навивачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 08:47:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png навивачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Двајца повредени и 13 уапсени во инцидент меѓу навивачи во Солун https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajtsa-povredeni-i-13-uapseni-vo-intsident-megu-navivachi-vo-solun/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajtsa-povredeni-i-13-uapseni-vo-intsident-megu-navivachi-vo-solun/#respond Mon, 30 Oct 2023 08:47:46 +0000 https://kurir.mk/?p=894374

Во инцидент меѓу две групи навивачи во Солун, повредени биле двајца, кои се пренесени во болница, а грчката полиција уапсила 13 лица на возраст од 16 до 37 години, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА станува збор за навивачи на солунските клубови ПАОК и Арис. Од грчката полиција соопштија дека уапсените се товарат за прекршување на законот поврзан со спортски настани, за насилство, за нанесување телесни повреди, нарушување на мирот, насилство врз службени лица итн, а кај навивачите биле пронајдени и запленети кациги, метални прачки, дрвени предмети и железен синџир. Случајот го презеле полициски службеници од Управата за борба против насилството во спортските објекти, кои продолжуваат со истрагата за откривање и апсење на останатите инволвирани лица. Во тепачката меѓу двете групи, биле повредени двајца, а сите уапсени ќе бидат изведени пред јавен обвинител.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajtsa-povredeni-i-13-uapseni-vo-intsident-megu-navivachi-vo-solun/feed/ 0
ЗНМ: Срамна постапка на навивачите на Е. Пелистер кон новинарите и неприфатливо отсуство на реакција од страна на клубот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-sramna-postapka-na-navivachite-na-e-pelister-kon-novinarite-i-neprifatlivo-otsustvo-na-reaktsija-od-strana-na-klubot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-sramna-postapka-na-navivachite-na-e-pelister-kon-novinarite-i-neprifatlivo-otsustvo-na-reaktsija-od-strana-na-klubot/#respond Sun, 22 Oct 2023 20:19:48 +0000 https://kurir.mk/?p=892026

На иницијатива на Секцијата на спортски новинари која е дел од Здружението на новинарите на Македонија, ЗНМ остро реагира на вулгарното однесување на дел од навивачите на РК Еурофарм Пелистер кои со крајно навредлива парола се обидоа да го понижат и да се „пресметаат“ со колега коментатор од Македонската Телевизија, реагираат од здружението на новинари. Имено во текот на целиот меч во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар на една од трибините група неодговорни навивачи имаше истакнато безобразен транспарент кој се однесува на колегата Југослав Костовски. Секцијата на спортските новинари при ЗНМ искажува револт кон навивачите, но и кон домаќинот на големото ракометно дерби РК Еурофарм Пелистер бидејќи раководството и луѓето задолжени за организација на мечот имаа вовед, две полувремиња, пауза и цели два часа да реагираат и да го отстранат транспарентот или тие што го промовираа на видно место, а тоа не го сторија. Валканите пресметки на навивачите со новинарите и непостапувањето кон истите не се непознати во нашиот спорт, но сигурно не се начин на кој се градат големите европски спортски колективи. Со самиот факт што Еурофарм Пелистер е наш машки ракометен првак и учесник во групната фаза од Лигата на шампионите тоа ги става битолчани во ситуација да имаат обврска тоа да биде нивна траекторијата на развој што, пак, дефинитивно значи и коректен однос кон известувачите од натпреварите и на домашната и на меѓународна сцена, стои во реакцијата на ЗНМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-sramna-postapka-na-navivachite-na-e-pelister-kon-novinarite-i-neprifatlivo-otsustvo-na-reaktsija-od-strana-na-klubot/feed/ 0
ЕМОТИВНА СЦЕНА ВЧЕРА НА СТАДИОНОТ: Еве што скандираа белгиските навивачи како гест за поддршка на шведските навивачи по терористичкиот напад (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/emotivna-stsena-vchera-na-stadionot-eve-shto-skandiraa-belgiskite-navivachi-kako-gest-za-poddrshka-na-shvedskite-navivachi-po-teroristichkiot-napad-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/emotivna-stsena-vchera-na-stadionot-eve-shto-skandiraa-belgiskite-navivachi-kako-gest-za-poddrshka-na-shvedskite-navivachi-po-teroristichkiot-napad-video/#respond Tue, 17 Oct 2023 07:41:25 +0000 https://kurir.mk/?p=889647

Напаѓач уби двајца Швеѓани во Брисел пред натпреварот на пет километри од стадионот „Крал Бодуен“, но играта сепак започна. Пред почетокот на натпреварот, шведските фудбалери не знаеја што се случило. Кога дознале за трагедијата во соблекувалната, одбиле да го доиграат натпреварот. Натпреварот официјално беше прекинат, а навивачите од безбедносни причини беа задржани речиси три часа на стадионот, а белгиските навивачи со овации ги поддржаа Швеѓаните и го скандираа името на нивната земја. Осомничениот за терористичкиот напад во Брисел неофицијално е убиен утрово при полициска интервенција во главниот град, јавуваат белгиските медиуми. Осомничениот бил застрелан во кафуле во Шаербек, било потврдено за nieuwsblad.be.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/emotivna-stsena-vchera-na-stadionot-eve-shto-skandiraa-belgiskite-navivachi-kako-gest-za-poddrshka-na-shvedskite-navivachi-po-teroristichkiot-napad-video/feed/ 0
Распродаден македонскиот навивачки сектор за натпреварот против Украина во Прага https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rasprodaden-makedonskiot-navivachki-sektor-za-natprevarot-protiv-ukraina-vo-praga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rasprodaden-makedonskiot-navivachki-sektor-za-natprevarot-protiv-ukraina-vo-praga/#respond Thu, 05 Oct 2023 14:21:31 +0000 https://kurir.mk/?p=885657

Секторот предвиден за навивачи на македонската фудбалска репрезентација за претстојниот евроквалификациски натпревар против Украина во Прага е експресно распродаден и „црвено – жолтите“ ќе имаат бројна поддршка од трибините на „Епет Арена“ на 14. овој месец. За македонските навивачи беа резервирани 997 билети кои беа продадени за помалку од 48 часа, а според најавите навивачки групи организирано ќе допатуваат во Прага од повеќе европски држави. Дуелот меѓу македонската и украинската репрезентација во рамки на групата Ц во квалификациите за ЕУРО 2024 е закажан за 14 овој месец со почеток во 15 часот на стадионот на Спарта Прага со капацитет од 18.000 седишта. Пред завршните три евроквалификациски дуели, македонската репрезентација е на четвртото место во групата со седум бодови, колку што имаат и Италија на второто и Украина на третото место. Лидер е Англија со 13 бодови, додека Малта е на последното место без освоен бод.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rasprodaden-makedonskiot-navivachki-sektor-za-natprevarot-protiv-ukraina-vo-praga/feed/ 0
Ајакс се огради од навивачите и го смени спортскиот директор https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ajaks-se-ogradi-od-navivachite-i-go-smeni-sportskiot-direktor/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ajaks-se-ogradi-od-navivachite-i-go-smeni-sportskiot-direktor/#respond Mon, 25 Sep 2023 15:43:05 +0000 https://kurir.mk/?p=881616

Трофејниот холандски фудбалски клуб Ајакс денеска преку одвоени соопштенија се огради од навивачите кои предизвикаа прекин на вчерашното дерби против Феенорд и воедно му врачи отказ на спортскиот директор Свен Мислинтат. Дербито меѓу Ајакс и Феенорд беше прекинато во 55. минута поради дивеење на домашните навивачи при резултат 0-3 за гостинскиот тим. -Раководството и Надзорниот одбор се оградуваат од сè што во неделата доведе до прекин на натпреварот со Феенорд, како и од сè што дополнително се случуваше. На такво однесување нема место во Ајакс. Разочарувањето поради лошиот старт на сезоната е разбирливо, но тоа не смее да биде оправдување за инциденти, соопшти Ајакс. Во одвоено, исто така, штуро соопштение, клубот од Амстердам објави дека спортскиот директор Мислинтат е отпуштен, само пет месеци откако беше назначен на должноста. -Соработката меѓу Ајакс и Свен Мислинтат е прекината и оваа одлука станува на сила веднаш, се наведува во клупското соопштение. Ајакс по воведните четири натпревари во холандското првенство освои само пет бодови и се наоѓа на 14. место на табелата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ajaks-se-ogradi-od-navivachite-i-go-smeni-sportskiot-direktor/feed/ 0
Хаос во Италија: Приврзаници на Милан избодеа навивач на Њукасл https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/haos-vo-italija-privrzanitsi-na-milan-izbodea-navivach-na-nukasl/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/haos-vo-italija-privrzanitsi-na-milan-izbodea-navivach-na-nukasl/#respond Tue, 19 Sep 2023 12:08:11 +0000 https://kurir.mk/?p=879530

Милан и Њукасл вечерва играат во 1.коло од групната фаза на Лигата на шампионите во Италија и тоа е едно од вечерните дерби. На сите им е јасно дека се очекува одлична игра, но навивачите на Милан се погрижија да не се зборува само за тоа. Имено, еден од навивачите на Њукасл бил избоден со нож додека се враќал во својот хотел. Утрово навивач објави фотографија од избоден „колега од трибина“ и тврди дека биле нападнати од навивачи на Милан. Наводно се се случило синоќа, а на фотографијата се гледа како повредениот навивач лежи во локва крв. На втората фотографија се гледа како му се укажува лекарска помош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/haos-vo-italija-privrzanitsi-na-milan-izbodea-navivach-na-nukasl/feed/ 0
Фановите на Њукасл лудуваа на дождот во Милано (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fanovite-na-nukasl-luduvaa-na-dozhdot-vo-milano-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fanovite-na-nukasl-luduvaa-na-dozhdot-vo-milano-video/#respond Tue, 19 Sep 2023 08:48:48 +0000 https://kurir.mk/?p=879421

По 20 години Њукасл се враќа во Лигата на шампионите, првиот натпревар го игра денеска со почеток од 18:45 часот на гостински терен кај Милан. Фановите на Њукасл кои отпатуваа во Италија ги окупираа пабовите во Милано. Дел од нив, веројатно со неколку пива повеќе во себе, уживаа во дождот лизгајќи се по подот, додека тие го правеа тоа, останатите ги бодреа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fanovite-na-nukasl-luduvaa-na-dozhdot-vo-milano-video/feed/ 0
Казни за навивачите кои истакнуваа усташки симболи на мечот Хрватска – Летонија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kazni-za-navivachite-koi-istaknuvaa-ustashki-simboli-na-mechot-hrvatska-letonija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kazni-za-navivachite-koi-istaknuvaa-ustashki-simboli-na-mechot-hrvatska-letonija/#respond Sat, 16 Sep 2023 05:00:53 +0000 https://kurir.mk/?p=878560

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Хрватската фудбалска федерација. Причината е истакнување на знамиња со забранета содржина на квалификацискиот натпревар во кој „коцкестите“ ја совладаа Летонија со убедливи 5-0. Двајца навивачи во неколку наврати истакнале знамиња со усташки симболи, а истите се одамна забранети во Хрватска. Двајцата биле приведени по завршување на натпреварот и биле изведени пред Судот во Ријека. Првиот навивач добил казна во висина од 1,300 евра, додека вториот приведен заработил затворска казна во времетраење од дваесет денови. Приведените исто така добиле двегодишна забрана за присуство на хрватските стадиони, како и изричита забрана за патувања на гостинските натпревари на „коцкестите“. Воедно, тие ќе мораат секоја недела да се пријавуваат во најблиската полициска станица.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kazni-za-navivachite-koi-istaknuvaa-ustashki-simboli-na-mechot-hrvatska-letonija/feed/ 0
Петмина повредени во пресметка меѓу фудбалски навивачи во БиХ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petmina-povredeni-vo-presmetka-megu-fudbalski-navivachi-vo-bih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petmina-povredeni-vo-presmetka-megu-fudbalski-navivachi-vo-bih/#respond Mon, 04 Sep 2023 17:07:57 +0000 https://kurir.mk/?p=874472

Петмина хулигани, навивачи на босанско-херцеговските фудбалски прволигашки екипи Вележ и Железничар, се повредени, од кои двајца потешко и се задржани во болница, во пресметка на двете групи во Мостар. Инцидентот, како што потврди локалната полиција, се случил во центарот на Мостар пред одигрувањето на вчерашниот првенствен натпревар меѓу домашниот Вележ и сараевски Железничар. Полицијата брзо интервенирала и спречила поголема ескалација на инцидентот. Во пресметката меѓу навивачката група „Црвена Армија“ од Мостар и „Манијаци“ од Сараево повредени се пет лица, а двајца се хоспитализирани со тешки повреди на главите и рацете, но се вон животна опасност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petmina-povredeni-vo-presmetka-megu-fudbalski-navivachi-vo-bih/feed/ 0
И ова е начин да се бориш со управата: Навивачите на Малага направија шоу на аеродром, потпишаа со турист! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/i-ova-e-nachin-da-se-borish-so-upravata-navivachite-na-malaga-napravija-shou-na-aerodrom-potpishaa-so-turist/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/i-ova-e-nachin-da-se-borish-so-upravata-navivachite-na-malaga-napravija-shou-na-aerodrom-potpishaa-so-turist/#respond Thu, 24 Aug 2023 08:51:00 +0000 https://kurir.mk/?p=870350

Оваа несекојдневна сцена ни ја пружија навивачите на шпанскиот фудбалски клуб. Фудбалскиот клуб Малага ова лето не е претерано активен на фудбалскиот пазар и по тој повод навивачите одбрале специфичен начин да пратат порака до управата. Група од неколку навивачи со транспаренти, лажни дресови и маркери налетала на турист на аеродромот и се правела дека тој е нов играч на нивниот клуб. Веднаш му дал дрес на патникот за да го потпише, додека еден од навивачите глумел дека е обезбедување. Веруваме дека снимката ќе ве воодушеви. Несекојдневен начин навивачите да пратат порака до управата на клубот, тоа мора да им се признае. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/i-ova-e-nachin-da-se-borish-so-upravata-navivachite-na-malaga-napravija-shou-na-aerodrom-potpishaa-so-turist/feed/ 0