наумче мојсоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Feb 2023 16:49:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png наумче мојсоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МОК: Зад наодите за незаконско работење на Мојсоски стојат државните институции https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mok-zad-naodite-za-nezakonsko-rabotene-na-mojsoski-stojat-drzhavnite-institutsii/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mok-zad-naodite-za-nezakonsko-rabotene-na-mojsoski-stojat-drzhavnite-institutsii/#respond Mon, 06 Feb 2023 16:49:56 +0000 https://kurir.mk/?p=796886

Зад наодите за незаконско работење на претседателот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсоски, стојат државните институции задолжени за спроведување на законот, а не Олимпискиот комитет и нејзиниот претседател Даниел Димевски, соопшти попладнево Македонскиот олимписки комитет (МОК). Реакцијата доаѓа откако претходно денеска АМС ги демантираше наводите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за незаконско работење поврзано со ваучерскиот систем и обвини дека „преку тенденциозни соопштенија на одредени спортски институции инспирирани од лукративни цели“, посочувајќи го притоа МОК и претседателот Димевски, „во јавноста биле изнесени куп невистини и погрешно утврдени факти за примената на Законот за спортот и подзаконските акти кои се однесуваат во делот на даночните олеснувања, а се во функција на финансиска поддршка на македонскиот спортски систем“. „Посочениот директор има проблем со конкретни наоди на Државниот завод за ревизија и следствено на наодите на ДКСК и Јавното обвинителство. Таму треба да го адресира своето соопштение и да се повика на својата презумција на невиност, која му е единствена опција во моментов“, се наведува во одговорот на Димевски на демантот на Мојсоски. Претседателот на МОК во својата реакција наведува дека првиот човек на АМС го свел функционирањето на ваучер системот на „пародија“ и „коруптивна распределба на средствата“, потфрлувајќи, притоа, целосно и во спроведувањето на негови најавувани проекти за развој на македонскиот спорт. „Верувам дека многу спортисти и спортски субјекти видоа корист од мојата идеја за финансиска поддршка во спортот преку ваучерски систем, преточена во конкретна законска рамка без која денес скоро ниеден спортски субјект не може да опстои и да се развива. За жал, практикувањето на системот е сведен на проста, најчесто, коруптивна распределба на средства од страна на Мојсовски … Ова е само пародија на системот кој може и мора да функционира независно од волјата на директорот или кој било друг центар на моќ“, посочува Димевски, додавајќи оти Мојсоски не реализирал ниту еден проект како претседател на АМС. „Моето разочарување е плод на високите очекувања што ги имав од спортската легенда Наумче Мојсовски, кој како директор за жал целосно потфрли. Многу важни теми од спортот и силни негови ветувања останаа нечепнати. Не видовме ништо од пензиите за заслужните спортисти. Не видовме ниту нови спортски сали, базени уште помалку. И Домот на спортови го загубивме по пат, како што исчезнаа и новиот Закон за спорт и Стратегијата за спорт пет пати ветувана. Регистарот на активни спортски клубови не се направи а транспарентноста од страна на овластената државна институција е оценета како катастрофална“, се наведува во реакцијата на Димевски, посакувајќи му, притоа, на Мојсоски „да се врати во спортот во друга функција различна од оваа која евидентно не е за него“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mok-zad-naodite-za-nezakonsko-rabotene-na-mojsoski-stojat-drzhavnite-institutsii/feed/ 0
Граѓаните го потсетија Мојсовски на времето кога го носеше „црвено-жолтиот“ дрес: И тебе те чекавме на плоштад, а сега викаш „нашата“ репрезентација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-go-potsetija-mojsovski-na-vremeto-koga-go-noseshe-crveno-zoltiot-dres-i-tebe-te-chekavme-na-ploshtad-a-sega-vikash-nashata-reprezentacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-go-potsetija-mojsovski-na-vremeto-koga-go-noseshe-crveno-zoltiot-dres-i-tebe-te-chekavme-na-ploshtad-a-sega-vikash-nashata-reprezentacija/#respond Tue, 22 Jun 2021 11:40:59 +0000 https://kurir.mk/?p=526603

Македонските фудбалери денеска пристигнуваат на скопскиот аеродром по деби настап на Европското првенство. Директорот на агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски кој е поранешен ракометен репрезентативец, на социјалните мрежи објави дека автобус за пречек од пред АМС, во 12. 30 часот ќе тргне на аеродром каде ќе пристигнат фудбалерите. Во својата објава на Фејсбук, Мојсоски напиша дека „Денеска нашата фудбалска репрезентација пристигнува во Скопје!“ Токму ова „нашата“ предизвика револт кај граѓаните кои го потсетија Мојсовски дека и тој кога со ракометната репрезентација го освои петтото место на Европското првенство во 2012 година исто така бил пречекан на скопкиот аеродром и на плоштадот Македонија. Актуелниот директор на АМС беше прашан и за која репрезентација и држава тој тогаш настапувал, ако сега не сака да напише „македонска“ во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-go-potsetija-mojsovski-na-vremeto-koga-go-noseshe-crveno-zoltiot-dres-i-tebe-te-chekavme-na-ploshtad-a-sega-vikash-nashata-reprezentacija/feed/ 0
Наумче Мојсоски позитивен на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/naumche-mojsoski-pozitiven-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/naumche-mojsoski-pozitiven-na-koronavirus/#respond Tue, 22 Dec 2020 10:37:53 +0000 https://kurir.mk/?p=446606

Македонскиот ракометен репрезентативец и сегашен директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски на својот официјален Фејсбук профил сподели статус во кој пишува дека добил позитивен тест од Ковид-19. - Драги пријатели, Поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на Ковид - 19. Ви моментов немам симптоми, се чувствувам добро и ги следам препораките на мојот доктор. Чувајте се и почитувајте ги мерките. Пред нас се денови кои досега сме ги празнувале со пријателите, поширокото семејство, надвор од дома. Мојот апел до вас пријатели е да направите се` да го заштитите вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Да празнуваме одговорно! #НосиМаска #ДржиДистанца #НеСеГрупирај #ПразнувајОдговорно, стои во неговиот статус. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/naumche-mojsoski-pozitiven-na-koronavirus/feed/ 0
Наумче Мојсоски е новиот директор на Агенцијата за млади и спорт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naumche-mojsoski-e-noviot-direktor-na-agencijata-za-mladi-i-sport/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naumche-mojsoski-e-noviot-direktor-na-agencijata-za-mladi-i-sport/#respond Wed, 16 Sep 2020 12:15:35 +0000 https://kurir.mk/?p=404031

Поранешниот македонски репрезентативец во ракомет, Наумче Мојсоски, ќе биде новиот директор на Агенцијата за млади и спорт. Мојсоски седнува на оваа функција на местото на Дарко Каевски, кој стана пратеник во Собранието, и не може да извршува две функции истовремено. Мојсоски со активната играчка кариера заврши во 2016 година како член на ЧМС Букурешт. Во минатото играше за Лехвија, Металург, Вардар, Риоха, Пелистер, Југ и Струга. За националниот тим на Македонија има преку 100 натпревари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naumche-mojsoski-e-noviot-direktor-na-agencijata-za-mladi-i-sport/feed/ 0
Наумче Мојсоски избран за претседател на Комисијата за спорт на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naumche-mojsoski-izbran-za-pretsedatel-na-komisijata-za-sport-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naumche-mojsoski-izbran-za-pretsedatel-na-komisijata-za-sport-na-sdsm/#respond Thu, 07 Nov 2019 09:16:21 +0000 https://kurir.mk/?p=261150

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Наумче Мојсоски е избран за претседател на новата комисија за спорт во СДСМ. Оваа одлука е донесена на вчрашната седница за Центарaлниот одбор на партијата на која за шеф на изборниот штаб е избран Љупчо Николовски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naumche-mojsoski-izbran-za-pretsedatel-na-komisijata-za-sport-na-sdsm/feed/ 0
Наумче Мојсоски се врати во РК Струга https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/naumche-mojsoski-se-vrati-vo-rk-struga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/naumche-mojsoski-se-vrati-vo-rk-struga/#respond Fri, 02 Feb 2018 08:22:51 +0000 http://kurir.mk/?p=17292

Македонската ракометна легенда, Наумче Мојсоски се врати во својот матичен клуб РК Струга, но со сосема поинаква улога. Сега поранешниот македонки репрезентативец ќе ја има улогата на претседател, а воедно ќе биде и главен спонзор на овој клуб. На ова ново место Мојсо официјално беше назначен на редовното годишно собрание на кое беа најавени подобри времиња за РК Струга, клуб кој има дадено многу познати и реномирани македонски ракометари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/naumche-mojsoski-se-vrati-vo-rk-struga/feed/ 0