наталија јокиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Aug 2023 14:39:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png наталија јокиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сопругата на Никола Јокиќ буквално “блесна“: Овој накит чини над 10.000 евра, погледнете како изгледа Наталија https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/soprugata-na-nikola-jokik-bukvalno-blesna-ovoj-nakit-chini-nad-10-000-evra-poglednete-kako-izgleda-natalija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/soprugata-na-nikola-jokik-bukvalno-blesna-ovoj-nakit-chini-nad-10-000-evra-poglednete-kako-izgleda-natalija/#respond Mon, 14 Aug 2023 14:39:45 +0000 https://kurir.mk/?p=866604

Познатиот кошаркар Никола Јокиќ деновиве престојува во родниот Сомбор каде присуствуваше на коњички трки каде неговиот коњ го освои првото место. На крајот од трките на прославата дојдоа сопругата на Никола, Наталија и нивната ќерка Огњена. Таа се појави во зелен фустан, додека носеше накит вреден повеќе од 10.000 евра. Имено, Наталија има обетки чија цена е 4.000 евра, додека на рацете имала три алки чија вредност е над 6.000 евра. Инаку, Јокиќ не ја симна насмевката од лицето откако неговиот коњ беше прогласен за најбрз, а бескрајно се радуваше на освоениот пехар. Foto: Nikola Tomić/ Telegraf]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/soprugata-na-nikola-jokik-bukvalno-blesna-ovoj-nakit-chini-nad-10-000-evra-poglednete-kako-izgleda-natalija/feed/ 0
Ја запознал на клупа пред кафуле, денес таа е неговата најголема поддршка: Која е Наталија Јокиќ, сопругата на кошаркарскиот гениј од Сомбор? https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ja-zapoznal-na-klupa-pred-kafule-denes-taa-e-negovata-najgolema-poddrshka-koja-e-natalija-jokik-soprugata-na-kosharkarskiot-genij-od-sombor/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ja-zapoznal-na-klupa-pred-kafule-denes-taa-e-negovata-najgolema-poddrshka-koja-e-natalija-jokik-soprugata-na-kosharkarskiot-genij-od-sombor/#respond Thu, 15 Jun 2023 09:02:28 +0000 https://kurir.mk/?p=845982

Зад секој успешен спортист стои успешна љубовна врска, стабилен емотивен живот и силна поддршка од партнерот. Ова правило дефинитивно важи и во случајот на светскиот кошаркарски ас, Никола Јокиќ, и неговата сопруга која ја заинтригира светската јавност. Како што Никола се искачуваше кон врвот, многумина се заинтересираа да дознаат што повеќе за жената која е најблизок сведок до неговите успеси. Никола Јокиќ ја прослави историската победа на Денвер Нагетс во финалето на НБА лигата токму со Наталија и нивната ќерка Огњена, како и со останатите членови од семејството.
И на тоа славење, покрај бројните детали, воочлива беше разликата во висината на познатиот пар. За таа разлика умее да се пошегува и самата Наталија, а не е лесно да ѝ се „парира“ на висината на Јокиќ од 211 центиметри. Со овој детаљ се занимаваа и американските медиуми како „The SportsLite“ кој наведува дека Наталија е висока 173 центиметри. Наталија пред бракот со Никола се презивала Мачешиќ. Кога започнале да се забавуваат, тој го носел дресот на Војводина Србијагас, а неговата избраничка се подготвувала за студии во Америка. Била посветена на образованието и поради нејзините студии накратко биле разделени, а потоа продолжиле онаму каде што застанале кога Јокиќ се преселил во САД.
„Посетував средно економско училиште, а Наталија требаше да замине за Америка, веќе беше запишана на студии по психологија на 'Seminole State College'. И буквално 2 месеци откако започнавме да се забавуваме, таа замина“, изјави Јокиќ во една прилика. Својата 7-годишна врска ја крунисаа со брак во октомври 2020 година. Чинот на венчање бил одржан во нивното родно место, Сомбор, на прослава за паметење на која присуствувале нивните најблиски пријатели и членови на семејството.
„Со моето друштво излегувавме во кафуле кое беше отворено до полноќ, а кога се затвораше, седевме на клупата пред него. Една вечер бевме само двајца, а потоа дојде Наталија. Ми се допадна штом ја видов, но не ѝ признав веднаш, туку се дружевме наредните 6 месеци, можеби и подолго. Цело тоа време ги криев емоциите. Кога за првпат ѝ кажав дека ми се допаѓа, не добив никаков одговор. Мудро молчеше“, открил Јокиќ во една прилика. Во септември 2021 година Никола и Наталија станаа родители на ќерката Огњена, која е родена во Денвер.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ja-zapoznal-na-klupa-pred-kafule-denes-taa-e-negovata-najgolema-poddrshka-koja-e-natalija-jokik-soprugata-na-kosharkarskiot-genij-od-sombor/feed/ 0