нацистички концентрационен логор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Sep 2023 15:45:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нацистички концентрационен логор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 98-годишник обвинет за убиствa во нацистички концентрационен логор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/98-godishnik-obvinet-za-ubistva-vo-natsistichki-kontsentratsionen-logor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/98-godishnik-obvinet-za-ubistva-vo-natsistichki-kontsentratsionen-logor/#respond Fri, 01 Sep 2023 15:45:26 +0000 https://kurir.mk/?p=873459

Речиси 100-годишен маж е обвинет во Германија за соучесништво во убиствa додека бил чувар во нацистичкиот концентрационен логор Заксенхаузен од 1943 до 1945 година, за време на Втората светска војна, објавија денеска обвинителите. Обвинението е поднесено до судот во Ханау, кој ќе одлучи дали ќе го испрати на судење, но доколку е така, ќе му се суди според законот за малолетници, земајќи ја предвид неговата возраст во времето на наводните злосторства. Сега 98-годишниот германски државјанин, чие име не е објавено, живее во областа Мајн-Кинциг во близина на Франкфурт. Тој е обвинет по повеќе од 3.300 точки од обвинението за соучесништво во убиствa извршени меѓу јули 1943 и февруари 1945 година со „поддршка на сурово и злонамерно убиство на илјадници затвореници како припадник на СС единицата“, се вели во соопштението на обвинителството во Гисен. Обвинителите соопштија дека психијатрискиот експерт минатиот октомври утврдил дека тој е способен да му се суди. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/98-godishnik-obvinet-za-ubistva-vo-natsistichki-kontsentratsionen-logor/feed/ 0