладне, на снимањето во Балтимор на нашата продукција – „Дама во езерото“, пред пристигнувањето на актерската и ТВ-екипата… Возач од нашата продукциска екипа се соочил со две лица, од кои едниот вперил пиштол кон нашиот возач, а потоа двајцата побегнале од местото. Работиме со Полицискиот оддел на Балтимор бидејќи истрагата е во тек. Безбедноста на нашата екипа, глумците и сите кои работат во нашите продукции се наш највисок приоритет и ние сме благодарни дека никој не е повреден. Продукцијата ќе продолжи со зголемени безбедносни мерки. Привилегија е да се снима „Дама во езерото“ во Балтимор, работејќи со тамошната енергична заедница низ многу области“. Серијата „Дамата во езерото“ е заснована на истоимениот прославен роман на Лора Липман од 2019. Приказната е сместена во Балтимор во 1960-тите, каде што нерешено убиство ја турка домаќинката и мајка Меди Шварц (Портман) повторно да му се врати на истражувачкото новинарство… Во ТВ-серијата глумат и Мозес Инграм, Сонал Јагасија, Рони Џин Блевинс, Скот Своп и други. Најавени се седум епизоди. Датумот на објавувањето и прикажувањето сѐ уште не е соопштен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zakani-so-pishtol-prekinaa-snimanje-serija-so-natali-portman/feed/ 0
Натали Портман се чувствувала како „натрапник“ во „Тор“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/natali-portman-se-chuvstvuvala-kako-natrapnik-vo-tor/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/natali-portman-se-chuvstvuvala-kako-natrapnik-vo-tor/#respond Tue, 05 Jul 2022 12:35:43 +0000 https://kurir.mk/?p=700345

Натали Портман изјави дека се чувствувала како „натрапничка“ кога му се приклучила на снимањето на „Тор: Љубов и грмотевица“ (Thor: Love and Thunder). Во претходните делови на хит-серијалот на „Марвел“, ликот на Портман, Џејн Фостер е смртничка, но „љубовна цел“ на нордискиот бог Тор. Во новото продолжение, очекувано беше таа да стане и суперхерој… Сепак, глумицата истакна дека морала да „смисли како да се вклопи“ во таа донекаде нова улога, заедно со досегашните главни чинители – Крис Хемсворт, Теса Томпсон и новозеландскиот режисер Таика Вајтити. – Толку е чудно кога се навраќаш на нешто многу познато, но некако, и како да си „ново дете“… Бидејќи Крис и Теса, и Таика работеа заедно на „Рагнарок“ (претходниот дел од филмот, б.п.) и беа така успешни и, сѐ изгледаше како друштвото повторно да се собира, а јас сум онаа новајлијка таму, обидувајќи се да сфатам како да се вклопам, изјави Натали Портман. Но, вели, бргу се прилагодила, пренесувајќи ја блискоста од вистинскиот живот. – Имаше многу блискост и удобност и во тој свет – тоа беше таа чудна мешавина да се биде и ветеран, и почетник во истовреме. Јас бев таму и на почетокот. Но, во истовреме сум и „натрапничка“ во оваа група, додаде таа. Портман работела со Хемсворт на претходните „Тор“ филмови, а со Томпсон и на филмот „Анихилација“ (Annihilation) од 2018 година. – Има љубов и партнерство што ги имаме во вистинскиот живот, а кои мислам дека тоа се гледа и во нашите сцени. А, да се види како тоа сестринство се одразува на екранот, мислам, како го отсликува нашиот вистински живот на снимањето, што беше толку убаво нешто… Тоа е само некој со кого може да се смеете и да разговарате за тие нешта – на вашето работно место, објасни Портман „Тор: Љубов и грмотевица“ излегува во кината ширум светот оваа седмица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/natali-portman-se-chuvstvuvala-kako-natrapnik-vo-tor/feed/ 0
На Инстаграм ја следат 7,3 милиони луѓе, а за Фејсбук не сака ни да чуе: Актерката студирала заедно со Марк, но еве што му замерува https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-instagram-ja-sledat-7-3-milioni-lugje-a-za-fejsbuk-ne-saka-ni-da-chue-akterkata-studirala-zaedno-so-mark-no-eve-shto-mu-zameruva/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-instagram-ja-sledat-7-3-milioni-lugje-a-za-fejsbuk-ne-saka-ni-da-chue-akterkata-studirala-zaedno-so-mark-no-eve-shto-mu-zameruva/#respond Tue, 09 Feb 2021 12:50:47 +0000 https://kurir.mk/?p=466255

Натали Портман откри зошто никогаш нема да има профил на Фејсбук иако студирала кај неговиот основач Марк Цукерберг. Иако на Инстаграм ја следат 7,3 милиони луѓе, холивудската актерка не сака ниту да слушне за идејата за отворање профил на Фејсбук, каде што, веруваме, многу брзо би ја следела сличен број, ако не и уште повеќе обожаватели. Но, 39-годишната Натали во интервју за австралиското ток-шоу „Проектот“ објасни дека верува дека на Фејсбук му претстои долг пат од филтрирање лажни вести. Таа без престан го критикува Фејсбук и покрај тоа што јавно откри дека има учено на Универзитетот Харвард со основачот на социјалната мрежа, Марк Цукерберг. -Знаете, Фејсбук беше промовиран во училиштето кога и јас бев таму. Но, јас никогаш не се придружив на таа мрежа, рече таа, додавајќи дека социјалната мрежа на Марк мора да помине низ поголема одговорност за видот на содржината објавена на таа платформа. „Со оглед на тоа што тие се еден вид платформа за објавување, тие претставуваат некои информации што луѓето ги перцепираат како факти“, заклучи таа. Во едно од минатогодишните интервјуа, таа истакна дека е среќна што пораснала без социјални мрежи и што може да ги работи работите што ги сака без да ги споделува на постови со други.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-instagram-ja-sledat-7-3-milioni-lugje-a-za-fejsbuk-ne-saka-ni-da-chue-akterkata-studirala-zaedno-so-mark-no-eve-shto-mu-zameruva/feed/ 0
ФОТО: Натали Портман не се откажува, ова е скриената порака на фустанот со кој се појави на Оскарите https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-natali-portman-ne-se-otkazuva-ova-e-skrienata-poraka-na-fustanot-so-koj-se-pojavi-na-oskarite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-natali-portman-ne-se-otkazuva-ova-e-skrienata-poraka-na-fustanot-so-koj-se-pojavi-na-oskarite/#respond Mon, 10 Feb 2020 12:16:25 +0000 https://kurir.mk/?p=301798

На синоќешното доделување на наградите Оскар, актерката Натали Портман се појави во фустан која на себе со златни букви ги содржеше имињата на режисерките кои оваа година не беа предложени за овие филмски награди во ниту една категорија во која се наградуваат режисерите. На нејзиниот фустан беа напишани имињата на Грета Гервиг, Лорен Скафарија и Лулу Ванг. Овогодинешните номинации за најдобра режија ги добија Мартин Скорсезе (The Irishman), Тод Филипс (Joker), Сем Мендес (1917), Квентин Тарантино (Once upon a time in Hollywood ) и Бонг Џун Хо (Parasite), ексклузивно машко друштво. Ова не е првпат Портман да го сврти вниманието на јавноста на тоа дека жените режисери немаат рамноправен третман при номинациите за Оскар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-natali-portman-ne-se-otkazuva-ova-e-skrienata-poraka-na-fustanot-so-koj-se-pojavi-na-oskarite/feed/ 0
Моби ѝ се извини на Натали Портман https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mobi-se-izvini-na-natali-portman/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mobi-se-izvini-na-natali-portman/#respond Mon, 27 May 2019 10:26:07 +0000 https://kurir.mk/?p=202419

Виртуозот на електронска музика, Моби ѝ се извини на глумицата Натали Портман затоа што ја спомнал во својата автобиографија. Моби (53), чие вистинско име е Ричард Мелвил Хол, прво во книгата, а потоа и на Инстаграм двапати настојуваше дека пред 20 години бил во врска со глумицата, кога таа имала помалку од 20, а тој 33 години. Таа по тој повод изјави дека „неговото сеќавање е како на чуден постар човек кој кон неа се поставил прилично морничаво“. -Како што минува времето, сфаќам дека многу од критиките за моите пишувања за Натали во мојата автобиографија „Then It Fell Apart“, се издржани. Исто така, потполно признавам дека направив превид затоа што не ѝ кажав предвреме дека ќе ја спомнам во мојата книга, и беше исто толку неодговорно од моја страна што не ја почитував нејзината реакција. Многу ја почитувам Натали, поради нејзината интелигенција, креативност, како и активноста за заштита на правата на животните и жалам што можеби ја вознемирив неа или нејзиното семејство, напиша Моби на Инстаграм. На крај, тој ѝ се извини на глумицата, но и на читателите за тоа што претходно не им кажал што ќе пишува во книгата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mobi-se-izvini-na-natali-portman/feed/ 0
Натали го нарече „морничав стар човек“, а сега Моби со доказ го возвраќа ударот https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/natali-go-nareche-mornichav-star-chovek-a-sega-mobi-so-dokaz-go-vozvrakja-udarot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/natali-go-nareche-mornichav-star-chovek-a-sega-mobi-so-dokaz-go-vozvrakja-udarot/#respond Thu, 23 May 2019 12:51:08 +0000 https://kurir.mk/?p=201209

Моби беше изненаден од изјавата на Натали Портман која го опиша како гаден постар човек, но и покрај тоа тој тврди дека биле во врска. Музичарот кој неодамна објави мемоари во кои го опишува својот подем и пад, а во кои ја опиша и наводната кратка врска со познатата актерка, во својата автобиографија напиша дека таа имала 20 години, а тој 33. Но, таа вели дека тоа не е вистина и тие се сретнале кога имала само 18 години, кратко време откако дипломирала во 1999 година. Натали вели дека тие никогаш не биле во врска и оти тој е „еден постар човек, кој знае малку и да претера“. -Нашето познанство не беше врска. Неговото сеќавање е како на чуден постар човек кој кон мене се поставил прилично морничаво. И немав 20, туку 18 години. Бев тинејџерка, која штотуку заврши средно образование, истакна Портман. Моби признава дека тоа се случило во 1999 година, кога таа имала „одвај” 18 години, но инсистираше на тоа дека тие биле во романтична врска. „Неодамна прочитав озборување во кое Натали Портман вели дека никогаш не сме излегувале. Тоа ме збуни, бидејќи ние, всушност, излегувавме. А потоа останавме пријатели. Ми се допаѓа Натали, ја почитувам нејзината интелигенција и активизам” , напиша тој на „Инстаграм“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/natali-go-nareche-mornichav-star-chovek-a-sega-mobi-so-dokaz-go-vozvrakja-udarot/feed/ 0
Натали Портман: Не сум била во врска со Моби, тој е морничав стар човек https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/natali-portman-ne-sum-bila-vo-vrska-so-mobi-toj-e-mornichav-star-chovek/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/natali-portman-ne-sum-bila-vo-vrska-so-mobi-toj-e-mornichav-star-chovek/#respond Wed, 22 May 2019 09:45:08 +0000 https://kurir.mk/?p=200732

Откако Моби во својата автобиографија тврдеше дека бил во врска со Натали Портман, таа го негираше тоа и нагласи дека за неа тој бил само „морничав постар човек”.
Моби (53), чие вистинско име е Ричард Мелвил Хол, тврди дека пред 20 години неколку недели бил во врска со глумицата и дека таа го започнала флертувањето со него зад сцената на еден од неговите концерти. -Бев ќелав и пиев повремено, а таа беше убава филмска ѕвезда. Но, беше тука, во мојата соблекувалната, и флертуваше со мене. Јас имав 33, а таа 20 години, но тоа беше нејзин свет. Неколку седмици се обидував да ѝ бидам момче, но не успеав. Морав да ѝ кажам дека паниката ми е премногу неудобна околу тоа да бидам во врска, но една вечер ми се јави на телефон и ми рече дека запознала некој друг. Ми олесни, бидејќи сепак не морав да ѝ кажам колку сум оштетен, пишува Моби. Натали вели дека тие никогаш не биле во врска и оти тој е „еден постар човек, кој знае малку и да претера“. -Нашето познанство не беше врска. Неговото сеќавање е како на чуден постар човек кој кон мене се поставил прилично морничаво. И немав 20, туку 18 години. Бев тинејџерка, која штотуку заврши средно образование, истакна Портман. Таа го искритикува и неговиот издавач, оти не ги проверил фактите пред книгата да оди во печат.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/natali-portman-ne-sum-bila-vo-vrska-so-mobi-toj-e-mornichav-star-chovek/feed/ 0
Познатата актерка добила шокантно писмо кога имала само 13 години: Ќе те силувам! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poznatata-akterka-dobila-shokantno-pismo-koga-imala-samo-13-godini-kje-te-siluvam/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poznatata-akterka-dobila-shokantno-pismo-koga-imala-samo-13-godini-kje-te-siluvam/#respond Thu, 25 Jan 2018 11:57:43 +0000 http://kurir.mk/?p=14945

Актерката Натали Портман на манифестацијата „Женски марш“ во Лос Анџелес раскажа дека кога била тинејџерка се чувствувала буквално како предмет. Поради тоа размислувала какви улоги ќе и бидат доделени и како тоа ќе биде сфатено од јавноста. -Имав само 13 години кога дома ми пристигна едно писмо и бев нетрпелива да го отворам. Пишуваше дека е писмо од мој фан и мислев дека ми пишале нешто убаво. Содржината на писмото беше раскажување од некој кој фантазира да ме силува, рече Портман. Таа зборуваше и за уште нешто ужасно. Кога ја добила првата улога и кога веќе станала популарна по филмот „Леон“, локалната радио станица јавно одбројувала кога Натали ќе наполни 18 години за веќе да биде легално некој да има секс со неа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poznatata-akterka-dobila-shokantno-pismo-koga-imala-samo-13-godini-kje-te-siluvam/feed/ 0