навивачка група – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 26 Mar 2023 16:54:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png навивачка група – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Прекинат натпреварот Вардар – Пелистер, навивачи влетаа на терен https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/foto-prekinat-natprevarot-vardar-pelister-navivachi-vletaa-na-teren/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/foto-prekinat-natprevarot-vardar-pelister-navivachi-vletaa-na-teren/#respond Sun, 26 Mar 2023 16:32:39 +0000 https://kurir.mk/?p=816589

Инцидент се случи на ракометното дерби Вардар - Еурофарм Пелистер во салата „Јане Сандански“. Една минута откако на навивачите од навивачката група Чкембари им беше дозволен влез во салата, настана инцидент. Комитите и Чкембарите започнаа да палат и фрлаа факели едни кон други, а дел од пиротехничките средства завршија кон клупите на двата клуба. Во еден момент дел од навивачите влетаа на теренот. Играчите и судии се повлекоа од теренот и во моментов натпреварот е во прекин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/foto-prekinat-natprevarot-vardar-pelister-navivachi-vletaa-na-teren/feed/ 0
ФОТО: Врие полиција на „Рекорд“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vrie-policija-na-rekord/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vrie-policija-na-rekord/#respond Sat, 15 Oct 2022 16:33:20 +0000 https://kurir.mk/?p=745800

Поради пријава за нарушен ред и мир од навивачка група има зголемено полициско присуство на прометната сообраќајница во центарот на Скопје позната по локалот „Рекорд“. Од МВР за МИА посочуваат дека се утврдуваат деталите за што точно се работи, а кога ќе имаат повеќе информации ќе ги соопштат на јавноста. Неофицијално, се работи на навивачи на ПАОК кои биле во група од педесетина и нападнале момче облечено во дрес на Вардар, а потоа украле неколку предмети од продавничките околу Триумфалната капија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vrie-policija-na-rekord/feed/ 0
ТАЖНА ВЕСТ: Почина еден од основачите на навивачката група „Чкембари“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-eden-od-osnovachite-na-navivachkata-grupa-chkembari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-eden-od-osnovachite-na-navivachkata-grupa-chkembari/#respond Thu, 21 Jan 2021 12:32:41 +0000 https://kurir.mk/?p=458042

На 58-годишна возраст почина Вања Георгиевски, еден од основачите на битолската навивачка група „Чкембари“. Вања беше познат градски урбан лик кој кој неизмерно го сакаше Пелистер. Присутен на трибините беше секогаш и ги бодреше како Пелистер, така и македонската репрезентација. Од Георгиевски се простија и навивачите на Пелистер, Чкембари: „Почивај во мир ВАЊА ЛЕГЕНДО Анегдотите за тебе ќе се прераскажуваат, споменот твој ќе живее на нашата трибина. Вечно во срцата на твоите Чекмбари“, велат во својот последен поздрав од навивачката група „Чкембари“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-eden-od-osnovachite-na-navivachkata-grupa-chkembari/feed/ 0
Министерство за култура се правда дека навивачите не биле најавени, „Шверцерите“ информирале за настанот (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-kultura-se-pravda-deka-navivachite-ne-bile-najaveni-shvercerite-informirale-za-nastanot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-kultura-se-pravda-deka-navivachite-ne-bile-najaveni-shvercerite-informirale-za-nastanot-foto/#respond Mon, 25 Nov 2019 10:23:13 +0000 https://kurir.mk/?p=268695

Најголем дел од јавноста го осуди однесувањето на навивачката група во Македонскиот народен театар откако се појави видео на кое, како што многумина оценија, навивачите дивеат во институцијата од областа на културата. Непочитување, некултура, дивјаштво и низа други осуди за ваквото однесување ги преправија и социјалните мрежи. Се бараат оставки од директорот на МНТ за издавање на просторот, од премиерот Зоран Заев и од министерот за култура. По низата прозивки денес се огласија од Министерството за култура од каде се обидоа да се оправдаат за оваа скандалозна ситуација. Во соопштението од Министерството однесувањето на навичката група која одбележуваше во петокот 30 години од формирањето, не беше осудено. -Сметаме дека во институциите треба да има однесување како што налагаат кодексите за однесување во една институција од областа на културата. Во МНТ во петокот било најавено одржување на два настани, свеченото одбележување на Денот на албанската азбука и проекција на документарен филм, но до Дирекцијата на МНТ воопшто не било најавено присуството на навивачката група, се наведува во соопштението од Министерството за култура. За волја на вистината, навивачката група „Шверцери“ уште во текот на минатата недела преку социјалните медиуми најавуваше дека ќе организира и одржи настан по повод 30 години од нивното формирање во 21:30 часот во МНТ. Како дел од прославата, наведена е токму и проекцијата на документарниот филм, за која информираат од Култура. Проекција на документарец кој говори за 30 години од формирањето на навивачката група „Шверцери“. Дополнително и фудбалскиот клуб Шкупи преку соопштение објавено на нивната интернет страна во петокот, меѓу другото наведуваат дека нивната навивачката група ќе промовира документарен филм во МНТ, а ќе присуствуваат фудбалери и членови на клубот. Дали навистина од Министерството за култура не знаеле и не биле информирани дека на проекција на документарен филм посветен на навивачи, нема да има присутни навивачи?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-kultura-se-pravda-deka-navivachite-ne-bile-najaveni-shvercerite-informirale-za-nastanot-foto/feed/ 0
Војводите реагираат: Оние кои ги скандираа местата на кои беа масакрирани нашите бранители, сега добиваат финансиска помош од државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vojvodite-reagiraat-onie-koi-gi-skandiraa-mestata-na-koi-bea-masakrirani-nashite-braniteli-sega-dobivaat-finansiska-pomosh-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vojvodite-reagiraat-onie-koi-gi-skandiraa-mestata-na-koi-bea-masakrirani-nashite-braniteli-sega-dobivaat-finansiska-pomosh-od-drzavata/#respond Wed, 26 Dec 2018 14:31:13 +0000 https://kurir.mk/?p=145356

Понижувањето на македонскиот народ во секој поглед не прекинува, реагираат од навивачката група Војводи од Тетово. Нивната реакција ја пренесуваме во целост: „Оние кои скандираа име на терористичка организација, ги скандираа местата на кои беа масакрирани нашите бранители во 2001 година, го омаловажуваат македонскиот народ, не ја признаваат нашата држава, го омаловажуваат македонското девојче, напаѓаат невини жени и деца и шират идеологија за создавање на “Голема Албанија” како заслуга на сето ова добиваат финансиска помош од државата односно од министерството за култура. КОЕ ДНО! Од се што е македонско се одродивте, секој кој ја сака Македонија го казнивте и затворивте, а секој оној кој што е против нашиот народ и држава го ослободивте и го наградивте. Па затоа и некогаш ни доаѓа и да се запрашаме каде ли ние општо живееме. Дали живееме во своја држава која се вика Македонија и се залага за заштита на своите национални интереси или пак живееме во некоја си туѓа држава каде што се промовираа туѓи култури, се финансираа туѓи песни, манифестации и организации кои се против Македонија и македонскиот народ. За некого кривични пријави за прослава и за никакво сторено кривично дело, а за некои финансиска помош од државата која ја мразат, никогаш не ја осеќаат како своја и не ја признаваат. Македонија за некого стана мајка, а за некого маќеа“-порачуваат навивачите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vojvodite-reagiraat-onie-koi-gi-skandiraa-mestata-na-koi-bea-masakrirani-nashite-braniteli-sega-dobivaat-finansiska-pomosh-od-drzavata/feed/ 0
„Војводи Тетово“: Во ниту еден момент не сме подале рака за смирување со навивачите на Шкендија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vojvodi-tetovo-vo-nitu-eden-moment-ne-sme-podale-raka-za-smiruvanje-so-navivachite-na-shkendija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vojvodi-tetovo-vo-nitu-eden-moment-ne-sme-podale-raka-za-smiruvanje-so-navivachite-na-shkendija/#respond Wed, 07 Nov 2018 11:52:49 +0000 https://kurir.mk/?p=124690

Почитувани граѓани на Република Македонија, тетовчани, медиуми и новинари. За нештата да бидат појасни и да се дознае целата вистина ве замолуваме сите да го споделите ова наше последно соопштение околу настаната ситуација во Тетово со цел да се дознае целата вистина и да знае целата македонска јавност за што всушност станува збор. На некои порталите и медиуми како и претходниве денови така и вчера се раширија тешки дезинформации, невистини и поради таа причина сакаме да ве информираме дека ние како навивачка група ВОЈВОДИ, НЕ СМЕ поддале рака на навивачите на шкендија за помирување и за смирување на целата ситуација. Вчера дел од нашето раководство беа повикани во СВР Тетово на разговор околу целата настаната ситуација. Се разговараше за многу работи, но во ниту еден момент НЕ СМЕ подале рака за смирување и нема да подадеме од повеќе причини. Првата причина е тоа што ние немаме никаква одговорност и поврзаност со нападот на жени и деца во едно македонско кафуле кое го изврши навивачката група на шкендија. За тој напад треба да одговараат навивачите на шкендија, а не ние. Втората причина е тоа што за време на нашата прослава која беше уредно пријавена во СВР Тетово, ПОМИНА БЕЗ НИТУ ЕДЕН ИНЦИДЕНТ, а за тоа се сведоци камерите кои цело време го пратеа нашето движење, бројните полициски службеници и нашите гости кои допатуваа во Тетово. И покрај сето ова некој сака да ја убеди целата јавност и да не набедат нас дека ние сме правеле инциденти и дека сме поттикнале омраза што буквално нема врска и се оградуваме од тоа и сакаме да кажеме дека тоа е чиста лага и манипулација на јавност од некои лица со цел да се прикрие насилното однесување на навивачите на шкендија и неспособноста на МВР. Трета причина за која нема да подадеме рака е името на таа навивачка група кое треба да се забрани затоа што кога сме веќе кај поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост тоа нивно име поттикнува омраза и револт кај секој Македонец бидејќи имаат име поврзано со нашата историја, кое е не достојно и провокативно, а потоа и на секој нивни натпревар сме сведоци на понижување на македонскиот народ, македонското девојче и држава и како и во неделата така и секој друг натпревар се скандираа и вадат пароли за “Голема Албанија” за кои полицијата секогаш е слепа и глува и никогаш не интервенирала дури и во случаи и кога се палело македонското знаме. И четвртата причина за која нема никогаш да подадеме рака е тоа што никогаш не би си дозволиле да правиме со некоја група примирје се додека од грлата на таа група се скандира име на терористичка организација која пред 17 год. го протеруваше македонското население од тетовскиот регион, палеше куќи, рушеше манастири и убиваше недолжни луѓе и ги убиваше нашите бранители. Тоа никогаш нема да го дозволиме и направиме ! Со ова наше соопштение сакаме да ви упатиме апел до вас порталите и медумите да не ширите лаги и шпекулации и кога веќе нешто ќе сакате да напишате за нас или ве интересира некоја случка во која сме спомнати и ние, најпрвин пред да ја објавите да се консултирате со нас за што станува збор и која е вистината или пак да ја следите оваа наша официјална страна од која можете слободно да превземате информации. Па затоа сега кога се ви извадивме на виделина што се случува и која и вистината ве замолуваме ова соопштение да го објавите и да знае македонската јавност дека оваа игра за подавање рака или помирување која ја прави МВР во која сме и ние вклучени е со една цел, а таа цел е никој од навивачката група на шкендија да не одговара за нападот кои го направија врз жени и деца. Сето ова се прави со цел да се прикријат сторителите на овој напад и неодговорноста на полицијата за обезбедување на тоа кафуле и исто така да се направи прикривање и за тепањето на неколку млади лица од македонска националност меѓу кои и малолетни деца во петокот вечерта и саботата кои биле нападнати од поголема група на албанци од позади грб со дрва и шипки. За ова ниту СВР Тетово, ниту вие порталите и медиумите не се огласивте и молчевте. Па исто така во ова соопштение сакаме и јавно да запрашеме : Кој ли сака да ги заштити навивачите на шкендија ? Зошто никој не превзема одговорност ? Зошто секогаш они кога ќе направат проблеми да бидат заштитувани како бели мечки ? Зарем истото ли ќе се случуваше доколку ние како навивачка група нападневме албанско кафуле полно со жени и деца ? Дали тогаш некој ќе сакаше да не седне на маса за смирување на страстите, за примирје ? Дали тогаш ние ќе бевме не казнети ? НЕ ! Ова да го направивме ние сега веќе ќе бевме одма гонети и притворени. Затоа нема примирје и подавање рака бидејќи ние не сме учествувале во никаков судир и бараме надлежните органи да ги откријат сторителите и да ги казнат, а доколку тоа не го направат ќе повикаме на масовни протести. Со почит ВОЈВОДИ ТЕТОВО. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vojvodi-tetovo-vo-nitu-eden-moment-ne-sme-podale-raka-za-smiruvanje-so-navivachite-na-shkendija/feed/ 0