наука – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Jul 2023 11:49:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png наука – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Науката потврди: Пладневната дремка придонесува за поздрав мозок и побистар ум https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/naukata-potvrdi-pladnevnata-dremka-pridonesuva-za-pozdrav-mozok-i-pobistar-um/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/naukata-potvrdi-pladnevnata-dremka-pridonesuva-za-pozdrav-mozok-i-pobistar-um/#respond Tue, 11 Jul 2023 11:49:54 +0000 https://kurir.mk/?p=855365

Истражувачи од Универзитетскиот колеџ во Лондон, Велика Британија, и Универзитетот на Републиката во Уругвај ја испитуваа врската меѓу редовниот пладневен сон и умствените способности. Овие два фактора беа поврзани и споредени со набљудувачки испитувања во минатото. Така, овој научен труд потврдува дека куса дремка од 15 минути се чини корисна за извршување одредени когнитивни задачи веднаш по спиењето дење. Сепак, авторите на студијата сакаа да дознаат и повеќе - дали пладневната дремка е директна причина за здрав и бистар ум и поголем волумен на мозокот кај поединци кои имаат редовна дремка, во споредба со оние кои немаат таква навика? Тимот го користеше методот наречен „Менделова рандомизација“ заради анализа на генетските податоци на повеќе од 375.000 учесници, преземени од британската „Биобанк“. Набљудувајќи неколку делови од ДНК-та за коишто се смета дека се поврзани со вообичаеното спиење преку ден, тие го споредија когнитивното здравје и структурата на мозокот на луѓето кои практикуваат редовна дремка со оние кои не го прават тоа. Заклучокот е потврден: Луѓето кои спијат редовно во текот на денот обично имаат поздрав мозок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/naukata-potvrdi-pladnevnata-dremka-pridonesuva-za-pozdrav-mozok-i-pobistar-um/feed/ 0
Науката издаде „последно предупредување“ за климатската криза https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/naukata-izdade-posledno-predupreduvane-za-klimatskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/naukata-izdade-posledno-predupreduvane-za-klimatskata-kriza/#respond Mon, 20 Mar 2023 17:12:28 +0000 https://kurir.mk/?p=814273

Науката издаде „последно предупредување“ за климатската криза, бидејќи зголемените емисии на стакленички гасови го туркаат светот на работ на непоправлива штета што само брза и драстична акција може да ја спречи. Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ), составен од водечките светски научници за климата, денеска го објави последниот дел од својот шести Извештај за климатските промени. За овој сеопфатен преглед на човековото знаење за климатската криза, на стотици научници им требаа осум години и тој е долг илјадници страници. Но, сѐ се сведува на една порака - дејствувајте сега или ќе биде предоцна. -Овој извештај е јасен повик за масовно забрзување на климатските напори од секоја земја, и секој сектор и во секоја временска рамка. На нашиот свет му треба климатска акција на сите фронтови - „сѐ, секаде, одеднаш“, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. На разбирлив јазик, ИПЦЦ го претстави уништувањето што веќе им е нанесено на големи делови од светот. Екстремните временски услови предизвикани од климатските нерправилноти доведоа до зголемени смртни случаи, засилени топлотни бранови, милиони изгубени животи и домови уништени во суши и поплави, милиони луѓе кои се соочуваат со глад и сѐ повеќе неповратни загуби во виталните екосистеми. Последниот дел од документот, наречен „Извештај на синтезата“ е последната ваква проценка додека светот сѐ уште има шанса да го ограничи порастот на светските температури, засега на 1,5 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа. Сѐ над тој праг, според наводите, е климатска штета што брзо станува неповратна. -Овој извештај е дефинитивно последното предупредување за оние 1,5 степени. Ако владите се држат до нивните сегашни политики, преостанатиот пресметан јаглерод ќе се потроши пред следниот Извештај на ИПЦЦ (во 2030 година, б.п.), рече Каиса Коснен, стручњак за клима во „Гринпис интернејшнл“. Повеќе од три милијарди луѓе веќе живеат во областите кои се „многу ранливи“ на климатските промени, откри ИПЦЦ. А, половина од светското население се соочува со сериозен недостиг на вода барем дел од годината. Во многу подрачја, предупредува Извештајот, веќе ја достигнуваме границата до каде може да се прилагодиме на таквите тешки промени, при што временските екстреми „сѐ повеќе го поттикнуваат раселувањето“ на луѓето во Африка, Азија, Северна, Средна и Јужна Америка, како и во јужниот Пацифик. Сепак, сѐ уште постои надеж дека надминувањето ќе остане во рамките на 1,5 Целзиусови степени, според извештајот. - Овој Извештај на синтезата ја нагласува итноста за преземање поамбициозни активности и покажува дека ако дејствуваме сега, сѐ уште може да обезбедиме одржлива иднина за живот за сите, изјави Хоесунг Ли, претседавач на ИПЦЦ. Температурите сега се околу 1,1 Целзиусов степен над прединдустриските нивоа. Доколку испуштањето стакленички гасови накоро достигнат максимум и ако следи брзо намалување наредниве години, сепак е можно да се избегне најлошото уништување што би следело по пораст од над 1,5 степени. -Секое избегнато затоплување благодарение на колективните активности извлечени од нашата растечка, сѐ поделотворна група алатки е помалку лоша вест за општествата и екосистемите од кои сите зависиме, истакна Ричард Ален, професор по Климатски науки на Универзитетот на Рединг. Гутереш ги повика владите да преземат драстични мерки за намалување на штетните гасови со вложување во обновливи извори на енергија и технологија со ниско ниво на јаглерод. Тој нагласи дека богатите земји мора да се обидат да постигнат нето нула емисии на стакленички гасови „што е можно пред 2040 година“, наместо да го чекаат крајниот рок до 2050 година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/naukata-izdade-posledno-predupreduvane-za-klimatskata-kriza/feed/ 0
Шешов: Науката знае каде може да се случи земјотрес, но не може да предвиди кога https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sheshov-naukata-znae-kade-mozhe-da-se-sluchi-zemjotres-no-ne-mozhe-da-predvidi-koga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sheshov-naukata-znae-kade-mozhe-da-se-sluchi-zemjotres-no-ne-mozhe-da-predvidi-koga/#respond Sun, 19 Feb 2023 10:23:10 +0000 https://kurir.mk/?p=802246

Науката нема интерес да предвидува, иако однапред знае каде каде може да се случат земјотреси, бидејќи постојано со инструменти ги следи движењето на земјината кора, но е многу несериозно, неодговорно, непринципиелно и не е базирано на факти да се каже дека може да се знае кога ќе се случи потрес, вели директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Влатко Шешов во интервју за МИА. - Ако ние кажуваме дека постои веројатност дека во наредните 100 години ќе се случи еден земјотрес, кој ќе надмине магнитуда, да кажеме од 6 степени, тоа значи дека нашите податоци покажуваат дека во тој временски период тие раседни структури произведуваат енергија која што во еден момент ќе се ослободи и ќе предизвика таков потрес. Тоа е веќе научно искажан факт, нагласува Шешов. Тој потенцира дека од тој аспект најбитно е да се има широка мрежа на инструменти коишто ги следат и оние микродвижења на земјината кора кои луѓето не ги чувствуваат, во поглед на сеизмичката енергија што се акумулира и да се знае дека во наредниот период во тоа подрачје можеме да очекуваме некој посилен потрес. - Треба да работиме на тоа како да обезбедиме да се почитуваат техничките прописи, да имаме современи сознанија како сеизмички изолации и слично. Земјотресите ќе си се случат, а ние треба да си ги припремиме нашите згради да бидат ОК и нашите домови да бидат добри за да бидеме сигурни, додава Шешов. Од тој аспект, Шешов додава дека во земјава во најголем број случаи при изведбата на згради се почитуваат сеизмичките прописи, а контролата на нивната примена што ја врши ИЗИИС и заедно со одговорноста која сè уште постои кај најголем број проектанти и градежници придонесува да имаме сигурни градби. Според него, доказ за безбедноста на објектите е самиот факт што при серијата земјотреси што се случија во Скопје во 2015 година никаде немаше значајни оштетувања, што претставуваше реална проверка за тоа какви се зградите во земјава. Шешов додава дека не постојат 100 отсто сигурни згради и во случај на земјотрес сите треба да знаеме дека ќе има оштетувања, но битно е да не дојде до колапс на градбите. Во однос на земјотресот што на 6 февруари ги погоди Турција и Сирија и големите разурнувања и жртви, Шешов потенцира дека мора да се има предвид дека во овој случај станува збор за исклучително силен потрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала, но дека веројатно има и некои недоследности при градбите што резултираа со толкав број на разурнувања, што би требало да се утврди со понатамошни анализи. - Ги немам сите аргументи и податоци. Меѓутоа мислам и во понатамошните анализи ќе се покаже дека има некои недоследности, јас би рекол системски. Проструија вести дека голем број од тие објекти биле без некоја посебна контрола на градење. Ако немате контрола, немате доволно информации да можете да ги оцените. Гледајќи само по голем број на слики коишто доаѓаат од подрачјата, постојат би рекол некои грешки можеби и во концептот на конструкциите - големи дебели плочи, мали вертикални елементи, столбови коишто се најповредливи за време на земјотрес, арматура онака народски кажано раздвоена, расцветана..., па дури и до квалитетот на материјалите, вели директоот на ИЗИИС, додавајќи дека сепак откако ќе се смири целата ситуација и ќе се направат анализи, ќе може да се види кои се главните фактори и причини за ваквите разурнувања.
Шешов потенцира дека според досегашните сознанија нема поврзаност меѓу земјотресот во Турција и Сирија со серијата потреси што во изминативе две недели се случија во балканскиот регион, како во Романија и Албанија, бидејќи анадолискотото подрачје нема директна корелација со централниот Балкан. - Бидејќи прво сме на голема оддалеченост, а второ тој расед е на контактот помеѓу одредени плочи коишто не не засегаат многу нас. Меѓутоа, дали овие последните имаат (поврзаност), сметам дека директна немаат, можеби да имаат некоја, ама пак досега немаме такви сознанија, додава Шешов. Во пресрет на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, како што најави Шешов во интервјуто, ИЗИИС планира да ја одбележи со серија активности, кои почнаа со одржување на работилница посветена на сеизмичката изолација, орагнизирана во соработка со Јапонската асоцијација за сеизмичка изолација (ЈССИ) и со поддршка на Амбасадата на Јапонија. - За време на работилницата беа присутни повеќе од 50 партиципанти, беше и јапонскиот амбасадор на отворањето и навистина бевме сведоци на размена на искуства, би рекол, и предавања и презентација не само за тоа што значи сеизмичката изолација, меѓутоа уште позначајно што-како сето тоа се имплементира. На оваа работилница интересно е што имавме и ние што да кажеме. Имавме две предавања од наши експерти од Институтот да ги споделиме искуствата со нив, меѓутоа многу е значајно овој начин на заштита на објектите е можеби највисок начин на заштита и еден од најуспешните, впрочем, начини како можете еден објект да го заштитите од евентуални оштетувања за време на силни земјотреси. Меѓутоа, ние имаме знаење. Институтот има акумулирано знаење во истражувачки цели, во тестови, во анализи, меѓутоа, мораме да бидеме искрени оваа сеизмичка изолација оди чекор во чекор со технолошкиот развој на земјата. Потребни се покрај истражувања, примена, технички прописи, индустрија, која сето тоа ќе го поддржи и секако одржување, вели Шешов. Директорот на ИСИИС потсетува дека еден од најзначајните објекти не само во Скопје, туку и во светот, граден според методот на сеизмичка изолација е скопското Основно училиште „Песталоци“. - Добро е што нас не има во каталогот на сеизмички изолирани згради во светски рамки, меѓутоа за тоа треба малку повеќе да се вклучи и технологија и индустрија и да има интерес кај градежните компании, додава Шешов. Во следниве месеци до јули, како што најави Шешов, ИЗИИС ќе спроведе голем број на активности насочени кон подигнување на јавната свест, одржување предавања, тренинзи и обуки што значи земјотресот, како да се однесуваат граќаните при потреси, како да се заштитат во своите домови и како да постапуваат после земјотрес. Дополнително, Институтот ќе направи брз скрининг на неколку објекти брз скрининг за процена на сеизмичката сигурност и ќе организира отворени денови каде што граѓаните ќе можат да ги посетат лабораториите на ИЗИИС. - ИЗИИС му должи на градот Скопје, бидејќи после скопскиот земјотрес се формира Институтот и ние навистина чувствуваме една посебна одговорност кон градот Скопје и кон тој земјотрес. Впрочем, и ова одбележување на 60-годишнината го сфативме доста сериозно и веќе се почнати и конкретни активности. Имаме и мото, имаме и соодветно лого – „ИЗЗИС за Скопје“, како ИЗИИС може да му се одолжи на градот Скопје, вели Шешов. Во продолжение следува интегралното видео интервју на директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Влатко Шешов за МИА.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sheshov-naukata-znae-kade-mozhe-da-se-sluchi-zemjotres-no-ne-mozhe-da-predvidi-koga/feed/ 0
Избрана најубавата жена меѓу славните: Науката потврди, таа ги има совршените пропорции https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/izbrana-najubavata-zena-megju-slavnite-naukata-potvrdi-taa-gi-ima-sovrshenite-proporcii/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/izbrana-najubavata-zena-megju-slavnite-naukata-potvrdi-taa-gi-ima-sovrshenite-proporcii/#respond Wed, 12 Oct 2022 12:33:41 +0000 https://kurir.mk/?p=744277

Науката ја избра новата најубава славна жена на светот, а Бела Хадид која ја доби оваа титула во 2019 година, е заменета од британската глумица Џоди Комер. Списокот најубави славни жени според научната формула ја составува естетскиот хирург за лице д-р Џулијан де Силва, кој го раководи Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија, користејќи компјутер. – Џоди Комер беше јасна победничка, оти сите црти на лицето ѝ се измерено „физичко совршенство“, нагласи тој. Британката, инаку, се соочи со „сериозна“ конкуренција, со убавици како Зендеја, Бела Хадид и Бијонсе, редоследно. Користејќи ја древнохеленската формула „златен пресек“, земајќи го предвид соодносот 1:1,618, Џоди Комер е прогласена за најубава жена меѓу светски славните. Според сѐ тоа – очите, веѓите, носот, усните, брадата, вилицата и обликот на лицето на Комер се најблиску до „совршените пропорции“, со 94,52 отсто совпаѓање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/izbrana-najubavata-zena-megju-slavnite-naukata-potvrdi-taa-gi-ima-sovrshenite-proporcii/feed/ 0
ВИ СЕ ЧИНИ ДЕКА ВРЕМЕТО ЛЕТА? Науката штотуку ја потврди теоријата на заговор https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vi-se-chini-deka-vremeto-leta-naukata-shtotuku-ja-potvrdi-teorijata-na-zagovor/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vi-se-chini-deka-vremeto-leta-naukata-shtotuku-ja-potvrdi-teorijata-na-zagovor/#respond Fri, 05 Aug 2022 18:37:25 +0000 https://kurir.mk/?p=714776

Ако ви се чини дека времето лета побрзо од кога било, обвинете ја револуцијата. Имено, на 29 јуни, Земјата забележа необичен рекорд: најкраткиот ден од 1960-тите, кога научниците почнаа да ја мерат ротацијата на планетата со високопрецизни атомски часовници. Општо земено, Земјата прави еден целосен круг на својата оска на секои 24 часа. Тоа едно вртење го означува денот и го активира циклусот на изгрејсонце и зајдисонце кој ги обликуваше обрасците на животот со милијарди години. Но, на 29 јуни, полноќ пристигна 1,59 милисекунди порано од очекуваното. Изминатите неколку години сведочиме на низа рекорди, при што сè почесто се забележани пократки денови. Во 2020 година, на Земјата имало 28 најкратки денови во изминатите 50 години, а најкраткиот од нив, на 19 јули, бил за 1,47 милисекунди пократок од 86.400 секунди кои сочинуваат 24 часа. Рекордот од 29 јуни бил блиску до повторно соборување минатиот месец, кога на 26 јули денот траел 1,5 милисекунди пократко. Значи, планетата забрзува? Но, долгорочно гледано, во споредба со геолошкиот период на подемот и падот на диносаурусите, Земјата всушност ротира побавно од порано. Кога би го вратиЛе часовникот 1,4 милијарди години назад, денот би траел помалку од 19 часа. Во просек, деновите на Земјата стануваат подолги наместо пократки, за околу 74.000-ти дел од секундата секоја година. Месечината е главно виновна за тој ефект: гравитациското повлекување полека ја искривува планетата, создавајќи гасовито триење кое постојано ја забавува ротацијата на Земјата. За да бидат усогласени стрелките на часовниците подредени со кружењето на планетите, Меѓународната унија за телекомуникации, тело на Обединетите нации, ги додава повремено тие престапни секунди во јуни или декември – последниот пат во 2016 година – делотворно запирајќи ги часовниците за секунда за Земјата да може да го фати ритамот. Првата престапна секунда е додадена во 1972 година. Следната можност е во декември 2022 година, иако со оглед на тоа што Земјата во последно време толку брзо се врти, малку е веројатно дека ќе биде потребна. Додека Земјата долгорочно забавува, ситуацијата е полоша во пократки временски периоди. Внатре во Земјата се наоѓа стопено јадро; неговата површина е маса од континенти, океани и исчезнување на мразот. Целата планета е завиткана во густа покривка од гасови и се ниша додека се врти околу својата оска. Сето ова влијае на ротацијата на Земјата, забрзувајќи ја или забавувајќи ја, иако промените во суштина се незабележливи. Според НАСА, посилните ветрови во годините на Ел Нињо можат да ја забават ротацијата на планетите, продолжувајќи го денот за дел од милисекунда. Земјотресите, од друга страна, можат да имаат спротивен ефект. Земјотресот во 2004 година што го предизвика цунамито во Индискиот Океан помести доволно карпи за да го скрати траењето на денот за речиси три микросекунди. Сè што ја придвижува масата кон центарот на Земјата ќе ја забрза ротацијата на планетата, слично како што лизгачот на мраз кој се врти забрзува кога рацете ќе ги залепи до телото. Геолошката активност што ја турка масата од центарот нанадвор ќе има спротивен ефект и ќе ја забави ротацијата. Како сите овие различни процеси се спојуваат за да влијаат на должината на денот е прашање со кое научниците сè уште се борат. Но, ако трендот на пократки денови продолжи подолго, тоа може да доведе до повици за првата „негативна престапна секунда“. Наместо да се додаде секунда на часовниците, прифатеното време ќе прескокне секунда за да биде во чекор со планетата која побрзо се врти. Ова, пак, за возврат може да има одредени последици, повторно отворајќи ја дебатата за тоа дали, по повеќе од 5.000 години, дефинирањето на времето со движењето на планетата е идеја чие време истече.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vi-se-chini-deka-vremeto-leta-naukata-shtotuku-ja-potvrdi-teorijata-na-zagovor/feed/ 0
Научниците оживеале орган од мртви свињи https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nauchnicite-oziveale-organ-od-mrtvi-svinji/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nauchnicite-oziveale-organ-od-mrtvi-svinji/#respond Fri, 05 Aug 2022 13:26:33 +0000 https://kurir.mk/?p=714466

Американски истражувачи наведуваат дека успеале да оживеат органи на свиња еден час по убивањето. Ова претставува значаен чекор напред во медицината. Новата техника би можела да го зголеми бројот на достапни органи за трансплантација кај луѓето и на тој начин на докторите да им овозможи да спасат повеќе животи. Кога срцето престанува да чука, на телото му недостасува кислород кој му е потребен за преживување, па затоа органите се зголемуваат, крвните садови колабираат и телото умира. Научниците успеале да ги оживеат органите кај свињите со поправање на нивното оштетување при смртта. - Може да обновиме некои функции на клетките, преку повеќе витални органи кои требале да бидат мртви. Овие клетки функционирале со часови откако тоа не требало да биде можно - изјавил професорот Ненад Шестан, кој работел на експериментите. Истражувачкиот тим направил сличен подвиг во 2019 година, но само на свињски мозок, но сега технологијата наречена „Орган екс“ била прилагодена за сите органи. Извор: Klix]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nauchnicite-oziveale-organ-od-mrtvi-svinji/feed/ 0
Зошто луѓето не веруваат во науката? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-lugjeto-ne-veruvaat-vo-naukata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-lugjeto-ne-veruvaat-vo-naukata/#respond Thu, 21 Jul 2022 08:47:10 +0000 https://kurir.mk/?p=708282

Недостигот на доверба во науката е огромен проблем во денешниот општествен контекст. Многу погрешни информации со кои се соочуваме се намерно и организирано пласирани, а што е уште полошо, истражувањата покажаа дека на интернет лагите побрзо се шират од вистината. Психологот Авива Филип-Милер од Универзитетот Сајмон Фрејзер заедно со нејзините колеги направи истражување со цел да се спротивставиме на овој опасен поглед. Еден од најголемите митови за комуникациската наука е дека луѓето логично ќе се однесуваат ако само им ги претставиме фактите. Тоа се нарекува модел на информациски дефицит. Почнувајќи од климатската криза до светската пандемија, постојат безброј примери дека оваа метода често едноставно не функционира, пишува Science Alert. „Вакцините порано беа стандард кој сите го прифаќаа. Сепак, во последните години се случија промени поради кои е полесно да ги уверите луѓето да не веруваат во научниот консензус за вакцините и другите работи“, вели американскиот психолог Ричард Пети. Иако на многумина им е тешко да поверуваат, сепак луѓето имаат мноштво легитимни причини за недоверба. За почеток, индустријата ја уништува довербата во науката буквално со преземање на научни сертификати – користат зборови кои звучат „научно“ за да го зголемат личниот профит. Фармацевтските компании исто така дадоа многу причини за недоверба. Покрај тоа, голем број медиуми ги презираат експертите па им даваат сила на ненаучните перспективи. Сите тие конфликти, сомнежи и премногу информации од сите страни ја уништуваат довербата во науката. Оние кои се одговорни за комуникација со научни информации кон јавноста, како што се медиумите или политичарите, уживаат уште помала доверба од научниците. Недовербата во изворот информации е една од четирите главни препреки на прифаќање на науката, покажа истражувањето на Филип-Милер и нејзините колеги. 1. Недоверба во изворот на информации 2. Лојалност кон општеството во кое припаѓаме 3. Информациите се во конфликт со личните убедувања 4. Информацијата не е пренесена на начинот на кој му одговара на соговорникот Колку гордо да кажуваме дека сме логични суштества, реалноста е дека со луѓето владеат социјалните групи, емоциите и инстинктите. Оние кои се занимаваат со наука и оние кои ја поддржуваат мора да го земат ова во обѕир. Добрата вест е дека иако довербата во науката е опадната, сепак вербата во научните резултати е уште на релативно високо ниво во однос на другите извори на информации. извор: kajgana]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-lugjeto-ne-veruvaat-vo-naukata/feed/ 0
Ѓоргиевска: Потребни се поголеми напори за мотивирање и вклучување на жените во науката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgievska-potrebni-se-pogolemi-napori-za-motiviranje-i-vkluchuvanje-na-zenite-vo-naukata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgievska-potrebni-se-pogolemi-napori-za-motiviranje-i-vkluchuvanje-na-zenite-vo-naukata/#respond Thu, 10 Feb 2022 12:24:59 +0000 https://kurir.mk/?p=629636

По повод 11 февруари -  Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, на иницијатива на сопругата на претседателот на Република Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, се одржа панел дискусија за улогата, застапеноста и видливоста на жените во науката, како и предизвиците со кои се соочуваат. Учеснички на панел дискусијата беа жени научнички од земјава, а свои излагања имаа професорките Јана Клопчевска, Јадранка Блажевска - Гилев и Емилија Фиданчевска од Технолошко-металуршкиот факултет, Марина Стефова од Институтот за хемија на Природно - математички факултет и Ариета Алиу, стручен наставник во тетовскиот Училишен медицински центар „Никола Штејн“. Ѓоргиевска истакна дека родовата еднаквост и дисбалансот се сѐ уште предизвик во однос на целосен и еднаков пристап на жените и девојките до науката и учеството во неа. „Жените обично добиваат помали грантови за истражување во споредба со нивните машки колеги. Иако тие претставуваат 33.3% од сите истражувачи, само 12 % од членовите во националните научни академии се жени. Жените сѐ уште сочинуваат мал процент од дипломирани инженери, и честопати имаат пократки и помалку платени кариери и нивната работа е недоволно застапена во научните списанија“, посочи Ѓоргиевска. Таа додаде дека постигнувањето на глобалната родова еднаквост и развојот во науката се два клучни аспекти на меѓународните цели за одржлив развој до 2030 година. Според Ѓоргиевска неопходно е вмрежување и поврзување на науката со бизнис заедницата со цел зголемување на иновативниот потенцијал во државата. „Се согласувам дека едукацијата е важна, важно е да печатиме трудови и да се види колку сме направиле во областа на науката, но сепак во крајна линија, науката „пер се“ не е доволна. Сепак, конечно треба да има некаков исход од тоа што сме го работеле, односно поврзување на науката со индустријата, и изработката на оние модели, кои сме ги добиле по пат на научни методи. Мислам дека тоа е конечниот исход кој треба да го имаме“, истакна Ѓоргиевска. Таа оцени дека е неопходно поголемо учество на жените и девојките во јавни дебати, изразувајќи надеж дека преку вакви отворени дискусии и со поголема вклученост на надлежните институции, жените и девојките ќе бидат дел од решенијата за надминување на предизвиците со кои се соочуваме. И покрај напорите што се направени во изминатите децении за мотивирање и инклузија на жените во науката, додаде Ѓоргиевска, сепак тие сѐ уште се недоволно вклучени во науката. Меѓународниот ден на жените и девојките во науката годинава се одбележува под мотото „Еднаквост, разновидност и инклузија: водата нѐ обединува“ и во таа насока на панелот се дискутираше за влијанието на науката во справување со климатските промени, од аспект на зачувување на водните ресурси и обезбедување пристап до чиста и безбедна вода, со цел заштита и спречување на болести. Беа разгледани аспектите на влијанието на науката и технологијата во подобрување на квалитетот за живот, потребата од инвестирање во науката и еколошката технологија со цел изнаоѓање на решенија за подобрување на животната средина, како и за начините на кои жените научнички можат да придонесат во подобрување на достапноста на чиста вода за пиење и за хигиенски потреби. Во дискусијата учествуваа и асистентките Марија Прошева, Ива Димитриевска,  Деспина Костадинова и магистрант Ема Стојчевска. Ѓоргиевска ги поздрави научните достигнувања на учесничките на панелот и домашната и меѓународната соработка што ја остваруваат, додавајќи дека особено е инспиративно кога ќе слушнеме млади девојки реализирани во областа на науката. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgievska-potrebni-se-pogolemi-napori-za-motiviranje-i-vkluchuvanje-na-zenite-vo-naukata/feed/ 0
Мачето и кучето го прават човекот посреќен https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/macheto-i-kucheto-go-pravat-chovekot-posrekjen/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/macheto-i-kucheto-go-pravat-chovekot-posrekjen/#respond Fri, 03 Sep 2021 08:00:19 +0000 https://kurir.mk/?p=558716

Физичкиот контакт може да го направи човекот посмирен и посреќен, а понекогаш е доволно и галење мачка или куче, смета шведскиот неврофизиолог Хелена Беклунд Васлинг. Таа истакнува дека чувството на допир е исклучително важно за луѓето. Во својот научен труд, објаснува дека времето минато со домашно милениче – мачка или куче, може да има смирувачки ефект во разни и различни ситуации. Васлинг, исто така, укажува на разликата меѓу галењето вистински, живи животни и играњето со кадифните играчки. – Се работи за дишењето, топлината – еден вид одговор што го добива човек. Убаво е кога некој дозволува да се гали, додека покажува и дека му се допаѓа тоа, вели неврофизиологот. Позитивната реакција по игра со домашни миленици се јавува како резултат на ослободување на окситоцин – хормонот на среќата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/macheto-i-kucheto-go-pravat-chovekot-posrekjen/feed/ 0
По 15 години одложување, рускиот научен модул „Наука“ стигна до Меѓународната вселенска станица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-15-godini-odlozuvanje-ruskiot-nauchen-modul-nauka-stigna-do-megjunarodnata-vselenska-stanica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-15-godini-odlozuvanje-ruskiot-nauchen-modul-nauka-stigna-do-megjunarodnata-vselenska-stanica/#respond Thu, 29 Jul 2021 15:55:37 +0000 https://kurir.mk/?p=543613

По речиси 15 години одложувања и технички застои, новиот руски научен модул наречен „Наука“ денеска успешно се спои со Меѓународната вселенска станица (МВС) во орбитата на Земјата, соопшти руската вселенска агенција „Роскосмос“. Сепак, потребни се уште неколку месеци работа со серија вселенски прошетки на екипажот со цел „Наука“ да може да се користи. Научниот модул полета со ракетата „Протон-М“ на 21 јули од рускиот космодром Бајконур во Казахстан. Иако „Наука“ е лабораториски модул, тој ќе се користи и за други работи и како магацин за опрема за регенерација на вода и кислород, соопшти „Роскосмос“. Со тежина од 20 тони и внатрешен волумен од 70 кубни метри, тој е еден од најголемите елементи на МВС. Изграден е уште во 1990-тите, но неговото лансирање, првично планирано за 2007 година, постојано се одложуваше.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-15-godini-odlozuvanje-ruskiot-nauchen-modul-nauka-stigna-do-megjunarodnata-vselenska-stanica/feed/ 0