наводнување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 09 May 2023 16:07:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png наводнување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пуштен во функција системот за наводнување на дворните површини во Неготино https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pushten-vo-funktsija-sistemot-za-navodnuvane-na-dvornite-povrshini-vo-negotino/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pushten-vo-funktsija-sistemot-za-navodnuvane-na-dvornite-povrshini-vo-negotino/#respond Tue, 09 May 2023 16:07:08 +0000 https://kurir.mk/?p=832298

Пуштен е во функција системот за наводнување на дворните површини во Неготино, информираше попладнево неготинскиот градоначалник, потсетувајќи дека овој систем вообичаено секоја година стартува со работа во овој период од годината, кога со потоплото време, започнува и поголемата потреба од вода за полевање на дворните површини. - Станува збор за технолошка вода, што жителите на општината Неготино треба да ја користат, за да се заштеди на водата за пиење, за да ја има во доволни количини за сите и во секое време. Апелираме и потсетуваме да се проверат вентилите и излевните места. Во случај на дефект, неготинци може да се јават во просториите на Ј.П.Комуналец Неготино, на телефон и да пријават на веб страницата, појасни градоначалникот. Тој нагласи дека системот за технолошка вода е богатство што други општини го немаат и апелираше на рационално трошење на водата за пиење. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pushten-vo-funktsija-sistemot-za-navodnuvane-na-dvornite-povrshini-vo-negotino/feed/ 0
Како да ги наводнувате цвеќињата во текот на летните месеци: 6 совети кои вредат злато https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-gi-navodnuvate-cvekjinjata-vo-tekot-na-letnite-meseci-6-soveti-koi-vredat-zlato/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-gi-navodnuvate-cvekjinjata-vo-tekot-na-letnite-meseci-6-soveti-koi-vredat-zlato/#respond Wed, 29 Jun 2022 15:59:29 +0000 https://kurir.mk/?p=697424

Наводнувањето на растенијата изгледа едноставно, но многумина кои одгледуваат цвеќиња се борат со тоа. Затоа, постојат многу правила, кои треба точно да се почитуваат и кои одредуваат кога, колку често и со колку вода треба да се полева растението. Откако ќе почнете да ги следите овие совети, вашите растенија нема да умрат. Посебно внимавајте на нив во текот на летото, големите горештини и сушните периоди, бидејќи многу растенија не можат да преживеат без поголема количина на вода. Внимавајте на температурата на водата Водата на собна температура е подобра од топла или ладна. И топлата и ладната вода може да ги оштетат растенијата и затоа е најдобро да наполните поголемо тенџере или водата за полевање секогаш да ја имате подготвена. Следете ги знаците на природата На секое растение не му треба иста количина на вода, затоа следете ги знаците од природата колку наводнување му треба на вашето растение. Важно е да се знае од каде кое растение потекнува, бидејќи тоа е добар показател за полевање. Внимавајте на времето Наводнување наутро е попожелно отколку навечер. Така, растенијата имаат можност да се исушат и водата побрзо да испарува во текот на денот кога температурите се повисоки. Обрнете внимание и на други фактори Ако почвата е сува, листовите почнуваат да пожолтуваат, па на растенијата може да им треба повеќе вода. Ако водата не ја подобри работата, треба да ја прилагодите температурата или нивото на светлина што го примила растението. За балконски цвеќиња, тоа значи преселба на полусенчено место. Големи барања Пролетно-летната суша не е секогаш видлива за око, а може да предизвика голема штета на растенијата. Ова е време кога растенијата растат најмногу, се развиваат корените и лисјата, се отвораат цвеќињата. И тогаш на растенијата им треба најмногу вода. Најдобар метод Во цветните градини, доколку немате систем за наводнување, најдобро е водата да тече во почвата и добро да се впие. Наводнувањето со црево е добро само ако ги полевате цвеќињата веднаш до коренот. Никогаш не истурајте вода на листовите, бидејќи цвеќињата не го сакаат тоа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-gi-navodnuvate-cvekjinjata-vo-tekot-na-letnite-meseci-6-soveti-koi-vredat-zlato/feed/ 0
Зошто да додадете аспирин при наводнување на растенијата? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-da-dodadete-aspirin-pri-navodnuvanje-na-rastenijata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-da-dodadete-aspirin-pri-navodnuvanje-na-rastenijata/#respond Wed, 23 Feb 2022 12:46:10 +0000 https://kurir.mk/?p=635397

Нашите баби користеа пепел, лушпи од јајца, талог од кафе или кора од банана за да го стимулираат растот на растенијата. Меѓутоа, со текот на времето, љубителите на растенија на оваа листа го додадоа и аспиринот. На прв поглед можеби нема да го поврзете аспиринот со растенијата, но состојките на лекот што секој го има дома имаат исклучителен ефект врз растенијата што ги одгледувате. Имено, аспиринот содржи ацетилсалицилна киселина, супстанца добиена од салицилна киселина. Салицилната киселина поволно делува на цветањето, корените на растенијата, растот на листовите, но и на процесот на фотосинтеза. Сепак, количината на аспирин што ја растворате во водата за наводнување е многу важна. Растворете 1 аспирин во 5 литри вода за да ги наводнете растенијата еднаш месечно. Ако чувате цвеќе во вазна, аспиринот ќе ја продолжи нивната свежина - растворете една или половина таблета аспирин во вода, во зависност од големината на растението и вазната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-da-dodadete-aspirin-pri-navodnuvanje-na-rastenijata/feed/ 0
Во канал за наводнување кај Виница пронајден женски труп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-kanal-za-navodnuvanje-kaj-vinica-pronajden-zenski-trup/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-kanal-za-navodnuvanje-kaj-vinica-pronajden-zenski-trup/#respond Tue, 18 Jan 2022 13:18:06 +0000 https://kurir.mk/?p=620768

Во канал за наводнување во близина на магистралниот пат А3 кај Виница е пронајдено безживотно тело на средовечна жена. Констатирано е дека се работи за 56-годишната Јасмина Л. од кочанската населба Оризари, која пред неколку дена во Полициската станица во Кочани била пријавена за исчезната. Смртта без траги на насилство ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид извршила увидна екипа на ОВР – Виница, а по насоки од Основното јавно обвинителство – Кочани телото на починатата е предадено на семејството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-kanal-za-navodnuvanje-kaj-vinica-pronajden-zenski-trup/feed/ 0
Земјоделските култури загрозени од високите температури – агрометеоролозите советуваат наводнување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodelskite-kulturi-zagrozeni-od-visokite-temperaturi-agrometeorolozite-sovetuvaat-navodnuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodelskite-kulturi-zagrozeni-od-visokite-temperaturi-agrometeorolozite-sovetuvaat-navodnuvanje/#respond Tue, 17 Aug 2021 07:38:48 +0000 https://kurir.mk/?p=551503

Екстремно високите и надпросечни температури што ја зафатија земјава се загрозувачки за сите земјоделски култури. Целосно ја дехидрираа почвата, а недостатокот на вода за наводнување дополнително ја влоши состојбата. Драстично е опаднато и нивото на подземните води. Според агрометеоролозите, малата промена на времето која се очекува на крајот од оваа недела со пад на температурите за околу два до четири степени, е незначителна за ваква екстремно загреана атмосфера. Тие им препорачуваат на земјоделците да ги искористат сите можни капацитети за наводнување, за да спасат барем дел од производството. -Загрозени се сите култури, и пролетните окопни и индустриски, градинарските, но и овошките и виновата лоза како повеќегодишни култури, особено оние каде нема никакви услови за било какво наводнување. Ваквите временски услови со екстремно високи, надпросечни температури кои се одржуваат многу долг период, претставуваат апсолутно најнеповолна агрометеоролошка состојба во период кога голем дел од земјоделските култури се наоѓаат во интензивна вегетација, нагласуваат агрометеоролозите од УХМР. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodelskite-kulturi-zagrozeni-od-visokite-temperaturi-agrometeorolozite-sovetuvaat-navodnuvanje/feed/ 0
Трипуновски до Димковски и Царовска: Наместо да се сликате покрај цевки и наводни инвестиции, добро би било да кажете кога планирате да ги исчистите каналите во кочанскиот регион https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-do-dimkovski-i-carovska-namesto-da-se-slikate-pokraj-cevki-i-navodni-investicii-dobro-bi-bilo-da-kazete-koga-planirate-da-gi-ischistite-kanalite-vo-kochanskiot-region/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-do-dimkovski-i-carovska-namesto-da-se-slikate-pokraj-cevki-i-navodni-investicii-dobro-bi-bilo-da-kazete-koga-planirate-da-gi-ischistite-kanalite-vo-kochanskiot-region/#respond Fri, 15 May 2020 16:24:48 +0000 https://kurir.mk/?p=346357

#TrajanDimkovski(бела кошула) #MilaCarovska Наместо да се сликате покрај цевки и наводни инвестиции, добро би било да кажете кога планирате да ги исчистите каналите во кочанскиот регион, кои се дел од хидросистемот на Калиманското езеро - најголем систем за наводнување во Република Македонија. Сезоната со поплавувањето на оризот е во тек на имаме нечисти канали и суви ниви, реагира дополнителниот заманик минстер за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Наместо да позирате, кажете што чекавте еден месец по стартот на сезоната за наводнување за да поченете до поправка на сифоните во системот за наводнување во Росоман!? Па откако бевте прозвани од моја страна да се впуштите и во криминал и на недовршен тендер да почнете со поправки, иако уште не знаете која фирма ќе го добие тендерот. Или пак знаете⁉️Хммм... Но за тоа друг пат повеќе во некое друго време. Сега за сега додека уште сте на функција засукајте ги ракавите и почнете реално да му служите на земјоделецот. Не очекува тешка сезона, а вие сте неодговорни. Доколку не знаете како прашајте. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-do-dimkovski-i-carovska-namesto-da-se-slikate-pokraj-cevki-i-navodni-investicii-dobro-bi-bilo-da-kazete-koga-planirate-da-gi-ischistite-kanalite-vo-kochanskiot-region/feed/ 0
Почвата дехидрирана, да се интервенира со наводнување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochvata-dehidrirana-da-se-intervenira-so-navodnuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochvata-dehidrirana-da-se-intervenira-so-navodnuvanje/#respond Tue, 13 Aug 2019 09:03:26 +0000 https://kurir.mk/?p=229176

И земјоделството е на удар од високите температури што деновиве надминаа 40 степени. Почвата е дехидрирана. Нема вода. Агрометеоролозите апелираат да се наводнува секаде каде што има услови. Топлото време посебно ги погоди пролетните окопни култури, сончогледот и пченката, како и градинарските култури на отворено. Не се поштедени ниту овошките, а најмалку трпи виновата лоза. Ваквите температурни услови и топлата вода не му одговараат ни на оризот. Според агрометеорологот од УХМР, Ангелко Ангелески, пред неколку години, кога беше исто вака жешко, имаше многу „крш“ при лупењето на арпата. Забележан беше голем растур на зрното. -Ова е периодот кога овошките формираат родни пупки за наредната година. Затоа треба да се обрне посебно внимание. Да се обезбеди доволно вода за убаво да се оформат цветните пупки. Во спротивно, догодина цветањето и плодонесењето ќе бидат редуцирани, објаснува Ангелески. На раните сорти винова лоза, дополнува, им годат ваквите услови зашто се во фаза на зреење. За подоцнежните сорти кои се во полна зрелост, можеби бранот врнежи што се најавува ќе им ја донесе потребната влага иако во подлабоките слоеви на почвата влага се уште има во одредени количини. Ангелески порачува да се наводнуваат и дрвцата во парковите кои, евиденнто, веќе ги отфрлаат новооформените ливчиња за да ја спречат транспирацијата и да се одбранат од високите температури. -И во овој сегмент мора да се преземат мерки, дрвцата по парковите редовно да се наводнуваат зашто е жално, ливчињата што ги пуштиле, сега да ги отфрлаат за да се самоодбранат, истакнува Ангелески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochvata-dehidrirana-da-se-intervenira-so-navodnuvanje/feed/ 0