натпревари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Jan 2023 13:16:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png натпревари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бенфика под истрага за местење натпревари https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/benfika-pod-istraga-za-mestenje-natprevari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/benfika-pod-istraga-za-mestenje-natprevari/#respond Mon, 09 Jan 2023 13:15:48 +0000 https://kurir.mk/?p=785084

Португалскиот фудбалски гигант Бенфика е под истрага за наводно местење натпревари во периодот од 2016 до 2020 година, јавија локалните медиуми. Португалската полиција почна истрага откако во јавноста излегоа информации по хакерски напади на бројни клупски фајлови. Под истрага се сите луѓе кои во тој период биле дел од раководството, како и актуелниот претседател Руи Кошта. Претседател на Бенфика во тоа време беше Луис Фелипе Виеира, додека Кошта беше втор човек во клупската хиерархија. „По објавените вести на оваа тема, можеме да потврдиме дека од 3. јануари се води истрага против клубот, против сите членови на Управниот одбор од 2016 до 2020 година, како и сите кои се дел од актуелното раководство на клубот“, соопшти Бенфика на својот официјален сајт.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/benfika-pod-istraga-za-mestenje-natprevari/feed/ 0
Втор ден од Мундијалот: Дерби меѓу Холандија и Сенегал, Англија против Иран, САД играат со Велс https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vtor-den-od-mundijalot-derbi-megju-holandija-i-senegal-anglija-protiv-iran-sad-igraat-so-vels/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vtor-den-od-mundijalot-derbi-megju-holandija-i-senegal-anglija-protiv-iran-sad-igraat-so-vels/#respond Mon, 21 Nov 2022 08:00:36 +0000 https://kurir.mk/?p=763998

На вториот ден од Мундијалот во Катар закажани се три натпревари - во групата А се среќаваат Холандија и актуелниот африкански шампион Сенегал, додека во групата Б Англија игра против Иран, а противникот на Соединетите Американски Држави ќе биде Велс. Во 14 часот почнува првиот натпревар на вториот ден од Светското првенство во Катар - во групата Б на меѓународниот стадион „Калифа“ се среќаваат Англија и Иран. Дербито на денот ќе биде дуелот помеѓу Холандија и актуелниот африкански шампион Сенегал. Натпреварот започнува во 17 часот, а ќе се игра на стадионот „Ал Тумама“. Последниот натпревар денеска е меѓу репрезентациите на САД и Велс кои по 64 години ќе одиграат натпревар на Светското првенство. Натпреварот во групата Б е закажан на стадионот „Ахмад бин Али“ од 20 часот. Светското првенство во Катар започна вчера со мечот меѓу Катар и Еквадор, по што репрезентацијата на Катар испиша историја како прв домаќин на Мундијалот кој го загубил првиот меч. Група A: Катар - Еквадор 0:2 (0:2) 17.00 Сенегал - Холандија Табела: Еквадор 3 Холандија 0 Сенегал 0 Катар 0 Група Б: 14.00 Англија - Иран 20.00 САД - Велс Табела: Англија 0 Велс 0 Иран 0 САД 0]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vtor-den-od-mundijalot-derbi-megju-holandija-i-senegal-anglija-protiv-iran-sad-igraat-so-vels/feed/ 0
УЕФА се поправи: Ова е целосниот распоред на Македонија во квалификациите за ЕП https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-se-popravi-ova-e-celosniot-raspored-na-makedonija-vo-kvalifikaciite-za-ep/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-se-popravi-ova-e-celosniot-raspored-na-makedonija-vo-kvalifikaciite-za-ep/#respond Mon, 10 Oct 2022 08:17:58 +0000 https://kurir.mk/?p=743372

Европската куќа на фудбалот го откри новиот распоред на натпреварите од квалификациите за Европското првенство 2024 година, кое ќе биде организирано од Германија. Нашата репрезентација не доби нови вести. Како и според првичниот распоред, циклусот ќе го започне со Малта, а ќе го комплетира со домашен меч против големата Англија. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА: 23 март 2023 Македонија - Малта 16 јуни 2023 Македонија - Украина 19 јуни 2023 Англија - Македонија 09 септември 2023 Македонија - Италија 12 септември 2023 Малта - Македонија 14 октомври 2023 Украина - Македонија 17 ноември 2023 Италија - Македонија 20 ноември 2023 Македонија - Англија Првите две репрезентации од секоја група ќе обезбеди директен пласман на турнирот. Неколку месеци пред почетокот на шампионатот ќе се одигра плеј-офот, од кој ќе бидат познати уште три учесници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-se-popravi-ova-e-celosniot-raspored-na-makedonija-vo-kvalifikaciite-za-ep/feed/ 0
Челзи нема да може да продава билети за домашните натпревари во Премиер лигата https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/chelzi-nema-da-moze-da-prodava-bileti-za-domashnite-natprevari-vo-premier-ligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/chelzi-nema-da-moze-da-prodava-bileti-za-domashnite-natprevari-vo-premier-ligata/#respond Tue, 29 Mar 2022 14:35:00 +0000 https://kurir.mk/?p=655160

Челзи до завршување на оваа сезона нема да може да продава билети за домашните натпревари во Премиер лигата, објави официјалниот сајт на лондонскиот клуб. Само сопствениците на сезонски билети ќе можат да присуствуваат на средбите на „Стемфорд Бриџ“ во Премиер лигата. Воедно билети за двата меча од четвртфиналето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, за полуфиналето од ФА Купот против Кристал Палас ќе бидат достапни за купување. Да потсетиме дека рестрикциите за Челзи беа воведени од британските власти поради санкциите против сопственикот на клубот Роман Абрамович. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/chelzi-nema-da-moze-da-prodava-bileti-za-domashnite-natprevari-vo-premier-ligata/feed/ 0
Почнува пеколот за Вардар: Во следните 20 дена секој втор ден – натпревар! https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/pochnuva-pekolot-za-vardar-vo-slednite-20-dena-sekoj-vtor-den-natprevar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/pochnuva-pekolot-za-vardar-vo-slednite-20-dena-sekoj-vtor-den-natprevar/#respond Fri, 04 Feb 2022 11:32:37 +0000 https://kurir.mk/?p=626985

Репрезентативната пауза и дефинитивно е завршена, штом веќе го броиме вториот месец од годината, а тоа обично значи пеколни обврски за РК Вардар. Оваа година е малку поразлично и за нијанса потешко, бидејќи покрај СЕХА-лигата и Лигата на шампионите, тука се и натпреварите од домашното првенство. Пеколот почнува со Нексе, денеска од 18 часот. Во минатите сезони, во февруари веќе беше начната, ако не и преполовена сезоната во СЕХА-лигата, но овој пат регионалното натпреварување доцна ја отвора сезоната. Денешниот натпревар со Нексе е прв од шесте кои му претстојат на Вардар во фазата по групи, но истовремено прв од една пеколна агенда која почнува денеска и трае во следните 20 дена. Во нив Вардар ќе одигра девет натпревари, а тоа значи без малку и математики прецизен просек од играње секој втор ден. 4 февруари: Вардар - Нексе 6 февруари: Вардар - Пролет 8 февруари: Војводина - Вардар 9/10 февруари: Прилеп - Вардар 12/13 февруари: Вардар - Е. Пелистер 2 16 февруари: Монпелје - Вардар 18 февруари: Нексе - Вардар 20 февруари: Тиквеш - Вардар 23 февруари: ППД Загреб - Вардар Ова не значи дека тука завршуваат обврските за месецов, бидејќи на 27 февруари треба да се игра последното коло од Суперлигата, против Струга. На сето ова, кој знае што ќе се случи дотогаш со Металург и дали Ракометната федерација ќе го санкционира натпреварот кој требаше да се игра во средата како службен за Вардар или, пак, ќе треба да му се бара дополнителен термин. Листата од погоре можно е да претрпи и мали промени, кога се во прашање домашните дуели, но дури и да сака да презакажува Вардар нема кога. И во првата недела од март го чекаат два меча во ЛШ (Елверум и Мешков Брест), кои ќе бидат опасно важни за пласманот во осминафиналето. Се разбира, во вакви ситуации за тренерите важи мотото „секој следен натпревар е финале“, а во случајов тоа може да не е само фраза, бидејќи Давид Дејвис ќе дебитира вечерва против Нексе, па победа на премиерата секогаш има непроценлива вредност. Во слична ситуација е и Еурофарм Пелистер, кој исто така се бие на три фронта, но ќе одигра два меча помалку во февруари, осум во Суперлигата, СЕХА-лигата и во Европската лига.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/pochnuva-pekolot-za-vardar-vo-slednite-20-dena-sekoj-vtor-den-natprevar/feed/ 0
Истрага за местење натпревари во белгискиот фудбал, осомничени прволигашки екипи и судии https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/istraga-za-mestenje-natprevari-vo-belgiskiot-fudbal-osomnicheni-prvoligashki-ekipi-i-sudii/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/istraga-za-mestenje-natprevari-vo-belgiskiot-fudbal-osomnicheni-prvoligashki-ekipi-i-sudii/#respond Fri, 14 Jan 2022 19:06:18 +0000 https://kurir.mk/?p=619481

Белгискиот фудбал се соочува со скандал од големи размери, откако Јавното обвинителство најави можни десетици обвиненија како резултат на серија истраги за повеќе недозволени активности, вклучувајќи и местење натпревари на прволигашки екипи. Вкупно 56 лица, како и една компанија, се осомничени за измама, перење пари, местење натпревари и членство во криминална организација, меѓу другите обвиненија, јавија денеска локалните медиуми. Повикувајќи се на извори од истрагата, весникот „Dernière Heure / Les Sports“ објави дека меѓу осомничените има функционери од неколку белгиски прволигашки екипи, како и фудбалски судии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/istraga-za-mestenje-natprevari-vo-belgiskiot-fudbal-osomnicheni-prvoligashki-ekipi-i-sudii/feed/ 0
Поради коронавирусот одложени 8 дуели во кошаркарската Евролига https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/poradi-koronavirusot-odlozeni-8-dueli-vo-kosharkarskata-evroliga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/poradi-koronavirusot-odlozeni-8-dueli-vo-kosharkarskata-evroliga/#respond Wed, 05 Jan 2022 17:00:03 +0000 https://kurir.mk/?p=616253

Раководството на кошаркарската Евролига одложи вкупно осум дуели, кои требаше да се одиграат утре и задутре, поради зголемениот број заразени со коронавирус во екипите. За четврток беа закани натпреварите Црвена ѕвезда – Фенербахче, Алба – Панатинаикос, Макаби – Басконија и Реал Мадрид – Уникс, додека в петок требаше да се одиграат уште четири дуели, ЦСКА Москва – Барселона, Ефес – Баерн Минхен, Жалгирис – Олимпијакос и Асвел – Монако. Единствениот натпревар кој остана на програмата в петок е меѓу Милано и Зенит. Евролигата соопшти дека во консултации со екипите ќе одреди нови термини за одигрување на одложени натпревари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/poradi-koronavirusot-odlozeni-8-dueli-vo-kosharkarskata-evroliga/feed/ 0
НБА планира да одржи два претсезонски натпревари во Абу Даби https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-planira-da-odrzi-dva-pretsezonski-natprevari-vo-abu-dabi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-planira-da-odrzi-dva-pretsezonski-natprevari-vo-abu-dabi/#respond Tue, 16 Nov 2021 16:20:30 +0000 https://kurir.mk/?p=596216

Раководството на најсилната кошаркарска лига на светот – НБА има намера да биде организира ревијални натпревари во Абу Даби. Првите натпревари од НБА во Обединетите Арапски Емирати ќе се одржат следната година пред почетокот на сезоната 2022/23, објави „ЕСПН“. НБА и Одделот за култура и туризам во Абу Даби претходно се договорија за повеќегодишно партнерство кое ќе започне со два претсезонски натпревари. Составот на НБА тимовите-учеснички и ќе бидат објавени подоцна. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-planira-da-odrzi-dva-pretsezonski-natprevari-vo-abu-dabi/feed/ 0
Грција: На масовни натпревари и маратони само 5 проценти од учесниците може да бидат невакцинирани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-na-masovni-natprevari-i-maratoni-samo-5-procenti-od-uchesnicite-moze-da-bidat-nevakcinirani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-na-masovni-natprevari-i-maratoni-samo-5-procenti-od-uchesnicite-moze-da-bidat-nevakcinirani/#respond Fri, 20 Aug 2021 14:22:16 +0000 https://kurir.mk/?p=553073

За масовните спортски натпревари во Грција со учество на над 300 учесници, како што се маратоните, дозволено ќе биде учество и на невакцинирани лица, но само пет отсто од вкупниот број и само доколку немаат можност да се вакцинираат од здравствени причини или поради возраста, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Секретаријатот за спорт на Грција, по барање на надлежното министерство, комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство одлучила, од 1 септември 2021 година, 95 отсто од учесниците да бидат вакцинирани, а пет отсто невакцинирани „за да не им се одземе правото на учество на оние кои не можат да се вакцинираат од медицински причини или поради возраста“. За оние кои не се вакцинирани потребен е негативен ПЦР тест направен 48 часа пред натпреварот или брз тест 24 часа претходно. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-na-masovni-natprevari-i-maratoni-samo-5-procenti-od-uchesnicite-moze-da-bidat-nevakcinirani/feed/ 0
„Вембли“ со најголем број натпревари на ЕП https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vembli-so-najgolem-broj-natprevari-na-ep/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vembli-so-najgolem-broj-natprevari-na-ep/#respond Thu, 10 Jun 2021 06:35:16 +0000 https://kurir.mk/?p=521318

За прв пат во историјата, Европското првенство ќе се одржи во 11 градови низ континентот. Домаќини на натпреварите на турнирот ќе бидат Рим, Баку, Санкт Петербург, Копенхаген, Букурешт, Амстердам, Лондон, Глазгов, Севилја, Минхен и Будимпешта. Првично имаше 12 градови домаќини, но ирските власти не можеа да гарантираат прием на потребниот број на гледачи на стадионот во Даблин, и тој беше отстранет од списокот. Средбите што требаше да се одржат таму се префрлени во Лондон и Санкт Петербург. Покрај тоа, од истата причина, Билбао беше заменет со Севилја во Шпанија. Главна арена за ЕП 2020 ќе биде „Вембли“ во Лондон, на кој ќе се одржат осум натпревари, вклучувајќи две полуфиналиња и финале. Втор на овој список е Санкт Петербург, каде ќе се играат седум средби – шест во групната фаза и четвртфиналето. Македонската репрезентација која ќе дебитира на едно Европско првенство, првите два меча ќе ги игра во Букурешт, а третиот во Амстердам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vembli-so-najgolem-broj-natprevari-na-ep/feed/ 0