Наташа Котлар – Трајкова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Oct 2021 12:13:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Наташа Котлар – Трајкова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Котлар како нов градоначалник уште во првите 100 дена ќе ги реши сите проблеми на пазарџиите, ќе се подобри и пристапот до самиот пазар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kotlar-kako-nov-gradonachalnik-ushte-vo-prvite-100-dena-kje-gi-reshi-site-problemi-na-pazardziite-kje-se-podobri-i-pristapot-do-samiot-pazar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kotlar-kako-nov-gradonachalnik-ushte-vo-prvite-100-dena-kje-gi-reshi-site-problemi-na-pazardziite-kje-se-podobri-i-pristapot-do-samiot-pazar/#respond Wed, 20 Oct 2021 12:13:31 +0000 https://kurir.mk/?p=582546

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес беше на средба со пазарџиите од Зелено пазарче во Скопје. -Денеска бевме овдека на пазарот, можевме заедно со професорката Наташа Котлар, со идниот градоначалник на општина Центар да поразговараме со луѓето кои што се борат на дневна основа да обезбедат егзистенција за нив, за нивните семејства. Од тоа што можев да го слушнам е нормално сето она што денеска го живееме во ова нашето тешко секојдневие, беспарица голема, лош стандард, цени високи. Они имаат и поинаков проблем овдека до пристапот до пазарчето наметнати паркинзи, наметнати огради и бариери за да не можат луѓето да доаѓаат да пазаруваат нормално. И сето тоа создава проблем не само за нив, туку и за граѓаните во овој регион. Она кое што ние можеме да го кажеме е дека сето тоа кое што претставува проблем за луѓето за тука, за пазарџиите, за луѓето кои што пазаруваат тука од овие пазарџии е дека ќе сториме се што е во наша моќ, уште во првите 100 дена сите оние проблеми со кои што тие се соочуваат и кои што денеска тие ни ги кажаа да ги решиме. Да покажеме дека можело поинаку, дека може да се работи за интересот на граѓаните, бидејќи ние како ВМРО-ДПМНЕ сме народна партија и нашата коалиција за „Обнова на Македонија“ е коалиција на народот пред се и тоа го зборував за време на оваа кампања на локалните избори дека е ова историски најголемата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата за „Обнова на Македонија“ заедно со народот. Така и ќе продолжиме и во првите 100 дена тоа кое што ќе го преземеме сега како обврска ќе го реализираме, за да покажеме дека можело поинаку, да ја вратиме самодовербата кај граѓаните. Истата таа изгубена бидејќи се разочарани од поразите изминатиов период, изминативе години. Да видат дека не се политичарите луѓе кои што гледаат само за свој личен интерес, луѓе кои што уживаат во привилегиите од политиката, туку и дека политичарите, оваа нова генерација политичари се луѓе на народот и заедно со народот ќе функционираат, истакна тој. Мицкоски порача дека мора да биде покажана една поинаква реалност. -Мораме да покажеме еден поинаков карактер, едни поинакви вредности од сето она кое што денеска беше слика за еден политичар во ова наша сиромашна и напатена Македонија. Ние се обврзавме за тоа, и професорката Наташа Котлар е силно мотивирана, жена која што успеала во својот живот, сака да успее заедно со центарци, да направиме една поубава и подостоинствена средина со центарци, со скопјани, но и со граѓаните на Македонија, истакна Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kotlar-kako-nov-gradonachalnik-ushte-vo-prvite-100-dena-kje-gi-reshi-site-problemi-na-pazardziite-kje-se-podobri-i-pristapot-do-samiot-pazar/feed/ 0
Митинг во 17:00 часот: Ќе се обратат Мицкоски, Арсовска и Котлар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miting-vo-17-00-chasot-kje-se-obratat-mickoski-arsovska-i-kotlar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miting-vo-17-00-chasot-kje-se-obratat-mickoski-arsovska-i-kotlar/#respond Wed, 20 Oct 2021 10:01:59 +0000 https://kurir.mk/?p=582474

Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во 17:00 часот ќе се одржи мини митинг кај спомен куќата „Мајка Тереза“. На митингот свое обраќање ќе имаат: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски, Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на град Скопје и Наташа Котлар Трајкова, кандидат за градоначалник на општина Центар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miting-vo-17-00-chasot-kje-se-obratat-mickoski-arsovska-i-kotlar/feed/ 0
Наташа Котлар за Центар: Проекти за ин витро, фонд за сурогат мајки, самохрани родители и стипендии https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/natasha-kotlar-za-centar-proekti-za-in-vitro-fond-za-surogat-majki-samohrani-roditeli-i-stipendii/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/natasha-kotlar-za-centar-proekti-za-in-vitro-fond-za-surogat-majki-samohrani-roditeli-i-stipendii/#respond Fri, 15 Oct 2021 06:06:57 +0000 https://kurir.mk/?p=579333

Младите парови кои имаат искористено 3 ИН ВИТРO оплодувања, преку ФЗОМ да имаат можност Општината да финансира до првото живо родено дете. -Воедно, фонд за сурогат мајки кои ќе добиваат финансиски надомест (за време на бременоста месечно да добиваат надомест во висина на минимална плата) за нивната заложба да им помогнат на оние парови кои не можат да имаат деца, се вели во соопштението од Наташа Котлар, кандидат за градоначалник на Општина Центар поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Се предвидува и фонд за самохрани родители. Ќе се направи мапирање на самохраните родители и семејства со еден родител на територијата од Општина Центар. -Со тоа ќе се овозможи пристап до информации, давање помош при обезбедување на правата на  самохраните родители и семејствата со еден родител во сите сегменти на животот, нивна инклузија, како и подигнување на јавната свест и одговорност за оваа категорија граѓани, се наведува во соопштението. Дваесет стипендии за најдобрите студенти од општина Центар е уште еден проект од програмата на Котлар. -Со овој проект сакаме да го поттикнеме засилувањето на свеста на граѓаните на локално ниво за значењето на образованието. Сметаме дека на овој начин дополнително ќе ги стимулираме младите луѓе да се вклучат во пазарот на трудот, како и да бидат професионалци во нивната работа, вели Котлар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/natasha-kotlar-za-centar-proekti-za-in-vitro-fond-za-surogat-majki-samohrani-roditeli-i-stipendii/feed/ 0
Котлар-Трајкова: Ќе го решам урбаниот хаос во Општина Центар, затоа што имеме улици надвиснати со станбени згради, а противпожарните и амбулантните возила не можат да поминат https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kotlar-trajkova-kje-go-resham-urbaniot-haos-vo-opshtina-centar-zatoa-shto-imeme-ulici-nadvisnati-so-stanbeni-zgradi-a-protivpozarnite-i-ambulantnite-vozila-ne-mozat-da-pominat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kotlar-trajkova-kje-go-resham-urbaniot-haos-vo-opshtina-centar-zatoa-shto-imeme-ulici-nadvisnati-so-stanbeni-zgradi-a-protivpozarnite-i-ambulantnite-vozila-ne-mozat-da-pominat/#respond Thu, 14 Oct 2021 20:03:52 +0000 https://kurir.mk/?p=579277

Преку проектот „Спас за Центар“ ќе го решиме урбаниот хаос во најурбаната општина во Град Скопје, Општина Центар затоа што во моментов има несоодветни и непрофесионални детални и генерални урбанистички планови кои ги констатира и стручната фела, вели професор д-р Наташа Котлар-Трајкова, кандидат за градоначалник на Општина Центар, од коалицијата „Обнова на Македонија“. Таа во дебатната емисија „Објектив“ на јавниот сервис МТВ која вечерва беше посветена на Општина Центар на која присуствуваа и останатите кандидати, истакна дека, потекнувајќи од научната фела, таа го цени мислењето на стручната фела која констатира дека, посебно деталните урбанистички планови во Центар создаваат и генерираат проблеми за целокупното живеење на граѓаните кои не нудат соодветни содржини. - Спас за Центар се однесува на урбаниот хаос. Независно на тоа што јас потекнувам од сверата на науката и сакам да го слушнам мислењето на стручната фела и според нивните објави забележано е дека, фактички, во моментот има непрофесионално и несоодветно и ГУП и ДУП-ови во однос на Општина Центар. А, особено деталните урбанистички планови кои создаваат или генерираат проблематики во однос на квалитетот на живеењето, не претставуваат здрава или пак квалитетна општина која што нуди соодветни содржини, истакна Котлар-Трајкова. Таа додаде дека она што го предизвика урбанистичкиот и сообраќаен хаос во Центар е непочитувањето и непридржувањето до законските регулативи, особено Законот за просторно и урбанистичко планирање, за што уверува дека во нејзин мандат како градоначалник, доколку ја добие поддршката од граѓаните, во целост ќе се почитуваат сите законски регулативи. - Она што може да се детектира е непридржувањето кон законската регулатива, односно Законот за просторно и урбанистичко планирање, нема придржување кон правилата на постапка околу содржината, формата и начинот објектите и нивната изградба. Исто така не е соодветно третинар законот кој што пропишува определени стандарди во однос на заштитата на живеењето, на животната средина, сообраќајниците. Во делот на Центар имаме такви улици над кои се надвиснати станбени згради, а не можат да поминат амбулантски возила или противпожарни возила. И во таа насока ние се определивме да практицираме едно динамично урбанистичко планирање, порача Коплар-Трајкова. Таа додаде дека администрацијата на општината во нејзин мандат, преку разни проекти и програми, посебно ќе се заложи за вработување, односно за намалување на невработеноста кај младата популација. - Во однос на вработувањето насочено кон младата помулација која што е образована и способна, во во нашата програма постојат програми кои ќе ги вклучат во живеењето и по пат на активно кариерно професионално ангажирање, рече Котлар-Трајкова. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kotlar-trajkova-kje-go-resham-urbaniot-haos-vo-opshtina-centar-zatoa-shto-imeme-ulici-nadvisnati-so-stanbeni-zgradi-a-protivpozarnite-i-ambulantnite-vozila-ne-mozat-da-pominat/feed/ 0
Котлар Трајкова: Во Центар ќе направиме иновативен парк за млади, ќе ги поддржиме младите и креативни луѓе https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kotlar-trajkova-vo-centar-kje-napravime-inovativen-park-za-mladi-kje-gi-poddrzime-mladite-i-kreativni-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kotlar-trajkova-vo-centar-kje-napravime-inovativen-park-za-mladi-kje-gi-poddrzime-mladite-i-kreativni-lugje/#respond Tue, 05 Oct 2021 12:31:42 +0000 https://kurir.mk/?p=573324

Иновативниот парк ќе биде наменет за младите луѓе, претприемачи кои што имаат иновативни и старт – ап компании и кои се поврзани со своите креативни идеи на современиот пазар, изјави на денешната прес конференција, Наташа Котлар, кандидат за градоначалник на Центар на ВМРО-ДПМНЕ. Таа посочи дека при тоа просторот ќе им биде изнајмен во тек на три години без да го плаќаат надоместокот, и тоа ќе го плаќа Општина Центар. - Овој начин на работење го иницираме за да може младите луѓе со своите иновативни и креативни идеи да се поврзат со научната сфера, работниот процес, бизнисот и со други фактори во бизнисот за да можат да развиваат современи технологии, но исто така да имаат и апликативни проекти. На тој начин тие не само што ќе се поврзуваат со заедницата во својата земја, тие ќе бидат поврзани регионално и пошироко. На тој начин ќе се вмрежува современата технологија, идејата на младите луѓе и нивната креација, вели Котлар. Таа додаде дека ова е од големо значење бидејќи тие ќе бидат чесни и посветени работници во нашата земја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kotlar-trajkova-vo-centar-kje-napravime-inovativen-park-za-mladi-kje-gi-poddrzime-mladite-i-kreativni-lugje/feed/ 0
Котлар Трајкова: Во мојот мандат ќе се ревидираат сите ДУП-ови нема да дозволам играрија, бидејќи разликувам јавен од личен интерес https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kotlar-trajkova-vo-mojot-mandat-kje-se-revidiraat-site-dup-ovi-nema-da-dozvolam-igrarija-bidejkji-razlikuvam-javen-od-lichen-interes/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kotlar-trajkova-vo-mojot-mandat-kje-se-revidiraat-site-dup-ovi-nema-da-dozvolam-igrarija-bidejkji-razlikuvam-javen-od-lichen-interes/#respond Wed, 29 Sep 2021 17:38:37 +0000 https://kurir.mk/?p=570233

„Колку што ми е познато мене од 31 ДУП, само четири се ревидирани. Постоеше една амбициозна да речам програма која што требаше да биде во насока на оној термин – мораториум меѓутоа бидејќи тоа не е уставно одеа како што одеа работите. Мислам дека треба да се ревидираат сите ДУП-ови , мислам дека последниот што го прочитав податок беа 22 ДУП-а и 11 елаборати во однос на ситуацијата со Холидеј Ин.  Мислам дека овдека треба да се интервенира, за тоа што проблемите кај нас се и во Законот за градежништво и Законот за урбанистичко планирање, значи сите аномалии ни се во тоа“, истакна Наташа Котлар Трајкова, кандидат за градоначалник на општина Центар  во гостувањето во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија. Котлар Трајкова додаде дека сериозно во тоа треба да се интервенира, барем како локална самоуправа што преставува како јавен интерес и до каде можат да се однесуваат некои нешта. „Наводно Општината изготви 11 елаборати, меѓутоа добија одговор од страна на министерството дека тоа не се прифаќа и се даде пас да се градат тие две станбени згради од 20 ката и една деловна од 16 ката. Меѓутоа тоа е една играрија, бидејќи знаеме дека можеби е намерна грешка, наместо да се повикаат на определен член во одбраната на тие ДУП-ови одеа по погрешен член 35. Колку што знам и ДКСК во врска со овој проблем веќе поднесе иницијатива до ЈО. Ќе ве молам јавен интерес мора да биде и фактот дека некој девет пати ви го зголемува бројот на населението на определен простор и тоа создава проблеми во инфраструктурата, образовна, социјална“, рече Котлар Трајкова додека Горан Герасимовски од СДСМ бранеше натамошна бетонизација на Центар. Котлар Трајкова посочи дека таа разликува јавен интерес од личен интерес на поединци. „Се додека не се постави неопходниот баланс во однос и на територија и на населеноста, и на градбата ќе имаме многу ригорозен однос кон понатамошно градење. Може да се гради само во Маџир маало и во Крњево“, појасни Котлар Трајкова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kotlar-trajkova-vo-mojot-mandat-kje-se-revidiraat-site-dup-ovi-nema-da-dozvolam-igrarija-bidejkji-razlikuvam-javen-od-lichen-interes/feed/ 0
Котлар Трајкова: Ќе ставиме крај на урбанистичкиот хаос кој го создаде СДСМ во Центар https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kotlar-trajkova-kje-stavime-kraj-na-urbanistichkiot-haos-koj-go-sozdade-sdsm-vo-centar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kotlar-trajkova-kje-stavime-kraj-na-urbanistichkiot-haos-koj-go-sozdade-sdsm-vo-centar/#respond Fri, 10 Sep 2021 08:56:36 +0000 https://kurir.mk/?p=561882

„Она секојдневното што го гледам меѓу граѓаните во Центар, сфаќам дека веќе пресудно е за сите она што претставува најнормално човечко живеење во оваа општина. И од тука гледам дека има толку многу потреба за вистинско менување на нештата во таа општина, што веќе препознавам дури и луѓе кои што се со различни политички и идејни определби, а веќе даваат изрази и поддршка за она што треба да претставува веќе промена на начинот на како се функционирало досега во оваа општина. Така да јас не се плашам воопшто дали ќе успеам да ја издвојувам победата или не, едноставно сфаќам дека тоа така треба да биде. А, јас сум решителна дека треба да се оди напред, дека треба да се победи и едноставно сфаќам дека сега е моментот тие промени да дојдат“, истакна Наташа Котлар Трајкова, кандидат за градоначалник на општина Центар при гостување во емисијата на радио Лидер. Котлар Трајкова додаде дека мораториумот треба да се сфати како можност за проверка на определени урбанистички планови. -Меѓутоа во Центар постои една чудна ситуација, ако се следи дека првото решение за воспоставување на мораториумот е 27.12.2017 и ако се следат податоците на изградени објекти се добива одговорот дека точно во тој период се изградени и многу објекти и тоа преку 170. Така што овде влијае дискрапанца меѓу она што е ветено и она што е практично направено, и што претставува една фарса во овој дел на општината особено во урбанистичкиот дел. Така што со градоначалникот на СДСМ Центар доби урбанистички хаос. Но крајот на овој урбанистички хаос ќе се стави по локалните избори, псоочи таа. „Се што постои како можност да се реагира и да се исправи нешто сигурно ќе е главна моја задача во секој случај. Меѓутоа прелистувајќи ги сите нешта кои стојат на располагање ние сме ставени пред свршен чин. Но, во секој случај ова кај Холидеј Ин треба да биде еден вид поука во однос на Треска“, рече Котлар Трајкова. Котлар Трајкова посочи дека треба да се решат веќе нештата во Центар и тоа прво да се стави крај на коруптивноста, под итно е потребна и департизација на институциите на локалната самоуправа, но и решавање на урбанистичкиот хаос.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kotlar-trajkova-kje-stavime-kraj-na-urbanistichkiot-haos-koj-go-sozdade-sdsm-vo-centar/feed/ 0
Котлар Трајкова: Општина Центар заслужува нов дух, а центарци квалитетен живот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kotlar-trajkova-opshtina-centar-zasluzuva-nov-duh-a-centarci-kvaliteten-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kotlar-trajkova-opshtina-centar-zasluzuva-nov-duh-a-centarci-kvaliteten-zivot/#respond Sun, 05 Sep 2021 18:15:44 +0000 https://kurir.mk/?p=559786

„Капиталните објекти можат да бидат насочени во друга насока, но капитални објекти од типот сопственици на земјиште воедно да ви бидат и уредувачи на ГУП-от и ДУП-от како што имаме ситуација во оваа општина не може да се случи. Значи Наташа Котлар и останатите ќе внимаваат што претставува станбена политика во општина Центар и што е доволно за општина Центар бидејќи пак ќе кажам тоа го нарушува и демографскиот и инфраструктурниот капацитет на општината. А, ние како центарци сакаме квалитетен живот“, рече Наташа Котлар Трајкова, кандидат за градоначалник на општина Центар во централниот дневник на Сител Телевизија. Котлар Трајкова додаде дека очекува поддршка од граѓаните од општина Центар кои што сакаат удобен, спокоен и современ живот. Општина Центар заслужува нов дух. „Мојот став во однос на пописот е дека ова е статистичка операција која што воопшто не смее да биде политизирана. Како што се одвиваат сите нешта и претходно и самиот ден, денеска гледаме по медиумите толку многу претставници од власта се покажаа да го рекламираат пописот што веднаш ви кажува дека нешто не е во ред“, нагласи Котлар Трајкова. Котлар Трајкова посочи дека една операција како попис мора да си помине како што треба, но со оглед на оваа власт како го води пописот, очигледно е дека некоја идна влада ова прашање наново ќе го отвора.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kotlar-trajkova-opshtina-centar-zasluzuva-nov-duh-a-centarci-kvaliteten-zivot/feed/ 0
Котлар Трајкова: Општина Центар има потреба да се стави СТОП на агресивното градење на станови, ќе воведеме вистински мораториум https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kotlar-trajkova-opshtina-centar-ima-potreba-da-se-stavi-stop-na-agresivnoto-gradenje-na-stanovi-kje-vovedeme-vistinski-moratorium/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kotlar-trajkova-opshtina-centar-ima-potreba-da-se-stavi-stop-na-agresivnoto-gradenje-na-stanovi-kje-vovedeme-vistinski-moratorium/#respond Sun, 05 Sep 2021 18:06:03 +0000 https://kurir.mk/?p=559787

Јас не сум од вчера во политичкиот живот, веќе извесно време неколку години сум активна во политичката партија „Глас за Македонија“ ние веќе имаме одредено политичко искуство. Но, особено она што преставуваше дејствување во правец на еден здружен опозициски фронт не насочи сите да создадеме една организација во која што ќе бидат и помалите, или и новоформираните партии, и оние поискусните со постар датум, меѓутоа целта на ова политичко окрупнување е смена на власта и веќе конечно да се воспостават определени политички и економски промени, истакна Наташа Котлар Трајкова, кандидат за градоначалник на општина Центар во централниот дневник на Сител Телевизија. Котлар Трајкова додаде дека општина Центар не е само скопска општина, таа е воедно и центар на државата. Така што таа е домаќин на сите државни, јавни, општествени и научни институции. Котлар Трајкова укажа дека таа многу добро ги знае потребите и интересите на жителите на општина Центар бидејќи и таа е жител на оваа општина. „Нам ни треба квалитетен живот барем за нас центарци морам да кажам, ни треба спокоен живот, ни треба еден урбан, модерен и културен живот. Во досегашното делување на определени структури или власти сме забележиле дури и не ги искористиле сите можности“, појасни Котлар Трајкова. Котлар Трајкова посочи дека гласот на граѓаните ќе биде на првото место при носење на одлуки за општина Центар. „Четвртите кои што се во строгиот центар на општина Центар имаат потреба да се стави СТОП на агресивното градење на станови. Општина Центар веќе нема потреба од такви градби. Ние ќе воведеме еден вистински мораториум да не биде фингиран. Она што е за потребите на граѓаните има доволно станови во општина Центар. Ние не можеме да примиме толкава демографска сила во оваа општина, треба да се прилагодиме кон потребите на граѓаните. Друго, инфраструктурата на самата општина во однос на канализација, патишта, движење на пешаци, велосипедски патеки, бучавост, ако зборуваме, па дури и чистотата на самиот дел што се вели општина Центар. Значи тие работи мора да се спроведат и да се организираат“, појасни Котлар Трајкова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kotlar-trajkova-opshtina-centar-ima-potreba-da-se-stavi-stop-na-agresivnoto-gradenje-na-stanovi-kje-vovedeme-vistinski-moratorium/feed/ 0
Котлар: Цел живот вредно и сама чекорев без некој да стои позади мене за да ми го покаже патот, затоа и не се плашам од опонентите во битката за Центар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kotlar-cel-zivot-vredno-i-sama-chekorev-bez-nekoj-da-stoi-pozadi-mene-za-da-mi-go-pokaze-patot-zatoa-i-ne-se-plasham-od-oponentite-vo-bitkata-za-centar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kotlar-cel-zivot-vredno-i-sama-chekorev-bez-nekoj-da-stoi-pozadi-mene-za-da-mi-go-pokaze-patot-zatoa-i-ne-se-plasham-od-oponentite-vo-bitkata-za-centar/#respond Tue, 31 Aug 2021 17:16:37 +0000 https://kurir.mk/?p=557458

Добро познатата професорка, Наташа Котлар-Трајкова, која нема кој не ја знае по нејзините ставови во одбрана на македонското прашање, и која на претстојните локални избори ќе се трка како независен кандидат за скопската општина Центар вели дека во целиот нејзин образовен процес и воопшто во животот чекорела сама, и се’ што постигнала до сега е резултат на нејзината макотрпна работа. Таа, во нејзиното вечерашно гостување во емисијата „Што не е јасно?“ на телевизија Алфа истакна дека токму тоа и ја охрабрило да не се плаши од предизвикот самостојно и независно да се трка во битката за општина Центар. „Се’ она што јас успеав да го постигнам и во образовната сфера, па и во професионалната, тоа е резултат на мојот личен ангажман, на мојот труд. Јас сум и така образована и така дома воспитана, дека само со труд може да се постигнат одредени работи, а мојот татко имаше обичај да каже од страв се бега, ама од срам не се бега. Ако јас се образував бидејќи имам длабока почит кон она што преставува македонска наука, тргнувајќи точно од тоа си дадов пред себе си една задача дека ако јас навистина потекнувам од таа сфера, тогаш редно е јас тоа така и да го направам, бидејќи зад мене никогаш не стоел некој за да ми го покаже патот. Човек, ако е навикнат сам да се бори во животот тогаш нема за што да се плаши за следните чекори“, рече Котлар која додава дека себеси се доживува како високо квалификуван работник и ништо повеќе од вреден работник. Таа појасни дека, ние сите во моментов сме заложници на една класа на луѓе кои во моментот раководат со државата, како на централно така и локално ниво, кои немааат никаква историска, културна, национална наобразба, луѓе кои ги интересираат единствено економските придобивки и можности. Во однос на нападите кои во последен период и’ ги упатуваат политичките опоненти, пред се’ од страна на владејачката СДСМ, Котлар истакна дека тоа е страв, несигурност и рефлексија на нив самите. „Во мојот свет на науката ако немате соодветни аргументи за да му се спротиставите на својот научен соперник, тогаш гледате да алудирате на определени лични навреди, а тоа пак ве девалвира како научник. Така и ова го доживувам. Ако не можете да изразите соодветни политички ставови и се занимавате само со личноста на еден човек, тоа говори грдо за вас“, истакна Котлар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kotlar-cel-zivot-vredno-i-sama-chekorev-bez-nekoj-da-stoi-pozadi-mene-za-da-mi-go-pokaze-patot-zatoa-i-ne-se-plasham-od-oponentite-vo-bitkata-za-centar/feed/ 0