Навални – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 Feb 2021 06:32:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Навални – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Чуиченко: Не постои правен основ за ослободување на Навални https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chuichenko-ne-postoi-praven-osnov-za-osloboduvanje-na-navalni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chuichenko-ne-postoi-praven-osnov-za-osloboduvanje-na-navalni/#respond Thu, 18 Feb 2021 06:32:21 +0000 https://kurir.mk/?p=470328

Одлуката на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) за ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални нема „правен основ“, оценија денеска руските власти. -Барањето на судот е неприменливо, бидејќи во рускиот закон нема правен основ што дозволува ослободување на вакво лице, изјави рускиот министер за правда, Константин Чуиченко, додавајќи дека станува збор за „грубо мешање во внатрешните работи на Русија“. ЕСЧП претходно денеска побара од Русија веднаш да го ослободи Навални, наведувајќи дека неговиот живот е во опасност. „Судот при одлучувањето ја зеде предвид природата и степенот на ризик по животот на апликантот, што се разгледуваше во светло на општите околности на неговиот сегашен притвор“, соопшти судот, додавајќи дека Русија, како потписник на европската Конвенција за човекови права, имаа „обврска да се придржува“ до неа. Оваа „привремена мерка“ е донесена врз основа на барање, што Навални го поднел на 20 јануари, а во кое бара негово ослободување. Во моментов најпознатиот противник и критичар на официјален Кремљ изјави дека мерките на руските власти „не можат да обезбедат доволни гаранции за неговиот живот и здравје“. Навални беше уапсен на 17 јануари откако се врати во Русија од Германија, каде со месеци заздравуваше од труењето со нервниот агенс „Новичок“. Неговото апсење предизвика протести низ цела Русија, кои завршија со апсење на околу 11.000 лица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chuichenko-ne-postoi-praven-osnov-za-osloboduvanje-na-navalni/feed/ 0
Лондон со намера да го замрзне сиот руски државен имот поради Навални https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-so-namera-da-go-zamrzne-siot-ruski-drzaven-imot-poradi-navalni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-so-namera-da-go-zamrzne-siot-ruski-drzaven-imot-poradi-navalni/#respond Wed, 27 Jan 2021 14:54:47 +0000 https://kurir.mk/?p=460651

Велика Британија ќе го замрзне целиот руски државен имот доколку има докази за закана по животот или имотот на британските граѓани или лица со дозвола за престој во таа земја, соопшти Форин офис. Лондон исто така ќе ги разгледа сите можни санкции против поединци од Русија, што се воведени во врска со притворањето на Алексеј Навални. Министерката Венди Мортон изјави пред Парламентот дека целиот руски имот ќе биде замрзнат доколку властите најдат докази дека Русите им се заканувале на британските граѓани или лица со дозвола за престој во таа држава. Мортон исто така посочи дека можните нови санкции постојано ќе се разгледуваат и дека во овој момент не е соодветно да се коментираат натамошните потези бидејќи тоа може да го намали нивното влијание.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-so-namera-da-go-zamrzne-siot-ruski-drzaven-imot-poradi-navalni/feed/ 0
ХРВ: Насилството врз поддржувачите на Навални „одново не беше исклучок од правилото“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrv-nasilstvoto-vrz-poddrzuvachite-na-navalni-odnovo-ne-beshe-iskluchok-od-praviloto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrv-nasilstvoto-vrz-poddrzuvachite-na-navalni-odnovo-ne-beshe-iskluchok-od-praviloto/#respond Mon, 25 Jan 2021 11:14:03 +0000 https://kurir.mk/?p=459497

Организацијата за човекови права „Хјуман Рајтс Воч“ денеска излезе со критика за насилството што безбедносните сили „одново и одново“ го покажаа против мирните демонстранти, кои бараа ослободување на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, јави ДПА. „23 јануари не беше исклучок“, изјави Дамелија Аитхожина, истражувач на оваа група за човекови права во Русија, два дена откако повеќе од 3.500 лица беа приведени за време на масовните демонстрации низ целата земја, барајќи ослободување на истакнатиот критичар на Кремљ. Само во Москва, наведе ДПА, уапсени беа повеќе од 1.400 лица, на најголемиот досега протест забележан во главниот град. Униформирани безбедносни сили ги тепаа демонстрантите во Москва и Санкт Петербург. „Властите ги знаат своите обврски за почитување на основните човекови права и избираат не само да ги игнорираат, туку и да ги погазат сите нив“, се наведува во соопштението на „Хјуман рајтс воч“. Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе го разгледаат одговорот на дејствијата во Русија, при што балтичките држави повикуваат на поостри санкции. Навални беше уапсен веднаш по враќањето во Русија на почетокот на овој месец, откако помина неколку месеци закрепнувајќи во Германија по обидот за атентат со нервниот агенс „Новичок“, додава ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrv-nasilstvoto-vrz-poddrzuvachite-na-navalni-odnovo-ne-beshe-iskluchok-od-praviloto/feed/ 0
Уапсени блиски соработници на Навални, за утре се најавени протести https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-bliski-sorabotnici-na-navalni-za-utre-se-najaveni-protesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-bliski-sorabotnici-na-navalni-za-utre-se-najaveni-protesti/#respond Fri, 22 Jan 2021 14:48:02 +0000 https://kurir.mk/?p=458631

Руските власти уапсија блиски соработници на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој е уапсен на аеродромот Шереметјево во Москва по неговото пристигнување од Германија, каде се лекуваше по обидот за труење. Портпаролката на Навални, Кира Јармиш беше приведена во текот на ноќта откако повика на протести, напиша на Твитер, додавајќи дека ќе остане во притвор девет дена. Уапсени се и координаторите на приврзаниците на Навални во Владивосток, Краснодар и Калининград. Во околу 70 руски градови за утре се најавени протести поради притворањето на Навални и државната репресија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги предупреди граѓаните да не учествуваат на тие илегални собири. На Навални му е изречена мерка притвор од 30 дена. Руското судство го товари за прекршување на условната казна со неговото заминување во Германија поради лекување. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел го повика денеска рускиот претседател Владимир Путин да го ослободи Навални и да се спроведе транспарентна истрага во врска со обидот за негово убиство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-bliski-sorabotnici-na-navalni-za-utre-se-najaveni-protesti/feed/ 0
Захарова: ОЗХО не смее да ни даде податоци за труењето на Навални без дозвола од Берлин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaharova-ozho-ne-smee-da-ni-dade-podatoci-za-truenjeto-na-navalni-bez-dozvola-od-berlin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaharova-ozho-ne-smee-da-ni-dade-podatoci-za-truenjeto-na-navalni-bez-dozvola-od-berlin/#respond Fri, 09 Oct 2020 06:34:49 +0000 https://kurir.mk/?p=414172

Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО) е подготвена да ги сподели со Русија информациите што ги има за случајот со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални само доколку добие дозвола од Берлин, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. Таа за руската телевизија „Дожд“ изјави дека организацијата, за време на истражувањето, ги потврдила заклучоците на Берлин, но дека тие не можат да ги споделат информациите со Русија се додека не добијат одобрение од Германија. Захарова, пренесе Tасс, појасни дека руското генерално обвинителство испратило четири барања до германските власти, но на нив досега немаат добиени никаков одговор. Навални на 20 август колабира на летот од Сибир кон Москва и падна во кома, а два дена подоцна беше префрлен во клиниката „Шерите“ во Берлин, каде беше утврдено дека е отруен од нервниот агенс „Новичок“. ОЗХО пред три дена потврди дека биомаркерите покажале дека во крвта на Навални има забранета супстанца. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaharova-ozho-ne-smee-da-ni-dade-podatoci-za-truenjeto-na-navalni-bez-dozvola-od-berlin/feed/ 0
Навални: Путин е одговорен за моето труење https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/navalni-putin-e-odgovoren-za-moeto-truenje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/navalni-putin-e-odgovoren-za-moeto-truenje/#respond Thu, 01 Oct 2020 06:48:25 +0000 https://kurir.mk/?p=410896

Тврдам дека Путин стои зад злосторството и немам друга верзија за тоа што се случи. Тоа го нагласи рускиот опозиционер Алексеј Навални во интервју за германскиот магазин Шпигел. Целото интервју ќе биде објавено во текот на денот. Обвинението на Навални доаѓа само неколку дена откако германски магазин објави дека германската канцеларка Ангела Меркел тајно го посетила Навални додека тој бил во болница во Берлин. Навални сериозно се разболе за време на авионски лет во Русија на 20 август, кога авионот итно слетал во сибирскиот град Омск за да биде тој пренесен во болница. Веднаш штом му се слоши, неговата портпаролка Кира Јармиш објави дека можеби бил отруен. Руските лекари изјавија дека не откриле трага од отров, тврдејќи дека тој страдал од остар пад на гликоза. Два дена подоцна, тој беше пренесен во Берлин, на понатамошно лекување во болница на инсистирање на неговото семејство. Германските специјалисти во анализите пронајдоа траги од нервниот агенс „Новичок“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/navalni-putin-e-odgovoren-za-moeto-truenje/feed/ 0
САД се заканија со сериозни санкции кон Русија ако се потврди труењето на Навални https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-se-zakanija-so-seriozni-sankcii-kon-rusija-ako-se-potvrdi-truenjeto-na-navalni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-se-zakanija-so-seriozni-sankcii-kon-rusija-ako-se-potvrdi-truenjeto-na-navalni/#respond Wed, 26 Aug 2020 09:15:02 +0000 https://kurir.mk/?p=395556

Американскиот заменик државен секратар Стивен Биган на средба синоќа со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакнал дека Русија е соочена со сериозни санкции доколку се потврди верзијата дека опозицискиот активист Алексеј Навални е отруен, јави прес-службата на руското МНР. – Претходно нарекувајќи го настанот „инцидент“, американската страна акцентираше дека во случај на потврда на верзијата за негово труење како опозиционер, Вашингтон ќе преземе мерки кои ќе ја засенат реакцијата на американското општество на руската вмешаност во претседателските избори 2016 година во САД, се вели во соопштението. Од руското МНР истакнале на „недопустливо гласните обвиненија“ и подвлекле дека раководството на земјата е за најподробна и максимално објективна истрага за случајот. Во очекување на официјална изјава на лекарите во Германија, каде Навални беше транспортиран на лекување, Берлин, Париз и Брисел остро реагираа, повикувајќи ја Москва да спроведе истрага „за можниот обид за убиство“ и да се казнат сторителите. Во меѓувреме, набљудувачите сметаат дека случајот со Навални е закана за целосно губење на довербата на Запад кон Москва и причина за наметнување нови санкции кон Русија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-se-zakanija-so-seriozni-sankcii-kon-rusija-ako-se-potvrdi-truenjeto-na-navalni/feed/ 0
Помпео: САД се длабоко загрижени по заклучоците дека Навални бил отруен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-sad-se-dlaboko-zagrizeni-po-zakluchocite-deka-navalni-bil-otruen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-sad-se-dlaboko-zagrizeni-po-zakluchocite-deka-navalni-bil-otruen/#respond Wed, 26 Aug 2020 06:38:06 +0000 https://kurir.mk/?p=395456

САД се длабоко загрижени од извештаите за прелиминарните заклучоци на медицински експерти од Германија дека рускиот опозициски активист Алексеј Навални е отруен, сооопшти синоќа американскиот државен секретар Мајк Помпео. Ако се потврди дека извештаите се точни, САД го поддржуваат повикот на ЕУ за продлабочена истрага и се подготвени да помогнат во таквите напори, јави дописникот на МИА од Вашингтон. – Семејството на Навални и рускиот народ заслужуваат да видат спроведување темелна и транспарентна истрага, а инволвираните да бидат ставени пред лицето на правдата. Нашите мисли се со семејството на Навални и се надеваме на негово целосно закрепнување, соопшти Помпео. Навални, познат руски антикорупционер и опозициски лидер, минатата недела беше ставен во индуцирана кома откако му се слоши на лет од Томск во Москва. Авионот принудно слета во Омск. Докторите од омската болница извршија првични анализи и утврдија труење со неутврдена нервно-паралитичка супстанца што предизвикува парализа на мускулите, главоболки и халуцинации. Се проценува дека реакциите на пилотот и лекарите од итната помош во болницата, кои веднаш употребиле противотров антропин, биле критични за спасување на животот на Навални. Во саботата наутро Навални со авион беше однесен во берлинската клиника „Шарите“ на понатамошно лекување. Американскиот амбасадор во Москва, Џон Суливан претходно изјави дека труењето на Навални е критичен момент за Русија и многу сериозен настан за САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-sad-se-dlaboko-zagrizeni-po-zakluchocite-deka-navalni-bil-otruen/feed/ 0
Бизлиј: Навални ќе го преживее труењето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bizlij-navalni-kje-go-prezivee-truenjeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bizlij-navalni-kje-go-prezivee-truenjeto/#respond Mon, 24 Aug 2020 07:07:48 +0000 https://kurir.mk/?p=394405

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој завчера беше пренесен во болница во Германија, ќе преживее, откако беше отруен, изјави Јака Бизлиј, активист и основач на Фондацијата „Филм за мир“. -Ќе го преживее нападот со труење, но со месеци нема да биде способен за политичка работа, за „Билд“ изјави Бизлиј, чија фондација го обезбеди трансферот на Навални од Русија во Германија, пренесуваат британските медиуми. Навални од болницата во сибирскиот град Омск во сабота беше префрлен во Германија, откако лекарите утврдиле дека се наоѓа во доволно стабилна состојба да патува. Рускиот опозиционер и блогер во моментов е во индуцирана кома и е сместен во единица за интензивна нега во болница „Чарите“ во Берлин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bizlij-navalni-kje-go-prezivee-truenjeto/feed/ 0