НАТО-академија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Oct 2022 06:10:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png НАТО-академија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НАТО Академија на Филозофскиот факултет на УКИМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nato-akademija-na-filozofskiot-fakultet-na-ukim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nato-akademija-na-filozofskiot-fakultet-na-ukim/#respond Fri, 21 Oct 2022 06:09:38 +0000 https://kurir.mk/?p=748719

Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје беше домаќин на НАТО Академија во заедничка организација со Евроатлантскиот совет на Република Македонија. Пред учесниците на НАТО Академијата предавање одржа проф. д-р Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ кој говореше на темата „Реформа на безбедносниот систем и новите безбедносни закани“. – Градењето на концепт на интегрална безбедност ќе ги зајакне домашните капацитети на македонскиот безбедносен и политички систем да ги превенира и одговори на ризиците, заканите со кои се соочуваме секој ден и кои не се видливи за обичните граѓани„ рече Ѓуровски и нагласи дека екомонската безбедност на државата е пред сериозни предизвици и може да биде сериозно загрозена доколку навремено не се справуваме сите со обидите за ширење лажни вести, хибридни закани, асиметрични против законски активности и координтирано делување, како на безбедносно-разузнавачката заедница, така и власта и бизнис заедницата. Според Ѓуровски столбови на трансформација на безбедносниот систем на земјава се: консолидација на ресурсите, ажурирање на безбедносната политика, мапирање на ризиците и заканите, координација, градење систем на безбедносна култура, професионализација, градење концепт на интегрална безбедност, јавно приватно партнерство во безбедноста. – Брзото менување на светските трендови и односи не овозможуваат традиционален пристап и постепено реформирање туку наметнува потреба од едно ново брзо и непредвиливо темпо на брзо детектирање и делување кон заканата, зашта НАТО не може целосно да не заштити од заканите и изворите на ризици кои ги имаме дома. Овој навидум хаотичен пристап во меѓународната безбедност овозможува државни и недржавни актери од други земји да ги искористат и експлоатираат слабостите на политичкиот и безбедносниот систем, истакна Ѓуровски во своето предавање на НАТО Академијата. Според него, воените случувања и состојбата во регионот и нашето опкружување отвора, како што рече, голем број „прозорци на можности“ кои се користат против нашите интереси. Главната цел на НАТО Академијата е да доближат интеграциските процеси преку средства за едукација во областа на безбесноста на долг рок, како и да се креира платформа за дебата и дискусија. Академијата е едукативна и ќе опфати практична компонента со што ќе биде овозможено студентите и учесниците да се запознаенаат со темите НАТО, безбедност, одбрана и меѓународна политика.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nato-akademija-na-filozofskiot-fakultet-na-ukim/feed/ 0
Учесниците на Третата НАТО-академија на средба со претседателот Пендаровски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchesnicite-na-tretata-nato-akademija-na-sredba-so-pretsedatelot-pendarovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchesnicite-na-tretata-nato-akademija-na-sredba-so-pretsedatelot-pendarovski/#respond Fri, 27 May 2022 19:15:39 +0000 https://kurir.mk/?p=682704

Евроатлантскиот совет на Македонија ја организира Третата НАТО-академија 2022, годинава на тема „Стабилни партнерства во неизвесни времиња – Северна Македонија во НАТО“. Академијата денеска беше официјално отворена со посетата на над 30 млади учесници на Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски. -Претседателот Пендаровски ги запозна учесниците на академијата со неговите ингеренции, а на средбата се разговараше и за одбраната, безбедноста и за надворешната политика во контекст на нашите европски интеграции. Претседателот се осврна на руската инвазија врз Украина и на безбедноста на евроатлантскиот регион, реафирмирајќи ја поддршката на Република Северна Македонија за Украина.Според претседателот Пендаровски сојузништвото во НАТО ни овозможува размена на информации и комуникации за современите безбедносни закани, како и навремено реагирање и подготовки за справување со безбедносните предизвици, соопшти Евроатлантскиот совет на Северна Македонија. Учесниците на Третата НАТО-академија за време на посетата на Кабинетот присуствуваа и во просториите во коишто се одржуваат официјалните и работните средби, како и во салите за свечености, состаноци, настани и прес-конференции. Од вработените беа запознати и со историјатот на објектот во кој е сместен Кабинетот и со начинот на неговото функционирање. -Главна цел на Третата НАТО-академија е преку едукација да се засилат реформите и правната рамка во областа на безбедноста и одбраната на долг рок, како и да се креира платформа за едукација, дебата и дискусија, се наведува во соопштението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchesnicite-na-tretata-nato-akademija-na-sredba-so-pretsedatelot-pendarovski/feed/ 0