Наташа Станоевиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Oct 2021 11:00:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Наташа Станоевиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СО ПРИТИСОЦИ НА СДСМ МИТИНЗИ- Само КОВИД е оправдување за недоаѓање?! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-pritisoci-na-sdsm-mitinzi-samo-kovid-e-opravduvanje-za-nedoagjanje-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-pritisoci-na-sdsm-mitinzi-samo-kovid-e-opravduvanje-za-nedoagjanje-foto/#respond Wed, 13 Oct 2021 11:00:14 +0000 https://kurir.mk/?p=578190

Дали директорка на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Град Скопје, Наташа Станоевиќ со наредби и притисоци собирала луѓе за митингот на СДСМ во Карпош на 11 Октомври, на која присуствуваа претседателот на партијата, Зоран Заев, актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов и кандидатот за градоначалник на Карпош, Душко Весковски? Според овие фотографии од вибер комуникација, директорката Станоевиќ ги присилува своите колеги да присуствуваат на партиската трибина во Спортската сала Борис Трајковски, велејќи дека единствена причина како изговор за недоаѓање е Ковид-19. Списоците од присутните, како што наведува директорката во комуникацијата, „ќе одат во централа“. Па тука се поставува и прашањето дали „наредбите“ од Станоевиќ впрочем доаѓаат од високите позиции на СДСМ, односно од самиот Заев и раководство на партијата кое себеси се опишува како „демократско“. -За колешките кои сега се приклучија, присуство задолжително, чекам потврда дека ќе дојдете, започнува Станоевиќ. Јас ги пренесов насоките дека единствено оправдување е болест. По завршување на средбата со ваши потписи треба веднаш да ги предадам, списоците ќе одат во централа, пишува Станоевиќ. По потврдите за присуство во групата на Вибер, директорката додава: „Значи ок, подразбира сигурно доаѓање, ве чекам со список кој треба да го предадам. Оправдување за недоаѓање е само Ковид. Чекам да потврди секој писмено“. КУРИР побара одговори и од Станоевиќ. Телефонски ја контактиравме директорката, но од кога и образложивме за што треба да даде коментар, од нејзе добивме краток одговор дека ќе не побара за 10 минути. По скоро еден час, не` побара со одговор: -Се работи за типично лажна вест, каде што со помош на денешната технологија е направен лажен профил со лажно споделени информации. Инаку, Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Град Скопје е под капа на Министерството за труд и социјална политика, со кое раководи Јагода Шахпаска. Останува да видиме дали ќе има реакција од ресорното министерство и од Обвинителството за овој случај. Во продолжение се фотографии од митингот на СДСМ за кој наводно се испраќани пораките за масовност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-pritisoci-na-sdsm-mitinzi-samo-kovid-e-opravduvanje-za-nedoagjanje-foto/feed/ 0