нато протокол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Jan 2020 11:09:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нато протокол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Собранието на 11 февруари ќе го ратификува протоколот за НАТО, на 12-ти ќе се распушти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-na-11-fevruari-kje-go-ratifikuva-protokolot-za-nato-na-12-ti-kje-se-raspushti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-na-11-fevruari-kje-go-ratifikuva-protokolot-za-nato-na-12-ti-kje-se-raspushti/#respond Thu, 23 Jan 2020 11:09:07 +0000 https://kurir.mk/?p=293575

Претседателот на Собранието Талат Џафери планира на 11 февруари да закаже седница со единствена точка на дневен ред – ратификација на Протоколот за членство на Република Македонија во НАТО. Следниот ден, на 12 февруари, би требало да се одржи последната седница на која ќе биде распуштен сегашниот пратенички состав, и распишани предвремените парламентарни избори на 12 април. Од кабинетот на Џафери за МИА информираат дека до 11 февруари се очекува протоколот да биде ратификуван во Шпанија, последната од 29-земји членки кои досега го немаат направено тоа. Ако дотогаш не заврши процедурата во Шпанија, ратификацијата во македонското Собрание би била донесена со одложено дејство. На 12 февруари, пак, ќе се одржи седницата за распуштање на Собранието. Џафери очекува седницата да заврши истиот ден имајќи предвид дека сите партии се согласни за одржување избори на 12 април.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-na-11-fevruari-kje-go-ratifikuva-protokolot-za-nato-na-12-ti-kje-se-raspushti/feed/ 0