научник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Mar 2023 11:23:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png научник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Научник се одлучи на 100 дена живот под море https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnik-se-odluchi-na-100-dena-zhivot-pod-more/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnik-se-odluchi-na-100-dena-zhivot-pod-more/#respond Mon, 20 Mar 2023 11:23:40 +0000 https://kurir.mk/?p=814116

Професорот Џо Дитури од Универзитетот на јужна Флорида решил да мине 100 дена под море за да увиди каков ефект ќе има тоа врз неговото тело. „Ќе зборуваме за биомедицински инженеринг, ќе правиме експерименти во биологијата и биомедицинскиот инженеринг и ќе се забавуваме многу!“, изјави професорот кој редовно објавува видеа на својот Инстаграм-профил. - „Човечкото тело никогаш не било толку долго под вода, па затоа ќе бидам внимателно следен. Овој труд ќе го испита секој начин на којшто ова патување влијае на моето тело, но мојата нулта хипотеза е дека ќе има подобрување во моето здравје поради зголемениот притисок“, додава тој. Научникот, сега познат по прекарот „д-р Длабоко Море“, објасни дека целта на мисијата е „морето да му биде живеалиште до лето“. Овој експеримент наречен „Нептун 100“ почна на 1 март. Професорот 100 дена ќе живее во изолација на длабочина од 10 метри, а неговиот живот под морето ќе го следат психолог и психијатар. Инаку, проф. Дитури има докторат по Биомедицинско инженерство, а експериментот го спроведува со цел да изнајде нови начини за заживување на морската средина и во исто време да ја тестира медицинската технологија што би можела да спречи разни болести, се вели во официјалното соопштение на Универзитетот. Мисијата треба да заврши на 9 јуни. Тој се надева дека ќе го собори светскиот рекорд за најдолг живот под вода при атмосферски притисок што е 1,6 пати поголем од на копното. Актуелниот светски рекорд е 73 дена, кој во 2014 година го постигнаа двајца американски професори од Тенеси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnik-se-odluchi-na-100-dena-zhivot-pod-more/feed/ 0
Германски научник: Имам 600 докази, коронавирусот е направен во лабораторија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-nauchnik-imam-600-dokazi-koronavirusot-e-napraven-vo-laboratorija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-nauchnik-imam-600-dokazi-koronavirusot-e-napraven-vo-laboratorija/#respond Fri, 19 Feb 2021 07:29:37 +0000 https://kurir.mk/?p=470810

Германскиот научник Роналд Визендангер тврди дека има докази дека коронавирусот не преминал од животно на луѓе, туку дека настанал во лабораторија.. Научникот од Хамбург за германските медиуми изјавил дека има вкупно 600 докази од 2019 и 2020 година. -Информациите за вирусот и бројните објави во стручните списанија и на социјалните мрежи покажуваат дека коронавирусот е несреќа во лабораторија. Короната дојде од лабораторија во Вухан, тврди Визендангер. Според неговите зборови, вирусо добро се „закачува“ на рецепторите на човековите ќелии и успева да влезе во нив, што е било својствено на претходните соеви на коронавирусите, што пак укажува на неприродно потекло. Тој истакнал и дека лилјаците не се нудат на пазарот во центарот на Вухан, кој е наречен епицентар на инфекцијата. Визендангер очекува во наредните недели и месеци  дополнителни студии и истражувања за потеклото на вирусот да го потврдат она што тој го говори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-nauchnik-imam-600-dokazi-koronavirusot-e-napraven-vo-laboratorija/feed/ 0
Осуден научникот кој ги создаде првите „генетски модификувани“ бебиња https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osuden-nauchnikot-koj-gi-sozdade-prvite-genetski-modifikuvani-bebinja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osuden-nauchnikot-koj-gi-sozdade-prvite-genetski-modifikuvani-bebinja/#respond Mon, 30 Dec 2019 09:00:12 +0000 https://kurir.mk/?p=283738

Кинески суд денеска го осуди научникот Хе Џијанкуи, кој ги направи првите „генетски модифицирани“ бебиња, на три години затвор за нелегално практикување медицина. Покрај затворската казна, тој беше осуден и со парична казна од 430 000 долари, јави Синхуа. Двајца негови соработници добија помали казни. Жанг Ренли беше осуден на две години затвор и Квим Жинџоу на една и пол година. Хе, водечки истражувач, рече дека пред 13 месеци помогнал во создавање на првите генетски модифицирани бебиња, родени во ноември 2018 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osuden-nauchnikot-koj-gi-sozdade-prvite-genetski-modifikuvani-bebinja/feed/ 0
Научник Македонец во Бостон работи на откривање на метаболизмот на бактериите и последиците врз здравјето на човекот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nauchnik-makedonec-vo-boston-raboti-na-otkrivanje-na-metabolizmot-na-bakteriite-i-posledicite-vrz-zdravjeto-na-chovekot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nauchnik-makedonec-vo-boston-raboti-na-otkrivanje-na-metabolizmot-na-bakteriite-i-posledicite-vrz-zdravjeto-na-chovekot/#respond Wed, 16 Oct 2019 06:54:30 +0000 https://kurir.mk/?p=252207

Педесетгодишниот Македонец Илија Дуковски е дел од тимот научници на Бостонскиот универзитет каде што периодов се работи на создавање компјутерски модели на метаболизмот и сличните процеси на бактериите што се во организмот на луѓето. Изминатите две години се работи на три процеси и проекти поврзани со откривање резултати од метаболизмот на бактериите. – Првиот се однесува на цревниот микробиом, т. е. бактериите што живеат во цревата на луѓето. Бактериите во нашите црева имаат важна улога за нашето здравје. Промени во составот на микробиомот често се појавуваат истовремено со стомачни заболувања. Причините за ваквите промени сè уште не се разјаснети. Се претпоставува дека промените во метаболизмот на бактериите и нивната интеракција преку размена на метаболити играат суштинска улога за здравјето на домаќинот. Мојата работа се состои во создавање компјутерски модели на метаболизмот на овие бактерии. Целта е да се разјасни размената на метаболити помеѓу бактериите и цревата на домаќинот, објаснува Дуковски. Тој додава дека вториот проект е симулирање раст на тумори. Во основа на овие симулации, вели, е моделирањето на метаболизмот на клетките на рак. За разлика од нормалните клетки кои респирираат кислород, т. е. дишат, клетките на ракот не дишат на истиот начин, иако кислородот им е достапен. Оваа појава, т.н. Варбургов ефект, комбинирана со модел на раст на ткивото на тумор е во фокусот на овој проект. Третиот проект, како што рече, се однесува на физичките аспекти на раст на бактериски колонии. Проект во кој физиката на механичка интеракција помеѓу клетките ќе има главна улога. Претходно на Универзитетот работел на процесот на откривање производство на биогориво од растителен материјал, целулоза, чиј резултат во иднина треба да биде намалување на загадувањето на животната средина на светско ниво. Се смета дека користењето биогорива како обновливи извори на енергија наместо сегашните фосилни горива ќе ги намали стакленичните гасови и токсичните материи во воздухот што ја уништуваат озонската обвивка на планетата, а со тоа ќе се намалат негативните климатски промени и последици по флората и фауната насекаде низ светот. – Целта на истражувањето беше формирање заедница на бактерии што би произведувала биогориво од растителен материјал, целулоза. Во таквата заедница би учествувале неколку видови бактерии што меѓусебно разменуваат метаболити. Метаболитите се хемикалии што се производ на метаболизмот на еден вид, а служат како нутриент (храна) на друг вид. Конечниот производ на ваквиот синџир на размена на метаболити би бил биогориво. Заради тоа, познавањето на метаболизмот на бактериите е клучно при изборот на видовите што ќе го сочинуваат синџирот на производство на биогориво, вели Илија. Системската биологија како област во која работи Илија заедно со колегите од Универзитетот и е насоката што треба да биде основа за создавање на новите видови горива. Претставува нова научна област, која почнува кон крајот на 90-тите години, овозможена од развојот на компјутерската техника со која се следат процесите. Илија се занимава со проучување на метаболизмот на бактериите. – Системската билогија се занимава со оние својства на организмите што можат да се уочат само ако клетките се изучуваат во целост, како систем. Така на пример, клеточниот метаболизам со методите на системската биологија се проучува како мрежа на сите хемиски реакции присутни во клетката. Во системската билогија се користат математички и компјутерски методи, па дури и методи позајмени од теориската физика, објаснува научникот. Дуковски е роден во Полска, како дете на сопружници, бегалци од егејскиот дел на Македонијa, односно Грција. Во 1972 година неговото семејство доаѓа да живее во Тетово, каде што Илија го поминува детството. По завршувањето гимназија во Тетово, се одлучува за физиката како насока во која ќе го продолжи образованието, и тоа на Природно-математичкиот факултет во Белград (1989-1995). Од 1996 година постојано е во Америка, каде што на Универзитетот на Масачусец во Амхерст до 2001 година ги завршува постдипломските студии и докторските студии по статистичка физика. Од 2001 започнува и постдокторски студии по полимерна наука, а воедно врши и научноистражувачка работа. Следуваат девет години работа во инудстријата на полупроводници, а потоа се занимавал со компјутерски симулации за развој на полупроводнички материјал. Од 2012 година е дел од Бостонскиот универзитет каде што го проучува метаболизмот на бактериските колонии. – Мене од основно и средно училиште ме интересираа и физиката и биологијата, а ја имав таа среќа да ја почнам кариерата во физиката, а да продолжам кон биологијата во САД. Во Америка има одлични можности за луѓе кои ги интересира науката. Бостон е град со голем број врвни универзитети. Биолошките науки исто така се во подем во Бостон и воопшто во САД и светот. Ако во 20 век најголемите научни достигнувања беа во областа на физиката, 21 век изгледа ќе биде век на биологијата, проценува научникот. Бостонскиот универзитет, кој е формиран во 1839 година, е еден од најпрестижните истражувачки центри во САД. На Универзитетот има повеќе од 3.900 лица наставен кадар, а речиси 10 илјади со администрацијата. Студираат околу 33.000 студенти на дипломски, постдипломски и докторски студии. Ја поседува категоризацијата Р1-докторски универзитет (многу висока истражувачка дејност) во Карнеги класификацијата на институциите на високото образование во САД и е на 32. место меѓу светските универзитети од САД. На Унивезитетот се образовале осум добитници на Нобелова награда, 23 на Пулицерова награда и уште многу други успешни луѓе од целиот свет. Во 1876 година, професорот Александар Греам Бел го измислил телефонот во лабораторија на Универзитетот. Водачот на движењето за граѓански права д-р Мартин Лутер Кинг Јуниор во 1955 година во Бостонскиот универзитет ја стекнал докторската титула. Александар Самарџиев (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nauchnik-makedonec-vo-boston-raboti-na-otkrivanje-na-metabolizmot-na-bakteriite-i-posledicite-vrz-zdravjeto-na-chovekot/feed/ 0
Научник од НАСА: Ќе откриеме докази за живот на Марс https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnik-od-nasa-kje-otkrieme-dokazi-za-zivot-na-mars/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnik-od-nasa-kje-otkrieme-dokazi-za-zivot-na-mars/#respond Tue, 01 Oct 2019 08:49:16 +0000 https://kurir.mk/?p=246538

НАСА наскоро ќе открие докази за живот на Марс, но човештвото сѐ уште не е подготвено да го прифати тоа, смета д-р Џим Грин, научник од американската вселенска агенција. Во март 2021 е предвидено на Црвената Планета да бидат испратени два ровера – еден на НАСА и еден на Европската вселенска агенција ЕСА. Една од главните задачи на тие две мисии е потрага по живи организми на површината на планетата. – Тоа ќе предизвика целосно нов начин на размислување. Мислам дека не сме подготвени да ги прифатиме резултатите од сѐ тоа. И, тоа ме загрижува, зашто сметам дека сме многу блиску до објавувањето дека на Марс има живот, изјави д-р Грин. А, тоа пак, според него, ќе отвори многу други прашања… Дали тој живот во нешто наликува на нашиот? Дали сме поврзани со тие организми? Има ли услови за човечки колонии вон Земјата? – Нема зошто да се сомневаме дека нема други цивилизации низ Вселената, зашто постојано откриваме егзопланети погодни за појава на живот. Насекаде!, додава научникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnik-od-nasa-kje-otkrieme-dokazi-za-zivot-na-mars/feed/ 0