научна студија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 Aug 2022 16:57:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png научна студија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchna-studija-nikade-na-zemjata-dozdovnicata-ne-moze-da-se-pie/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchna-studija-nikade-na-zemjata-dozdovnicata-ne-moze-da-se-pie/#respond Wed, 10 Aug 2022 16:57:21 +0000 https://kurir.mk/?p=716752

На ниту едно место на планетата Земја, дождовната вода не може да се пие поради присуството на токсични хемикалии кои ги надминуваат препорачаните нивоа, покажува една неодамнешна студија на научници од Универзитетот во Стокхолм, јави дописникот на МИА. „Нема ниту едно место на Земјата каде дождовницата би била безбедна за пиење, според податоците што ги користевме“, изјави за француските медиуми, Иан Казинс, професор на Универзитетот во Стокхолм и директор, автор на студијата објавена во списанието Environmental Science and Technology. Неговиот тим ги проучувал податоците собрани од 2010 година и покажал дека „дури и на Антарктикот или на Тибетската висорамнина, нивото на загаденост на дождовницата е над предложените упатства од Агенцијата за заштита на животната средина на САД (ЕПА)“, додава тој. Нормално двата региони се сметаат за недопрени, но и тие имаат нивоа на ПФАС (пер и полифлуороалкил) „14 пати повисоки“ од американските упатства за водата за пиење. Попознати како „хемикалии кои траат вечно“ бидејќи се распаѓаат екстремно бавно, PFAS, првично присутни во амбалажите, шампоните или дури и шминката, се проширија во нашата средина, вклучително и во водата и воздухот. Откако ќе се проголта, ПФАС се акумулира во телото. Според некои студии, изложеноста на ПФАС може да има ефекти врз плодноста и развојот на фетусот. Исто така, може да доведе до зголемен ризик од дебелина или одредени видови на рак (простата, бубрези и тестиси) и зголемување на нивото на холестерол. ЕПА неодамна го намали препорачаниот праг на ПФАС откако откри дека овие хемикалии можат да влијаат на имунолошкиот одговор на вакцините кај децата, забележува Иан Казинс. Според Иан Казинс, ПФАС сега се „толку упорни“ и се присутни што никогаш нема да исчезнат од Земјата. „Ние ја направивме планетата непријатна за човечкиот живот со неповратно контаминирање, што значи дека веќе ништо не е чисто. И до тој степен што не е доволно чисто за да биде сигурно“, рече тој. Ја „поминавме планетарна граница“, вели Иан Казинс, мислејќи на модел кој ја проценува способноста на Земјата да го апсорбира влијанието на човековата активност. Сепак, научникот забележува дека нивоата на ПФАС во телото на луѓето се намалени „прилично значително во последните 20 години“ и дека „нивото на околината (на ПФАС во животната средина) останало исто во последните 20 години “. „Препораките се тие што се сменија“, прецизира истражувачот, објаснувајќи дека препорачаното ниво на ПФАСе намалено „милиони пати од почетокот на 2000-тите, бидејќи знаеме повеќе за токсичноста на овие материјали“. И покрај наодите од студијата, Иан Казинс смета дека мора да научиме да „живееме со тоа“. „Не сум страшно загрижен за секојдневната изложеност на планините, водни патишта или храната. Не можеме да избегаме само ќе мора да живееме со тоа“. „Но, тоа не е идеална ситуација, каде што сте ја контаминирале животната средина до тој степен што природната изложеност не е навистина безбедна“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchna-studija-nikade-na-zemjata-dozdovnicata-ne-moze-da-se-pie/feed/ 0
АЕК распиша тендер за научна студија за влијанието на 4Г и 5Г мрежите врз здравјето и околината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aek-raspisha-tender-za-nauchna-studija-za-vlijanieto-na-4g-i-5g-mrezite-vrz-zdravjeto-i-okolinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aek-raspisha-tender-za-nauchna-studija-za-vlijanieto-na-4g-i-5g-mrezite-vrz-zdravjeto-i-okolinata/#respond Fri, 27 Nov 2020 11:38:45 +0000 https://kurir.mk/?p=435278

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за избор на компанија која ќе изработи научна студија „Влијанието на зрачењата од телекомуникациските уреди и технологии врз здравјето на луѓето и околината – животната средина која не опкружува (4Г, 5Г)“. Тендерот е објавен во Бирото за јавни набавки, а заинтересираните компании кои ќе ги исполнат бараните критериуми врзани за стручноста, искуството и експертизата, своите понуди ќе можат да ги доставуваат до 22 декември. Избраната компанија со која ќе биде склучен договор ќе има обврска во рок од шест месеци да ја изработи бараната студија која ќе биде и основа за понатамошните чекори кои ќе ги презема АЕК врзани за развој на безжичните телекомуникациски мрежи во земјава. -Веројатно ниту една технолошка револуција не поминала без да предизвика страв кај одредена категорија луѓе. Иако, реално, 5Г за обичниот граѓанин ќе значи само надградба на 4Г мрежата којашто сега е во функција, сепак во АЕК постојано пристигнуваат поплаки кои се мотивирани од страв од новата генерација 5Г мрежи и барања да се отстранат антени за кои граѓаните сметаа дека се од новата генерација, изјави Сашо Димитријоски, директор на АЕК. И мобилните оператори, додаде, имаат проблеми во поставувањето на антени за 4Г мрежа кои се инсталираат за подобра покриеност и подобри услуги. -Денес веќе е дојдена ситуација дотаму што секој нов предавател се смета дека е антена за 5Г мрежа. Па дури имавме ситуација каде две антени без запалени, веројатно од оние кои веруваат во опасноста од 5Г мрежата, кои сметале дека станува збор за такви антени. Затоа и решивме да распишеме меѓународен тендер за избор на компанија која ќе направи сеопфатно истражување, мерење и анализа за влијанието на 5Г мрежата врз здравјето на граѓаните. Веруваме дека со неа ќе имаме документ каде точно ќе се знае што е во интерес на граѓаните и како стојат работите со 5Г мрежата, посочи Димитријоски. Научната студија, како што е наведено во тендерската документација, треба да даде јасна слика за моменталната ситуација со влијанието на зрачењата од телекомуникациските алатки поткрепена со факти, да разработи методологија за мерење, лоцирање и спроведување на мерењата, да содржи анализи и извештаи врз база на добиените информации и извршените мерења. Со неа треба да бидат објаснети зрачењата кои ги создаваат телекомуникациските уреди, нивните гранични вредности на дозволена јачина на зрачење, дефинирано како максимално дозволено, за да не се премине прагот од нештетно во штетно зрачење по здравјето на луѓето како и заштита на околината. -Територијата на Македонија е покриена со 2Г ,3Г и 4Г мрежа, а операторите се во фаза на подготивкин за изградба на 5Г, понатаму и 6Г и други генерации на мрежи. Во јавноста се отвора дебата поврзана за влијанието на овие технологии врз здравјето и животната средина. Имајќи предив растот на создадениот страв во јавноста, потребно е да се покаже теоретски и практично дека изложеноста на радиофреквентни електромагнетни полиња (RF RFM) во различни микрооколини на постојните мобилни мрежи, вклучително и на новата 5Г мрежа, се во согласност со сите светски препораки, стои во документацијата. Научната студија треба да докаже и прикаже дали до денес постојат или се докажани некакви здравствени ризици од изложување на RF EMF зрачења, од јавните здравствени агенции и СЗО. Таа треба да опфати и теоретски објаснувања и видови на зрачења, европската регулатива, директивите од меѓународни организации за телекомуникации, приказ на развој на мобилните технологии, научни стандардизации како и примери од земји кои имаат 3,4 и 5Г режи и друго. Исто така, се очекува таа да даде и препорака за употреба и изградба на постојната и идната 5Г мобилна мрежа, каде да се изгради, растојание меѓу нив, како и проценка на ризик по здравјето како резултат на изложеност на EMF во различни микросредини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aek-raspisha-tender-za-nauchna-studija-za-vlijanieto-na-4g-i-5g-mrezite-vrz-zdravjeto-i-okolinata/feed/ 0
Регистрирано намалување на животниот век на Американците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/registrirano-namaluvanje-na-zivotniot-vek-na-amerikancite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/registrirano-namaluvanje-na-zivotniot-vek-na-amerikancite/#respond Thu, 05 Dec 2019 07:35:05 +0000 https://kurir.mk/?p=273559

Најнова студија укажува на значително скратување на животниот век во САД. Врз основа на анализата на податоците, очекуваниот животен век се зголемил за околу 10 години во период од скоро шест децении, од близу 70 години, на речиси 79, но потоа се намали од 2014 година за три последователни години. -Целокупното скратување на животниот век е поврзано со зголемување на смртноста во рамките на возрасната група 24-65 години, вели Стивен Волф, кој беше ко-автор на извештајот. – Голем дел од тоа е зголемувањето на смртноста поради предозирање со лекови и тоа е една од главните причини за овој тренд, вели Волф. Според податоците од Центрите за контрола и превенција на болести, во просек 130 Американци умирале секој ден од предозирање со опијати во текот на 2017 година. Сепак, ова не е единствената причина за скратување на животот на Американците. – Идентификувани се зголемен број на смртни случаи како резултат на алкохолизам, самоубиство и околу десетина болести. Мислам на дијабетес, заболувања на белите дробови, срцеви заболувања, сите вклучуваат 35 причини за смрт, додаде Волф. Џон Хејга од Националниот институт за прашња за стареење вели дека податоците се поразителни. – Ова се сериозни работи. Во Америка немавме толку краток животен век од раните години на епидемијата на СИДА, а пред тоа во годините на меѓународната епидемија на грип по Првата светска војна, вели тој. Сепак, тој исто така потенцира дека скратувањето на животниот век е комбинација на повеќе процеси што траеле со децении. -Ние трошиме речиси двојно повеќе од европскиот просек во здравствениот сектор. Тоа е индустрија од 3,5 илјади милијарди американски долари во САД. Ниту една друга земја не е ни близу.Не направивме доволно во областа на превенција на болести и се што луѓето треба да прават во таа смисла  – да бидат физички активни, да се хранат правилно, да им пристапуваат на време на здравствени проблеми, истакнува Хејга. Студијата беше објавена во магазинот на Американското медицинско здружение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/registrirano-namaluvanje-na-zivotniot-vek-na-amerikancite/feed/ 0